НАТО пресретна руски бомбардери над Балтикот
НАТО пресретнал руски стратешки бомбардери и ловци над Балтичкото Море. Во акцијата на источното крило на Алијансата учествувале француски ловци „Rafale“, кои полетале од воената база во Литванија, каде се распоредени во рамки на долгогодишната НАТО мисија за воздушен надзор, пишува Euronews.Француските ловци, вооружени со ракети воздух-воздух, им се придружиле на авиони од Шведска, Финска, Полска, Данска и Романија. Сите тие полетале за да ја надгледуваат руската формација, соопштил францускиот одред.Руската мисија над Балтичкото Море вклучувала два надзвучни бомбардери Tu-22M3, како и околу десет борбени авиони Su-30 и Su-35, кои се менувале во придружба на бомбардерите.Руското Министерство за одбрана соопштило дека летот бил однапред планиран и се одвивал во воздушен простор над неутрални води на Балтичкото Море. Летот траел повеќе од четири часа.„Во одредени делови од рутата, бомбардерите беа придружувани од ловечки авиони на странски држави“, наведуваат од руското министерство.Тие додаваат дека руските летови редовно се изведуваат над Арктикот, Северниот Атлантик, Тихиот Океан, како и Балтичкото и Црното Море, и дека се во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.НАТО редовно подигнува борбени авиони за да пресретнува руски воени летала кои се приближуваат или летаат блиску до воздушниот простор на Алијансата, често поради недостиг на вклучени транспондери и ненаправени планови за лет.
Свет | пред 1 ден