Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ

media-libraryn04cssdpvu727cTMxiU

Државата плаќа милиони, сиромашните јадат на улица: помалку храна за повеќе пари

Корупцијата и слабата контрола во јавните набавки и понатаму се една од најранливите точки на системот, а најновата анализа на Центарот за граѓански комуникации открива конкретен пример како милионски договор може да резултира со понижувачки услови за најранливите граѓани.Станува збор за тендер вреден околу 1,46 милиони евра за набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во Скопје. Според документацијата, оброците требало да се подготвуваат, доставуваат и сервираат на девет локации во соодветни простории. Но, реалноста на терен покажува сосема спротивна слика.На седум од девет локации, храната воопшто не се дели во објекти, туку директно на улица – пред продавници, училишта, стари објекти или на отворен простор. Само на две места постојат простории, но и таму тие служат исклучиво како пункт за преземање, без услови за консумирање.Овој начин на дистрибуција не само што отстапува од тендерските услови, туку создава и сериозен проблем со достоинството на корисниците. Наместо системска социјална заштита, тие се принудени да чекаат редови на улица, изложени на временски услови и јавен поглед – што во извештајот се оценува како институционализиран понижувачки третман.Проблемите не завршуваат тука. Анализата покажува дека и квалитетот и составот на оброците често не одговараат на договореното. Во повеќе случаи недостасуваат делови од менито – супи, овошје, сирење или цели компоненти од оброкот. Во некои денови се доставуваат различни менија од предвидените, а количините се намалени, особено кај лебот.Дополнително, се утврдува дека времето за дистрибуција, кое според договорот треба да трае до два часа, во пракса се сведува на 15 до 30 минути. Тоа значи дека граѓаните мора да чекаат порано и да ризикуваат да останат без оброк доколку го пропуштат моментот на поделба.Особено загрижувачки е финансискиот аспект. Државата плаќа околу 239 денари по оброк, додека според малопродажните цени на состојките, реалната вредност на дел од тие оброци се движи меѓу 120 и 140 денари. Во други градови, како Тетово, слични оброци се обезбедуваат за речиси двојно пониска цена.Покрај тоа, нема јасни податоци за точниот број корисници. Иако договорот предвидува до 1.000 оброци дневно, неговата вредност покрива и повеќе лица, што отвора сомнежи за непрецизно планирање или потенцијални злоупотреби.Процесот на доделување на тендерот исто така бил проблематичен – траел седум и пол месеци, со три постапки и шест жалби, пред да биде склучен договорот.Дополнителен аларм е и нетранспарентноста. Надлежното министерство не ги доставило бараните информации за реализацијата на договорот, што ја ограничува јавната контрола и создава простор за нерегуларности.Овој случај јасно покажува дека проблемот не е само во формалните процедури, туку во нивната примена. Додека на хартија постојат стандарди, во пракса тие се игнорираат – а цената ја плаќаат најранливите категории граѓани.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања