Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДРАЧЕВО

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Градоначалникот на Град Скопје присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, кое годинава одбележува 55 години постоење, исполнети со успеси, посветеност и континуиран развој.Во своето обраќање, тој истакна дека училиштето претставува значаен дел од образовниот и општествениот живот во општината, низ кое поминале бројни генерации ученици што таму ги стекнале своите знаења, вредности и трајни пријателства.Градоначалникот потсети дека во периодот кога ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода биле реализирани значајни инвестиции во ова училиште, како и во сите училишта на територијата на општината. Во тој период биле реконструирани и модернизирани училници, доградени нови простории, поставени фотоволтаични системи, како и обезбедени бесплатни ранци и училиштен прибор за секое прваче. Дополнително, биле воведени паметни уреди и прочистувачи на воздух, со цел подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.Тој нагласи дека со истата посветеност продолжува и во својата сегашна функција како градоначалник на Град Скопје, најавувајќи нов инвестициски циклус насочен кон средните училишта, со цел обезбедување современи услови за образование преку воведување дигитална опрема и одржливи енергетски решенија.На крајот, беа упатени честитки до учениците, наставниците и вработените, како и до сите кои се дел од историјата на училиштето, со порака дека тие се неговата најголема вредност и двигател на идниот развој.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryt91l6vci23f9eBAzAsy

(Видео) Работник со багер срушил гробни места на гробиштата во Драчево

На гробиштата во Драчево е пријавен инцидент во кој работник со градежна машина – багер – срушил повеќе гробни места, објави Сител.Според првичните информации, до оштетувањето дошло за време на изведување работи на теренот. Засега не се соопштени дополнителни детали за околностите под кои се случил настанот, ниту за евентуалните последици.Надлежните институции се очекува да извршат увид и да утврдат што точно се случило, како и дали постојат основи за понатамошна постапка. Случајот е предмет на интерес на јавноста, а се очекуваат официјални информации по завршувањето на проверките.

Скопје | пред 1 месец

media-library9nhmq9jcmpria17zo87

По 20 години, Драчево повторно доби кино

По две децении пауза, Драчево повторно доби кино, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оценувајќи дека станува збор за враќање на културниот живот во оваа населба.Ѓорѓиевски посочи дека иницијативата била започната уште пред завршувањето на неговиот мандат како градоначалник на Општина Кисела Вода, а денес, како што наведе, таа визија станала реалност. Според него, целта била културните содржини повторно да им бидат достапни на жителите во нивната средина.Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор што треба повторно да стане собиралиште за уметност и заеднички доживувања. Со отворањето, жителите на Драчево ќе станат дел од проектот „Киноверзум“ и ќе имаат можност да ги следат најновите филмски остварувања и светски хитови без да патуваат до другите делови на градот.Градоначалникот оцени дека со овој чекор културата повторно станува достапна и современа, отворајќи ново поглавје во општествениот живот на населбата, со очекување салата да биде исполнета со публика и позитивна атмосфера.

Скопје | пред 1 месец

IMG_4314

Со воз од Драчево до центарот на Скопје само за 11 минути - проект на градските власти на Скопје

Со реализација на проектот за градски превоз, од Зелениково до центарот на Скопје ќе се патува 25 минути, а од Драчево само 11 минути.Овој проектот, чии градежни активности почнаа денеска, предвидува синхронизација на возниот ред со автобусите на ЈСП за побрз и поефикасен превоз на патниците низ градот.На настанот присуствуваа директорот на „Железници транспорт“, Синиша Ивановски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за транспорт, Александар Николоски, при што Ивановски изјави дека ремонтот на градскиот воз е од суштинско значење за Скопје и најави дека следната година ќе се обноват линиите до Волково, Илинден и Миладиновци.Тој го истакна и значењето на делницата од Драчево до Илинден за товарниот железнички превоз

Скопје | пред 4 месеци

viber_image_2025-09-04_10-19-13-592

(Видео) Семејство од Драчево остана без дом во пожар – апел за помош

Во населбата Драчево, на улица „Славка Димкова“, на 24. август, целосно изгорела семејна куќа откако пожар избувнал поради стара електрична инсталација. Во огнената стихија семејството останало без покрив над глава, а целокупниот имот им е уништен.Семејството упати јавно обраќање до сите хумани граѓани, институции и организации кои можат и сакаат да помогнат за изградба на нов топол дом. На социјалните мрежи објавија и видео од настанот, со надеж дека ќе стигне до што повеќе луѓе кои ќе им подадат рака во најтешките моменти.Жиро сметка: 200001963010623Nikola Nastovski

Скопје | пред 6 месеци

pomos

„Ја продаде куќата за да им обезбеди дом – сега бега од пеколот“ - и треба помош на мајката на тепаното дете од Драчево

Венера, мајката која ја објави страотната снимка каде се гледа како таткото го шамара сопственото четиригодишно дете, а притоа му се заканува дека ќе го убие, бара помош од целата јавност. Фондацијата „E-crowd“ објави апел за нејзин достоинствен живот. Таму се опишува и дел од нејзиниот живот.„Во време кога ја очекувала својата втора ќерка, мајка од Скопје одлучила да вложи сè во иднината – го продала својот стан за да помогне да се изгради семејна куќа во Драчево. Во неа сакала да обезбеди топол и безбеден дом за своите три девојчиња: Нина (9), Дијана (4) и Ана Марија (3). Но, токму таму започнал кошмар кој траел премногу долго. По серија случаи на семејно насилство, кулминирано со физички напад врз едно од децата, мајката конечно го прекинува молкот. Започната е и правна постапка – не само за заштита, туку и за преземање на домот кој самата го финансирала и бракоразводна постапка. Таа е вработена како асистент во Црвен крст на Македонија и со сите сили се бори да им овозможи сигурен, стабилен и достоинствен живот на своите деца, без повторна траума од селење“, пишува во описот на кампањата.Кампањата има за цел да обезбеди правна помош, подобрување на условите за живот, основни потреби за децата, психосоцијална поддршка и стабилна средина за раст и развој.За таткото на децата, се води постапка. Видеото наиде на остри јавни осуди.

Македонија | пред 9 месеци

markova-reka

(Видео) Блокиран пристапот кон Драчево, граѓани сведочат дека мостот е во критична состојба

Полицијата го блокираше пристапот од Пинтија кон Драчево, откако Маркова река се излеа и на булеварот „Борис Трајковски“. И вториот приклучок кон Драчево, кој води преку Горно Лисиче, е исто така блокиран, јавуваат жители. На терен пак, се работи на расчистување на речното корито, како и санирање на состојбата. Иако не станува збор за висок водостој кој е излеан, сепак, полицијата превентивно реагира, бидејќи е ризично возила да поминуваат на патот.„Најсигурно и најбрзо на автопат, мене ме вратија од Горно Лисиче, колона до Пинтија, таму полиција не пушта. Автопат, Таор за 25 минути Моране“, вели лице кое чекало во колоната.Истовремено, жители на Батинци сведочат дека реката се излеала на повеќе места. Според нив, во критична состојба е мостот, каде исто така има и полиција. Ова засега не е потврдено од институциите.„Почна да се излева околу 17 часот. И се излеа на неколку места во Батинци, Љубош, се наоре спрема Марков манастир. И веќе сме плавени со метро и пол вода. Мостот е во критична состојба, а ако продолжи со ваков водостој, се плашам дека ќе биде срушен“, сведочи граѓанин.Претходно, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кажа дека нема опасност по населението.

Скопје | пред 11 месец

Нема фотографија

ФОТО: Попушти мост во Драчево, има простор и цел човек да пропадне

Во текот на вчерашниот ден во доцните попладневни часови до Центарот за управување со кризи стигна пријава од загрижен граѓанин којшто не извести дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево во првиот дел од мостот постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по овој мост. Од страна на ЦУК е веднаш известено ЈП Улици и патишта Скопје, Општина Кисела Вода, Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Од страна на ЈП Улици и патишта доцна синоќа дупката е обележена. Оваа дупка претставува опасност самата по себе доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа. Но, истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност, информираат од Центарот за управување со кризи.„Токму од овие причини ЦУК апелира до надлежните институции итно да превземат соодветни мерки и дејства со коишто ќе го обезбедат овој мост и ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните. Како што истакнавме во повеќе наврати, за нас во ЦУК на прво место секогаш е безбедноста на граѓаните. ЦУК ги повикува сите граѓани, кои ќе забележат било каква опасност што може да го загрози нивниот живот или здравје, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 112, а понатаму ние ќе ги превземе сите неопходни дејства.Безбедноста на граѓаните на прво место“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

voda

Драчево доби вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје, го санираше дефектот на ул. Борис Трајковски, кој предизвика прекин на водоснабдувањето во Драчево, Батинци, Моране, Долно Лисиче и околните места е саниран.„Отстранувањето на дефектот беше успешно реализирано во 16:45, а водоснабдувањето за населените места Усје, Пинтија, Батинци, Студеничани и село Моране кои се снабдуваат со вода преку резервоари (висока зона), се нормализира по 18 часот. Овој тип на дефекти, се случуваат навистина ретко, но нивната природа предизвикувапрекинато водоснадбусвање во подолг временски интервал. ЈП Водовод и канализација – Скопје, изразува благодарност до граѓаните од овој дел на градот Скопје, за трпението и разбирањето за време на отстранување на овој дефект“, веалат од претпријатието

Скопје | пред 3 години

2022-04-16-13_50_58-C0038.MP4

„Скопје, новиот Ерусалим, еден крст за секое семејство“, реакции по поставувањето на темелите за новиот крст во Драчево

Вчера се поставија темелите на новиот крст во Драчево во Паркот на бранителите. Крстот ќе биде висок 63,5 метри и ќе наликува на оној кој беше поставен пред неколку години во Ново Лисиче.Крстот е донација од Светскиот македонски конгрес, а на настанот присуствуваше и претседателот Тодор Петров. Темелите ги освети господин господин Стефан во сослужение со повеќе попови.На ова реагираа граѓаните кои велат дека немаат основна инфраструктура, потребно е да се реконструираат улиците во општината, да се направат паркинзи како и градинки за децата.https://twitter.com/goli_otok/status/1515684437111058433?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/maxdestructionn/status/1515673936528384000?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/NikolasTweet/status/1515654097717846023?s=20&t=HqIkaT3e90Lf4wR-dz_c-ghttps://twitter.com/1KRealDeal/status/1515678842328862720?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/TheFitzzz/status/1515673004868526080?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/SieMiGaDjuro/status/1515666056119005190?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/100deutschemark/status/1515647969315504131?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/Filipco/status/1515641973679575040?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/BujnaVegetacija/status/1515639814305034242?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/Roma92377181/status/1515611981805506560?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/mladjireferen_/status/1515610528101679107?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/baljumbaljum/status/1515635183298428929?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/ChakNaOriz/status/1515388643573174279?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/blazevski_mk/status/1515372955697569796?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGg

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања