Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДАНОК

media-librarya7fhuep8309jcnMgDw1

Град Скопје блокираше околу 15.000 сметки за неплатен данок на имот

На денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека се блокирани околу 15.000 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот за 2021 година„Градот Скопје презеде конкретни мерки и блокираше околу 15.000 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот за 2021 година во вкупен износ од 1,3 милиони евра. Апелирам до сите граѓани и компании во наредните 15 дена да ги подмират своите обврски по основ данок на имот за периодот 2022-2025 година. Станува збор за 95.562 физички лица и 2.335 правни субјекти, кои вкупно му должат на градот близу 20 милиони евра по овој основ. Средства коишто ни се од клучно значење за инфраструктурата, јавните услуги и подобрување на квалитетот на живот во нашиот град. Ред мора да има, почитувани. А секој денар наплатен во буџетот значи повеќе проекти и подобар град за сите нас“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryim3ps9lpkli2170NfW1

Калајџиев реагира: УЈП бара данок за патни трошоци од 2020 година

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев на социјалните мрежи објави дека добил две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци од 2020 година, реагирајќи иронично дека, доколку државниот буџет е празен, е подготвен да ѝ даде заем на државата.„Деновиве добив не едно, туку две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци како ‘доход’ за далечната 2020 година. Ако е празен буџетот, да ви дадам заем?“, напиша Калајџиев.Тој појаснува дека бил испратен од државата како експерт во меѓународна организација, каде работел про боно, а средствата кои ги добил од Совет на Европа не биле ниту дневници ниту хонорар, туку исклучиво рефундација на реални трошоци за пат и исхрана. Сепак, од него сега се бара да плати 10 проценти персонален данок на тие износи, и тоа пет години подоцна.Реакцијата на Калајџиев доаѓа во период кога до редакцијата се обраќаат и повеќе граѓани со слични поплаки, тврдејќи дека Управа за јавни приходи започнала да наплатува персонален данок за приходи од работа во странство, исто така почнувајќи од 2020 година. Според нивните сведоштва, станува збор за лица кои со уредни работни визи и дозволи за престој работеле надвор од државата, најчесто на Блискиот Исток, при што во Македонија престојувале помалку од два месеци годишно.Тие наведуваат дека платите им биле исплаќани на сметки во домашни банки, но дека сметале оти, со оглед на тоа што престојувале надвор од земјата повеќе од 183 дена годишно, не се даночни резиденти и немаат обврска за плаќање персонален данок во Македонија. Дел од нив тврдат дека за ова добиле и усни уверувања од службеници во УЈП. По речиси пет години, велат тие, започнале да добиваат решенија со кратки рокови за плаќање, а сумите во некои случаи достигнуваат и неколку илјади евра.Како дополнителен проблем го посочуваат фактот што Министерство за внатрешни работи не издава потврди за влез и излез од државата за 2020 година, со образложение дека тие податоци не се чуваат подолго од пет години, поради што граѓаните не можат да го докажат реалниот престој во странство. „Зошто не бевме известени навреме, во 2020 или 2021 година, и дали е правично целиот товар да падне врз граѓаните?“, прашуваат тие.Директорката на УЈП, Елена Петрова, ги отфрла обвинувањата за ретроактивно оданочување, истакнувајќи дека законската обврска постоела и претходно и дека тоа што не била доследно применувана не значи дека не важела.Засегнатите граѓани најавуваат дека ќе бараат институционално и правно решение, предупредувајќи дека ваквата пракса погодува илјадници семејства и сериозно ја доведува во прашање нивната финансиска стабилност.

Македонија | пред 2 месеци

finansiska-policija

Апсење на „Долно Блаце“: осомничен за перење пари и даночна измама заврши во притвор

Уште едно лице е лишено од слобода во рамки на истрагата за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари. Управата за финансиска полиција информира дека на 28 август 2025 година, на граничниот премин „Долно Блаце“, бил уапсен С.А., државјанин на Косово, за кој постои основано сомнение дека е инволвиран во кривични дела „Злосторничко здружување“ и „Даночно затајување“.По приведувањето, осомничениот бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одреди мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во КПУ Куманово.Апсењето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица. Тогаш беше обезбеден обемен доказен материјал во рамки на сложена предистражна постапка под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Вкупно се поднесени кривични пријави против 13 физички и 10 правни лица, а на државниот буџет, според финансиската полиција, му е нанесена штета од над 430 милиони денари.Од Управата нагласуваат дека остануваат посветени на борбата против организираниот финансиски криминал и заштитата на јавните финансии.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-3

Мицкоски: Сериозно размислуваме за данок за оние што не склучиле брак

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ која се одржа во Владата, при што порача дека државата е свесна за демографската криза и отворено се соочува со неа.„Оваа Влада не го премолчува проблемот, го признава и се бори со него“, рече Мицкоски, додавајќи дека борбата за повисок наталитет не е задача на едно министерство, туку на целото општество – од градинките и училиштата, до родилиштата, семејствата и иселеничките клубови.Во своето обраќање, премиерот потенцираше дека државата треба да стане место „каде мајчинството е благослов, а не товар“ и каде младите ќе имаат причина да останат.„Се надевам, професор Јаневска, дека оваа година читанката нема да биде ‘Мама, тато и јас’, туку ‘Бато, дада, јас, мама и тато’“, рече Мицкоски.Како дел од предложените мерки, тој откри дека Владата размислува и за воведување на дополнителни даноци за лицата кои не се во брак, како начин да се стимулира формирање семејства.„Знаеме дека нема магично решение, но има постојана, намерна државничка борба. И ние веќе ја почнавме“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Fatm

Револтот го достигнува максимумот: „Уште данок во крв и готово“, „Значи кој плаќа данок ќе плаќа уште поише, кој не плаќа никому ништо“

Според даночните реформи, кои ги најави министерот за финансии Фатмир Бесими, ќе се плаќаат придонеси за договорите на дело, а ќе се воведе и данок на каматите на штедните влогови. Како што кажа Бесими, ако некој има заштеда од 100.000 денари со камата од 2 процента, приходот од камата ќе му биде 2.000 денари, а 10 проценти данок е 200 денари.Ова наиде на бројни негодувања, критики и барање до Владата итно да престане да размислува за воведување на вакви даноци.Дел од низата критики:„Еве веќе 1 саат вртам во УЈП и никој не ми се јавува за да си платам данок. Мислам дека @VladaMK треба да ги зголеми даноците за да може да вработат уште 10 гласачи што нема да креваат на телефон“.https://twitter.com/ddimkooooo/status/1556948059904409600„После грујовото фијаско за плаќање на придонеси на хонорарците, оваа власт повторно ќе ги воведува. Ако веќе го воведувате уплаќањето нека биде електронско како персоналниот данок. Имате 6 месеци за подготовка, да не испадне пак со еден куп документи да треба да се иде во ПИОМ“.https://twitter.com/sveste_tese/status/1556972252331220992„Дечки значи мора да се уведе данок и на штедни влогови и воздух ќе воведеме на све, кај ви укинавме радиодифузна такса па уште пекате, не може синиша да ви твита бесплатно е*аве тоа вмраните небањати“https://twitter.com/Act_A__Fool/status/1556990253851971584„Значи кој плаќа данок ќе плаќа уште поише, кој не плаќа никому ништо“.https://twitter.com/kacisevidija/status/1557013059348070403„Данок на заштеда. И онда чуди се зошто народот ќе продолжи да чува пари под јастук“.https://twitter.com/karafilio/status/1557027472553775104„Уште данок во крв и готово“https://twitter.com/Broj181/status/1557038661979488258„Што ви зема, а што ви дава РСМ? Мене пример ми зема пари за здравство, ми дава болест, ми зема данок на имот, не ми дава безбедност на имотот. Самоволно ѝ се дадив себе си, ја потрошив младоста, работев на еко-проекти, на туризам, сѐ еба и растури. Вам како ви е односот со РСМ?“.https://twitter.com/EdenStriko/status/1557052142862716928„Прибраниот персонален данок, по стапка од 10 отсто на овој каматен износ, би изнесувал "мочани" 5,3 милиони евра со кои не може државата да купи ниту еден германски тенк Леопард 2А6 што чини 6,7 милиони евра, какви што веројатно ќе не тераат да купуваме утре во НАТО“https://twitter.com/Beliotpesjak/status/1557093201068134401„Па може уште некој данок да ни воведат пошо малце ни е замешана владата и политиката у животот. Во заблуда сме дека живееме слободно, јебо вас фридом поголема диктарура немало“https://twitter.com/Act_A__Fool/status/1557159445209251840„Иронија е да се викаш АРАЧиново а да не наплаќаш данок...“https://twitter.com/Dean06618857/status/1557237272503787522„Струја не плаќаат а не па данок. На секои 5-6 години владата носи одлуки да им се опрости стариот долг за данок, струја, вода и никому ништо. Ајмо јово наново. Градинката во карпош на која и падна плафонот уште зјае празна и нереновирана, албанецот што ја реновираше си го прчи“https://twitter.com/principe984/status/1557260855791738880„Прогресивниот данок кој СДСМ го ветуваше изгледа не го свативме на почетокот. Прогресивно ќе ги оданочувал најсиромашните и најмалите компании, а не најбогатите“https://twitter.com/GoceOdPrilep/status/1557260876369260544https://twitter.com/centraphor09/status/1556724787497541632 

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања