Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДЕНВЕР

media-library6ieohud4vn0hfiT6uqG

Јокиќ „пукна“ на прашање за иднината: Не гледам однапред – „тоа не е начинот на кој функционирам“

Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието по новиот трипл-дабл во победата на Денвер над Јута (135:129), со кој тимот од Колорадо ја продолжи серијата и ја зацврсти позицијата во горниот дел од Западот.Српскиот ас мечот го заврши со 33 поени, 15 скока и 12 асистенции, додека Џамал Мареј додаде 31 поен, шест скока и 14 асистенции. Денвер така ја врза петтата победа по ред и, според клупските пресметки, направи „залиха“ во однос на директните ривали зад себе.По дуелот, на прес-конференцијата, Јокиќ прво зборуваше за соиграчите – посебно за враќањето на Арон Гордон, кого го опиша како важна „цел“ во нападот и играч што може да заврши акција, но и да ја пронајде вистинската опција кога одбраната ќе се стегне.Потоа следеше и момент кој ја одбележа средбата со новинарите: прашање за „џокер“ логото на маицата и дали стартувал сопствен бренд, на што Јокиќ кратко појасни дека станува збор за линија поврзана со договорот што веќе го има со кинеската компанија 361 Degrees и дека тој симбол го носи подолго време.Најголемата реакција дојде кога беше прашан да повлече паралела меѓу резултатските осцилации во февруари и актуелната победничка серија. Јокиќ отворено кажа дека не сака да „пресметува“ што ќе значи сегашната форма за плејофот и дека таквото гледање однапред не е негов стил.„Не сакам така да гледам во иднината, тоа не е начинот на кој функционирам“, порача Јокиќ, појаснувајќи дека сезоната знае да биде непредвидлива и дека ништо не гарантира како ќе изгледа следната фаза, без разлика на моменталниот замав.

Спорт | пред 2 дена

1741937155-avion

(Видео) Од авион излегуваше чад, патниците бегаат: Невидена драма во Денвер, авион принудно слета

Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи тобогани, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).Авиокомпанијата потврди дека сите 172 патници и шесте членови на екипажот можеле безбедно да го напуштат авионот, иако шест патници потоа биле префрлени во локална болница за дополнителни проверки, пренесува Index.hr. На социјалните мрежи е објавена драматична снимка на која се гледаат патници како стојат на крилото на авионот пред евакуација, додека од моторот излегува густ чад.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања