Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЧАРШИЈА

carsija

ДУИ: Од „мастерплан“ за Чаршијата до тендерска шема за асфалт

Вчера видовме како еден „мастерплан“, промовиран со голема помпа пред изборите, се сведе на замена на неколку калдрми, од кои половината завршуваат со асфалт, вели Имране Велиу Алиу од ДУИ.„Проект кој требаше да ја зачува Чаршијата, заврши како импровизација што го нарушува нејзиниот идентитет и вредност. И сето тоа преку процес што отвора сериозни сомнежи.Како изведувач е избрана компанијата „Ленди Груп“. Станува збор за фирма основана во 2024 година, која на необичен начин, веднаш по формирањето, започнува да добива јавни тендери со високи вредности. Не станува збор за компанија со долга историја, докажани референци или долгогодишно искуство во проекти од ваков обем. Сепак, таа се појавува како последователен победник во повеќе општини управувани од ВМРО-ДПМНЕ.Сомнежите дополнително се продлабочуваат од фактот што во одредени случаи проценетата вредност на тендерите се совпаѓа на чуден начин со победничката понуда.И сега, оваа шема се појавува и во Чаир.Граѓаните имаат право да прашаат: зошто една новоформирана компанија толку брзо станува доминантен актер? Кој ја фаворизира? И зошто токму овие компании постојано се поврзуваат со истиот политички круг? Дали Чаир го враќа долгот кон ВМРО-ДПМНЕ за изборната поддршка?Чаир не смее да се претвори во последна станица на синџир на тендери што започнува и завршува со партиски интереси.Бараме целосна транспарентност за сите договори на „Ленди Груп“, за критериумите, за понудите и за начинот на избор.Јавните пари не се за експерименти, ниту за политички награди.Чаир е на граѓаните“, додава Имране Велиу Алиу.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryp82sk9c2bt2d55xImJy

(Видео) Ноќна акција: „Исчезнаа“ нелегалните објекти на влезот од Чаршијата

Нелегалните привремени објекти на влезот во Старата скопска чаршија, каде што се продаваа бижутерија и магнети за туристи, се отстранети во текот на ноќта.Од снимките испратени до редакцијата се гледа дека работници синоќа вршеле демонтажа на тезгите, со што е расчистен просторот на еден од најфреквентните влезови во чаршијата.Овој дел од чаршијата подолго време беше исполнет со импровизирани штандови, кои, според реакции на граѓани и туристи, го нарушуваа изгледот на просторот и движењето на пешаците. Истовремено, се правеше профит без да се плати соодветен надоместок за дел од нив.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

МВР со детали за апсењето на убиецот на Тучинот во скопската чаршија

Полициски службеници од  Единица за насилен криминал, Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, врз основа на наредби од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје презедоа повеќе дејствија за обезбедување докази со кои целосно беше расчистен настанот кој се случи за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при кој со остар предмет беше лишен од живот А.М.Д.(22) од Турција, а Ч.Е.(23) од Турција беше повреден.Врз основа на обезбедените докази, Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција со престојувалиште во Тетово бидејќи постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Во рамките на преземените дејствија јавен обвинител нареди обдукција на починатиот, беа подигнати траги за вештачење, беа извршени разговори со повеќе лица, а беа обезбедени и снимки од видео надзор преку кои беше извршена идентификација на осомничениот.Имено, М.Т. на критичната ноќ во кафе бар во чаршијата започнал расправија со А.М.Д. и Ч.Е., по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот. Меѓутоа бидејќи не успеале да најдат такси повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а М.Т. извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот А.М.Д., кој починал на лице место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот.По преземени оперативно-тактички мерки од страна на органите на прогонот добиени се сознанија дека осомничениот М.Т. се наоѓа во Косово, каде е лишен од слобода од страна на косовските органи.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Во Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија: го убил со четири прободувања во срце и граден кош

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен турски државјанин, осомничен за убиство и убиство во обид, сторени во новогодишната ноќ во кафе-бар во Старата скопска чаршија.Според обвинителството, осомничениот, со престојувалиште во Тетово, започнал расправија со двајца турски државјани на возраст од 22 и 23 години. По првичниот конфликт, оштетените заминале кон плоштадот, но поради неможност да најдат такси, повторно се вратиле во чаршијата и поминале во близина на истиот објект.При повторната средба, расправијата ескалирала, по што осомничениот извадил нож и му нанел четири убоди во градниот кош и срцето на 22-годишниот Ахмет Мерт Доган, кој починал на лице место. Со уште еден убод во грбот го повредил и вториот оштетен, со намера и него да го лиши од живот, по што избегал.Во текот на истрагата биле преземени повеќе дејствија: наредена е обдукција, подигнати се траги за вештачење, извршени се разговори со сведоци и обезбедени се снимки од видео-надзор, врз основа на кои е идентификуван осомничениот.Истражните органи утврдиле дека тој се наоѓа во Косово, каде бил лишен од слобода од тамошните органи. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор во отсуство, по што веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

(Видео) Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ: Турски државјанин загина, убиецот во бегство

Едно лице e убиено, а друго се здоби со тешки телесни повреди при инцидент што се случил во скопската Стара чаршија, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според неговите изјави, жртвата е турски државјанин, а кривичното дело било извршено со остар предмет.„Имаме едно лице кое е починато и едно лице со тешки телесни повреди. И убиството и тешката телесна повреда се извршени со остар нож. Постојат осомничени лица, но во овој момент не можам да изнесам повеќе детали, бидејќи едно од нив е во бегство“, изјави Тошковски.Министерот посочи дека во настанот учествувале повеќе лица и дека сите инволвирани биле странски државјани. Истрагата е во тек, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за пронаоѓање на осомниченото лице.Покрај убиството, во текот на новогодишната ноќ во Скопје биле регистрирани и седум лица повредени при употреба на пиротехнички средства.Тошковски информираше дека во истиот период на територијата на главниот град се случиле вкупно 23 сообраќајни несреќи, од кои две завршиле со тешки телесни повреди.

Настани | пред 3 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Грабежи во ГТЦ и Чаршијата – осомничениот го фрлил пиштолот во Вардар

Јавното обвинителство – Скопје соопшти дека е поведена истрага против 25-годишен жител на Скопје, осомничен за две кривични дела „разбојништво“ според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, првото разбојништво било извршено на 15 август годинава во просториите на фирма за брзи кредити во Градскиот трговски центар (ГТЦ).Осомничениот, влегол во објектот и седнал на столче за странки, а кога вработената го прашала колку пари сака да подигне, извадил пиштол и ѝ наредил да ја отвори касата. Исплашена за својот живот, вработената ја отворила касата и му ги дала сите пари — 60.500 денари, по што тој избегал.Само три дена подоцна, осомничениот на сличен начин извршил и второ разбојништво во друга филијала на истото правно лице во Старата скопска чаршија. Со закана со пиштол го натерал вработениот да го отвори сефот и одзел 25.000 денари.Потоа, според истрагата, го фрлил оружјето во реката Вардар од Камениот мост и избегал во непознат правец. Некое време бил недостапен за полицијата, бидејќи побегнал во Хрватска.„Со оглед на тоа што постои ризик осомничениот повторно да се даде во бегство и можност да го повтори делото, обвинителството побара од судијата на претходна постапка да му биде определен притвор“, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

ohrid-divogradba

(ФОТО) Дивоградба во заштитената охридска чаршија доби фасада и покрај забраната!

Објект изграден без дозвола во заштитеното градско јадро на Старата охридска чаршија, кој претходно беше предмет на вонредна контрола од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, во меѓувреме добил нова фасада, реагираат од граѓанската иницијатива СОС Охрид.Инспекцискиот надзор утврдил дека објектот се наоѓа во заштитена зона и дека инвеститорот изведувал градежни активности без одобрение, со што се прекршени одредби од Законот за градење. Министерството за транспорт тогаш информираше дека ќе бидат поднесени пријави согласно законските прописи.Од институцијата потсетија дека заштитата на старото градско јадро е со цел да се спречат оштетувања, неповратни измени, уништување или деградација на споменичната целина.Сепак, и покрај поставените жолти ленти на локацијата – како и кај старата градска куќа на улицата „Димитар Влахов“ – градежните работи продолжиле. „Постојат субјекти кои очигледно се над законот, а институциите не реагираат. Зошто тогаш постојат, ако не преземаат ништо за да запрат вакви постапки? Како граѓаните да имаат доверба во системот кога секојдневно гледаат вакви примери?“, прашуваат од СОС Охрид.

Охрид | пред 8 месеци

Нема фотографија

Не може да се отвори истрага додека не знаеме кои се убијците од Чаршија, вели Бубевски

Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат откри дека околу 50-тина куршуми завршиле во телата на двајцата убиени изминатиот викенд во угостителски објект во Старата скопска чаршија.Во пресметка на подземјето, неколкумина маскирани влегоа во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија и ги егзекутираа Јетон Кривањева и Енес Исени.„Колку точно рани има во телата на убиените се знае, но и јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела, односно многу малку се завршени надвор“, изјави Бубевски во емисијата.Бубевски рече дека засега информациите што ги имаат се оние што ги знае јавноста и дека предистрагата на Основното јавно обвинителство не може да премине во истрага се додека е непознат идентитетот на убијците.„Кога би дошле до сознание кои се извршители и кои се евентуално нарачатели на ова кривично дело, во тој случај веќе се отвора истрагата и продолжува формалната постапка што си има свои посебни правила на постапување“, рече шефот на ОЈО и додаде дека откако е запалено возилото нема повеќе информации, зашто тој дел не е покриен со соодветен видео надзор.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања