Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЦРН ДРИМ

media-library73c2f0shcf622ssIiF6

Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

Од здружението Охрид СОС реагираат по објавени фотографии на кои се гледаат исечени стебла и уништена вегетација во подрачјето кај изворите на Црн Дрим во Свети Наум, во рамки на зоната на строга заштита на Националниот парк „Галичица“.„Фотографиите кои ги споделуваме беа објавени утринава. Исечени стебла и вегетација кај изворите на Црни Дрим во Свети Наум, зона на строга заштита во рамките на Националниот парк „Галичица“. Реагиравме до Државниот инспекторат за животната средина, Министерство за животна средина и ПП, општинските инспектори и до Национален парк Галичица, со барање веднаш да се изврши вонреден инспекциски надзор и да се утврди кој ја извршил сечата и зошто, дали е добиено одобрение од паркот и од други надлежни институции, а доколку е извршено без одобрение да се спроведат најстроги санкции кон сторителите“, стои во објавата.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryica78707p4eu73909iU

(Фотогалерија) Осветени водите на Охридското Езеро и Црн Дрим, Водици одбележани со силна порака за заедништво

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив.Голем број верници, водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, учествуваа во светиот чин со молитва и надеж за духовно прочистување, здравје и благослов во текот на годината.Во Охрид, претседателката му честиташе на Мартин Гоџо, кој го извади светиот крст од водите на езерото, при што му подари пафта, невестински колан од Галичник од 19. век, упатувајќи му искрени желби за добро здравје, лична среќа и благосостојба.За време на одбележувањето на празникот во Струга, најсреќниот меѓу учесниците кои влегоа во осветените води на Црн Дрим, Петар Чакарески, од претседателката доби пафта, невестински колан од Битола од 19. век, како симболичен дар со желба за радост, здравје и животен напредок.Сиљановска-Давкова порача дека Богојавление – Водици носи силна и јасна порака за духовна обнова, заедништво и непоколеблива вера, нагласувајќи дека овој празник со векови обединува генерации верници и ги потсетува на вредностите што го зацврстуваат општеството.Фотогалериите погледнете ги тука:

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања