Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

БЕЛАТА КУЌА

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата: „Бог не ги слуша молитвите на оние што војуваат“ – Белата куќа одговори

Белата куќа денеска ги бранеше молитвите за американските трупи ангажирани во војната во Иран, откако папата Лав XIV предупреди дека Бог ги одбива молитвите „на оние што војуваат“.„Не мислам дека има нешто лошо во тоа нашите воени лидери или претседателот да го повикаат американскиот народ да се моли за нашите војници и оние кои служат на нашата земја во странство“, изјави портпаролката Каролин Ливит пред новинарите, одговарајќи на прашањето за коментарите на папата.Додека конфликтот на Блискиот Исток се протега во вториот месец, папата Лав XIV, беше остар.„Ова е нашиот Бог… Бог кој го одбива војувањето… кој не ги слуша молитвите на оние што војуваат“, порача Лав XIV, осудувајќи ја војната и повикувајќи на дијалог.На почетокот на конференцијата за новинари, Ливит истакна дека нејзиниот тим токму завршил „мала молитва“. Министерот за одбрана, Пит Хегсет, исто така, користеше „религиски јазик“ за да го опише конфликтот со Иран, изјавувајќи минатата недела во Пентагон:„Нека секој куршум остави трага кај непријателите на правдата и на нашата голема нација.“Ливит, која е католик како и потпретседателот Џ.Д. Ванс и државниот секретар Марко Рубио, нагласи дека САД се темелат на јудео-христијански вредности и дека лидерите и војниците се молеле „во најтурбулентните периоди во историјата на нашата нација“.„Ако разговарате со многу припадници на војската, тие ќе ви кажат дека ги ценат нашите молитви. Всушност, мислам дека тоа е многу племенита работа“, додаде таа.Минатата недела папата Лав повика на прекин на огнот на Блискиот Исток, истакнувајќи дека поради конфликтот повеќе од еден милион луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, и повика на разговори меѓу војувачките страни.

Свет | пред 2 часа

media-libraryk72ta83sla3kcR6v1Me

Белата куќа: Многу поранешни ирански лидери веќе не се на планетата Земја поради лаги кон САД

Белата куќа соопшти дека некои поранешни ирански лидери се убиени затоа што, како што тврди администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ги излажале САД за време на преговорите.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, коментираше за моменталната војна со Иран и неодамнешното соопштение на претседателот Трамп, во кое тој се закани со понатамошна ескалација доколку не се постигне договор.„Кога претседателот вели поразумно, тоа значи дека тие луѓе зад сцената изгледаат поразумни во тие разговори од некои од претходните лидери кои повеќе не се на планетата Земја затоа што ги излажаа САД и нè вовлекоа во преговори, а тоа беше неприфатливо за претседателот, поради што многу од тие претходни лидери беа убиени. Значи, ова е уште една историска можност за Иран да го стори вистинското“, рече Ливит.Нејзината изјава доаѓа еден ден откако Трамп објави порака на неговата платформа Truth Social во која се наведува дека САД водат „сериозни разговори со нов, поразумен режим“ во Иран и се закани дека целосно ќе ја уништи енергетската инфраструктура на Иран доколку не се постигне договор и Ормутскиот теснец не се отвори за сообраќај.Во таа објава, Трамп рече дека САД ќе го „завршат своето присуство“ во Иран со „диснување во воздух и целосно уништување на сите нивни електрани, нафтени полиња и островот Харг“, клучен терминал за извоз на иранска нафта.Тој додаде дека досега „намерно не ги допреле“ тие цели, но дека тоа може да биде одмазда за, како што тврди, убивањето на американски војници во текот на последните децении.

Свет | пред 2 часа

media-libraryfmlasiegk70d8gNCD23

Мистериозен прекин на веб-страницата на Белата куќа: Наместо официјална содржина се појави лајв-стрим со непознат маж

Официјалната интернет-страница на Белата куќа била во прекин околу еден час во текот на ноќта меѓу четврток и петок, при што на неа бил прикажуван необичен лајв-стрим со непознат млад маж, објави „Блумберг“.Според информациите, во рубриката Live News на сајтот нешто пред полноќ се појавил видео-пренос на кој се гледа помлад маж со брада и слушалки, како седи пред микрофон. Стримот во текот на следниот час наизменично се појавувал и исчезнувал од страницата.Засега не е познато дали станува збор за хакерски напад врз официјалната веб-страница на Белата куќа или за интерна техничка грешка и случајна објава. Од Белата куќа сè уште нема официјално соопштение со објаснување за инцидентот.Настанот предизвика внимание на социјалните мрежи, каде корисниците шпекулираат за безбедноста на дигиталните системи на американската администрација, но и за можната природа на прикажаната содржина.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања