Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

БЛЕЈК ЛАЈВЛИ

media-library0c0jije43dr64qqlTr2

Блејк Лајвли бара одштета од 250 милиони долари во спорот со Балдони

Актерката Блејк Лајвли тврди дека поради наводна кампања за оцрнување која против неа ја воделе колегата Џастин Балдони и продукциската куќа „Wayfarer Studios“, претрпела огромна финансиска штета и загуби поголеми од 290 милиони долари.Во судските документи, Лајвли наведува дека изгубила повеќе од 290 милиони долари (околу 250 милиони евра) приходи и идни деловни можности, бидејќи во јавноста била претставена како „злобна девојка“.Во новите поднесоци од 17 април, таа тврди дека директната финансиска штета од постапките на Балдони изнесува меѓу 36,5 и 40,5 милиони долари. Таа наведува дека била опишувана со термини како „неемпатична“, „насилник“ и „злобна девојка“.Повикувајќи се на експерт за комуникации, Лајвли исто така тврди дека изјавите на адвокатот на Балдони ѝ донеле дополнителна штета од 24,3 милиони долари, врз основа на проценка на нивното влијание на интернет.Нејзините експерти проценуваат дека поради изгубени проекти во периодот од август 2024 до август 2029 година, може да изгуби меѓу 34,3 и 87,8 милиони долари приходи од филмски и телевизиски ангажмани.Дополнително, се наведува дека нејзините компании претрпеле пад на профит од 39,6 до 143,5 милиони долари. Таа бара и надомест од 250.000 до 400.000 долари за душевна болка, физичко страдање и понижување.Адвокатите на Балдони ги отфрлаат овие тврдења, наведувајќи дека ваквите описи за нејзиниот карактер постоеле и пред нивната соработка и не го влошиле нејзиниот углед.Случајот е дел од поширок правен спор со меѓусебни тужби, вклучувајќи обвинувања за сексуално вознемирување, клевета и противтужби, од кои дел веќе се одбиени од судот.

Магазин | пред 9 часа

262251_blejklajvlirajanrejnolds_ls

Судот ѝ зададе тежок удар на Блејк Лајвли: отфрлени 10 од 13 точки во тужбата против Џастин Балдони

Правната битка меѓу актерката Блејк Лајвли и нејзиниот колега Џастин Балдони доби нов, неповолен пресврт за Лајвли, откако надлежен суд во САД отфрли поголем дел од нејзините барања. Со одлуката, од вкупно 13 точки во тужбата, судот отфрли 10, оставајќи само три основи по кои постапката ќе продолжи.Одлуката ја донел американски окружен судија Луис Џ. Лајман, кој оценил дека повеќе тврдења не се доволно поткрепени со правен основ за да одат понатаму. Меѓу отфрлените се и делови поврзани со вознемирување, клевета и наводна завера.Сепак, случајот не е затворен. Судот дозволил да продолжи постапката по други основи, меѓу кои се наведуваат прекршување на договор и две точки поврзани со одмазда. Тоа значи дека, и покрај тоа што најголемиот дел од тужбата падна, страните и понатаму ќе се соочат во судница.Според најавите, судењето за преостанатите точки е закажано за 18 мај, кога ќе се разгледуваат тврдењата што судот ги оценил како доволно релевантни за натамошна постапка, вклучително и делови кои се однесуваат на одмазда во рамки на продукциската структура и поврзани компании.Спорот, кој привлече значително медиумско внимание, започнал во декември 2024 година, кога Лајвли ја покренала тужбата против колегата од филмски проект, по што следеа низа јавни реакции и правни потези од двете страни.

Магазин | пред 2 седмици

262251_blejklajvlirajanrejnolds_ls

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли 10 години во брак: Не можев да замислам дека непланираниот секс во тоалет на аеродромот ќе доведе до ова

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс неодамна прославија 10-годишнина од бракот и најавија дека го чекаат четвртото дете. Парот кој важи за една од за најпознатите двојки во Холивуд, се запознал во 2010 година на снимањето на филмот „Зелениот фенер“ (анг. Green Lantern). Иако филмот беше вистинска катастрофа и финансиски неисплатлив проект, сепак успеал да ги спои. На почетокот тие само чувствувале симпатии и наклонетост еден кон друг, но меѓу нив немало ништо повеќе од пријателство. Во тоа време актерот бил тазе разведен од Скарлет Јохансон, додека Блејк тукушто разделена од Пен Бадгли со кого заедно глумеше во хит серијата „Озборувачка“ (анг. Gossip Girl).Тие се виделе една година подоцна на двоен состанок, каде и двајцата имале различни партнери.„Бевме на двоен состанок, јас бев со една девојка, а Блејк со друг маж. Но вечерта не заврши како што тие планираа, им изгледаше прилично чудно бидејќи меѓу нас имаше искри. Беше навистина чуден прв состанок за сите нас“, изјави Рајан во една прилика.Тој додаде дека биле во мал ресторан во Трибека, кој отворал многу доцна. Кога почнала една песна, ја прашал дали сака да танцува со него. На улицата каде што стоеле немало никој.„Тоа беше еден од оние моменти кога знаеш дека си ја „преминал линијата“ и после тоа отидов кај неа“, рече тој.Како што раскажа подоцна, Блејк имала состанок во Бостон, исто како него, па ѝ предложил да патуваат заедно.„Одевме заедно со воз и ја молев да спие со мене“, рече Рајан и додаде дека ја освоил така што користел солзи.„Силно ги стиснав очите за да пуштам солзи по лицето, а потоа ѝ кажав тажна приказна за мојот живот.Сепак на крајот успеал да ја придобие Блејк и тајно да се венча со неа во Јужна Каролина на 9 септември 2012 година.Две години подоцна, на 16 декември 2014 година, го добија своето прво дете, ќерката Џејмс, а на 30 септември 2016 година ја добија и Инез. Парот ретко објавува информации за својот приватен живот, па јавноста беше шокирана кога Рајан пристигна на премиерата на неговиот филм „Покемон детектив Пикачу“ (анг. Pokémon Detective Pikachu) со Блејк во тесен жолт фустан, кој го истакна нејзиниот труднички стомак. Рејнолдс потврди дека актерката се породила само две недели по гласините, но сè уште не сакале да го откријат полот и името на бебето.Доаѓањето на првото дете го потврди со фотографија, на која заедно со Блејк го држат бебето во раце и се гушкаат во шума, а описот под објавата откри дека пристигнала и третата ќерка. Тие го открија нејзиното име со песната на Тејлор Свифт – Бети.Во една прилика Блејк за „Venity Fair“ откри дека станува во пет часот наутро, па така успева да ги усогласи деловните и приватните односи.„Тренингот правете го во текот на денот, но не сами“, порача таа.Блејк додаде дека ќерките не ѝ даваат ниту минута одмор, па затоа учествуваат и во вежбите. Таа ги „користи“ како тегови бидејќи, како што вели, се закачуваат на неа.И двајцата се љубители на добриот хумор и ситните бељи кои си ги подготвуваат за да ја одржат страста. Актерот е познат по шеговитите објави на Инстаграм, меѓу кои онаа каде ѝ го честиташе роденденот. На фотографијата тој изгледа совршено, додека таа е фатена неподготвена.Тој исто така ѝ го честита ланскиот Ден на мајката, пофалувајќи ја нејзината љубов и грижа кон нивното големо семејство.„Зборовите не можат да опишат. Ти си срцето и душата на секој момент од нашето семејство. Благодарен сум за добрината со која зрачиш во секоја секунда од нашиот живот. Ја гледам таа љубов во очите на нашите деца. Секоја смеа, секое трепкање и секој момент на ранливост. Таа храброст што е потребна за мајчинство во оваа 2021 година е чин на чиста сила и херојство. Никогаш не можев да замислам дека непланираниот секс во тоалет на аеродромот ќе доведе до ова. Во секој случај, среќен сум што рефлектирам барем малку од сончевата светлина што не осветлува сите нас“Во една прилика, Блејк зборуваше за нивниот брак во интервју за Вог.„Сè што правиме во животот, правиме заедно. Ако снимам филм, ми помага да уживам во ликот, а истото го правам и кога тој снима. Заедно го избираме мебелот, што ќе јадеме. Тој е и прекрасен писател кој напиша прекрасни работи само за нас. И најдобро од сè, тој ме познава толку добро што ми кажува секогаш кога не правам нешто добро“.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања