Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЦРНО МОРЕ

SeKXr-

Нападнат турски танкер во Црното Море

Турски танкер натоварен со сурова нафта беше мета на напад со дронови во Црното Море, близу Истанбул, јави телевизијата NTV.Нападот се случил на 15 наутички милји од Босфорскиот теснец. Танкерот „Алтура“ бил целосно натоварен со околу еден милион барели сурова нафта. Иако „Алтура“ е санкционирана од Велика Британија и ЕУ, САД не вовеле санкции.Дошло до експлозија на палубата на танкерот, а машинската просторија била наполнета со вода, според турскиот поморски портал HaberDenizde.На бродот имало 27 членови на екипажот, сите турски државјани, и нивната здравствена состојба е стабилна. Во акцијата учествувал бродот „Нене Хатун“, кој претставува најсовремена единица за итни интервенции во турските води и има можности за спасување, влечење, гасење пожари, борба против загадување, болнички капацитети со 20 кревети, подводни операции до 100 метри и хеликоптерска платформа за евакуација и транспорт.Интервенцијата на оштетениот танкер е во тек.

Свет | пред 4 дена

britanski-brod-crno-more

Експлозија во Црното Море: Два танкера во пламен кај турскиот брег

Два танкера се запалија по силна експлозија во Црното Море, во близина на турскиот брег, јавуваат турските медиуми. Екипажот од 25 морнари од едниот брод е успешно евакуиран, а властите го оценуваат инцидентот како сериозен морски безбедносен ризик. Според Министерството за транспорт на Турција, експлозијата избувнала на големиот танкер „Kairos“, долг 274 метри, додека пловел од Египет кон Русија. Огнот брзо се проширил на надворешните делови од бродот, по што екипажот испратил итен повик за помош.Турската Дирекција за поморски работи соопшти дека бродот бил на пат кон руската лука Новоросијск кога е пријавен „удар“ што го предизвикал пожарот, но засега не е познато дали станува збор за технички дефект, надворешен фактор или евентуален напад. Спасувачките тимови и турската крајбрежна стража веднаш интервенирале, а морскиот сообраќај во поширокиот регион е ставен под посебен надзор додека трае контролата на пожарот и процената на штетата.Инцидентот предизвика загриженост бидејќи Црното Море е еден од најфреквентните трговски коридори меѓу Блискиот Исток, Турција и Русија. Турските власти најавија дополнителни информации по целосното разјаснување на причините за експлозијата.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања