Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЦЕНТАР

Screenshot-2022-05-23-at-10.36.12

(ФОТО) Скопје во една слика: Коњот заврзан на тераса во напуштен објект во Дебар Маало е спасен

Коњ бил заврзан во напуштена зграда во Дебар Маало. Според информациите на спасувачите, тој бил оставен дехидриран, без храна и вода. За него јавија случајни минувачи и медиуми, по што следеше акција за негово извлекување.„Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите“, објави ЗОО-Скопје.

Скопје | пред 3 години

388101

Протест пред „Киро Глигоров“ во Капиштец, уличишното игралиштето го издале на фирма

Родители на ученици во основното училиште „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец, за денес најавија протест против, како што велат, комерцијалното отуѓување на школското игралиште, кое според нив ѝ било издадено на користење на приватна фирма.„При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите. Со ваквата незаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови“, велат родителите.Тие изнесоа и листа со барања до надлежните:1. Итно стопирање на градежните активности2. Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен)3. Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.4. Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, велат во соопштението родителите на учениците во ООУ „Киро Глигоров“

Скопје | пред 3 години

Untitled-65-960x564@2x

Обвинение за Стојменов, за изградба на објектот кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик.Обвинетиот, како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата „Даме Груев“, општина Центар.За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016-та година добил Одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект Стоковна куќа Беко Скопје со ширина од 28,5 м и должина од 42,5 м. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил Одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 м х 34,5 м. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како Деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од 2-ра категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа.​​

Скопје | пред 3 години

279486156_380383020768813_8519277697929948591_n

Центар почнува да субвенционира купување на нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет

Општина Центар утре го објавува Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.Од утре, среда, 4.05.2022 година, секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе добие субвенција, но најмногу до 3.000 денари за која е потребно да достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, е-велосипед или е-тротинет.Барањата со комплетна документација потребно е да се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6, почнувајќи од 4-ти мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.Општина Центар напоменува дека правото на субвенција е еднократно.За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број: 3203-609.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Центар негува стари лица во домашни услови, проект каков што досега немало

Најпофални зборови доби проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ од највозрасните граѓани на Општина Центар. Градоначалникот Горан Герасимовски пред распишување на новиот јавен повик за овој проект, посети неколкумина корисници од кои слушна дека негата во домашни услови која се спроведува преку овој проект, не само што е незаменлива, туку е и неопходна за сите пензионери во државата.„Главните предизвици со кои се соочуваат старите лица секојдневно се: неможност да си ги извршат секојдневните активности поради старост, неподвижност и болест, влошена здравствена состојба и немање асистенција при посета на лекар, немаат помош и поддршка при снабдувањето на основните прехрамбени намирници, немање на средства за ангажирање на негувател во домашни услови. Затоа Општина Центар го зголеми времетраењето на овој проект и обезбеди дополнителна финансиска поддршка за ангажирање на негувател и друга помош за пензионерите. Нашата цел е преку оваа нега, која се одвива во домашни услови, да им ја олесниме староста на нашите највозрасни сограѓани и да им обезбедиме подобри пензионерски денови“, изјави Герасимовски.Преку проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ Општина Центар обезбедува медицинска нега, вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, психолози, негуватели и социјални работници 3 пати по 2 часа во неделата во домовите на корисниците. Овие услуги во моментов ги користат 90 пензионери и за истиот Општина Центар набргу ќе распише нов јавен повик.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ФОТО) Нов мурал и театарски перформанс по повод роденденот на великанот Горан Стефановски

Општина Центар одбележа 70 години од раѓањето на македонскиот литературен деец и еден од најпознатите дебармаалци, Горан Стефановски. Роден е на 27-ми април, во Битола во 1952 година, каде неговите татко и мајка, режисер и глумица, работеле во тој период. Стефановски разбирливо, најголемиот дел од детството го поминува во театрите, додека неговиот помлад брат, Влатко, се пренасочува кон музиката.„Семејството Стефановски води потекло токму од Дебар Маало, со кое и самиот тој беше емотивно поврзан и каде после сите претстави, патувања и гостувања, секогаш се враќаше. Дебар Маало е и нераскинлив дел од неговото литературно творештво. За значењето на Горан не треба да се трошат дополнителни зборови. ‘Диво месо’, ‘Дупло дно’, ‘Лет во место’, ‘Тетовирани души’, ‘Демонот од Дебар Маало’, се само дел од капиталните дела, не само на Стефановски, туку и на цела современа македонска драматургија“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Добитник е на многу домашни и меѓународни награди за неговите творештво и достигнувања, меѓу кои и државната награда за животно дело во областа на науката, културата и уметноста - „11 Октомври“. Горан Стефановски до ден денес е присутен во нашето културолошко секојдневие - книгите и расказите ги читаме и сега, а неговите драми сѐ уште се играат и во домашните, но и во театрите ширум Европа. Во рамки на одбележувањето на 70-тиот роденден на Стефановски во Општина Центар, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ се изработи мурал со ликот на Стефановски и во паркчето спроти општинските бараки се одржа краток пригоден театарски перформанс.„Новиот мурал на Стефановски, изработен од уметникот Блаже Атанасков, кој ќе го краси неговото и наше Дебар Маало е еден мој, личен симболичен гест, чија изведба му оддава почит на еден од најголемите и најпознати центарци. Ви благодарам на сите за денешното присуство“, додаде градоначалникот Герасимовски.Одбележувањето на роденденот се затвори во малиот парк спроти општинските бараки, каде група автори: Васил Христов, Викторија Рангелова – Петровска, Русе Арсов, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабанович, го изведоа театарскиот перформанс со делови од драмите на Стефановски, наречен „Маалски драмски разговори“.Во овој парк, пред 3 години Општина Центар, заедно со семејството на Стефановски и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, засади чинар и подоцна го постави спомен обележјето со клупата на Горан. Од тогаш наваму, секоја година општината симболично го одбележува 27 април, роденденот на еден од најпознатите центарци, Горан Стефановски.

Скопје | пред 3 години

Pozar-Treska-4

Во понеделник Кризниот штаб на Општина Центар ќе носи одлуки за чистење на отпадот во „Треска“

Кризниот штаб на Општина Центар, заедно со другите надлежни институции во понеделник ќе одржи состанок за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.„Какви материјали гореле и дали истите биле закана по здравјето засега можеме само да претпоставуваме. Откако ќе се изврши анализа од стручните институции ќе имаме прецизен увид, но и ќе донесеме одлука за следните чекори како најбрзо и најбезбедно да го отстраниме целиот отпад и расчистиме просторот. Општината ќе се координира со останатите надлежни институции и ќе преземеме соодветни мерки“, вели градоначалникот Герасимовски.Општина Центар ќе побара од овластени лаборатории за животна средина да извршат мерења и достават извештаи од мерењата, како би се одредиле следните чекори. По овој состанок и насоките од институциите надлежни за овој проблем, Општина Центар ќе ги знае следните чекори и за истите ќе ги извести сопствениците. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, практично по стапувањето на функција, неколкупати досега во своите јавни настапи предупредуваше од можноста за еколошка катастрофа на местото на поранешната фабрика „Треска“, споредувајќи ја сега состојбата таму дури и со Чернобил.„Повеќе пати сме апелирале за изнаоѓање издржано решение за отпадот кој се наоѓа таму, но поради објективни причини, локацијата сè уште не е исчистена. Чистењето на локацијата е и обврска на сопствениците на објектите. Досега до општината се пристигнати 28 барања за отстранувања на објекти од страна на сопствениците и истите се уште се во постапка“, рече Герасимовски.Тој потенцира дека приоритет на општината е што поскоро безбедено да се расчисти целиот простор кај „Треска“ и да се стави крај на ваквите немили настани, бидејќи поголеми и помали пожари се случувале во изминатиот период повеќе пати. Покрај ова, старите хали се предмет на грабежи, а локалните жители се чуствуваат небезбедно. Зависно од исходот и заклучоците на Кризниот штаб, потенцираше Герасимовски, можно е да се спроведе и забрзана постапка за издавање дозвола за рушење на објектите, со цел побрзо отстранување на опасниот азбестен отпад и како примарно, поголема безбедност на граѓаните.

Скопје | пред 3 години

WhatsApp-Image-2022-03-29-at-10.17.41

Герасимовски: Парк од 9000 м2 и градинка на просторот на „Треска“

„Јас уште во предизборниот период зборував дека ќе се залагам за хуман урбанизам и тоа навистина го спроведувам“, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Локално, образложувајќи што бара од градежниците како би се заштитил јавниот интерес кај поранешна „Треска“.„Во „Треска“ бараме изградба на објекти од јавен интерес како градинка, но и многу зеленило. Без разлика што актуелниот ДУП од 2012 година предвидува само 5% зеленило, Општината има побарување просторот да се уреди согласно Законот за урбано зеленило кој предвидува задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%“, вели Герасимовски.Градоначалникот побарал од сопствениците на приватните имоти, освен почитување на законскиот минимум за зелени површини, на таа локација да има дополнително и парк со што би имало многу повеќе зеленило од предвиденото според ДУП-от.„Покрај почитување на законскиот минимум со обезбедување зеленило како партерно уредување, во тој опфат има и државно земјиште од околу 9000 м2 кое би сакале да се реализира во голем парк. Тоа е многу повеќе зеленило кое не е планирано со ДУП-от, а го надминува и законскиот минимум, што пак го потврдува фактот дека не се окупира целиот простор само за нови градби. Јас постојано повторувам дека се залагаме за зелен Центар и сакаме нови и поголеми зелени површини во општината. Парковите и зелените површини не можеме целосно да ги направиме на приватни парцели, но силно ќе се залагаме за максимална реализација на нашите барања од страна на сопствениците“, изјави градоначалникот на Општината.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Герасимовски: Нема да дозволам злоупотреба на ниту една педа државно земјиште, за случајот кај „Тифани“ ќе пуштиме жалба

По последните написи во медиумите за Решението за одземање на правото на користење на државното земјиште на катастарската парцела КП 11842/1, близу зградата „Тифани“, во надлежност на Општина Центар, од страна на Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје, Ве информираме дека Општина Центар веќе подготвува жалба за предметот.Имено, ДУП-от – Централно градско подрачје на Град Скопје – Мал Ринг, планот за локацијата од интерес на јавноста, со измените и дополнувањата од 21.12.2012, на градежната парцела бр. 5.9.1. во чии рамки се наоѓа катастарската парцела 11842/1, од која дел е во државна сопственост, предвидува градби од категорија А2, односно Домување во станбени згради.Градежната парцела бр.5.9.1. е во сопственост на државата, каде трајно право на користење има Општина Центар, е со вкупна големина од 413 м2. (Од три расположливи катастарски парцели, оние кои се во сопственост на РМ се со површина од 22 квадратни метри и 90 квадратни метри, а најголема е парцелата која во Катастарот се води како државен имот врз кој право на користење има Општина Центар. Таа е со површина од 301 квадратен метар, но приватизација Управата за имотно правни работи ја одобрува на 185 квадратни метри).Општина Центар повторно информира дека е затекната од Решението донесено од Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје при Министерството за финансии, со кое престанува правото на користење со градежното земјиште. Зачудува фактот што Управата воопшто не ја исконсултирала општината на било кој начин.Општина Центар во овој случај ќе ги искористи сите правни средства и лекови за да се поништи донесеното Решение од Управата за имотно правни работи.Повторуваме, ставот на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е јасен – општината нема да дозволи злоупотреба на ниту една педа државно земјиште.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Герасимовски: 63 ученици од социјално загрозени семејства добиваат бесплатни стоматолошки услуги

Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје овозможи бесплатни стоматолошки услуги за сите деца од сите осум основни училишта во општината кои спаѓаат во nсоцијално ранливите категории.„Преку оваа соработка, Општина Центар сака да им помогне на семејствата од социјален ризик обезбедувајќи бесплатни стоматолошки услуги за нивните деца. Одржувањето на оралнотоnздравје е од суштинско значење за да се задржи правилното функционирање на организмот и севкупното здравје и квалитет на животот. Затоа, покрај поправката на запчињата, децата добија и совети за здрави навики и здрава исхрана, како и едукативни предавања за правилно четкање на забите со кои го победуваат стравот од одење на забар“, изјави Герасимовски.На денешниот Светски ден на оралното здравје, Општина Центар информира дека за оваа услуга која дечињата ја добиваат на Стоматолошкиот факултет, Општина Центар издвои 50.000 денари, а факултетот на децата им подари пригодни подароци со прибор за редовно одржување на оралното здравје.Покрај овој проект, Општина Центар обезбедува стоматолошки услуги и за сите други ученици од 1-во одделение од сите основни училишта, како и за децата од возрасните и средни групи во градинките.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања