Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ

IMG_3497

Ковачевски: Од денеска ставаме печат на уште една голема победа за европска Македонија

Претседателот на СДСМ, Ковачевски на настанот по повод означување на почетокот на кампањата за парламентарните избори: „Нема откажување од иднината “во Музејот на современа уметност во Скопје, кажа: „Убеден сум дека за 20 дена од денеска, заедно ќе ставиме печат на голема победа и успех за европска Македонија. СДСМ и Коалицијата ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата влада која најдоцна до 2030 година ќе ја однесе државата во ЕУ, но и ќе ја донесе Европа тука, во Македонија.“„Сепак, свесни сме дека направивме и голем број грешки и преземаме одговорност за тоа. Знаеме дека граѓаните се разочарани од растот на цените, од корупцијата, од самоволитето, неработењето и злоупотребите на дел од политичарите. И да, граѓаните се во право. Имаат право да се чувствуваат така. И ги прифаќаме нивните критики за направените грешки.“ – додаде Ковачевски во своето обраќање и истака: „Но, само оној што е самокритичен и свесен за своите грешки има моќ да ги исправи. Затоа креиравме издржан и остварлив план кој е преточен во нашата програма за наредните четири години.“Претседателот на СДСМ, Ковачевски подвлече: „Затоа, денеска, на првиот ден од кампањата за парламентарните избори, сакам искрено и од срце да ви порачам – јас и мојот тим сме подготвени да работиме ден и ноќ за да изградиме држава со која сите ќе се гордееме. “

Македонија | пред 1 година

IMG_3497

Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Под мотото „Нема откажување од иднината “СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори.Своето обраќање претседталот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски го започна со зборовите:„Македонија заслужува европска иднина!Нашата генерација заслужува европска иднина!Но, најмногу од сите, нашите деца заслужуваат европска иднина!И тоа, не за 15 или 20 години туку сега, во наредните 5 до 6 години.“Претседателот на СДСМ Ковачевски додаде: - Тие заслужуваат, тие мора да растат и да останат во нивната родна земја која ќе биде членка на ЕУ со европски систем и стандарди, со висок животен стандард, со модерно образование, со развиено здравство и сочиста животна средина. Тие сакаат да живеат во прогресивна и солидарна држава со еднакво квалитетни услови за живот за сите.Ова е нашата визија! Ова е нашата програма и обврска за граѓаните!“„Нашиот главен фокус останува членството кон Европската Унија. Нашиот поглед е насочен кон ЕУ, бидејќи тоа е единствениот пат за подобра иднина на нашите семејства. Нема друга алтернатива за да изградиме држава каква што посакуваме. Нема друг начин да стигнеме до европски стандард, европско здравство и образование, европски квалитет на живот.“ – порача Ковачевски и истакна: „Јас знам дека патот до ЕУ е сè уште тежок. Свесен сум дека пред нас има уште многу пречки. Но, во исто време немам дилема дека ЕУ е единствениот начин да се сменат работите на подобро. “Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски на настанот од Музејот на современа уметност порача: „Благодарение на сè што направи Владата на СДСМ во изминатите години, денес сме поблиску до европското семејство од кога било претходно и би било огромна грешка ако се откажеме или го закочиме процесот.Но, јас знам дека тоа нема да се случи. Знам дека мнозинството граѓани се свесни за европските вредности и што тие ќе значат за нас како држава и општество.Затоа, нема откажување од завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и исполнување на сонот Македонија дел од ЕУ до 2030 година!“

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Јас навистина морам да изразам загриженост во однос на ставовите на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ кои што и сега кога ќе ја видите нивната политичка кампања - таму апсолутно не стои ништо во делот на интегрирањето со ЕУ, тие предвидуваат некакви алтернативни сценарија, предвидуваат повторно некакви репреговарања со соседи, со ЕУ кои што се утопија и немаат никаков контакт со реалноста и тоа најдобра потврда им дојде од еврокомесарите кои што кажаа дека европската преговарачка рамка е усогласена со сите 27 земји членки. Таа обезбедува заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура и обезбедува како преговори на СМ со ЕУ според Копенхашките критериуми. - рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.Сега кога ќе ги земете изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната кандидатка тогаш ќе видите дека тие ниту во ставовите не се усогласени. Таа кажува едно, нивниот претседател кажува друго, и тоа само едно покажува дека пред нас на изборите на 24ти април и на 8 мај имаме еден многу јасен избор. Избор на надеж со коалицијата за европска иднина и избор на безнадежност повторно заглавување во минатото како што го гледавме 11 години со Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. - истакна Ковачевски во интервјуто за МИА

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

Заради неодлучлноста на ВМРО-ДПМНЕ, заради нивните блокади кои што ги прават во текот на изминатите 30 години на европскиот пат на државата ние имавме пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради ВМРО-ДПМНЕ - рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.-Ние имаме многу јасна преговарачка рамка која што обезбедува чист македонски јазик на преговорите и на Македонија во ЕУ. Вие бевте сведоци кога засветеа преговарачките кабини во Брисел со македонски јазик. Цело законодавство се преведува на македонски јазик и во Брисел се отворија конкурси за работа за преведувачи на македонски јазик. Така да сите критичари дека ќе сме го изгубеле јазикот кога ќе влегуваме во ЕУ од тогаш молчат и ништо не кажуваат. Ние сме таму како македонци и со нашиот идентитет и култура веќе учествуваме во огромен број на активности кои што се случуваат во Брисел и во земјите членки на ЕУ. - рече Ковачевски—Во однос на носењето на уставните измени, ние можевме да ги донесеме уставните измени и во текот на минатата година, меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер немаа храброст тоа да го направат. На последниот самит на Европскиот Совет на кој што и јас присуствував во Брисел, Македонија го имаше најчистиот параграф во својата историја кој што вели вака. Република Северна Македонија ги исполни условите од преговарачката рамка во делот на спроведувањето на скринингот, ние завршивме скрининг за една ипол година, најбрзо од сите земји во регионот. Останува да ја исполни својата обврска во однос на уставните измени и веднаш без никакво закажување и дополнителна улога да биде закажана втората меѓувладина конференција за отворање на преговарачките поглавја. И заради неодлучлноста на ВМРО-ДПМНЕ, заради нивните блокади кои што ги прават во текот на изминатите 30 години на европскиот пат на државата ние имавме пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е најкратко и најјасно што тоа се случи. - беше дециден Ковачевски-Кога ќе соберат храброст во секој момент можат да се јават во СДСМ и кај мене да одиме во Собрание и да ги изгласаме уставните измени со кои што уставни измени ќе влезат делови од други народи во нашиот устав, бидејќи ние веќе имаме делови од други народи во уставот, вклучително и бугарскиот народ, каде што ќе се направи за прв пат јасна дистингција во еден документ дека има македонски народ и делови од бугарски народ со што се побива старата ВМРОвска теза дека ова е регион во кој што има еден народ во две држави. Сега за прв пат ќе имаме македонски народ и делови од бугарски народ. Кога ќе соберат храброст за тоа нека се јават, сакаат пред избори, сакаат по избори, сакаат на ден на избори, сакаат во 12 на пладне, сакаат во 12 навечер, сакаат во 3 по пладне, сакаат во 3 сабајле ние сме подготвени да ги донесеме потребните одлуки за иднината на дражвата. - рече Ковачевски во интервјуто за МИА

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Гласот за Коалицијата за европска иднина е глас за Македонија да биде дел од Европа

Ние очекуваме прво победа на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и мнозинство со кое што ќе формираме про-европска Влада со која што СМ ќе го исполни она што го очекуваат граѓаните, а тоа е се она што е наведено во програмата на СДСМ и во делот на економијата и во делот на обединето право, борбата против корупцијата, грижата за сите, европската иднина, безбедноста и одбраната и секако подобриот живот на младите и ќе обезбедиме членство на државата во ЕУ со еден многу јасен план. - посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.-Коалицијата за европска иднина и коалиционите партнери ќе има над 61 пратеник и ние ќе формираме проевропска Влада со која што Северна Македонија ќе има многу јасен правец во однос на тоа каде ќе се движи и како ќе обезбедиме подобар европски живот за нас и за граѓаните. - рече Ковачевски-Ги повикам граѓаните да се одлучат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и за коалицијата за европска иднина со која што на Македонија и обезбедуваме јасна визија, пат и деноноќна работа за унапредување на животот, владеењето на правото, борбата со корупцијата и едноставно подобар животен стандард за сите граѓаните да можат да го живеат тука во Македонија а не некаде надвор во ЕУ. Европа да биде дел од Македонија, и Македонија да биде дел од Европа. - рече Ковачевски во интервјуто за МИА

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-22-at-09.22.11

Ковачевски за МИА: Беа направени и грешки, но една работа направивме правилно - по членството во НАТО ја задржавме земјата на европскиот пат

Седум години имавме одговорност да ја водиме Владата на Република Северна Македонија заедно со коалиционите партнери. Во текот на тие 7 години се разбира дека беа направени и грешки. И ако некој во ова студио може да преземе одговроност за тие грешки, тогаш тоа сум јас. Бидејќи тој што работи може и да погреши меѓутоа оној кој ќе ги признае грешките, тоа значи дека може и да се подобри. Пред сѐ тука мислам на потребата за понатамошно унапредување на животниот стандард на граѓаните со оглед на високите цени кои што ги имаме заради војната во Украина, потоа унапредувањето на владеењето на правото и подобра борба против корупцијата и тоа се трите работи кои најмногу ги загрижуваат граѓаните - посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.-Од друга страна направивме една работа исклучително важна и ја направивме апсолутно правилно, зацртавме јасна визија и пат на СМ во ЕУ. Ние донесовме тешки одлуки како коалиција и СДСМ за влез на државата во НАТО. Сега гледаме што значи да се биде земја членка на НАТО во време кога има конфликти на сите страни и во Европа и на блискиот исток. И исто така отпочнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, заштитена македонска култура и идентетит којшто веќе никој не ги доведува во прашање.Ние практично како СДСМ, но и лидерите кои ги предводеа и партијата и државата, било тоа да се претседател на држава или премиер на Влада, обезбедивме македонскиот јазик, македонскиот идентитет да станат дел од ООН, дел од НАТО и дел од ЕУ. - рече Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-

Ковачевски за МИА: Европскиот пат, значи подобар животен стандард каков што граѓаните заслужуваат

Секој нов извештај на ДЗС покажува дека имаме зголемување на просечната плата во државата таа е веќе дојдена до 40 000 денари, и јас сум убеден дека ќе дојде до 1 100 евра до 2028 година. Со влезот во ЕУ просечната плата веднаш ќе биде 1300 евра додека минималната плата ќе биде 800 евра. Зошто? Бидејќи државата ќе почне да функционира на заеднички пазар од половина милијарда евра. - рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.-Емприските показатели за држави кои што влегле во ЕУ, а пред тоа не биле дел од ЕУ покажуваат зголемување и на економската активност, на бројот мали и средни претпријатија, покажуваат зголемување на БДП, Словенија го дуплираше својот БДП. Хрватска за 1/3 го зголеми бројот на мали и средни претпријатија, зголемување на странските директни инвестиции бидејќи кога Северна Македонија ќе стане дел од ЕУ тогаш голем број на компании ќе отвораат свои седишта во Македонија бидејќи сеедно е дали вашето седиште се наоѓа во Виена, Берлин или се наоѓа во Скопје или Атина со оглед на тоа дека се е тоа на заедничкиот пазар. - истакна Ковачевски-И тоа се конкретните придобивки. Поголеми плати, поголеми пензии, подобар животен стандард, подбро владеење на право, поголема борба против корупцијата. Едноставно подобар животен стандард каков што граѓаните го сакаат и го заслужуваат ама тука дома во Македонија земја членка на ЕУ, а не да одат некаде по странство нашите млади за да живеат во ЕУ. - рече Ковачевски во интервјуто за МИА

Македонија | пред 1 година

IMG_3493

Ковачевски за МИА: Во новиот мандат, минимална плата од 600 евра, 1.100 евра просечна плата, тоа е можно!

Во новата програмата имаме минимална плата од 600 евра, 1100 евра просечна плата. Тоа е можно. Првиот столб на програмата се однесува на економијата. Вие знаете дека во услови на криза ги зголемивме платите неколку кратно, минималната плата од 8.000 денари на 22.500 денари, просечната плата ветивме 500 евра, остваривме 650 евра. Во новата програмата имаме минимална плата од 600 евра, 1100 евра просечна плата. Тоа е можно. Овие бројки се продолжение на добрите економски политики кои што ги имавме во изминатите години, во кои ние работевме во услови на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна. - рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.Зборувајќи за подобрените економски показатели, претседателот Ковачевски истакна дека и во услови на криза, СДСМ обезбеди поголеми плати и пензии, но и обезбеди поддршка за бизнисот со што се зачуваа работните места, но и се отворија нови.Во тие услови ние обезбедивме нова методологија за раст на пензиите низ отворен дијалог со Сојузот на здружение на пензиониери. Пред се имаме пензии кои што се за 50% поголеми во однос на 2016 година и тие два пати годишно ќе растат согласно со растот на просечната плата и растот на трошоците за живот. Сето тоа се однесува и на минималната плата која што денес е 22 500 денари, тоа е три пати повеќе или четири пати повеќе од она што беше во 2016 година односно 8 000 денари. - истакна КовачевскиЗаради стабилниот амбиент како земја членка на НАТО гледате дека и странските директни инвестиции се дупло поголеми од тоа што беа во 2016, ние минатата година имаме 700 милиони евра странски дирекнти инвестиции во однос на 300 милиони евра колку што беа во 2016 година. Воведовме поддршка на македонските компании за прв пат и со 100 милиони евра обезбедивме економски циклус од половина милијарда инвестиции кај домашните компании кои што обезбедија 5 000 нови домашни работни места. Во последните две години ние имаме најголема реализација на капиталните инвестиции што повтроно создава работни места во државата и тоа резултира со намалување на невработеноста од 25% колку што беше во 2016 година, ние денес имаме 12% невработеност и проектираме 7% невработеност во 2028 година. Сето тоа влијале на зголемување на продуктивноста, влијае на поголемо ценење на работниот труд од страна на работодавачите и секако промените во структурата на економијата во државата - рече Ковачевски во интервјуто за МИА.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1

Грција со внимание ја следи изборната дебата во Македонија

Грчкиот весник „Катимерини“ ги пренесува пораките на лидерите на власта и на опозицијата околу Преспанскиот договор.Весникот „Катимерини“ во четвртокот (4.04) објави текст под наслов: „Договорот од Преспа оспорен во предизборната дебата во Северна Македонија“, во кој се пренесуваат пораките на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и на првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, изнесени во телевизиска дебата на Канал 5, која што што се одржа деновиве во рамките на изборната кампања за претседателските и парламентарните избори во земјата.,,Лидерот на најголемата опозициска партија во Северна Македонија изјави дека доколку биде избран за премиер, ќе ја нарекува земјата единствено како „Македонија“, без оглед на Договорот од Преспа од 2018 година со кој се реши спорот со Грција за името на земјата.”, вели весникот Катимерини.„Ковачевски рече дека ова одбивање може да предизвика проблеми со Договорот од Преспа од 2018 година, со кој, со поддршка на ОН, се смени името на Поранешна Југословенска Република Македонија во Северна Македонија“, додава весникот Катимерини.Како што оценува грчкиот весник, последните анкети покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори, кои се совпаѓаат со вториот круг од претседателските избори во земјата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и организациониот секретар на СДСМ, Митко Трајчулески, во Собранието на Република Северна Македонија, остварија средба со делегацијата на Aд-хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија.На средбата, се разговараше за подготовките и позициите на политичките партии за претстојните претседателски и парламентарни избори во државата. Претседателот Ковачевски пред делегацијата на Aд-хок Комисијата, ги презентираше позициите, ставовите и основните столбови на изборната програма на СДСМ претстојните избори.Ковачевски пред делегацијата на Комисијата, потенцираше дека на овие избори постојат два концепта. Првиот концепт е патот кон интеграција на државата, подобар животен стандард, подобри и поголеми плати и пензии за сите граѓани, економски развој, безбедност и стабилност, кој всушност преставува продолжување на политиките што СДСМ ги спроведува во изминатите седум години. Другиот концепт, е сосема спротивен и е пат на враќање назад на државата, изолација, стагнација, влошување на билатералните односи.На средбата, Ковачевски посочи дека Владата предводена од СДСМ покажа јасна посветеност и донесе тешки и храбри одлуки, кои резултираа позитивно врз државата. Северна Македонија стана членка на НАТО, по 17 години чекање се отворија пристапните преговори со Европската Унија, а паралелно се затворија речиси сите отворени прашања со нашите соседи. Сето тоа се случи за кратки 5 години од владеењето на СДСМ и тоа во време на две тешки кризи - ковид пандемијата и енергетската криза. Притоа, Ковачевски ги презентираше сите мерки што Владата ги презема во изминатите 7 години, кои придонесоа за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните во време на криза, зголемување на платите и пензиите, успешно менаџирање со снабдувањето на струја и парно, намалување на невработеноста, пораст на инвестициите.Во однос на изборната програма на СДСМ, Ковачевски потенцираше дека таа преставува продолжение на сите позитивни резултати што досега се постигнаа и се заснова на 10 столба: Европски плати и животен стандард, Достоинствен живот за пензионерите, Поддршка за младите, Силна домашна економија, Современа европска инфраструктура, Европско земјоделство, Европско образование, Чиста енергија и поевтина електрична енергија, Повеќе фондови од ЕУ за македонската економија, Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година.По завршувањето на изборите, доколку СДСМ ја формира новата Влада, тоа ќе значи продолжување на патот кон ЕУ, подобар европски животен стандард за граѓаните, економски развој, унапредување на демократијата, слободите, социјалната вклученост, рече Ковачевски. Тој додаде дека Владата на СДСМ ќе продолжи да ги спроведува реформите кои ќе обезбедат владеење на правото и добро владеење, транспарентни, одговорни и инклузивни институции и креирање политики, приближување и усогласување на националните политики и закони со оние на правото на ЕУ. СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Скопје е развластен град, лажни беа ветувањата на ДПМНЕ за современ град

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ и прв вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија се приклучија на акцијата на општинската администрација и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во акцијата на садење дрва и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта.Во изјавата за медиуми, Ковачевски истакна дека со оваа активност Општина Центар претставува одличен пример за тоа на кој начин треба да се одржува и хигиената и зазеленувањето на општината, и дека оваа акција дава пример дека средината, екологијата е нешто за коешто сите ние мора да се грижимеЗа жал Градот Скопје во последните 2 години се наоѓа во една би рекол запуштена состојба. Практично Скопје е како развластен град по победата на ВМРО - ДПМНЕ на локалните избори. Практично како и да немаме градоначалник, да нема Совет. Со тоа се потврди дека оние ветувања кои беа дадени пред 2 години од страна на ДПМНЕ, од страна на нивниот претседател и раководство, дека ќе добиеме градоначалник кој ќе го осовремени градот беше едно лажно ветување чијшто резултат на крајот сите го гледаме. - истакна Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Милошски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат Законот за рестриктивни мерки

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска го повика пратеникот Антоно Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат Законот за рестриктивни мерки во Собранието одговарајќи на новинарско прашање за последната одлука на САД за црната листа.Се работи за одлука која ја носат американските институции и кои тие одлуки ги носат врз основа на информации со кои тие располагаат. Со оглед на тоа дека САД се наши стратешки партнери исто како и ЕУ, Владата подготви закон за рестриктинвни мерки којшто е поднесен до Собранието. Го видовте соопштението од СДСМ, јас можам да повторам, дека го повикувам пратеникот Антонио Милошоски и неговата политичка партија ВМРО – ДПМНЕ да не го блокираат законот и да го пуштат во собраниска процедура. Бидејќи очигледно е дека тој од некаква причина го блокира да не биде ставен на комисиска расправа и со тоа да не биде донесен. Доколку не планираат да го стават, тогаш треба да кажат од кои причини тој закон не сакаат да го стават да биде донесен во Собранието, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Нема откажување од иднината, по изборите, ќе имаме проевропска влада предводена од СДСМ

Претседателот Стево Пендаровски е победничкиот кандидат не само за изборите туку и за Северна Македонија, тој е еден модерен, прогресивен политичар кој застапува и традиционални македонски вредности меѓутоа и европски вредности, тој ја гледа и работи на тоа земјата да стане членка земја на ЕУ. - посочи Ковачевски во денешното интервју во утринската програма на Слободен печат.Тој во текот на својот 5 годишен мандат покажа дека е интегритетна личност, чесна личност, која што работеше во интерес на државата и на граѓаните, граѓаните не ги делеше по ниту еден основ туку напротив делуваше обединувачки, секој од него беше третиран на ист начин без разлика на неговата индивидуална определба по било кој основ.Сигурен сум дека Стево Пендаровски ќе ја добие поддршката од граѓаните, не само до СДСМ, не само од нашите коалициони партнери, туку од сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка или политичка или било каква друга припадност и во првиот и во вториот круг на изборите и на тој начин после 8 мај Северна Македонија ќе има и проевропски претседател Стево Пендаровски и проевропска влада која повторно ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери. - дециден беше КовачевскиТаа влада и претседател имаат јасен план како државата да продолжи во евроинтеграциите, како државата да продолжи во економскиот развој, во развојот на демократијата, во развојот на социјалната правда, како до 2028 година да го завршиме процесот на преговори со ЕУ и како ратификацијата на тие преговори успешно завршени да заврши до 2030 година и да станеме земја членка на ЕУ. Јас знам дека за дел од граѓаните ова делува прилично заморно со оглед на патот кој што Македонија го има поминато до сега во евроатлантските интеграции меѓутоа ние друга алтернатива немаме, и ние немаме право да се откажеме од својата европска иднина и затоа на моите настапи можете многу често да ме слушнете каде што кажувам дека нема откажување од иднината која што е иднина на европска Македонија. - истакна Ковачевски во инмтервјуто за Слободен печат.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Во новата програма раст на земјдоделските субвенции за извозот да достигне 1,25 милијарди евра

СДСМ ги зголеми субвенциите за земјоделство, воведе нов модел за субвенционирање и растот на субвенции ќе продолжи со новата програма на СДСМ, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во денешното интервју во утринската програма на „Слободен печат“.„Со новата програма предвидуваме зголемување на субвенциите за земјоделците на ниво од 750 милиони евра до 2028 година, што ќе влијае позитивно и на производството и на извозот на земјоделските производи кои го проектираме да достигне 1,25 милијарди евра во 2028 година. Докажавме дека можеме и тоа можеме го направиме. Вие погледнете само во делот на производството на грозје, на вино, Северна Македонија стана земја број еден во регионот по извоз на вино, и пред Србија, Грција, Бугарија и пред Хрватска и пред Словенија, 13-та земја извозник на вино во светот. Ние веќе имаме приходи од извоз на вино од кои над 50% е флаширано вино, што не беше случај во минатото и имаме приход од извоз на вино над 60 милиони евра“, рече Ковачевски.Во интервјуто Ковачевски посочи дека поддршката за земјоделството ќе биде рамномерно за сите земјоделски гранки. Воедно потенцираше, дека со правилните политики на СДСМ, Северна Македонија стана земја лидер по искористеност на европската ИПАРД Програма.„Одлуките кои ги донесовме беа вистинските и правилни одлуки за државата. Обезбедивме членство во НАТО и по 17 години обезбедивме почеток на преговорите со Европската Унија. Тоа од друга страна обезбедува подобра соработка со ЕУ, со европските институции, обезбедува поголема финансиска помош и поддршка од страна на Европската Комисија. Северна Македонија има најголемо ниво на искористеност на средства за земјоделство од ИПАРД програмата во споредба со сите други земји во регионот“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Свесни сме дека не е доволно, во новиот мандат минималната плата од 600 евра и просечната плата над 1.000 евра

Јас сум оптимист во однос на резултатот на изборите бидејќи имаме многу јасна програма со која ќе се претставиме пред граѓаните. Ние нема да даваме лажни ветувања, нашата програма е веќе готова. Ќе бидат адресирани оние најважни прашања како зголемување на платите, на пензиите - истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во денешното интервју во утринската програма на Слободен печат.Точно е дека ги зголемивме платите. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари на 23 000 денари. Просечната плата на 650 евра што е дупло повеќе од она што беше претходно до 2016 година. Но, јас сум свесен дека постојат граѓани во нашата држава и јас сум граѓанин како и сите други. И јас имам дома родители кои се пензионери, знам дека луѓето поминуваат низ еден тежок период, знам дека има родители кои што понекогаш легнуваат и гладни навечер, за да можат да обезбедат финансиски средстсва за своите деца кои им се потребни во текот на денот. Знам дека има пензионери кои врзуваат едвај крај со крај. - посочи Ковачевски.Затоа програмата на СДСМ содржи многу јасни претпоставки во однос на понатамошни зголемување на платите, на поддршката за инвестиции, отворање на нови подобро платени работни места, зголемување на пензиите и секако продолжување на евроинтегративниот процес.Знаете дека беше критикувано нашето ветување за просечна палта од 500 евра до 2024 година, докажавме дека тоа може и да се надмине. Во времето кога јас работев заедно со мојот тим на воведување на методологијата на раст на минималната плата и зголемување на минималната плата дента кога дојдов практично за претседател на владата економистите на ВМРО-ДПМНЕ беа против, тие сметаа дека ќе пропаднела економијата, дека тоа ќе влијае негативно на бројот на работни места, ќе влијае негативно на просечната плата и тн, се покажа дека не биле во право ,се покажа дека јас и мојот тим сме во право бидејќи во исто време имавме и зголемување на минималната плата, имавме и зголемување на просечната плата и намалување на невработеноста, потенцираше Ковачевски.Програмата на СДСМ предвидува зголемување на минималната плата на ниво од 600 евра, на просечната плата над 1000 евра. Предвидува и понатамошно намалување на невработеноста, а поокажавме дека невработеноста може да се намали од 25% на 12,8%. Предвидуваме 50% зголемена финансиска помош за поддршка на инвестиции на компаниите, таа помош планираме да ја зголемиме на 150 милиони за домашните компании до 2028 година, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-28-at-11.54.59

Ковачевски: Успеавме да имаме над 600 мегавати обновливи извори на енергија за само за две години

СДСМ успеа со правилни политики да се инсталираат над 600 мегавати обновливи извори на енергија, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во денешното интервју на утринската програма на „Слободен печат“.Говорејќи за справување со предизвиците од најголемата економска и енергетска криза, Ковачевски посочи дека Владата предводена од СДСМ, успеа со правилно менаџирање кризата да ја претвори во можност.„Кога започна со работа Владата која што јас ја предводев јас, веднаш направивме законски измени во делот на имплементирање на обновливи извори на енергија. Во минатото беше многу тешко да направите на пример соларна централа и да ја ставите на мрежа со оглед на тоа дека јас велам тие закони порано беа правени од трговци кои што подраго им беше да тргуваат со електрична енергија, отколку да се произведува електрична енергија. Со тие законски измени и измени на правилниците ние денеска успеавме да имаме 600 мегавати обновливи извори на енергија, кои што се изградени само за двете години на мандатот на Владата која што јас ја предводев. До 2016 година беа инсталирани само 16 мегавати обновливи извори на енергија, сега за само 2 години 600 мегавати“, рече Ковачевски.Во интервјуто, Ковачевски посочи дека и во време на енергетска криза, немаше недостиг на струја и не се покачи на цената.„Во времето на кризата ние се соочивме со недостаток на електрична енергија и голем број од тие што сега велат дека нема потреба од инвестиции во обновливи извори, велеа дека Северна Македонија нема да има струја со оглед на тоа дека работиме со капацитети стари 45 години. И ние работиме со капацитети стари 45 години, кои работат со многу нечиста технологија, со јаглен, мазут, меѓутоа тоа го имавме на располагање и благодарение на инженерите во ЕСМ, успеавме да произведеме електрична енергија која што никој не очекуваше да биде произведена во државата. Ние го зголемивме производството на електрична енергија за 45% и во месеците во кои што опозицијата велеа дека ќе нема електрична енергија. Ние имавме и вишоци на електрична енергија и не дозволивме покачување на цената на електрична енергија. Иако велеа дека дупло ќе се зголемела цената, ние не дозволивме ценовен шок за граѓаните со оглед на тоа дека обезбедивме прво зголемено производство и второ субвенционирање на цената на електрична енергија за сите граѓани и сите мали потрошувачи до 90% од цената“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: За 7 години СДСМ направи многу добри работи но имавме и грешки кои ќе бидат исправени

7 години не е краток период колку што СДСМ е на власт, во текот на тие години направени се голем број добри работи, ги зголемивме пензиите, платите, ги зголемивме субвенциите, воведовме реформирана систем на субвенционирање во земјоделството, но имавме и грешки за кои сме свесни и кои ќе бидат исправени, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интревју за Слободен печат.Ги зголемивме платите и пензиите. Воведовме нова методологија за постојан раст на платите и пензиите, за прв пат воведовме субвенции за македонски компании, порано тие добиваа 0 денари за инвестициските циклуси. Тоа денес е на ниво од 100 милиони евра. Го дуплиравме нивото на странски директни инвестииции, од 300 милиони до 2016 сега на годишно ниво имаме 780 милиони евра, рече Ковачевски.Во тие 7 години беа направени и грешки, СДСМ ги учи лекциите и грешките ќе бидат исправени, потенцираше Ковачевски.Беа направени и грешки, јас тоа го кажувам тие грешки се однесуваа на дел кадровска политика. Сметам дека на одреден број места не беа поставувани луѓе кои што чиј капацитет знаење и способности соодветствуваат на очекувањта на граѓаните. И тоа е нешто што сигурно ќе го поправиме. Затоа велам дека СДСМ ги учи лекциите како што и секој тоа треба да го прави, ние ќе настапами на изборите со една навистина позитивна кампања, во кој а ќе рикажаме што сме направиме, што планираме да правиме во понатамошниот развој на државата И секако грешки што беа направени, ќе бидат исправени во наредниот период, дециден беше Ковачевски.Но, едно знам а тоа е дека одлуките кои ги донесовме беа вистинските и правилните одлуки за државата, рече претседателот на СДСМ.Обезбедивме членство во НАТО и по 17 години обезбедивме почеток на преговорите со ЕУ. ТОа од друга страна обезбедува подобра соработка со ЕУ, со европските институции, обезбедува поголема финансиска помош и поддршка од страна на Европската комисија. Македонија има најголемо ниво на ИПАРД средства за земјоделството во споредба со сите други земји во регионот. Голем број на инвестициски проекти се поддржани од ИПА фондовите и приближувањето кон ЕУ значи подобрување и на инфраструктурата и секако на сите други процеси. Оддалечувањето како што тоа ДПМНЕ го нуди преку нивниот некаков алтернативен пристап значи и уназадување на демократијата и на економоијата и на сите процеси, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интревјуто за Слободен печат.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ нема план за европска идина, ја продолжуваат политиката на Груевски

ВМРО – ДПМНЕ не нуди никаков план за напредок во европските интеграции дури напротив, може да се слушнат нивни изјави дека и 100 години не треба да станеме, а можеби и никогаш, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интревју за Слободен печат.Тоа од една страна покажува дека тие ја продолжуваат политиката на Никола Груевски, нивниот поранешен претседател, со оглед на тоа дека тоа беа истите ставови кои ги слушавме во тоа време. Ако го видите нивниот претседателски кандидат, тоа се повторно истите ставови и затоа велам дека со нив Северна Македонија повторно ќе се врати во некакви чекални, во некакво мрачно минато во некакви недемократски процеси и на назадување на економските процеси, рече Ковачевски.Ние нудиме јасна визија и надеж за македонските граѓани и затоа велам дека овие избори ќе бидат избор меѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ВМРО-ДПМНЕ, доде Ковачевски.Ние нудиме надеж, евроспка интеграција, подобар животен стандард, повисоки плати, пензии, повисоки субвенции за земјоделците. А од друга страна имаме еден нејасен концепт, којшто кога ќе ги прашате ВМРО – ДПМНЕ дали имаат план, тие ви кажуваат – па ќе видиме после избори – и докажаа дека се она што го ветуваа се лажни ветувања. Погледнете го само градот Скопје, се изнаслувашвме еден куп ветувања, но денес Скопје е град кој назадува, повалкан не бил никогаш од своето постоење ветрувам. И граѓаните знаат да ценат кој е тој кој ги исполнува совите ветувања а кои се тие кои даваат единствено лажни ветувања, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: СДСМ има јасна визија и план како да станеме членка на ЕУ

СДСМ има многу јасна визија за Северна Македонија како земја членка на ЕУ, имаме многу јасен план како тоа да го направиме, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.СДСМ е партијата која обезбеди кандидатски статус за членство во ЕУ, која што обезбеди членство во НАТО и која обезбеди отпочнување на преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Затоа велам, без СДСМ не постои европска Македонија. ЕУ за нас е единствена алтернатива од аспект на тоа што таа значи економски прогрес, обезбедување на економијата, значи социјална правда, и значи унапредување на демократијата. Да не заборавиме дека до 2016 година бевме заробена држава, без слободни медиуми и со комплетно партизирана админситрација која се злоупотребуваше од страна на ДПМНЕ, партија во тоа време на власт. И затоа велам дека она што го направивме нуди доволно аргументи дека во наредните 4 години СДСМ со проевропската влада која ќе ја предводиме ќе обезбеди членство на Македонија во ЕУ., рече Ковачевски.Од друга страна ВМРО – ДПМНЕ не нуди никаков план за напредок во европските интеграции дури напротив, може да се слушнат нивни изјави дека и 100 години не треба да станеме, а можеби и никогаш, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Со СДСМ за седум години се рехабилитирани и изградени патишта во должина од 1.500 километри

Во мандатот на СДСМ од 2017 година до денес рехабилитирани се и изградени патишта во должина од преку 1.500 километри, граѓаните заслужуваат да имаат модерни и безбедни патишта, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски,при денешниот увид во изградбата на локални улици, во населбата Хиподром 2, во општината Гази Баба.Ковачевски потенцираше дека реконструкцијата на локалните улици во оваа скопска населба е направена со буџетски средства на министерството за транспорт и врски. Инвестициите во патната инфраструктура како што кажа Ковачевски, се приоритет и во новата програма на СДСМ.„Во мандатот на СДСМ од 2017 година до денес рехабилитирани се и изградени патишта во должина од преку 1.500 километри, а во овој момент се работи на повеќе автопатски делници, се градат нови 168 километри автопат и се рехабиитираат околу 40 километри. Досега комплетно изградивме и пуштивме во употреба два нови експресни патни правци во должина од 68,5 километри, кои што се инвестиција од 110 милиони евра, а се градат и два нови експресни патишта во должина од 50 километри. И во мојот претходен мандат како премиер, а и во наредниот маднат во мај по изборите, инфраструктирата и капиталните инвестиции ќе бидат еден од главните приоритети“, изјави Ковачвески.При тоа, Ковачевски посоче дека во однос на локалната патна инфраструктура, се градат преку 250 километри локални патишта низ општините, преку проектот од Министерството за транспорт и врски, во износ од 70 милиони евра. До сега комплетно е завршена реконструкцијата на 180 локални патишта и улици со вкупна должина од 173 километри, во над 65 општини.„Навистина ми е многу жал кога ќе видам како изгледа денес Скопје откако е во рацете на опозицијата, и колку градот и како целина и посебно општините предводени од опозицијата, едноставно не ги исполнуваат ниту барањата ниту очекувањата на граѓаните. Јас знам дека она што СДСМ го напрви во однос на изградбата и рехабилитацијата на патиштата може да е и подобро. Европските стандарди мора да се применливи во секоја област. Особено кога зборуваме за патиштата. Луѓето мора да се поврзани и мора да имаат брза комуникација со сите околу себе. И сето тоа мора да е по современи стандарди“, рече Ковачевски.Во изјавата за медиуми, Ковачевски, потенцираше дека проектите за инвестиции во патната инфраструктура мора да се спроведуваат, и дека модернизацијата на патиштата ќе се движи со динамично темпо. СДСМ покажа дека со правилни политики се исполнуваат стратешките цели, и дека нема недостижна цел ако напорно се работи, затоа и ја поставивме европската визија за Северна Македонија и ние во СДСМ никогаш нема да се откажеме од тој пат, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Македонската економија со СДСМ бележи раст и развој

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска беше во посета на Гевгелија при што ја посети компанијата, ДИЕМ-ГП, успешна компанија од преработувачката индустрија, во 100% домашна сопственост, која речиси 30 години расте и се развива. Производите на компанијата ДИЕМ-ГП се препознатливи на македонскиот пазар, а се извезуваат и во повеќе земји низ целиот свет.„Ова е една од илјадници компании кои се доказ дека во Македонија има поволна бизнис клима и дека државата е сигурен партнер и обезбедува поддршка на домашните компании. За тоа најдобро говорат бројките. Во периодот од 2017 до 2023 година обезбедивме финансиска поддршка од 100 милиони евра за вкупно 919 компании кои резултираа во половина милијарда евра инвестициски циклуси за компаниите. Со тоа ја зголемивме отпорноста на домашните бизниси во време во кое светот се соочуваше со една од најголемите кризи, а дополнително се креираа и нови работни места, се генерираа инвестиции и се овозможи раст на платите.“ истакна Ковачевски во изјавата за медиумите по посетата на ДИЕМ - ГП во Гевгелија.Претседателот Ковачевски се осврна и на последните податоци на Државниот завод за статистика, според кои индустриското производство во јануари 2024 година во споредба со минатата година е пораснато за 2,8 проценти, а конкретно преработувачката индустрија бележи раст од 8,1 проценти.„Овие бројки се дел од показателите дека македонската економија закрепнува и дека има потенцијал за раст. Владата предводена од СДСМ покажа дека знае да креира економски политики, знае да го поддржува бизнис секторот, да соработува со него и дека буџетската поддршка ја насочува кон реалниот сектор и кон компании кои може да стимулираат реален раст и да го зголемат извозот.“ рече КовачевскиГоворејќи за плановите по изборите Ковачевски рече дека СДСМ води реални и одржливи економски политики кои даваат резултат и дека поддршката на компаниите ќе продолжи и досегашните 100 милиони, ќе се зголемат најмалку за 50%, за да можат домашните компании што повеќе да инвестираат и да се развиваат.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Единствено со СДСМ има реален раст на платите

„Со правилни политики, просечната плата од 22.000 денари денес е порасната на 40.000 денари што е историски највисоко ниво споредено со она што беше во 2016 година. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари на скоро 23.000 денари. Само во земјава од цел регион имаше реален раст на плата за време на кризата. Ако реално ја земете куповната моќ, платата денес е повисока отколку пред три години. Воедно, и пензиите ги покачивме во просек за 6.000 денари, а невработеноста ја преполовивме од 25% на 12,8%.“ истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, по денешната посета на компанијата ДИЕМ - ГП во Гевгелија.„По изборите, во вториот мој мандат, просечната плата ќе биде 1000 евра, а минималната 600 евра. Пензиите ќе продолжат да растат и не само што нема да имаме веќе ниту еден пензионер под праг на сиромаштија, туку пензиите ќе бидат достоинствени и далеку повисоки.Истовремено работиме и на решение за воведување на минимална пензија.“ рече Ковачевски за новата изборна програма на СДСМ.Претседателот Ковачевски воедно посочи дека подобар животен стандард е можен исклучиво со успешна економска приказна. Затоа Северна Македонија не смее да се откаже од европскиот пат и од просперитетната иднина за младиите како и од здрава и силна економија по европски стандарди, со пристап до пазар од половинина милијарда луѓе. Тој во изјавата за медиумите по завршувањето на посетата на ДИЕМ - ГП, потенцираше дека само со продолжувањето на европскиот пат ќе се генерира раст, ќе генерираат нови вработувања, ќе создаваат иновативни решенија и нашите домашни компании ќе бидат конкурентна на единствениот европски пазар.

Македонија | пред 2 години

08062022_Kovacevski_obrakjanje_Otvoren-Balkan-2

„Таче викендов ќе го прифати францускиот предлог, заедно со народот ќе спречиме нов Преспански“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека, премиерот Димитар Ковчевски викендов ќе го прифати францускиот предлог.„Таче викендов ќе го прифати "францускиот предлог" за БУГАРИЗАЦИЈА на Македонија (кој е претходно договаран од Бујар). Мислам дека доаѓа денот и часот за сериозен опозициски Отпор. Само ме јаде јанѕа дали е пак и ДПМНЕ декор у причава? Се надевам искрено дека не е и дека опозицијата, заедно со народот, ќе спречиме нов Преспански. Од нас зависи!#ДојдеНожДоКоскаДругари“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања