Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ДЕСКОСКИ

media-librarygp8a2sllms369ul6Fji

„Пулс“, СЈО и Жан Митрев се клучните тестови за Савески, следуваат тешки одлуки за обвинителот Савески, вели професорот Дескоски

Првите потези на новиот републички обвинител Ненад Савески влеваат одредена надеж, но пред него стојат сериозни и комплексни предизвици, оценува професорот по меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Тони Дескоски.Тој посочува дека Савески ќе мора да се соочи со три клучни краткорочни приоритети, од кои првиот и најважен е обвинението за трагедијата во Кочани, позната како „Пулс“.„Првиот приоритет е најважен. Кочани е национална трагедија. Траума за целото општество. Трагедија за која мора да има правда“, наведува Дескоски.Сепак, тој изразува сериозен сомнеж во квалитетот на обвинението, посочувајќи дека јавноста не е убедена оти во ваква форма може да донесе правична разрешница.„Се чини дека ама баш никој во државава не е убеден дека вакво какво што е, обвинението може да донесе правда, макар и да заврши со кривични осуди“, оценува професорот.Како клучен проблем го посочува недостигот на јасна причинско-последична врска.„Очигледен е проблемот со причинско-последичната врска меѓу дејствијата за кои најголемиот дел од обвинетите се гонат. Едноставно, здраворазумски се заклучува дека таа отсуствува“, пишува Дескоски.Дополнително, според него, во обвинението недостигаат и лица за кои постојат реални сомнежи за одговорност.Вториот приоритет, како што наведува, е расчистување со последиците од работењето на поранешното Специјално јавно обвинителство, кое го оценува како сериозен удар врз правдата.„Почнува отстранувањето на гангрената предизвикана од дебаклот на СЈО, која заврши во затвор. СЈО е и ќе остане темна дамка во македонската историја“, наведува тој.Дескоски смета дека е неопходно да се отстранат последиците од тој систем, вклучително и кадровските решенија поврзани со него.Како трет приоритет, професорот го посочува обвинението против докторот Жан Митрев, за кое, според него, постојат индиции дека е слабо поставено.„Савески ќе мора да се изјасни: стои ли зад ваквото климаво обвинение или не. Ако застане зад обвинението, го презема ризикот од негово паѓање на суд и треба да сноси одговорност“, наведува Дескоски.Тој заклучува дека јавноста има високи очекувања од новиот обвинител и дека пред него стои можност да ја врати довербата во правосудниот систем.„Нашата јавност е гладна за правда, а Савески е на позиција од која може да ја задоволи таа глад“, порачува Дескоски.

Коментари | пред 2 седмици

toni-deskoski

Дескоски: Професорите не се извршители на административни задачи, кои би им ги задавал Ректорот или Деканот, туку носители на дејноста

Професорот Тони Дескоски преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон Нацрт-законот за високо образование, оценувајќи дека предложените решенија сериозно ја нарушуваат автономијата на универзитетите и отвораат простор за непотизам.„По малку изненадувачки, на Правниот факултет за само неколку дена се појави цела лавина на забелешки и критики на Нацртот на ЗВО кој Министерката Јаневска го пушти во јавност.Пред неколку дена најпрво имавме седница на Институтот за меѓународно (јавно и приватно) право во кој членува и Деканот на Факултетот Проф. Сашо Георгиевски. Едногласно усвоивме 28 забелешки, најголемиот дел за суштинските новини кои се предложени во Нацртот. Намерно не завлегувавме во детали, зашто тоа е невозможно да се срочи во еден документ.Бев пријатно изненанден кога пред некој ден ни беа доставени Забелешките од другите Институти од Факултетот, кои беа уште поообемни. И интересно, сите забелешки се за новините, а ниту една за одредбите кои се задржани од постојниот ЗВО од 2018 година.На денешната седница на Наставно-научниот совет, големото мнозинство од присутните се согласивме дека големиот број на забелешки всушност укажува дека понудениот нацрт на ЗВО е неквалитетен и дека е неможно амандмански да се интервенира на него. Дополнително, ако се усвојат дадените забелешки, всушност се враќаме на ЗВО од 2018 (кој нели треба да се смени).Едноставно, нацртот на ЗВО под плаштот на некаква реформа која ќе го зголеми квалитетот на универзитетското образование, всушност во огромен обем ја руши Автономијата на универзитетот.Едноставно кажано, клучниот дефект на Нацртот на ЗВО е обидот за корпоративно реструктуирање на универзитетите и факултетите, со (се)моќни Ректори и Декани како нивни раководители, наместо она што Универзитетот претставува од Болоња наваму - колектив на рамноправни индивидуи (професори), кој е раководен од нив самите. Само така можете да имате слобода на мислење и научно творење, а рушењето на овој основен постулат на универзитетската автономија всушност води кон деградирање на Универзитетот. Или поинаку кажано, професорите не се извршители на административни задачи, кои би им ги задавал раководниот орган (Ректорот или Деканот), туку се носители на дејноста.ЗА НЕПОТИЗМОТ!Додека главниот акцент на Министерката при бранењето на Нацртот е дека со него ќе се заоструваат критериумите за избор во наставно-научни и соработнички звања, во исто време се обидува да се затскрие „испуштањето“ на една норма од ЗВО од 2018 година (сегашниот член 160, став 6). Всушност, тоа е одредбата со која се забранува на Факултетите да се примаат во наставно-научни и соработнички звања ДЕЦАТА НА ПРОФЕСОРИТЕ од дадениот Факултет, која гласи:„На иста единица на универзитет не можат да бидат избрани во наставно-научни, наставно-стручни, научни, наставни и соработнички звања лица кои се роднини по крв во права линија до кој и да е степен.„На тој начин, Нацртот ширум ја отвора вратата на Факултетите да се примаат децата на Професорите како соработници или наставници. Е, тоа е вистинската новина, а не поставувањето на невозможни услови за избор во звања.ПРЕЗЕМАЊЕ НА НАСТАВНИЦИ СО СПОГОДБА????!!!!!!Уште една од безбројните небулози на нацртот на ЗВО е новината (од член 175 став 2) според која за да премине еден професор од една на друга јавна високообразовна или научна установа, веќе нема да мора да се спроведува постапка за избор на установата каде се префрла. Нема конкурс, нема утврдување потреба, нема постапка за избор, нема избор од ННС и потврдување од Сенатот (ако е за редовен професор), туку само спогодба меѓу Установите (која ќе ја склучат одговорните лица). Небаре преземате техничка секретарка или дактилограф. Така, секој од нас едно утро ќе може да биде известен од Деканот дека добил „колега“ на Катедрата од друг Универзитет!Има уште многу небулози во Нацртот на ЗВО. За да се осврне на нив, на човека би му требале страници и страници текстови. Се надевам дека и други Колеги ќе укажат на некои од нив.Обидот Нацртот на ЗВО да се поправи е бесцелен, исто како и долготрајниот обид на Едвард Кардељ да ги отстрани недостатоците на социјалистичкото самоуправување.Единствена опција е истиот да биде повлечен, а потоа со студени глави и со јавна расправа да се размисли што понатаму. Колку побрзо истиот биде повлечен, толку ќе бидат помали штетните последици.Не сакам ни да го замислам хоророт кој ќе настане ако тој биде усвоен во Законодавниот дом!Good night and good luck“, вели тој.

Коментари | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања