Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

БОКИ 13

media-libraryi101b42rge3s0YdkG1s

(Видео) Боки 13 најави концерт во Белградска арена, дел ќе посвети и на затворските денови

Бојан Јовановски-Боки 13, најави концертен спектакл во Белградската Арена, закажан на 12 декември, со кој вели дека ќе одбележи 25 години кариера. Тој нагласи дека не станува збор за класичен концерт, туку за комплексна продукција со јасна концепција и сценска нарација.„Ова нема да биде класичен концерт за да се отпее репертоар, туку големо шоу со четири целини“, изјави Боки 13.Концертот ќе биде поделен во четири сегменти – автобиографија, дел посветен на Марина Туцаковиќ, поп-империја и боемска вечер.Во првиот дел, како што најави, ќе бидат прикажани и фотографии од периодот кога беше во затвор каде издржуваше казна за случајот „Рекет“, поврзани со музиката што го одбележала тој дел од неговиот живот.На сцената ќе настапи оркестар од 30 музичари и хор од 100 луѓе, додека визуелниот концепт ќе се менува на секоја трета композиција. Во рамки на шоуто се најавени и бројни гости.Боки 13 откри дека еден од сегментите ќе биде целосно посветен на Марина Туцаковиќ, истакнувајќи дека досега никој не реализирал концерт во нејзина чест, иако стои зад најголемите регионални хитови.Во делот „поп-империја“ ќе бидат изведени негови дуети со колешки, додека завршницата ќе донесе боемска атмосфера со друг оркестар.Во пресрет на концертот, Боки 13 зборуваше и за приватниот живот и односите со колегите. Тој истакна дека не бара поддршка од луѓе со кои не комуницира.„Не сакам фејк луѓе околу себе. Поддршка барам само од оние со кои сум во контакт“, рече тој.Воедно, откри дека во моментов живее на релација Белград–Скопје и дека во Белград престојува во хотел каде што е сместена и пејачката Ана Николиќ, со која подготвува нов дует.„Животот со Ана е лудачки, но пред сè сме пријатели“, изјави Боки.Јовановски најави дека ќе даде „100 проценти од себе“ за концертот во Белград, со амбиција спектаклот да влезе во редот на светски продукции.Боки 13 се врати во јавниот живот откако одлежан казна за случајот „Рекет“ каде беше осуден на девет години затвор. Тој има и свој поткаст „Б13“, а е дел и од жири комисијата на српско талент шоу „Хајп ѕвезди“.

Настани | пред 1 седмица

media-librarynmsn1i4chdak0vPtUAY

(Видео) Вилма Русковска го пријавила Боки 13 за вознемирување, откако пак имаа крени-спушти телефон

Вилма Русковска го пријавила Бојан Јовановски-Боки 13 во полиција за вознемирување, откако тој вчера вечерта, додека беше вклучен во живо на „Јутуб“ телефонски и ѕвонел на нејзиниот мобилен телефон повеќе пати. Од МВР за „Скопје1“ ја потврдуваат пријавата.Од снимката може да се види дека Јовановски ја контактира Русковска со цел, како што вели, да ја праша за Фехми Стафа. Таа одговара на телефон, а откако Јовановски посочува дека таа е во живо, таа му вели „Добра ноќ“, на што тој враќа со „Не добра ноќ, ѓубре едно! Хохштаплерке, олошу“. Откако линијата исклучува Јовановски продолжува „Не добра ноќ да исклучуваш телефон,олошу. Не знае да ме блокира“.„Не спие бе, пие бе, какво спиење“, вели Јовановски.Потоа, Русковска неколку пати ги одбила повиците, а кога Јовановски и ѕвони на апликација, таа одговара и му вели: „Слушај да ти кажам, ако продолжиш да ѕвониш, во моментов те пријавувам во полиција“.Јовановски враќа: „Јас имам потреба да ве прашам бидејќи во моментов има 2.000 гледачи во живо, за вашата близина со Феми Стафа... од новинарски аспект, од новинарски апсект...“.Русковска му вели: „Само ако продолжиш, во полиција те пријавувам, пријатно“, на што Јовановски и вели „Хохштаплерке“.По затворање на повикот од страна на Русковска, Јовановски пак ја контактирал.Од МВР велат дека работат на случајот.„На 18.12.2025 година во 22:30 часот во СВР Скопје В.Р. пријавила дека била  телефонски вознемирена од страна на Б.Ј.“, велат од МВР.По пријавата, Јовановски вели: „Право на Вилма Русковска е да постави пријава пред надлежен орган. Ценам дека е неоснована и лажна пријава. А мое право е секако да третрам прашања кои се од интерес на јавноста, секогаш тоа ќе го правам. Не го ценам како вознемирување. Дотолку повеќе што е многу важно Вилма Русковска да одговори на последните прашања за нејзината поврзаност и во времето на нејзиниот мандат за близината со Феми Стафа. Ова е обид за цензура. Ова е класично заплашување, а не и се плашам на Русковска. Сметам дека е многу поважно и круцијално, Вилма Русковска да одговори за нејзината поврзаност со Феми Стафа. Во однос на тоа што третирам такви теми и во однос на тоа што секогаш кога има потреба од јавноста јас ќе ја контактирам за коментар. Во недостаток на аргументи таа пријавува во полиција. Нека пријавува ако нема попаметна работа, а верувам дека нема“.Бојан Јовановски претходно ја контактираше Вилма Русковска во живо и бараше одговори за случајот Рекет, за 27 април, снимка која беше и вирална.

Настани | пред 3 месеци

media-libraryvmvac9e35oik82RRyRR

(Видео) Боки 13 објави делови од филмот „Рекет“ – сниман во Идризово, со обвинувања кон политичари

Бојан Јовановски-Боки 13 почна со објавување на делови од филмот „Рекет“, именуван по предметот во кој тој беше осуден на девет години затвор. Истиот е сниман во просториите каде Јовановски ги поминувал своите затворски денови – Идризово. Во објавените делови изнесува обвинувања на сметка на политичари од СДСМ, а се појавува и неговата мајка Јасминка Јовановска со сведоштва за тоа што се случувало за време на претресите.„Лага е дека човек може да заборави тоа што било, може да заборави детали.. но некои работи остануваат додека е човек жив“, вели Јовановски во филмот, а неговата мајка Јасминка посочува: „Не е само негова, туку и моја грешка, и јас слепо сум верувала во нив, но се учи на грешките“.Во вториот објавен дел се слуша и женски глас кој наликува на гласот на експратеничката Фросина Ременски која беше обвинета но ослободена од вина во случајот „Меѓународен сојуз“.„Штом се фрливме на инвестиции во дроги, си ебавме мамата“, вели женскиот глас кој наликува на Ременски, а мајката на Боки 13 продолжува со нарација и вели: „почна да ми се јавува Фросина Ременски „се до изрекување на пресудата беше во контакт со мене, мислам дека ме држеше во една позиција, да не биде Бојан против нејзе, да не каже нешто“. Потоа женскиот глас и Боки 13 разговараат за Кирацовски.„Уште оној кога излезе .... од Битола, кога рече ‘Ти си побарал он да се слика со тебе само еднаш’, срамота бе“, вели женскиот глас, за по неколку секунди да се слуша гласот на Јовановски каде сведочи дека Кирацоски земал пари од Силјан Мицески во кеш, а гласот кој е или наликува на вашиот да додава „не ми кажувај, он и ден денеска зима“.„Скопје1“ ја контактираше Ременски со прашања, на кои не добивме одговор. Ја прашавме дали се сеќава на мубаетот кој сега е еемитуван јавно, дали се плашела од Јовановски дека може да се сврти против неа како што вели Јовановска, дали била сведок кога биле земани пари во кеш од покојниот бизнисмен, но и ако е таа на снимките – кога и од кого е снимана. До овој момент, не добивме никаков одговор.Последно објавениот дел зборува за испраќањето на Јовановски во затвор, откако Апелација ја потврдила казната, личната приказна на семејството, но и обвинување на сметка на водителката Лила Филиповска дека одела кај нив по отворањето на случајот „Рекет“ само за да прибира информации.„Доаѓала само да прибира некои податоци, а немала што да прибере, но сепак ќе дошла да праша што се случи, како се случи, Сергеј го распрашувала“, вели Јасминка Јовановска, на што Јовановски додава: „Сергеј доаѓал кај моите родители, тоа не можам да го избегнам, бил тука и се нашол во многу ситуации и се понел човечки. Во тие важни моменти бил тука“.На крајот Јовановски и Јовановска посочуваат дека животниот тек е практично стигната карма од дедото на Боки 13 кој бил управник на затворот „Шутка“ во време кога затвореници биле малтретирани за што настанала и паролата „не е битно дали ве тепаат, битно е да останете со здрав дух“.На прес-конференција, Јовановски кажа дека филмот ќе биде на големите филмски платна и ќе доживее своја голема премиера.

Магазин | пред 5 месеци

1942279_boki_ls

Боки 13 за пресудата: Ременски ја ослободиле по јавување од Ковачевски, имам пораки дека Заев учествуваше во Меѓународен сојуз

Бојан Јовановски – Боки 13, во својата најнова епизода од подкастот, говореше за повторната постапка и новата пресуда поврзана со случајот „Меѓународен сојуз“.„Пресудата беше укината и требаше да се суди повторно. Таа е манлива по многу основи – од погрешно утврдена фактичка состојба до суштински повреди на постапката. Сепак, повторно се враќа кај истиот судија. И тука настанува конфликтот – судијата што еднаш те осудил, поради суета, нема да се предомисли, без разлика што можеш да му докажеш сè, како што направив јас“, изјави Јовановски.Тој тврди дека во повторената постапка доставил нови докази, меѓу кои и вештачење изготвено од професорот Орце Симов. Според Боки 13, анализата на телефонот покажала комуникација со поранешниот премиер Зоран Заев, за кој, како што вели, „директно учествувал во разговори и активности поврзани со Меѓународниот сојуз и проектот за старечки домови“.„Овие кои наводно се оштетени, ми ги донесе Александар Кирацовски, а и Сиљан Мицевски беше вклучен во целиот процес“, изјави Јовановски, додавајќи дека „од Заев, преку Стефан Богоев, Наташа Петровска, па сè до Горан Сугаревски – сите биле вклучени во идејата и подготовките за проектот со старечките домови“.Тој остро ја коментираше и ослободителната пресуда на поранешната пратеничка Фросина Ременски, за која рече дека „била директно вклучена“ во проектот.„Фросина Ременски која активно учествуваше во сето ова, беше ослободена по јавување на Ковачевски. Замислете – ако таа беше мој помагач и влијаеше на луѓето да влезат во проектите, а сега ја нема, тогаш кој влијаел? На крај, сè се става на мој грб – како јас да сум бил премиер, пратеник, министер и перач на пари во едно“, рече Јовановски.Тој додаде дека други обвинети кои признале вина за перење пари добиле условни казни, додека тој добил драстична затворска пресуда рамна на тоа како да убил човек.„Јас не молчев, и нема да молчам. Ова е борба против неправдата“, порача Јовановски-Боки 13 во својот подкаст.

Македонија | пред 5 месеци

boki-13

Бојан Јовановски-Боки 13 осуден на затворска казна во случај каде што е ослободена Фросина Ременски

Бојан Јовановски на повторното судење за Меѓународен сојуз доби пет годи затворска казна.Судијката Софче Гаврилова Ефремова смета дека сторил измама на бизнисмени и иако во текот на судењето бизнсменот Ардијан Амазовски се повчеле и кажа дека не се чувствува оштетен.Исто така, сведок на рочиштето кажа дека изјавата дадена во претходниот судски процес била изнудена и дека таа не се чувствува оштетена.На ова рочиште беше изречена и затворска казна од две години за Јасна Ерцеговиќ како и две условни осуди за двајца други обвинети.Апелација го врати предметот на повторно судење, откако Кривичниот суд ја ослободи од вина експратеничката на СДСМ, Фросина Ременски.

Македонија | пред 5 месеци

ruskoska-bo

(Видео) Расправија, навреди, дерење: Боки 13 и се јави на Рускоска во живо

Бојан Јовановски-Боки 13 вчеравечер во живо и се јави на ексобвинителката Вилма Рускоска, која го гонеше во предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. Во текот на осум минутниот разговор, Боки 13 ја праша Рускоска дали мирно спие по сите гревови кои ги направила, на што таа одговори „мирно спијам“. Потоа, имаше навреди.„Дали ти мирно спиеш покрај сите луѓе што си ги измамил“, праша Рускоска, а Бојан Јовановски рече: „Како може вие мирно да спиете покрај такви намештаљки и се што имате направено. Вие сте најголемиот срам на македонското правосудството“.Тој ја праша Рускоска како го наместила предметот „Рекет“ и дали слугувала на Заев: „Не, не слугував на никого. Јас слуга не бев на никого. А ти си измамник“.Потоа, Боки 13 рече: „Вие не сте биле слуга, јас имам доволно респект спрема гледачите и затоа ве персирам и би ви кажал што имам на еден вулгарен начин“, а таа му врати: „Јас не знам па кој тебе те гледа.. Не знам кои гледачи тебе те гледаат..“Боки 13 на ова одговори дека има свои 120.000 следачи на „Инстаграм“, па ја праша ексобвинителката дали е трезна, на што таа одговори: „Апсолутно“.„Тоа е ексклузивна состојба кога си трезна“, рече Боки 13.„Гледај си го твојот двор, имаш некој многу близок, не можеш други да правиш алкохоличари“, рече Русковска.„Мојот вујко не е јавна личност. Ти си ноторен алкохоличар.  Знам дека кај мене на прослава се вртеше како рингишпил“, врати Боки 13, а Русковска вика: „Како да не, не станав од маса“.„Сведоци од полицијава велат дека одвај те носеле по скали“, рече Боки 13, а Русковска врати: „Абе оди бегај, абе дали тебе некој ти верува. Нема човек што не си го измамил“.Тој ја праша и каде се парите од Јордан Камчев.„Торбата ја лоциравме. (н.з.) беа сликани кај мајка ти и татко ти дома“, рече Русковска, а тој рече: „Такво нешто не постои“.Потоа Боки 13 ја нарече Рускоска „опасен лажов“, а таа врати: „Како не ти е срам?“, на што Боки 13 рече: „Како тебе не ти е срам, хохштаплерке“.Русковска му рече: „Па не може секој измамник да биде“, а Боки 13 врати: „Не може да биде секој алкохоличар и недоветен обвинител“.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-19-at-16.13.08

И Боки 13 почнува со поткаст

Контроверзниот медиумски лик Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, повторно се враќа на јавната сцена, овојпат како водител на нов поткаст наречен „Б13“. Тој најавува дека ќе се емитува еднаш неделно, а ќе се фокусира на разни теми од мода до општество.Според најавата, првиот поткаст ќе биде за случајот „Рекет“ за кој тој беше осуден, како и за случајот „Меѓународен сојуз“ кој се суди по вторпат. Негови гости, ќе бидат неговите адвокати - Сашко Дукоски и Владимир Туфегџиќ.Во најавата стои дека ќе се зборува и за затворските денови, но и деновите на слобода.Потегот доаѓа по неколкугодишно отсуство од медиумите, период обележан со судски процеси, затворска казна и силно медиумско внимание. Поткастот ќе се емитува секој понеделник во 21 часот, терминот кога поткаст има и јутуберот Стефан Лазаров.

Магазин | пред 10 месеци

IMG_9378.00_00_03_29.Still002

Боки 13 повикувајќи се на одлука од Стразбур, најави гонење на Русковска и Заев: Јавноста ја заслужува вистината за „Рекет“

Бојан Јовановски-Боки 13 на својот Фејсбук профил објави дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур донел позитивна одлука по изразената апликација од страна на адвокатот Сашко Дукоски за случајот Рекет. Тој најави дека ќе поведе кривична постапка против Вилма Русковска и поранешниот премиер Зоран Заев, но и други лица.„Ја известувам јавноста дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе позитивна одлука по изразената апликација од страна на адвокат Сашко Дукоски за случајот Рекет, каде беше нападната пресудата за случајот Рекет по повеќе основи. Позитивната одлука на судот во Стразбур е доказ за важноста на меѓународните правни механизми во заштитата на основните човекови права и слободи, фер и правично судење пред непристрасен суд. По конечно завршување на постапката во Стразбур, Ве известувам дека од моја страна заедно со мојот правен тим ќе ги превземеме сите понатамошни чекори пред домицилните органи со крајна цел да се исправи историската неправда нанесена со политички нарачаната пресуда за случајот Рекет, во која имаше сѐ, само право не“, напиша Јовановски.Тој посочува и: „Јавноста ја заслужува вистината за овој фамозен случај 'Рекет' преку утврдување на точната и вистинитата фактичка состојба во законита постапка“.„Воедно, ве информирам дека донесена е и уште една позитивна одлука при ЕСЧП во Стразбур и прифатена е апликацијата која се однесува на моето незаконско држење во притвор, нечовечно постапување и тортура. По сето ова, ќе поведам постапки за кривичен прогон против Вилма Русковска како тогашен јавен обвинител, Зоран Заев како тогашен премиер и против уште најмалку десетина лица кои директно се виновни во и за случајот Рекет, секој од нив со свои дејствија на извршување со место, време и начин на извршување на кривични дела“, додаде Јовановски.

Коментари | пред 1 година

IMG_3884

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 од девет на пет години затвор, дознава „Скопје1“. Судиите ја донеле пресудата поради нови околности кои довеле до поблага осуда. До нив била доставена обемна медицинска документација на осудениот, потпишувана од различни професори и доктори, како и од различни државни болници. Со ова, Јовановски е осуден на казна затвор од пет години, а за доиздржување има уште неколку месеци.Судиите разгледувале медицински-конзилијарни мислења, во кои се опишувала здравствената состојба на осудениот. Со нив, освен што се констатирало дека Јовановски не може да биде лекуван зад решетки поради тоа што затворот нема ниту терапии, ниту доктори, ниту услови, таму се нотирало и дека тој има инвлидитет бидејќи му е отстранет најголем дел од желудникот и тенкото црево. Во документацијата имало и извештаи за неговата состојба, по како што се наведува, две живото-загрозувачки операции додека бил во затвор, а дека сега има интестинална метаплазија, што може да резултира со гастричен-карцином. Нетретирањето на ваквите состојби, според докторите, можат да доведат фатални последици.Судиите пред нив имале неколку опции за постапување, при донесување на одлуката. Па така, можеле да ја преиначат претходната пресуда во однос на санкцијата (што и го направиле), да ја ублажат веќе изречената казна, да одредат колку ќе се изврши од претходно определената казна.Јовановски-Боки 13 беше осуден на девет години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“. Интересно е дека за делото „примање награда за противзаконито влијание“ беа осудени и Сашо Мијалков во „Титаник 2“ каде доби две години затвор (делото му застари), Никола Груевски во случајот „Тенк“ каде доби исто така две години затвор, врховниот судија Наќе Георгиев кој се спогоди за три години затвор, членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети кој се спогоди за условна осуда.Сторувањето на кривичното дело „перење пари“, кај Јовановски, го спореа и Коалицијата за правично судење во нивната студија, со тврдење дека не е исполнето битието на делото.„Нејасно е зошто купувањето на материјални добра со илегално стекнати пари е класифицирано како кривично дело од чл. 273 став 1 од КЗ, бидејќи таквото дејство, само по себе не го исполнува битието на казненото дело перење пари. Доколку тоа би било така, во тој случај и обвинетиот кој извршил кривично дело кражба и украл пари за да купи храна или облека би требало да биде обвинет како за кражба, така и за перење пари, бидејќи храната ја купил со илегално стекнати пари, односно истите ги пуштил во оптек“, се вели во студијата.Коалицијата го спореше квалификацијата на делото, нееднаквиот пристап на одбраната и на Обвинителството до доказите, за вештачењето на телефонот на Боки 13 и друго.Јовановски и моментално е на лекување.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-15-at-11.10.43

Боки 13: Поради нанесениот, преживеан стрес и влошеното здравје, се повлекувам од појавување на „гивавејот“ на Лазаров

Бојан Јовановски-Боки 13, се повлекува од појавување во јавност со Стефан Лазаров на најавените настани за „Гивавеј“, со Стефан Лазаров.„Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот инстаграм формат GIVEAWAY кој е во организација на мојот најдраг пријател Стефан Лазаров. Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот. Ви благодарам од срце на сите за вашата најискрена поддршка која ми ја дадовте во огромен број во овој период“, напиша Јовановски-Боки 13.Тој додаде: „П.с бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи…“.Лазаров вчера се пожали дека против него и Боки 13 се води хајка.„Едно нешто ќе побарам. Не верувајте на сѐ што читате, повторно организирана хајка. Ние ќе продолжиме да правиме добри дела, а за другиот дел се ќе си биде докажано. Да сте ми живи и здрави“, објави Лазаров.

Магазин | пред 1 година

IMG_3884

На Бoки 13 му е продолжен прекинот; Доктор Јованов: Не му е забрането физичка активност, прима терапија и трипати во болница

Болеста на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор бидејќи нема терапија, ниту услови, тој е инвалид од прв степен, а му се препорачува да биде физички активен. Ова е медицински став од конзилијарното мислење на докторите презентирани во Кривичниот суд, поради кои осудениот од „Рекет“ останува на слобода.Одлуката е донесена врз основа на докази односно медицинската документација, на која има повеќе од десетина потписи на доктори-специјалисти, професори од Универзитетската клиника св. „Наум Охридски“. Од началникот доктор-специјалист Стојанче Јованов побаравме став како Боки 13 е во лоша состојба, а постојано присутен во јавноста. Тој посочува дека на лицето не му е забрането да ги обавува своите животни функции и му се препорачува физичка активност, но истовремено, вели дека состојбата му се третира секојдневно со болнички лекови и посебни режими.Специјалистот-доктор Јованов вели: „Да се знае еднаш засекогаш, пациентот има траен инвалидитет од прв степен!“.„Се препорачува физичка активност, особено не му е забрането да си ги обавува своите животни функции за да си заработи за егзистенција. За да ги обавува овие функции тој мора да биде на високи дози на аналгетици, да прима ампуларна терапија против повраќање – антиемитици и особено пациентот антиулкусна терапија против воспалување и појава на чирови во остаточниот дел од желудникот“, вели докторот Јованов.Побаравме став од доктор Јованов, зошто Боки 13 е постојано физични активен ако е болен, на што ни посочи: „Лекарскиот конзилиум никогаш не му забранил физички активности на пациентот, особено што се препорачува што повеќе физичка активност“.Докторите укажуваат дека Боки 13 не може да има соодветен третман во затворот, дека се соочува и со јаки болки, но и дека сето ова може да има катастрофални последици.„Во затвор не може да прима адекватен хигиено диететски режим, ниту да ја прими терапија секогаш кога му е потребна, во даден момент. Пациентот кога има јаки болки доаѓа и два до три пати во болница за да може да функционира. Особено во затворски услови не може да се спроведува хигиено-диететски режим, а ако тој не се спроведува, ќе дојде до катастрофални последици кои можат да бидат и смртни. Хигиено-дитетскиот режим и спроведувањето на таквиот протокол е најважен за овој тип болест“, додаде доктор Јованов.При промоцијата на спотот за „Само една песна таговна“ која ја препреа, Бојан Јовановски самиот се осврна на коментарите дека не треба да биде на слобода и дека му е добра здравствената состојба.„Многумина ќе кажат како, оди, пее, се слика – тоа јас најдобро си го знам. За да и оваа песна ја издржам со вас, претходно имав тераписки третман, па дојдов, се спремив и изгледам вака како што изгледам. Бидејќи ова е мојата работа, а мојата работа е мојот живот“, додаде Боки 13 и рече: „Ќе замолам, бидејќи е непристојно било кој да коментира било чија здравствена состојба. Јас и на тие што ја коментираат негативно а и на сите луѓе ќе им посакам да имаат пред се и над се здравје. Без тоа џабе ни е се, ако немаме здравје“.Боки 13 доби прекин на казна врз база на медицинска документација која ја достави до јавноста. Во неа, освен препораки и насоки од доктори за таков чекор, имаше белешки од Итна медицинска помош во кои се констатира дека неговата болест не може да се третира во затворот „Идризово“ бидејќи ја нема соодветната терапија, нема постојано доктор, ниту пак услови за хигиено-диететски режим каков што му е потребен. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-06-at-09.27.33

(Видео) Боки 13 ја препеа „Само една песна таговна“, во спотот се појавува мајка му: Ова е за неа, без нејзината сила, не би стоел тука

Бојан Јовановски-Боки 13 ја препеа „Само една песна таговна“ и го промовираше спотот кој го режирал Даниел Јовески. Песната ја посвети на мајка му Јасминка, која за првпат се појавува во спот на Боки 13, но и на неговиот татко кој вчеравечер беше на промоцијата во ресторан „Дион-Аеродром“.„Вие не можете да замислите колкава е поддршката и колку е значајна, а без нејзината сила, не би стоел тука. Но покрај посветата на мојата мајка, тука е и мојот татко. Посветата е за мојата мајка и мојот татко“, рече Боки 13.Посочи дека највеќе му значеле зборовите на авторот на песната, Миле Барбаровски.„Оваа песна го одбележа целиот изминат период кој е зад мене. Некако, ја доживеав како еден вид растеретување. Кога му се јавив на Никола Мицевски дека сакам да го направам ова со него, ми рече: ‘Се е во ред, но треба да го прашаме авторот Миле Барбаровски’. И јас му реков дај ми го телефонот, ќе се јавам. Му реков: ‘Да ве замолам ако може да ја отпеам Само една песна таговна, многу ми е драга’. Миле Барбаровски уствари ми даде мене најголем поттик да ја отпеам оваа песна, ми го кажа следното: ‘Чим ти легнала при душа отпеј ја слободно. Ќе ми биде драго да ја отпееш на начин на кој умееш, сакаш’. Тој е маестрален, негова е ‘Завегна’, ‘Ако згрешам нека изгорам’. Му благодарам на Миле за поддршката, особено за човек кој повторно почнува, не од почеток, не од нула, туку од минус“, рече Јовановски-Боки 13.Тој се осврна и на критиките дека се појавува јавно, снима песна и спот, а е на прекин на казна поради лошата здравствена состојба.„Многумина ќе кажат како, оди, пее, се слика – тоа јас најдобро си го знам. За да и оваа песна ја издржам со вас, претходно имав тераписки третман, па дојдов, се спремив и изгледам вака како што изгледам. Бидејќи ова е мојата работа, а мојата работа е мојот живот“, додаде Боки 13 и рече: „Ќе замолам, бидејќи е непристојно било кој да коментира било чија здравствена состојба. Јас и на тие што ја коментираат негативно а и на сите луѓе ќе им посакам да имаат пред се и над се здравје. Без тоа џабе ни е се, ако немаме здравје“.Боки 13 објавува нов спот по повеќе од една деценија, а е спонзориран од „Пелистерка“. Тој изминатите години ги помина во затвор како осуден за случајот „Рекет“. На промоцијата кажа дека за него ова е нов старт.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-10-08-165023

Боки 13 го најави филмот „Рекет“: Доаѓа вистинската приказна за најголемата општествено-правна афера

Бојан Јовановски-Боки 13 кој беше осуден во случајот „Рекет“ преку социјалните мрежи најави документарно-игран филм со истото име.„Со оваа фотографија го најавувам документарно-играниот филм „РЕКЕТ“, напиша Јовановски и порача дека „ќе занеме целиот свет“.„Наскоро доаѓа вистинската приказна за најголемата општествено-правна афера „Рекет“, додаде Боки 13.

Магазин | пред 1 година

IMG_3884

(Видео) Боки 13 слави втор роденден: Со куп гној ме вратија во затвор, не сакаа да ме лекуваат, ова беше обид за убиство

Бојан Јовановски-Боки 13, осуден во случајот „Рекет“, тврди дека се обиделе да го убијат додека бил во притвор во затворот во Шутка. Тој посочува дека ниту една болница не го хоспитализирала, додека тој имал огромни болки. Според тоа што тој го раскажува, налогот за негова нехоспитализација имало од тогашниот министер за здравство, Венко Филипче. Потоа, додава дека за неколку дена бил хоспитализиран во болницата „Св. Наум Охридски“, а докторот од него извадил куп гној.Во август 2020 година, ме однесоа од затворот во Шутка на Државна клиника со огромни болки. Замислете, директорката на таа Клиника, мораше да се јави на мандатниот министер, Венко Филипче да побара дозвола за моја хоспиталзиација. Никој не сакаше да ме хиспитализира, да ми пружи соодветна медицинска нега. По налог на оној од Муртино и Филипче, од 8-ми септември, бев избркан како куче. Во топлиов ден, бев 4 саати држен во затворско комбе, со лисици на раце, без да можам ни вода да се напијам, во најнехумани услови, со огромни болки“, вели Бојан Јовановски-Боки 13.Според него, се чекало дозвола од Филипче да биде хоспитализиран.„Со болки, измалтретиран, ме вратија во затвор. Откако се случи тоа ми дадоа некакви медикаменти во затвор да се напијам. На 8 септември 2020 година, како последица на претходницава, за тој монструозен чин на Венко Филипче, Зоран Заев и таа нивна Вилма Русковска која викаше ‘ништо не му е, повраќа, па што’... Како последица на овој чин со бркање од болница, се случи тоа што на 8 септември имам итна операција и благодарение на специјалист Божин Ефтимов, кој сега е во пензија. Ми го спаси животот, ми извади куп гној... Ќе доживеев 100 отсто смрт, бев во состојба пред сепса. Венко Филипче е убиец, ова што го опишувам е обид за убиство“, додава Бојан Јовановски-Боки 13.Тој посочува дека на 8-ми септември го слави вториот роденден.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-08-19-at-18.16.46

(Видео) „Во затвор едвај преживеав, на мајка ми и го должам животот“, Боки 13 слави роденден и најави проект „Автобиографија“

Бојан Јовановск-Боки 13, по пет години поминат зад решетки, денеска го слави 38-роденден. Тој објави видео од проектот кој го нарекува „Автобиографија“ во кое зборува за себе и изминатите години, но и за деновите во затвор.„Што ми се случи во овие 38 години е приказна за себе. Многу болка, знаена и незнаена, тага.. Истовремено, љубов, радост, пријателства, непријателства, неверства, лицемерие. Е тоа е живот, тоа се овие 38 години. Во изминатите пет години додека бев во затвор, доживеав тортура, линч.. Едвај преживеав. Ме бодреше силата и непокорот на мојата мајка, на мајка ми и го должам мојот живот“, вели Бојан Јовановски-Боки 13 во видеото од проектот „Автобиографија“.Тој додава: „Во овие 38 години видовте еден Бојан, ќе се потрудам во наредните да ме видите мене со нови сили“.

Магазин | пред 1 година

xfasdf

Боки 13 распали за спогодбите: Јас осуден на 9 години без пари, а Наќе судија фатен со пари добил три години – да не е трагично, ќе беше смешно!

Бојан Јовановски-Боки 13, кој беше осуден во случајот „Рекет“, ја искоментира спогодбата на Обивинителството за гонење организиран криминал и корупција со судијата Наќе Герогиев, но и со членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети. Тој иронично вели: „Баш одлично!!!“, а потоа посочува дека тој како цивилно лице без функција добил девет години затвор, додека судијата Георгиев за истото дело ќе добие три години со спогодба.„Јас бев осуден на казна затвор од 9 години за кривично дело : Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.7 в.в. ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик. Запретената казна затвор за ова кривично дело е од една до десет години!За истото ова кривично дело денеска врховниот судија Наќе Георгиев, признал вина, се спогодил и добил казна затвор од три години, а вчера за истото дело Иџет Мемети добил условна казна и забрана за вршење на дејност!Во насока на ова, значи јас и Наќе сме судени за исто кривично дело, само разликата е тоа што Наќе е фатен со пари, а кај мене пари никогаш не биле фатени, ниту најдени!!! И уште поважно Наќе и Иџет биле ВРХОВЕН СУДИЈА и ЧЛЕН НА СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, ПА ОТТУКА СОГЛАСНО НИВНИТЕ ФУНКЦИИ МОЖЕЛЕ ДА ГО СТОРАТ ОВА КРИВИЧНО СО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА НИВНИОТО ПРЕТПОСТАВЕНО ВЛИЈАНИЕ И ДА ВЛИЈААТ!!!Едно прашање за правните умови, но и заради здрава логика: А со кое претпоставено влијание сум влијаел јас (заради што сум осуден на 9 години), кога не сум бил ни судија, ни функционер, ни премиер односно не сум бил никакво избрано лице - функционер со реален авторитет како е предведено во текстот на конкретното кривично дело?!?Во приказнава за Наќе и Иџет мене ми фали и некој трет, на пример на кого му влијаеле, каде и што и на кого интервенирале за правно олеснување на Боро Малборо…? Бидејќи ако нема трет во приказнава на двајцава “угледни граѓани” Наќе и Иџет треба да им се суди за Измама од КЗ или пак сигурно има и трет и четврт во приказнава ама се сокриени и непознати, па затоа спогодобиве и казните се вакви од благи, поблаги?!?Оттука сосема за крај, Предлог – Спогодба како институт се користи при постоење на признание за вина, и тоа е законско право и не е спорно, но спорно е колку овој институт е злоупотребуван во изминатите години и колку матни спогодби со смешни казни за сериозни криминали се постигнати и најспорно од сѐ, под чии патронат се направени и кој примил награди за таквите спогодби и казни???“, пишува Јовановски и додава:„Ова се пародоксите, јас како цивил 9 години без најдени пари и без докажано дело, а Наќе 3 години, Иџет условна казна, фатени со пари и со докажано дело, а двајцата на најсериозни функции, бравоо!Да не е трагично, ќе биде многу смешно!“.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-06-29-at-12.51.44

Се подаруваат џип „Мерцедес“, мотор „Јамаха“, најнов „Ајфон“ - куп награди од Боки 13 со едноставни услови за учество

Џип „Мерцедес МЛ 320“, мотор „Јамаха“, ваучер од 2500 евра, „Ајфон“, уреди.. Ова се само дел од наградите кои се доделуваат на големиот giveaway организиран од Бојан Јовановски-Боки 13. Скоро 50 брендови застанаа зад ова наградување, а веќе е најавено и спектакуларно извлегување на добитниците.Организаторот посочува дека условите за учество се едноставни, да се заследи профилот „Boki_13_giveaway“ и сите профили кои ги следи тој профил. Потоа, треба да се означат пет пријатели, а секое означување да биде во засебен коментар (колку повеќе ознаки, толку повеќе шанси), да се лајкне и сподели објавата на „стори“.Меѓу остнаатите награди најавени од Боки 13 се и Iphone 15 MAX, Samsung телефон, сет производи и апарати за лична, професионална и домашна употреба, колекции, викенд за двајца во хотел „Тино Св. Стефан“, ваучери за во ресторан „Дион“, третмани, патувања..

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-05-10-at-15.54.36

(Видео) Боки 13 му врати на Спасовски: Лаже, комунициравме до пред апсењето, му го пријавив „Рекет“ и ми кажа дека нема ништо од тоа

Бојан Јовановски-Боки 13 кај Лазаров тврди дека ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски лажел во подкастот „Претрес со Ландов“ кога кажал дека имале само службена комуникација, како и дека кај него не бил пријавен „Рекет“. Боки 13 тврди дека има пораки со Спасовски, а дека комуникацијата дека ја започнале на 08.12.2018 година.Првата порака која Боки 13 ја испратил до Спасовски, според него е: „Ако може да се слушнеме, итно ми е, му пишав и на премиерот“, а се работеше за напад кој го имаше моето семејство во тоа време, јас пријавувам кај него, па му пишувам адреса“.Боки 13 кажа дека стопати бил кај Спасовски, како и дека му ја работел ПР промоцијата за да биде претседател.?t=4250„Јас и Оливер Спасовски сме комуницирале заклучно со месец јуни, 2019 година, се додека не ме уапсија, две недели пред апсење. Новинарот во подкастот, Ландов, му постави едно круцијално прашање, кога го праша, дали можеби јас сум му го пријавил случајот Рекет“, рече Јовановски, па додаде дека бил во неговиот кабинет и посочи: „Јас во неговиот кабинет одам и му кажувам дека сум снимен од странски служби, дека тоа ми го кажал Зоран Заев и дека тој лично комуницира со Камчев, Зоран Милевски-Кичеец и дека ми се подготвува таква и таква работа. Тоа ми беше кажано мене и Катица Јанева. Тој ми кажа дека нема да има ништо од тоа, па се повлекува“.Според Боки 13, Спасовски со страв дал одговор на прашањето во подкастот „Претрес со Ландов“.Гостувањето на Спасовски во прилог:?t=7017

Македонија | пред 1 година

IMG_3929

(Видео) Боки 13 поднесе кривични: Зоран Заев е во скоро секоја пријава, Русковска доби за поткуп и тортура, не е поштеден ниту Спасовски и многумина од СДСМ

Поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, сите поранешни генерални секретари на СДСМ меѓу кои и Оливер Спасовски, експремиерот и претседател Зоран Заев, се само дел од лицата против кои Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави. Тој образложи дека ова се само дел од кривичните пријави, за кои рече дека има докази и непосредни сознанија.„Именувани директори, лица кои вршеле јавни функции, судии и обвинители, ексфункционери – сите беа дел од кривично-правната операција Бумеранг. Имавме прв распит пред предметен надлежен обвинител. Се работи за кривични дела за изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства. Станува збор за повеќе дела за кои се поднесени кривични пријави“, рече Јовановски.Тој посочува дека предал докази за криминали кои се јавна тајна во Македонија.„Мислам дека ќе произлезат предмети каде лицата од СДСМ ќе одговараат. Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службена положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е скоро во секоја пријава“, додаде Јовановски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3884

(Видео) Боки 13 за пријава од Кичеец: Заканувачот и насилникот пријавува некакво насилство, очекуван ми е неговиот страв

Бојан Јовановски-Боки 13 посочи дека Зоран Милевски-Кичеец го пријавил поради статусот во кој вели дека лица блиски до него пробуваат да го замолчат. Посочи дека Кичеец е дел од неговите кривични пријави за сторени кривични дела за кои тој има докази па додаде: „Тоа ќе биде предмет на постапка, а ова го чувствувам како директен притисок бидејќи се случи вчера кога скоро цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју. Пријавителот, Кичеец, беше еден од лицата за кои зборував“.„Од авион се гледа дека е тенденција во прашање, притисок во прашање. Знаете како човек кој цел живот се заканувал и се занимавал со таков тип на работа, овде единствено што ми се поклопува е да ја кажам онаа народната: кога крадецот вели држете го крадецот. Така што, заканувачот и насилникот пријавува некакво насилство. Беспредметно е и трошење време за полициските службеници кои мора да ја запазат формата“, додаде Јовановски.Тој додаде и: „Јасен ми е стравот на Зоран Милевски-Кичеец, очекуван. Поради тоа што, човек кој толку многу се огрешил пред законот, а не одговарал за сите грешки соодветно, човек кој нанел многу злодела за кои не бил санкциониран навремено, очекувано е да има вакви потези како овие. Јас сум решен, ова е почеток на конечна битка и разрешница со цела криминална банда, а во таа криминална банда еден од предводниците е Зоран Милевски-Кичеец“.Прашан дали се плаши дека може да биде ликвидиран, тој рече: „Не. Знаете како, има непријатност и немагодност која се случи вчера повеќе поради семејството. Да се разбереме, докажано е дека овие луѓе се спремни на многу работи, дека се спремни на се – покажано, докажано, видено, чуено. Не се санкционирани за своите постапки соодветно поради дерогираниот систем во кој живееме. Но дека може да се очекува се, особено кога давеник се фаќа за сламка спас... Па така не можам да кажам дека имам конкретен став, но треба да бидам претпазлив“.

Македонија | пред 1 година

IMG_3882

(Видео) Бојан 13 во полициска станица со адвокатот Туфегџиќ, по пријавата дека загрозил нечија безбедност

Бојан Јовановски- Боки 13 дојде во полициската станица во Кисела Вода, каде што е повикан на информативен разговор пораду пријава дека загрозил нечија безбедност. Тој внатре влезе во присуство на адвокатот Владимир Туфегиџиќ.Јовановски го бараше полиција додека беше на подкаст, тој обвини дека е обид за замолчување. Посочи дека пријавителот е Зоран Милески-Кичеец, за кого посочи и дека бил лице кое му се заканувал преку други за да не гостува.

Македонија | пред 1 година

IMG_3883

(Видео) Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Осудениот во „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела, од кои едното е загрозување на неговата безбедност, а второто е демнење. Според Владимир Туфегџиќ, адвокат на Јовановски, наводите се неосновани, а за лажното пријавување очекува одговорност.„Пријавата е за сторени три кривични дела: загрозување на сигурноста, демнење и кривично дело лажно пријавување. Кратко се задржавме во просториите на СВР Скопје. Ги отфрламе сите наводи бидејќи сметаме дека не постојат законски основи за понатамошно процесуирање. Потпишавме записник и можам да кажам дека самиот настан е од таков тип да надлежните органи треба да преземат мерки и активности во насока на водење на постапки за лажно пријавување спрема пријавителот. Тој што знае дека некој не сторил кривично дело а пријавил, подлежи на кривична одговорност“, рече адвокатот Туфегџиќ.Тој додаде дека полицијата во Скопје им посочила дека се почнало поради фејсбук статусот на Јовановски, во кој вели дека Кичеец преку луѓе му испраќал порака да не оди на подкастот кај Лазаров.„Прочитана ни е телеграмата, немаме увид односно одговор дали пред поднесување на кривичната пријава е известен јавен обвинител од Охрид и немаме целосен увид во образложението односно конкретните наводи за конкретни дејствија кои наводно ги преземал Јовановски, за да денеска му се става на товар дека ги сторил овие три кривични дела“, додаде Туфегџиќ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-07-at-08.41.11

(Видео) Боки 13 мора во станица и утрово: повика медиуми откако добиваше закани, па беше пријавен во полиција додека е на подкаст

Бојан Јовановски-Боки 13 утринава треба да се јави на информативен разговор во полиција, откако вчера, додека беше на подкаст кај Лазаров, полиција го бараше во домот на неговите родители. Тој вчера, по подкастот, по полноќ се јави во полициската станица-Карпош, каде беше екипа на „Скопје1“. Немало кој да го изврши тој информативен разговор, па затоа денеска, во Кисела Вода, тоа треба да го направат инспекторите од Единица за насилен криминал, кои ја примиле пријавата.„Беа коректни, ми кажаа дека го води Единицата за насилен криминал, тоа значи дека сум направил некакво насилство односно дека сум загрозил безбедност. Јас имам информации дека лицето Зоран Милевски-Кичеец ме пријавило поради моите јавни настапи, дека сум му ја загрозил безбедноста“, рече Јовановски-Боки 13.Прашан од „Скопје1“, дали чувствува одговорност, рече: „Никаква одговорност, каква црна одговорност. Мојата безбедност е загрозена, неговата не е. Немам проблем да отидам на информативниот разговор, колку и да е банално. Ова беше обид за притисок и цензура“.„Искрено ме потресе, во моментот кога Тони ми кажа дека дошла полиција кај моите, ми се вратија стари спомени. Но за конкретната ситуација, конкретно дејствие, не дека ме потресе.. Не дека сум загрозел нечија безбедност.. Дали ме цензурираа? Се обидов да бидам сконцентриран..“Вчера, ги повика и медиумите за денеска во 10 часот пред полициската станица Кисела Вода.„Утре во 10 часот сум повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода ( Пролече ) во врска со пријава за загрозување на безбедност согласно член 144 од КЗ. Ова го чувствувам за директен притисок и обид за цензура од страна на засегнатите лица во врска со мојот настап кај Лазаров!!! Ги повикувам медимите и најавувам изјава за јавноста по завршување на информативниот разговор“, напиша Јовановски.На ова имаше и претходница. Завчера, Јовановски-Боки 13 алармираше дека има притисоци, од лица кои ги поврзуваше со Милевски-Кичеец. Кажа дека пред неговиот стан го пречекале две лица да му пренесат порака.„Па еве вака, јас нему му кажувам јавно, дека утре дополнително ќе го разобличам и него и целата останата политичка криминална банда и утре во 20 часот на интервјуто кај Лазаров ќе му одговорам на пораката која ми ја пренесоа неговите каубојци!!! П.с за утре имам голем, обемен и многу содржаен материјал кој ќе го понесам со себе кај Лазаров!!! Нема да ме заплашите со ништо и нема да ме спречите, единствено може да го откажам утрешниот настап и да молчам ако ме убиете, друго решение немате!!! П.с-2 Кичеец веќе има искуства со ликвидации и мафијашки пресметки со убиства, ваљда истражните органи тоа го знаат и подобро од мене, а ако не знаат ќе дознаат!!!“, напиша Боки 13

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-21.25.25

Полиција кај Боки 13 додека тој е на подкаст: Пријавен сум од Кичеец

Бојан Јовановски-Боки 13 во гостувањето кај „Лазаров“ кажа дека во домот во Тафралиџе го барала полиција додека тој е во живо на подкаст. Тој соопшти дека во два наврати бил баран од припадници на полицијата.Како што соопшти Јовановски-Боки 13, пријавен бил од Зоран Милески-Кичеец, за загрозување на сигурноста.„Пријавен сум за загрозување на безбедност. А тој е човекот што сакаше да ме замочи. Тој тоа го пробува и преку полицијата тоа го направи. “, вели Боки 13.Тој соопшти дека по подкастот ќе оди во полцииска станица.„Тој е последниот човек кој било што треба да пријавува. Ќе се јавам на тој информативен разговор, соодветно“, додаде Боки 13.Додаде и: „Цела Македонија знае дека сум овде на подкаст, може тогаш е пријавата, може тогаш полицијата морала да постапи“.Став за ова, „Скопје1“ побара и од МВР. Оттаму очекуваме одоговр.Ова доаѓа откако Милески беше обвинет од Боки 13 вчера објави дека Кичеец се обидува да го спречи неговото гостување во подкастот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-10.40.37

Боки 13: Заканите и уцените кулминираа, пред станот ме пречекаа да ми пренесат порака од Кичеец - ќе ме замолчите ако ме убиете

Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека добива разни форми на закани и притисоци за да го откаже гостувањето кај јутуберот Стефан Лазаров, за каде најави „второ полувреме“ со докази. Преку фејсбук статус алармираше дека дека пред влезот на неговиот стан го пречекале лица за да му пренесат порака, како што тврди од, Зоран Милески-Кичеец.Неговиот статус интегрално:„Ја известувам јавноста дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон мене делуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откажам утрешното второ гостување кај Лазаров! Воедно, заканите и уцените кулминираа вечерва ( сега пред 15 мин ) кога пред влезот на мојот стан ме пречекаа две лица да ми пренесат порака од Кичеец…Па еве вака, јас нему му кажувам јавно, дека утре дополнително ќе го разобличам и него и целата останата политичка криминална банда и утре во 20 часот на интервјуто кај Лазаров ќе му одговорам на пораката која ми ја пренесоа неговите каубојци!!!П.с за утре имам голем, обемен и многу содржаен материјал кој ќе го понесам со себе кај Лазаров!!! Нема да ме заплашите со ништо и нема да ме спречите, единствено може да го откажам утрешниот настап и да молчам ако ме убиете, друго решение немате!!!П.с-2 Кичеец веќе има искуства со ликвидации и мафијашки пресметки со убиства, ваљда истражните органи тоа го знаат и подобро од мене, а ако не знаат ќе дознаат!!!Се гледаме утре во 20 часот во второто продолжение, поткаст Лазаров!“, пишува Боки 13.

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања