Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

APPLE

Нема фотографија

Без полнач - нема продажба: Apple казнет со 2,38 милиони долари во Бразил

Властите во Бразил сакаат да го принудат Apple да продава полначи во пакет со неговите iPhone уреди.Трендот на продажба на телефони без полнач во голема мера го започна Apple. Иако овој потег на компанијата наиде на потсмев кај многумина, сега голем број производители ги отфрлаат полначите од пакувањето на телефоните, под изговор за намалување на е-отпадот, полесен транспорт и други причини.Оваа одлука на Apple и се допадна на Европската унија, но на една земја не. Бразилското Министерство за правда одлучи да го казни Apple со околу 2,38 милиони долари, а во исто време и нареди на компанијата да престане со продажба на серијата iPhone 12 и поновите модели, како и на сите iPhone кои немаат полнач.Како причина за ваквата одлука, Министерството посочува дека Apple со продажба на уред без полнач всушност „продава уред на кој му недостига клучна компонента, со што намерно ги дискриминира потрошувачите“.Министерството ги отфрли и тврдењата на Apple, кои како причина за отстранување на полначот ги наведуваат еколошките причини. Според бразилските власти, нема докази дека отстранувањето на полначот од пакувањето влијае на заштитата на животната средина.

Магазин | пред 3 години

iphone

Интернетот преплавен со ново видео од iPhone 14

Иако Apple најави дека ќе го претстави iPhone 14 на настан закажан за 7 септември, се појави наводно видео од моделот кое веќе кружи на социјалните мрежи.На видеото може да се види дека iPhone 14 е во нова боја, па задниот дел од телефонот под агол рефлектира виолетова светлина.Луѓето кои со нетрпение го чекаат iPhone 14 коментираат дека камерата изгледа „евтино“, но се надеваат дека тоа е прототип.Корисниците може да очекуваат и укинување на засекот на екранот кај моделите „Про“. Apple се префрла на нов дизајн „punch hole“ со дупка за камерата и сензорите, а моделите „Pro“ ќе имаат и камера од 48 мегапиксели.И iPhone 14 ќе биде поскап од претходните модели, па се очекува цената да скокне за сто евра.https://twitter.com/duanrui1205/status/1562626475656105986?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1562626475656105986%7Ctwgr%5E581bd8d2c20cc1c97cf0f7a1263fe2971ea8be04%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Ftehnopolis%2Fvesti%2Fmreze-preplavio-novi-snimak-ajfona-14-otkriveno-sta-nas-ceka-od-novog-modela-video-2204248

Магазин | пред 3 години

Apple-logo

Работниците на Apple против задолжителното враќање во канцелариите

AppleTogether, глобалниот синдикат на вработени во Apple, издаде петиција.Тие побараа од раководството на компанијата на сите вработени да им обезбеди право на работа од дома и/или од канцеларија, во зависност од индивидуалните околности на вработените, пренесува Sputnik International.„Бараме: Apple да дозволи секој од нас да работи директно со нашиот менаџер за да открие какви флексибилни работни аранжмани се најдобри за секој од нас и за Apple. Овие работни аранжмани не треба да бараат одобренија од повисоко ниво, сложени процедури, или давање приватни информации“, се вели во писмото на AppleTogether.Синдикатот верува дека Apple треба да поттикне, а не да забранува, флексибилна работа за да изгради поразновидна и поуспешна компанија каде што вработените се чувствуваат удобно да „размислуваат поинаку“, се наведува во петицијата.Претходно во август, Apple наводно испратил меморандум до своите вработени во кој ги информирал дека почнувајќи од 5 септември, ќе се очекува да работат од канцеларија најмалку три дена во неделата.

Магазин | пред 3 години

iPhone-14-5675

Apple објави кога ќе го претстави iPhone 14

Компанијата Apple има намера на 7 септември да одржи настан на кој ќе го претстави iPhone 14, кој треба да се најде во продажба на 16 септември.Bloomberg пишува дека на вработените во одредени продавници им било кажано да се подготват за „големото лансирање на новиот уред“ планирано за 16 септември.Во септември, Apple традиционално одржува настани каде што презентира нови производи, а од почетокот на пандемијата се префрли на преноси во живо. Вработените во Apple веќе почнаа да снимаат сегменти за виртуелната презентација.Се очекува Apple да претстави четири модели на iPhone 14, нови Mac компјутери, нови iPad и нов Apple Watch. Во понудата овојпат нема да има Mini модел, па ќе се состои од два модела со 6,1 и два со 6,7 инчен екран.Уредите ќе имаат малку поинаков изглед на „забите“ на екранот и многу подобра селфи камера, додека моделите Pro ќе се напојуваат со A16 процесор.Исто така, iPhone 14 Pro ќе има малку поголем модул за камера, како и секогаш вклучен дисплеј.

Магазин | пред 3 години

Apple-logo

Нема планови за зголемување на основниот простор за складирање на iPhone 14 Pro

За неколку недели Apple конечно ќе ја претстави новата генерација на iPhone уреди. Како што се приближуваме до објавувањето, се повеќе се појавуваат информации за телефоните.Овој пат ги добиваме предвидувањата на аналитичарот Џеф Пу. Пу вели дека iPhone 14 Pro сепак ќе имплементира простор од 128 GB за основните модели, како што беше случајот со линијата iPhone 13 Pro.Со други зборови, Apple не планира да понуди надградба на складиштето за основниот iPhone 14 Pro, и покрај очекуваната повисока цена на телефонот.Ова може да биде разочарувачки за некои корисници, но сепак се очекува Apple да ги понуди истите опции за складирање како и моделот iPhone 13 Pro (128GB, 256GB, 512GB и 1TB за најмоќниот модел).Линијата на iPhone 14 на Apple ќе се состои од двата модели Pro и Pro Max, а во понудата ќе бидат вклучени и стандардни модели, кои ќе се продаваат како iPhone 14 и iPhone 14 Max (или Plus).Одредени извори сугерираат дека линијата iPhone 14 би можела да биде објавена порано од очекуваното, а настанот на Apple би можел да се одржи веќе во првата половина на септември.

Магазин | пред 3 години

207-2072008_apple-brand-background

Apple VR/AR уредот нема да излезе пред 2023 година

Уредот за виртуелна и проширена реалност на Apple би можел да биде создаден за краткотрајни виртуелни искуства, но веројатно нема да го видиме пред 2023 година.Според информациите, компанијата не планира агресивно да влезе на овој пазар, па ќе претстави уред кој е многу скап и ќе биде достапен во ограничени количини по пуштањето.Аналитичарот Минг-Чи Куо тврди дека Apple ќе пласира само 1,5 милиони од својата прва генерација VR/AR уред и верува дека уредот ќе се појави во текот на следната година.Според Kuo, новиот уред нема да се појави најрано до јануари 2023 година, а ќе чини 2.000 долари, што го прави еден од најскапите VR уреди на пазарот.Претходните извештаи сугерираа дека уредот на Apple ќе има спецификации еквивалентни на M1 MacBook Pro, како и дека ќе биде многу лесен и покрај неговите 8K дисплеи, големиот број камери и други елементи.Се посочува дека Apple планира да се фокусира на скап уред, со ограничена достапност, за да го истражи пазарот и да утврди каде има побарувачка за вакви модели на VR уреди.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања