Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

БОЛНИЦА

IMG_4773

(Видео) Хирург од „8 септември“: Невремето направи сериозни последици на оперативниот блок; Таравари ќе го разрешува директорот

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“ тврди дека вчерашното невреме направило сериозни последици на оперативниот дел од објектот. Според него, тоа е последица на невремето.„Негрижа и запоставување секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница“, пишува Каревски.Разочаран од раководењето на болницата е и новиот министер за здравство, Арбен Таравари. Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ ги коментираше состојбите во оваа болница и најави смена на директорот Христијан Костов.

Македонија | пред 1 година

272347445_4857828307642342_8495103307608053811_n

30 дневен притвор за четворицата осомничени за насилство во прилепската болница

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар. Тие најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.​​

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања