Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДАНЕЛА

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Данела Арсовска се огласи неколку часови по невремето

„Силното невреме со обилни врнежи кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, предизвика поплави на повеќе места низ градот. Свикав итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, во моментов екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме“, напиша Данела Арсовска.Таа додаде:Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен каде остануваме се до целосно санирање на проблемите на критичните места. Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми, но ќе се бара и одговорност за несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети.

Скопје | пред 3 години

B6FF44BA-C775-40A5-A72C-00F0CA0149FE

Петре се препукува со Данела: Сериозни луѓе, превенираат. Другите се “менаџери”...

Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја критикува актуелната градоначалничка Данела Арсовска.Тој пишува:За да нема нејаснотии (особено кај ботовите, со “мантрата” 😊 дека ми било криво): Град Скопје, има (или би требало да има) Кризен штаб. Тие луѓе (и Градоначалникот) секојдневно би требало да примаат информации за состојбите во градот, вклучително и за најавените невремиња.Согласно тие информации, се превземаат превентивни мерки (кои, за воља на вистината) не можат да превенираат секаква состојба, но можат сериозно да ги намалат негативните последици. Сериозни луѓе, превенираат. Другите се “менаџери” … И така …

Коментари | пред 3 години

08042020_Bekteshi_Pres_2

Бектеши ја повика Данела на дебата

Граѓаните нема да ги оставиме на цедило поради неспособноста на Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како што беа оставени изминатата зима од нејзе, вели министерот за економија Крешник Бектеши.„За да им биде на сите појасно каква е состојбата со системот за снабдување со топлинска енергија и да се увиди кој е во право во целата ситуација ја повикувам госпоѓа Арсовска на соочување во телевизиска дебата, во кој медиум таа ќе одлучи“, вели Бектеши.

Македонија | пред 3 години

Konferencija-Re-Construct-7

Арсовска го потпиша договорот за реализацијата на европскиот проект Re-Construct

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го потпиша договорот за почеток на реализацијата на европскиот проект Re-Construct, за креирање и пилотирање екосистем за имплементација на циркуларен модел за справување со градежен отпад.„Со помош на овој пилот проект за прв пат некоја единица на локална самоуправа ќе го отвори прашањето со третирањето на градежниот отпад и шут од рушење, изнаоѓање на начини за негова иновативна пренамена и негова повторна употреба. Главната цел е да се зголемат и подобрат капацитетите на Град Скопје за транзиција кон циркуларна економија и одржлива реупотреба на градежен отпад преку идентификација на диви депонии, нивно следење и интервенции за справување со градежен отпад“, изјави Арсовска на потпишувањето.Потенцираше дека со имплементацијата на овој проект се зголемува подготвеноста на градската администрација и јавните претпријатија за имплементирање на иновативни решенија за управување со градежен шут, што практично е почнување на процесот и подготвеноста за транзиција кон циркуларна економија, а истовремено се пренесуваат знаења, искуства и позитивни примери од успешни ЕУ региони во насока на градење капацитети.Од таму посочуваат дека со реализација на овој проект, Град Скопје ќе добие развиен циркуларен модел за управување со градежен отпад преку вклучување на сите засегнати страни, ќе се намали бројот на диви депонии, а ќе обезбеди и трајно решавање на проблемот со диви депонии.„Градот Скопје изминатиов период интензивно работеше на чистење на дивите депонии, а периодов работи на чистење на диви депонии и на приватни имоти. Исто така, со проектот Градот Скопје ќе добие и развиена апликација за следење и мапирање на диви депонии, како и комплетна дата база на податоци за диви депонии, чија подготовка е веќе во тек. Со реализацијата на овој проект ќе се зголеми рециклирањето на градежен отпад на територија на градот, ќе биде поставена оперативна механизација за преработка на градежниот отпад, а ќе бидат обучени 30 технички лица за управување со механизација за преработка на градежен отпад, 20 градежници за реупотреба на градежен отпад, а ќе биде изготвен и прирачник за реупотреба на материјали и градежен шут“, потенцираат од Град Скопје.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања