Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

БРИТАНИЈА

z-na-vozila1

Британија: Руските сили најверојатно претрпеле „тешки загуби“

Британското Министерство за одбрана го нарече повлекувањето на Русија од украинскиот град Лиман „значително политичко назадување“.Во своето секојдневно ажурирање, Министерството рече дека силите најверојатно претрпеле „тешки загуби“ при повлекувањето, додавајќи дека овој потег доведе до натамошен бран на јавни критики на военото раководство на Русија од страна на високи функционери.Градот е оперативно значаен поради неговата географска локација во регионот Доњецк во источна Украина, за кој Русија изјави дека има намера да го „ослободи“ и кој Владимир Путин го анектираше во петокот.Кремљ вчера објави дека руските војници се повлекле од градот поради опасност да бидат опколени од украинските сили.https://twitter.com/DefenceHQ/status/1576445020638482434?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1576445020638482434%7Ctwgr%5Ea2ebc5627ea2f7505dc3851787be9f3c9e3de24c%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D10dd%3D02nav_category%3D78nav_id%3D2221676

пред 3 години

f147b51b-485a-4208-8546-750c9618268d

Британците ја сменија националната химна по смртта на кралицата

Собраните во катедралата Свети Павле во Лондон за првпат по смртта на кралицата Елизабета Втора ја пееја изменетата национална химна на Обединетото Кралство.Со смртта на кралицата и новото владеење на кралот Чарлс Трети, зборовите на националната химна веднаш беа сменети од „Боже чувај ја кралицата“ во „Боже чувај го кралот“, јавува Би-би-си.Химната беше интонирана по богослужбата одржана во катедралата во спомен на покојната кралица.Тие зборови последен пат биле испеани во 1952 година, кога биле сменети во „кралица“ по смртта на кралот Џорџ Шести и крунисувањето на кралицата Елизабета. Со нов крал и машки престолонаследник, а тоа е принцот Вилијам, химната веројатно ќе остане „Господе чувај го кралот“ во иднина.Нема официјален автор на химната „Боже чувај го кралот“, но се чини дека песната датира од 18 век. Една од најраните снимени изведби на оваа песна била дадена од Томас Арне во Кралскиот театар во 1745 година, кога Јакобит „млад претендент“ на британскиот трон се претстави принцот Чарлс Едвард Стјуарт, кој се нарекуваше Чарлс III.Претходно денеска, во своето прво обраќање до нацијата како владејачки монарх на Велика Британија, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета, Чарлс Трети рече дека ќе му служи на народот на Обединетото Кралство доживотно и ќе ги поддржува уставните принципи како суштина на нацијата со почит, лојалност и љубов.- Како што и самата кралица направи со таква непоколеблива лојалност, сега свечено се обврзувам дека во преостанатото време што ми го дава Бог, ќе ги држам уставните принципи во срцето на нашата нација - рече кралот.

Магазин | пред 3 години

evrovizija

Евровизија нема да се одржи во Украина, еве која земја ќе биде домаќин

Управниот одбор на Евросонг објави дека по извршената објективна анализа, а со оглед на актуелната состојба, одлучено е дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни сигурносните и оперативни гаранции за организација и продукција на натпреварување за песна на Евровизија.-Ова натпреварување е една од најсложените ТВ продукции во светот со илјадници кои работат и присуствуваат на настанот и за тоа е потребна 12 месечна подготовка. По анализата управниот одбор со длабоко жалење заклучи дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни условите според ЕСЦ правилата. Му благодариме на украинскиот јавен емитер за соработката во деновите по победата, но ЕБУ одлучи дека следната година натпреварувањето не може да се одржи во Украина, се наведува во соопштението.Во соопштението се наведува дека, согласно правила, ЕБУ ќе започне разговори со Би-Би-Си како овогодишен второпласиран јавен сервис, за потенцијално организирање на изборот за песна на Евровизија 2023 и негово одржување во Велика Британија.Украина претходно беше организатор на Евровизија во 2017 и 2005 година.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-06-06-at-09.10.10

(ФОТО) Принцот Луи е хит во Македонија!

Принцот Луи е хит на Твитер откако неколку денови по ред ја освојува јавноста со слатките реакции за време на големата парада по повод Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.Ова се дел од мемињата кои се појавија на твитер изминатите денови.https://twitter.com/Bouqet100/status/1533041573239345153?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533043987598172160?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/SicarioMK/status/1532675449549209601?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533341271091204097?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/HanaSweethard/status/1533210398706606080?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/HanaSweethard/status/1533209526907850754?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533202239510220801?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533044649161637888?s=20&t=o9j68YtpeMXEwebDE7dUbwhttps://twitter.com/sophie_marigold/status/1532427290944086017?s=20&t=YZkox8UInIYGDmra2HLPBg 

Коментари | пред 3 години

aV3C0DkhSD-sto-ke-se-sluci-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora

Ким и честиташе на кралицата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ го честиташе 70-тиот роденден на британската кралица Елизабета Втора.Министерството за надворешни работи на Северна Кореја на својата веб-страница објави дека Ким во пораката им честитал на кралицата и на Британците, но не соопшти повеќе детали, пренесува АП.Северна Кореја и Британија воспоставија дипломатски односи во 2000 година и одржуваа амбасади и покрај постојаниот пад на билатералните односи.Односите на Северна Кореја со Западот се влошија во последните години бидејќи Пјонгјанг го забрза развојот на нуклеарно оружје.Северна Кореја ја критикува Британија за поддршката на меѓународните санкции против Пјонгјанг воведени поради нејзините нуклеарни амбиции и состојбата со човековите права.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања