Германски индустриски гигант пресече: „Овде го запираме производството, не уништува евтиниот увоз“
Германскиот гигант Thyssenkrupp Steel повторно планира привремено да го запре производството на електротехнички челик во погонот во Франција поради бран на евтин увоз од Азија.Производството во челичарницата во Изберг во Франција треба да биде запрено од јуни до септември, соопшти германската компанија.Прекинот ќе опфати околу 600 вработени, кои во тој период ќе добиваат поддршка од француската влада.Од јануари, погонот во Изберг работи со само половина од капацитетот.„Запирањето на работата е неопходно за да се стабилизира бизнисот во услови на континуиран пад на нарачките“, изјави директорот на подружницата Thyssenkrupp Electrical Steel, Анџело Ди Мартино.„Не уништува увезениот челик“, додаде Ди Мартино, појаснувајќи дека цените на увезениот челик во одредени случаи се значително пониски од трошоците за производство во Европската унија.„Итно ни се потребни ефикасни трговски заштитни мерки за да воспоставиме рамноправни конкурентски услови за стратешки важен производ“, порача првиот човек на француската подружница на Thyssenkrupp.Компанијата е во „конструктивен дијалог“ со Европската комисија и се надева на брзо воведување на вакви мерки.Thyssenkrupp Electrical Steel произведува специјални видови челик за енергетскиот сектор.Зрнестиот електротехнички челик се користи за пренос на електрична енергија, а широко се применува и во трансформатори во трафостаници, како и во ветерни турбини.Во Европа во моментов го произведуваат само две компании, наведуваат од Thyssenkrupp, додавајќи дека увозот во ЕУ од 2022 година е тројно зголемен и сега сочинува повеќе од половина од европскиот пазар.„Таквиот тренд доведе до драстичен пад на нарачките и многу слаба искористеност на европските производствени капацитети“, соопштија од компанијата.Thyssenkrupp има челичарница и во германскиот Гелзенкирхен која исто така вработува околу 600 работници.И погонот во Изберг и оној во Гелзенкирхен накратко го прекинаа производството веќе кон крајот на минатата година, на неколку недели.Германската челичарница засега треба да продолжи со работа.Според пазарните анализи, побарувачката за зрнест електротехнички челик би требало да се зголеми тројно до 2050 година, наведува агенцијата dpa.
Свет | пред 14 часа