Цветкоски: Покрај пратениците, сите именувани функционери да имаат едно државјанство
Либерално-демократската партија (ЛДП) најавува дека ќе инсистира на проширување на законските измени со кои, покрај пратениците, услов за едно државјанство да важи и за сите избрани и именувани функционери, се наведува во партиско соопштение.Александар Цветкоски од Извршниот одбор на ЛДП, во изјава за медиумите, порача дека „едно правило мора да важи за сите“ и дека, како што вели, треба да се стави крај на двојните стандарди и селективните решенија.Тој посочи дека барањето за едно државјанство треба да се однесува на пратеници, министри, директори, јавни обвинители и судии, и да важи и за сегашните и за идните носители на функции, без одложување, стои во соопштението.Како што се наведува во партиското соопштение, Цветкоски оцени дека нема потреба од популизам и половични решенија и повика предлагачите на законите да побараат увид во податоците на сите актуелни функционери, при што, како што додава, оние со двојно државјанство треба да поднесат оставка.Тој најави дека ЛДП ќе поднесе законско решение со кое сите избрани и именувани лица, под морална и кривична одговорност, ќе треба да потврдат дека немаат друго државјанство, стои во соопштението од партијата.
Македонија | пред 19 часа