Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

БИЛАЛ КАСАМИ

media-library3rgaolbpfusv7lx1j4z

Јазикот на правосудниот испит отвора нова политичка дебата - Мицкоски најави решение, Касами бара испит на албански јазик

Комисија од уставни експерти ќе бара решение за употребата на албанскиот јазик при полагање на правосудниот испит, најави премиерот Христијан Мицкоски, по протестот на студенти кои побараа испитот да се полага на мајчин јазик.Тој истакна дека при носењето решение мора да се почитуваат Уставот и меѓународните стандарди. Според него, Законот за употреба на јазиците е оспорен пред Уставниот суд, особено во делот што се однесува на правосудството, а постои и негативно мислење од Венецијанската комисија за двојазичноста во овој сектор.Мицкоски нагласи дека, од една страна, недостигаат ресурси за спроведување на вакви решенија, а од друга, не се гарантира еднаквост во примената на правото. Поради тоа, Венецијанската комисија препорачува враќање на претходните законски решенија. Воедно, тој посочи дека студентите кои студираат на албански јазик имаат право на образование на мајчин јазик во рамки на системот.Во однос на присуството на опозициски претставници на протестот, Мицкоски изјави дека за тоа ги информирал сојузниците во НАТО и ЕУ, оценувајќи дека станува збор за обид за дестабилизација, што не наишло на поддршка од меѓународната заедница.Претседателот на БЕСА, Билал Касами, изјави дека правосудниот испит треба да може да се полага на албански јазик, доколку студентите целото образование го следеле на тој јазик.„Ако целите студии се завршени на албански јазик, ќе треба и правосудниот испит да биде на истиот јазик. Работиме во правец на наоѓање на законско решение со кое и оваа проблематика наследена од претходните влади да биде решена“, рече претседателот на БЕСА, Билал Касами.

Македонија | пред 2 седмици

media-library8uj8qrdhuogr8qG0l8a

„Немам личен автомобил“: Касами со објаснување за појавувањето со „БМВ Х7“ на лидерската средба

„Се извинувам ако некој од граѓаните се почувствувал навредено“, изјави лидерот на Движењето Беса, Билал Касами во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, во врска со коментарите од јавноста откако се појави на лидерската средба во луксузен автомобил „БМВ Х7“.Касами рече дека автомобилот му припаѓа на негов братучед и дека го користи и Движењето Беса.„Јас лично возам автомобил што припаѓа на моите родители и немам личен автомобил. Дури и во општината го користиме автомобилот на партијата, односно на Движењето Беса. Јавноста знае дека сум бил на вакви состаноци и во други прилики, без разлика дали во Владата или на состаноци на лидери со скапи автомобили, но уште еднаш кажувам дека го немам овој комплекс. Автомобилот со кој дојдов на лидерската средба е на мојот братучед“, нагласи Касами.

Македонија | пред 2 месеци

kasami-2

Касами: Дехари на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро, не можам да поддржам таков кандидат

Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово, Билал Касами, во интервју за ТВ Алсат-М изјави дека нема намера да го поддржи кандидатот на ДУИ за Кичево, Фатмир Дехари, обвинувајќи го дека му нанел штета на градот и дека за време на неговото владеење немало ниту еден проект од корист за граѓаните.Тој потоа ја појасни позицијата на својата коалиција кон кандидатот на ДУИ:„Сите знаат за моралните вредности кои ги застапувам, а еден таков кандидат како Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ. Тој, додека владееше во Кичево, не им донесе ниту едно добро на кичевци. Напротив, е придружуван од снимки и прислушувања што се појавија на социјалните мрежи и покажуваат дека тој на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро. Иако во принцип би поддржале кандидат Албанец, бидејќи сметаме дека би бил подобар за сите граѓани, во овој случај не можеме да застанеме зад кандидат кој му наштети на градот. ДУИ, уште кога го извади Дехари, го извади за да го изгуби Кичево,“ изјави Касами.На прашањето дали неговата изјава е продолжение на онаа дадена во Албанија, тој одговори дека не се работи за тоа, туку за принципиелен став кон сите граѓани:„Не. Јас велам дека, додека сум градоначалник на Тетово, за мене сите граѓани се исти. Јас го побарав гласот и на Албанците, и на Македонците, Турците, Ромите – и работев за сите нив. Тетово е космополитски град, а сè што е реализирано во него го уживаат сите граѓани. Од таа позиција сметам дека Албанец може да биде добар градоначалник, исто како и било кој друг граѓанин, за било кој град – па и за Кичево. Тоа е принципиелен став. Но, конкретно за случајот со господинот Дехари – знаејќи што направил, или поточно што не направил за Кичево, и имајќи ги предвид прислушувањата за неговото минато во однос на моралот – не можеме да го поддржиме само затоа што е Албанец. Ќе беше подобро ДУИ да избере друг кандидат. Сакам да ѝ објаснам на јавноста дека Движењето Беса имаше свој кандидат, и Кичево и кичевци имаа можност да застанат зад човек кој жртвуваше сè за Кичево и за Албанците. Но, во првиот круг тие избраа поинаков кандидат, и знаат како ќе гласаат во вториот. Јас не можам да поддржам кандидат кој му наштети на Кичево – поради тоа денес половина од Кичево е надвор од градот и од општината,“ изјави Касами.Со оваа изјава, лидерот на Беса ја заостри реториката кон ДУИ и дополнително ги дефинираше линиите на поделба меѓу албанските политички партии во пресрет на вториот изборен круг.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryg1fh67dop6rfbiLOumk

Билал Касами се гордее со синот: Младиот фудбалер ќе игра за албанската репрезентација против Ирска

Актуелниот градоначалник на Тетово и кандидат за нов мандат од коалицијата Вреди, Билал Касами, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук сподели радосна вест поврзана со неговото семејство.„На врвот на кампањата, најубавата вест која неизмерно ме воодушеви дојде од Тирана. Мојот син, Љавдрим, доби покана од албанската фудбалска репрезентација У19 за два пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам!“, напиша Касами.Со ова, тој изрази гордост за успехот на својот син, кој добил шанса да го облече дресот на младинската репрезентација на Албанија.

Македонија | пред 6 месеци

MixCollage-25-Jul-2025-11-05-AM-4757

Љупчо Георгиевски до Касами: „Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град“, ВМРО НП самостојно оди на локални избори

ВМРО-Народна партија, предводена од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, најави самостоен настап на локалните избори во Општина Тетово што ќе се одржат во октомври. Од партијата информираат дека ќе учествуваат со своја советничка листа и ќе настапат со кандидат за градоначалник.Во официјалното соопштение се наведува дека ВМРО-НП ќе промовира кандидат со „обединувачки капацитет и визија за модерно Тетово“.„Им порачуваме на сите Македонци и останатите граѓани на Тетово дека во ВМРО-НП секогаш ќе имаат партнер од доверба кој нема да ги изневери интересите на македонскиот народ во овој дел од Македонија,“ стои во соопштението на партијата.Дополнително, беше испратена директна порака до актуелниот градоначалник Билал Касами: „Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град.“Партијата најави дека по официјалното распишување на изборите ќе организира свечена промоција на својот кандидат за градоначалник и советничката листа за Советот на Општината.Од друга страна, актуелниот градоначалник Билал Касами, воедно и лидер на партијата Движење Беса, која е дел од владејачката коалиција ВЛЕН, веќе ја потврди својата кандидатура за втор мандат.Одлуката на најголемите македонски партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – да не излезат со сопствени кандидати за градоначалник на Тетово предизвика реакции во јавноста. Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи од Тетово ја изразија својата длабока загриженост, оценувајќи дека станува збор за сериозно занемарување на интересите на македонскиот народ во овој дел од државата.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања