Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЕЛВИР МЕКИЌ

media-library75ebthi2mr32e5793vw

Отворена аудиција за танчари - Играј на 2 хита на Јован Јованов и Елвир Мекиќ на нивниот коцерт во Скопје

Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6 јуни ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.Но, двајцата музичари им даваат шанса на нивните фанови да бидат директни учесници на концертот и да настапат со нив на сцената во Скопје.На 25 април (сабота) од 11 часот ќе се одржи аудиција за сите кои имаат талент за играње, а имаат над 17 години.Станува збор за перформанс на две песни, а танчарите избрани преку аудицијата ќе бидат дел од целосно сценско шоу.Аудицијата ќе се одвива во форма на работилница - пријавените учесници ќе учат кореографија, потоа пред жирито ќе танцуваат во мали групи, а секој ќе има можност да покаже што знае и преку freestyle.Најдобрите 6 ќе бидат избрани од тричлено жири, меѓу кои и Јован Јованов, и во текот на следниот месец ќе имаат проби за да настапат на концертот.Сите заинтересирани повеќе детали и формулар за пријава ќе најдат на линкот:https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfTEY2oytKpPAlQVD1bryEoChxLYSul0ad3_Jn9KaI0wKxXwQ/viewform?fbclid=PAb21jcARSwp9leHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZA81NjcwNjczNDMzNTI0MjcAAafq5q2vhzWXw9xr5T54QoFlsfZLTv680C3daBHpK-rAZ2Y_iQD-XubpziS4jA_aem_KxqFp8Y2v5dCZzFkJgqb2QОсвен аудициите, на крајот на април, Јован и Елвир ќе ги најават и гостите за големиот концерт - 8 познати имиња од земјава и регионот.Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ ќе биде вистинско освежување пред почетокот на летото, настан кој ќе ја разбуди носталгијата на неколку генерации.Картите се во продажба преку MK Tickets, на линкот https://mktickets.mk/event/jovan-jovanov-elvir-mekic-i-prijateli/ и веќе се распродаваат.И не заборавајте: спремете си бел оутфит, зашто темата на концертот и дрес кодот е - бело.

Магазин | пред 1 ден

media-libraryj256htg4tou65c8fGQd

Елвир Мекиќ и Маја Саздановска со изненадување за публиката - Хитот „Опасно“ по 18 години конечно доби спот

Цели 18 години откако беше промовирана, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја Саздановска, конечно доби свој официјален музички спот.Видеото беше промовирано вчера (08.02) на јутјуб каналот на Урбан рекордс и веднаш доби многу позитивни коментари.„Идејата за конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше на Иван Јованов - Iwayo, и со Маја веднаш се сложивме. Но бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испраќаат свои видеа како ја пеат ‘Опасно’,“ вели Елвир.Дополнително, во реализацијата на видеото се вклучија и познати македонски инфлуенсери како Дора, Нина Ред, Октај Сејди, како и мејкап артистот Даниел Николовски.„Опасно“, која пред 18 години се создаде по музика на Јован Јованов, а за која текстот го напиша Елвир, и денес звучи модерно и современо, докажувајќи дека добрата музика не познава време. Елвир ќе ја испее оваа песна и на големиот заеднички концерт со Јован Јованов, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 6 јуни 2026.

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања