Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

БЕТМЕН ВЕЛИТ

media-librarya1bk6aeog7gr9RB0bzh

(Видео) Илиевски: Мукоски ветуваше дека за „27 април“ нема да се одговара за тероризам, имаше контакт со Заев

Експратеникот Крсто Мукоски кој ги отвори вратите на 27 април имал контакт со Зоран Заев и тврдел дека обвинетите за упадот нема да одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Ова за првпат го откри Богдан Илиевски-Бетмен Велит во „Претрес со Ландов“.„Немав чувство дека Крсто сакал да ме насмести мене или другите луѓе. До последниот ден имаше ветување дека ќе има преквалификација на дело“, рече Илиевски, па прашан кому ветувал, тој одговори: „Меѓу другите и на мене“.Прашан дали ова ветување било пред гласањето на Мукоски за промена на името, тој рече „По селективната амнестија, продолжи мојата комуникација со тие кои носеа одлуки, Зоран Заев, во врска со судбината со тие кои не беа опфатени со амнестијата“, рече Илиевски.Со ова, Илиевски тврди дека Муковски кој беше дел од ВМРО-ДПМНЕ па исклучен од партијата, контактирал со Зоран Заев. Погледнете го цел поткаст, каде за првпат се добиваат одговори на непоставени прашања:

Македонија | пред 1 седмица

media-library70juqnahnolhfQokO36

(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Од твитерџија и критичар, до партиски функционер и телевизиски лик. Го викаа гласен, го викаа духовит, го викаа бот, хушкач, пропагандист, па и жртва на системот, но и предавник.За едни „Бетмен Велит“ беше бунт, за други добро спакуван политички производ. Но зад псевдонимот, шегите, твитовите и телевизиските настапи, останува прашањето: кој е навистина Богдан Илиевски и што остана од човекот што некогаш беше претпознатлив по Твитер?Во „Претрес“ отвораме сè што остана неодговорено. Од 27 април, обвиненијата, амнестијата и тишините, до ВМРО-ДПМНЕ, Алфа, политичката лојалност, двојните стандарди и улогата што ја игра во креирањето јавно мислење. Ќе зборуваме за тоа дали политиката го купи, дали партијата го искористи, дали медиумот го претвори во алатка, и дали зад патриотизмот има цена. Ќе прашаме и тоа што многумина си го мислат, а малкумина му го кажуваат в лице.Соочување со минатото, со улогите, со зборовите и со последиците. Ќе отвораме прашања за Мицкоски, за Груевски, за 27 април, за медиумската пропаганда, за лојалноста, за молкот и за цената на политиката.Следете во живо, кликнете лајк и сабскрајб и поставете прашања:

Настани | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања