Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

АСТРОНАУТИ

media-librarybnj6a4fjvvkua7zCKpX

Кинеските астронаути остануваат во орбита уште еден месец

Кинеската посада на вселенската мисија Шенџоу-21 ќе остане во орбита уште еден месец, откако властите одлучија да го продолжат нивниот престој со цел дополнително тестирање на технологии за долгорочен лет.Леталото беше лансирано на 31 октомври со ракета Лонг Марч-2Ф од центарот Џиукван во северозападна Кина, а мисијата ја сочинуваат тројца астронаути – Жанг Хонгжанг, Ву Феи и командантот Жанг Лу.Тие веќе поминале повеќе од пет месеци во вселената и, според кинеските власти, се во добра физичка и работна состојба. Во текот на мисијата успешно реализирале повеќе задачи, меѓу кои поставување опрема за заштита од вселенски отпад и проверки на надворешни системи на леталото.Првично беше планирано враќање во април, по завршување на шестмесечниот престој, но сега мисијата се продолжува за околу еден месец. Во тој период астронаутите ќе продолжат со научни и технолошки експерименти, со фокус на одржливост на долгорочен престој во орбита.

Свет | пред 5 дена

media-libraryivf8k7n37bigbmdSLfA

(Видео) Песни за будење во вселената: со што го почнуваат денот астронаутите на „Артемис II“

И најголемите мисии имаат човечка, интимна страна: додека екипажот на „Артемис II“ ги исполнува своите сложени задачи на патеката околу Месечината, утрата во леталото започнуваат со музика. Станува збор за долгогодишна традиција во која Контролата на мисијата од Хјустон секое утро испраќа краток музички исечок – „песна за будење“ – како симболичен поздрав и ритам за новиот ден.Во овие денови, како дел од рутината, астронаутите се буделе со внимателно избрани нумери што се движат низ различни жанрови. Во досегашниот избор се најдоа обработка на „Sleepyhead“ од Young & Sick, потоа „Green Light“ од Џон Леџенд, како и „In a Daydream“ од Freddy Jones Band. Следувале „Pink Pony Club“, „Working Class Heroes (Work)“ од CeeLo Green, а за едно од утрата денот бил поздравен со „Good Morning“ во изведба на Mandisa и TobyMac.Покрај музиката, симболично место во секој кадар има и мала играчка наречена „Rise“, која служи како индикатор за нулта гравитација – визуелен потсетник дека екипажот е во средина во која секое движење има своја посебна логика.Овој обичај, познат меѓу астронаутите и љубителите на вселенските мисии, не е нов. Традицијата на „песни за будење“ потекнува уште од времето на програмата „Аполо“, кога музиката служела како психолошки потпорен ритуал и мала врска со Земјата. Во подоцнежните години, особено за време на програмата Space Shuttle, изборот станувал сѐ поличен – понекогаш со песни што ги избирале членови на семејството или блиски пријатели.Еден од највпечатливите примери од поновата историја се поврзува со мисијата STS-134 во 2011 година, кога за еден пилот песната „Drops of Jupiter“ била избрана од неговиот син. На други летови, астронаутите се буделе и со италијански хитови, а во последната мисија STS-135, музичарот Мајкл Стајп од R.E.M. на екипажот лично им испратил a capella верзија на „Man on the Moon“.Во свет каде што технологијата и дисциплината се прашање на опстанок, ваквите мали ритуали потсетуваат дека и најоддалечените патувања остануваат – човечки. Музиката, како утрински сигнал, станува мост меѓу тишината на вселената и топлината на домот.

Магазин | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања