Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

БРТ

media-libraryiagseqr2trtu6HowohR

Ѓорѓиевски се сретна со проектантите на БРТ: трасата ќе се движи по крајните ленти, а дополнително ќе се воведе ново зеленило

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски одржа средба со проектантите на новиот БРТ систем, при што беше потенцирано дека трасата ќе се движи по крајните ленти на улиците, со цел да се зачува средишното зеленило и да се воведе ново зеленило како природна бариера меѓу коридорот и останатиот сообраќај.„Скопје, како главен град со повеќе од половина милион жители, конечно го прави исчекорот што одамна го заслужува кон современ, високо-капацитивен и одржлив јавен превоз. БРТ е нова визија за тоа како треба да се движи градот, побрзо, поефикасно и почисто.Имав исклучително продуктивна средба со проектантите на БРТ, каде детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на системот. Она што е особено важно да се нагласи е дека трасата на БРТ нема да поминува низ средишното зеленило, со што целосно се заштитува водоснабдувањето на Скопје. Напротив, системот ќе се движи по крајните ленти, а дополнително ќе се воведе ново зеленило како природна бариера меѓу БРТ коридорот и останатиот сообраќај.Овој концепт носи вистинска трансформација. БРТ функционира како метро на тркала со посебни, одвоени ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила.Тоа значи побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и сериозно намалување на загадувањето.Ова е клучен чекор кон поодржливо, поеколошко и поуредено Скопје. За разлика од минатото, денес разликата е суштинска. Денес не зборуваме за идеја, туку за сериозно поставен и институционално заокружен проект.Средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на БРТ.Тоа значи финансиска стабилност, јасна контрола и одговорно управување со секое евро вложено во иднината на градот.Проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, набавка на современи CNG/хибридни нископодни возила, воведување на паметни станици и патнички информативен систем, како и целосна интеграција со системот за управување со сообраќајот.Сето ова значи ново ниво на квалитет, достапност и удобност за граѓаните. БРТ е стратешка инвестиција во иднината. Тоа е систем што ќе го редефинира секојдневието на граѓаните, ќе го намали сообраќајниот хаос и ќе внесе ред, дисциплина и ефикасност во движењето низ градот. Со БРТ, Скопје прави чекор напред кон европски стандарди и современо урбано живеење.Упатувам искрена благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за силната поддршка, како и за процесот за набавка на 100 нови целосно еколошки автобуси.Со ова, се поставуваат темелите за суштинска и долгорочна промена во јавниот превоз и квалитетот на услугата за граѓаните.Продолжуваме силно. Со визија, со работа и со јасна цел. Заедно ќе го направиме Скопје повторно горд град“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 дена

media-libraryrjmm7v0to4p56pmdkHZ

„Во моите два мандати како советник, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не гласаше ЗА отпочнување на БРТ“: Трајановски вели „сега е негов реализатор“

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ, обвини дека проектот за брз автобуски превоз (БРТ) бил блокиран пет години поради политички причини, наместо поради реални слабости.Во објава на социјалните мрежи, Трајановски посочува дека отпочнувањето на проектот во 2026 година, наместо во 2021, е доказ дека политиката не се води во интерес на граѓаните.„Отпочнувањето на БРТ проектот во 2026, наместо во 2021 година е уште еден доказ колку политиката кај нас не е во интерес на граѓаните и општеството. Дополнителна поткрепа на ова е што токму „душманот“ на БРТ сега е негов реализатор.Дали сте слушнале или прочитале еден добар збор за овој проект од ВМРО-ДПМНЕ? Јас не!И не само тоа, во моите два мандати како советник во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш нема гласано ЗА отпочнување на овој проект. Ниту еднаш!Сега, најголемиот проблем и „душман “за отпочнување на БРТ-то е реализатор на истот. Значи, не бил проблем проектот. Проблем било кој го предложил или уште потрагично, во чие време на власт ќе се тендерира. Овие пет години кои ВМРО-ДПМНЕ ги потроши во блокирање на БРТ, не беа само инат. Овие пет години, инатот на ВМРО-ДПМНЕ скопјани ги чинеше пари за нешто што не го добиле, ниту го користат, а мора да плаќаат.Инаку ниту Владата, ниту Мицкоски го одврале ќесето за да ги „частат“ скопјани брз автобуски превоз. Тоа се пари од кредит од Европската банка за обнова и развој кои стојат на наменска сметка пет години затоа што некој водел инат со Град Скопје.За кредитот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој е земен 2021 година, се плаќа годишна камата од околу 330.000 евра. За пет години тоа се 1.650.000 евра. Во автобуси тоа се 6 нови електрични или 9 обични.Ете толку ги чини скопјани „само“ овој пет годишен инат на ВМРО-ДПМНЕ за БРТ“ наведува Трајановски.

Скопје | пред 3 дена

media-libraryiagseqr2trtu6HowohR

БРТ за Скопје доби зелено светло: Владата го одобри договорот, следува реализација на терен

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека Владата на Република Македонија официјално го одобри Договорот за имплементација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, отворајќи нова ера на модерен, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Проектот, финансиран со заем од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, предвидува изградба на посебни ленти, висока фреквенција на возила и интеграција со останатите транспортни системи во градот, со цел намалување на сообраќајните гужви и загадувањето.„Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност! Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град. БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, одвоени ленти за движење, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила.Овој концепт овозможува побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и намалување на загадувањето, што го прави клучен чекор кон поодржливо и поеколошко Скопје.Со овој Договор прецизно се утврдуваат правата, обврските и меѓусебната координација помеѓу Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје во текот на целокупната имплементација на проектот.Договорот ги регулира механизмите за управување со средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), формирањето и функционирањето наЕдиницата за имплементација на проектот, како и обврските за навремено обезбедување на сите административни, технички и финансиски предуслови.Средствата од заемот на ЕБОР, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на проектот.Договорот предвидува јасни процедури за повлекување на средствата, управување со посебните сметки, како и обезбедување на сите неопходни дозволи, одобренија и документација за непречено спроведување на активностите.Договорот за имплементација е веќе одобрен и од Европската банка за обнова и развој.Ова ќе овозможи започнување со конкретни активности на терен - од јавни набавки и техничка подготовка, до реализација на инфраструктурните работи. Со ова, институциите ја потврдуваат заедничката заложба за современ, ефикасен и одржлив јавен превоз во Скопје, систем кој ќе донесе побрзо движење, подобар квалитет на живот и почиста животна средина за сите граѓани. Почитувани, свесен сум за предизвиците со кои секојдневно се соочувате во јавниот превоз, проблем што не е од вчера, туку е наследен и со години наталожуван.Но денес, конечно, се преземаат конкретни и одлучни чекори за негово надминување. Со силната поддршка и јасната заложба на Владата и Премиерот Hristijan Mickoski, за што сакам посебно да му се заблагодарам, како и со процесот на набавка на 100 нови еколошки автобуси, поставуваме темели за суштинска промена. Сакам искрено да изразам благодарност за оваа поддршка и на министерот за транспорт Aleksandar Nikoloski, за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, затоа што токму ваквите одлуки значат вистинска грижа за граѓаните и нивното секојдневие.Ова е инвестиција во квалитетен живот, во почист воздух и во достоинствен јавен превоз.Убеден сум дека со заедничка посветеност, проблемите што со години беа дел од нашето секојдневие ќе останат зад нас, а пред нас ќе стои модерен, функционален и ефикасен транспортен систем каков што Скопје заслужува. Најдоброто, доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 6 дена

brt-brz-transport-sskopje

Проектот за БРТ во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.„Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз - БРТ.На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во Градот.Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот.Проектот ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје.Рокот за завршување на овој значаен проект е Февруари 2029 година.Развојот на главниот град ја наметнува потребата од воведување на нови сообраќајно-транспортни решенија кои ќе овозможат поефикасен транспорт за граѓаните.Министерство за транспорт во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветната инфраструктура за овој тип на превоз, а дополнително со проектот за Градски воз и набавката на новите еколошки електрични автобуси ќе понудиме комбиниран систем на транспорт во Скопје преку кој значително ќе ја подигнеме точноста и ефикасноста на градскиот јавен превоз", објави Николоски.

Скопје | пред 6 дена

media-libraryr88737eo7sl07CQrx3O

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје и да го доведе во ризик водоснабдувањето од Рашче

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски пред неколку дена информираше дека кредиторот ЕБОР официјално го одблокирал проектот за БРТ кој е направен во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, предвидува првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче да минува низ средишната жардиниера на булеварот Партизански одреди, каде се наоѓа главната водоводна цевка во градот.На ова реагираа од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ), кои се против трасата да минува низ средишното зеленило бидејќи треба да се сечат дрвја.„Орце Ѓорѓиевски изјави дека проектот за БРТ за кој се земени кредит од ЕБОР од 70 милиони евра без да бидат прашани скопјани, морал да се продолжи како решение. Не е вистина дека мора да се изведе проектот како што е зацртан и да се дозволи уништување на 7.000 дрвја и грмушки во еден од најзагадените градови во светот.Истата банка ЕБОР во минатото сакаше да даде кредит на МК и за изведба на експресен пат сред национален парк Галичица со што ќе се дозволеше уништување на паркот и благодарение на #ОхридSOS, тој девастирачки проект се запре. Сега пак ни се заканува уништување на белите дробови на #Скопје кое мора да го спречиме!Многу едноставно и поевтино може да се направи БРТ со издвојување на десна лента од постоечките сообраќајни ленти, без да се чепка средишното зеленило, да не дозволиме ново уништување и блокирање на градот кое ќе трае со години! Да не заборавиме дека под средишното зеленило проаѓа главната цевка со која се снабдува цело Скопје со пивка вода од Рашче - инфраструктурен објект од непроценливо економско и стратешко значење кој не смее никој да го доведува во ризик, уште помалку за свој личен каприц, додека постојат алтернативи да се постигне истото без ризик“, велат од Зелен хуман град.

Скопје | пред 1 месец

media-librarys5nti2ice7eddmRRBbL

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје.„Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови автобуси. Целосно ќе го нормализираме градскиот транспорт. Но ова тешко дека ќе се реализира, бидејќи и да биде успешен тендерот овојпат, потребни се неколку месеци за да се заврши процедурата.Вчера најавивте дека Владата за Град Скопје ќе набави 100 нови електрични автобуси. И она што создаде конфузија дали станува за збор за оние 80 автобуси за кои пропадна тендерот летоска или станува збор за нова набавка на уште 100 автобуси? Колку нови автобуси ќе има и дали се знае кога”, праша координаторката на советничката група на СДСМ и Коалицијата, Катерина Цаневска Арсовска.„Требаше да имаме автобуси во март, но тендерот пропадна. Јас не се плашам да се извинам ако згрешам со проценките. Сега, наместо 80 ќе бидат набавени 100. Најголем дел од нив ќе стигнат годинава. Со кредитот за БРТ покрај возила за овој превоз ќе бидат набавени и 30 автобуси, за што набрзо ќе се распише тендер”, вети градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryp61rgbcas65eb6N7ZC3

Шукова: За две години Скопје ќе добие модерен БРТ систем

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во рамки на нејзината програма приоритет ќе има имплементацијата на БРТ системот, за што веќе постојат готов проект, документација и обезбедени финансиски средства.Првата БРТ линија ќе се протега од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, во должина од 13 километри. Ќе има 21 нова постојка и околу 30 нови автобуси што ќе сообраќаат на секои 5 до 6 минути и ќе можат да превезуваат до 65.000 патници дневно, изјави Шукова.Таа додаде дека линијата може да биде завршена до крајот на 2027 или почетокот на 2028 година, со што Скопје ќе добие модерен, еколошки и ефикасен систем на јавен превоз.Паралелно со првата линија, ќе се изработува и ново решение за север-југ траса, со што ќе се поврзат сите делови на градот.Со двете линии ќе добиеме брз, чист и функционален јавен превоз. Предвидена е и набавка на нови еколошки автобуси, по можност на гас, како и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки, потенцираше Шукова, додавајќи дека овие активности се дел од планот за Скопје како зелен и модерен европски град.

Свет | пред 5 месеци

kaja-sukova

Шукова: Оние кои четири години го блокираа БРТ, сега го нудат како решение

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, реагира на најавата за воведување на системот БРТ (Bus Rapid Transit) од страна на нејзиниот противкандидат Орце Ѓорѓиевски, кој синоќа беше претставен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Оние што четири години го блокираа БРТ денес го нудат како свое решение. Тоа не е визија. Тоа е лицемерие“, изјави Шукова.Таа потсети дека во својата програма за Град Скопје јавно и транспарентно ги претставила проектите, меѓу кои и враќањето и модернизацијата на БРТ системот како брз, ефикасен и одржлив јавен превоз. Според неа, скопјани добро знаат кому можат да му веруваат.„Добро е што конечно ВМРО-ДПМНЕ разбираат дека Скопје има потреба од реални решенија. Но граѓаните нема да заборават кој ги кочеше проектите“, рече таа.Шукова нагласи дека сите идеи може да се копираат, но „капацитетот, кредибилитетот и чесноста не се копираат“. Според неа, Скопје заслужува лидер со визија, а не „маркетиншки кампањи без покритие“.

Скопје | пред 6 месеци

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Државата плаќа 350.000 евра годишно, оти Арсовска не го гради автобуското метро во Скопје

Од државниот буџет се плаќаат 350.000 евра годишно камата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) оти градоначалничката Данела Арсовска не ги користи парите од кредитот во висина од 70 милиони евра за воведување Бас рапид транзит систем (БРТ) односно не го гради автобуското метро во Скопје, пишува СДК.мк.Парите стојат нечепнати односно не се користат и поради тоа државата плаќа камата, бидејќи Арсовска од доаѓањето на функција лани во ноември кажа дека нема да го прави автобуското метро. Рече дека тоа било проект на нејзиниот претходник Петре Шилегов, а граѓаните ја избрале нејзе и нејзиниот проект за 250 еколошки автобуси. Парите не можат ниту да се пренаменат и да се користат за друг проект, оти во договорот со ЕБОР стои дека тие се одобрени токму затоа што БРТ е високо оценет од европските експерти како зелен проект кој ќе овозможи еколошки и побрз транспорт во градот.Од Министерството за финансии неколку пати побарале одговори од Арсовска што планира да прави со овој проект, но таа ги ингорира и не им одговара на прашањата и повиците.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања