Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЕВН

evn-rabotnici

Дел од Скопје денеска без електрична енергија

Од ЕВН Македонија информираат дека во нисконапонската мрежа се евидентирани помал број интервенции, кои биле отстранети во краток рок.За денеска (20.04.2026), најавени се и прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од Скопје и околината.Во периодот од 08:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Горно и Долно Соње, Говрлево, Виничиште, Чифлик и село Света Петка, во општина Сопиште.Од 10:30 до 13:30 часот прекин ќе има и за корисниците на улица „Рузвелтова“ број 11 и 13, во општина Карпош.

Македонија | пред 2 дена

struja-4

ЕВН најави петчасовен прекин на струја во Сопиште

Според известување од ЕВН Македонија АД, денес (сабота, 18.04.2026) без електрична енергија ќе останат корисниците во селата Јаболце, Нова Брезница, Елово, Црн Врв, Осинчани, Малчиште, Дражилово и Патишка Река, во Општина Сопиште.Прекинот во снабдувањето со струја е најавен во периодот од 09:00 до 14:00 часот.

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Прекини на струја во три општини: проверете дали сте на списокот

Дел од Скопје денеска ќе остане без електрична енергија поради планирани зафати, информира Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на податоци од ЕВН Македонија.Во општина Карпош, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците 1506 и 1550 во Момин Поток, како и објектите на фирмите „Електроводомонт“ и „Европа 92“.Во општина Сарај, од 09:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат селата Рашче, Копаница и Бојане, каптажата Рашче, како и дел од корисниците во Кондово.Во општина Центар, од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Рилски Конгрес“ (од број 2 до 8), како и дел од улицата „Ѓорѓи Скрижевски“, на потегот од крстосницата со „Христо Чернопеев“ до „Рилски Конгрес“.

Скопје | пред 5 дена

struja-1

Дел од Кисела Вода денеска без струја

Поради најавени технички зафати, денеска (16 април) без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од улицата 1519 во населбата Каменик, во општина Кисела Вода.

Скопје | пред 6 дена

evn-rabotnici

Дел од Кучково денеска без струја

Поради закажани технички зафати, дел од корисниците во скопско ќе останат без електрична енергија во текот на денешниот ден.Од ЕВН Македонија информираат дека на 15 април, во периодот од 09:00 до 16:00 часот, без струја ќе бидат дел од жителите на селото Кучково, во општина Ѓорче Петров.Од компанијата најавуваат дека прекинот е привремен и е во функција на подобрување на електродистрибутивната мрежа.

Скопје | пред 1 седмица

evn-rabotnici

Дел од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска (14 април) делови од Скопје ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции.Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Ловќенска“, „Леринска“ и „Илија Плавев“ во општина Карпош.Од 09:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат и селата Рашче, Копаница и Бојане во општина Сарај.ЕВН

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryh8miguvaro89bHOajL0

Делови од Скопје денес без струја

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, од ЕВН Македонија информираат дека на денеска, делови од Скопје ќе останат без електрична енергија.Без струја од 06:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата Ленинова, во близина на Амбасада на Кралството Холандија, како и делови од улиците Коле Неделковски и Киро Крстевски-Платник, во општина Центар.Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе остане дел од улица 95 во Волково, во општина Ѓорче Петров.Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски и да преземат соодветни мерки за време на прекините.

Македонија | пред 1 седмица

burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Без струја во повеќе делови од Скопје и околината – листа на засегнати локации

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денес (08.04.2026) без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и делови од Скопје.Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја се корисниците од село Блаце (општина Чучер Сандево), како и Катланово, Стари Лозја кај Фазанерија и Тотинци, како и село Бадар (општина Петровец).Од 08:30 до 15:30 часот прекин ќе има во село Кожле (општина Петровец).Во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 15:30 часот, без струја ќе остане дел од улицата „Ѓуро Салај“ и објектот на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.Во истиот термин, од 09:00 до 15:00 часот, прекин ќе има и во делови од улиците „Ловќенска“, „Илија Палев“ и „Леринска“ во општина Карпош.Во општина Аеродром, пак, од 10:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ (броеви 8, 10 и 12).Од ЕВН апелираат граѓаните да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.

Скопје | пред 2 седмици

struja-4

Делови од Скопје денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:-Во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата Кадино Село, општина Илинден;· Во периодот од 08:30 до 13:30 часот, дел од потрошувачи на улицата Призренска, Кучевишка Бара, општина Чучер Сандево и општина Бутел;· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците на улицата Џумајска, општина Карпош.

Скопје | пред 2 седмици

evn-ptici-struen1

Прекини на струја во делови од Бутел, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров.Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од објектите на Техномаркет, Старџим и Кам на булеварот „Босна и Херцеговина“, како и ВФВ Поликлиника.Од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Коце Металец“, односно куќите на потегот од улицата „Зеничка“ до улицата „Гемиџиска“.Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Ваташа“ во Драчево.Од 09:00 до 15:00 часот, прекин на електричната енергија ќе има и за дел од корисниците на улицата 101 во Волково.

Скопје | пред 3 седмици

media-library0ah8330nv4i79Jkev5M

(Видео) Хуман гест среде интервенција: Вработен во ЕВН спаси маче од електродистрибутивната мрежа

Николче, вработен во ЕВН кој работи во Корисничко-енергетскиот центар во Битола, спаси мачка заглавена во кабли под висок напон.Постапувајќи брзо, но со целосно почитување на сите безбедносни протоколи, Николче ја изврши интервенцијата без никаков ризик по сопствената безбедност и без опасност за околината.Ова наиде на позитивни критики за него.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9rgd4tjbgbnh4DzR37X

Тешка кражба на струја за копање криптовалути: ЕВН издаде сметка од 260.000 евра

Утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, по што на сторителот му е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари или околу 260.000 евра, соопшти ЕВН Дистрибуција.Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал од МВР да се спроведе пребарување и да се вклучи вешто лице, поради основи на сомневање за кражба на електрична енергија во деловен објект на улица Бутелска во Скопје.При тоа е констатирано дека противправно се користела електрична енергија преку неовластено приклучување на 3 нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција.– Деловен објект, поранешен млин, бил користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини – соопшти ЕВН Дистрибуција.Направен е Записник за неовластено користење, изготвени се наод и мислење од овластено вешто лице. Поднесена е пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од Кривичниот законик.

Скопје | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

ЕВН најави дневен прекин на електричната енергија во 16 населени места

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ќе има прекин на електричната енергија на следните локации:Во периодот од 08.00 до 16.00 часот без струја ќе останат дел од корисниците во:село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница, на подрачјето на општините Студеничани и Сопиште.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7abt8dm27vlkfkiNr6q

Орман денеска без струја од 09 до 13 часот

Денеска без електрична енергија ќе останат жителите на селото Орман, информира Регионалниот центар за управување со кризи, по добиено известување од ЕВН Македонија.Според најавата, прекинот ќе се изврши на 4 декември 2025 година (четврток), во периодот од 09:00 до 13:00 часот и ќе опфати дел од корисниците во селото Орман, општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 4 месеци

evn-ptici-struen1

Дел од Скопје денеска без струја – прекини во пет општини

Неколку скопски општини денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.Од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром.Од 08:30 до 12:30 часот прекин ќе има за дел од улицата „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба.Од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улицата „1“ во село Сопиште, општина Сопиште.Од 09:00 до 13:00 часот ќе има прекин на струја на дел од улицата „Димитар Мирсачев“ во Кисела Вода.Од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат објектите во околината на улицата „Леринска“ бр. 3 во Карпош.Од надлежните институции апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените прекини и да обезбедат алтернативни извори на напојување доколку е потребно.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Без струја делови од Кисела Вода, Центар, Шуто Оризари, Студеничани и Бардовци

Денеска од 08:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улиците Полог и Кочанска во Општина Кисела Вода, информира РЦУК – Скопје.Струја од 08:30 до 16:00 часот ќе немаат жителите во село Алдинци кон Солунска Глава, Општина Студеничани, од 09:00 до 14:00 часот корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада во Општина Шуто Оризари, од 09:00 до 14:00 објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди во Општина Центар, а од 09:30 до 13:00 часот корисниците на ул. 6 во с. Бардовци.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Делови од Скопје денес без струја

ЕВН Македонија АД информира дека денес без електрична енергија ќе бидат:– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)– во периодот од 8:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај. (општина Сарај)– во периодот од 08:30 до 16:00 часот, корисниците во подрачјата Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)– во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски лоцирани од раскрсницата со патека за Лисича кон Охис, ул. 1523, кон Драчево од бр. 77 до бр. 85, како и корисници лоцирани помеѓу објектите кај Циле Инженеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)– во периодот од 9:00 до 13:00 часот, корисници од ул. Питу Гули лоцирана во близина на српската амбасада. (општина Центар)– во периодот од 9:00 до 14:30 часот, дел од корисниците од ул. Пијанец. (општина Карпош)– ​​во периодот од 9:00 до 15:00 часот, корисници на блокот на зградата лоциран на потегот од Бул. Партизански одред бр. 17 Кон ул. Максим Горки. (општина Центар).

Македонија | пред 6 месеци

Pozarnikari-DZS

Опожарен трансформатор на ЕВН, пожарникарите реагирале навреме

Синоќа во штипското село Криви Дол се запалил трансформатор во сопственост на ЕВН Македонија. Пожарот избувнал околу 21:50 часот, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип, огнот бил изгаснат. Повредени лица нема.-На 07.09.2025 во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во с.Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија,. Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот, соопшти МВР.

Македонија | пред 7 месеци

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Струјата од Нова година поскапа - познато за колку

Од први јануари, нема да има ценовен шок за ценатс на струјата. Сметките во просек ќе бидат повисоки за околу 1 проццнт во зависност од тарифните блокови.Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, во вториот блок за 0, 90%, за корисниците во третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од четвртиот блок за 2,24 проценти.Според пресметките ако до сега едно семејство плаќсло 2.000 денари месечно за струја и е во првиот блок, од Нова година ќе плаќа 13,6 денари повеќе.На просечна сметка за струја од 2.300 денари, ќе има зголемување од околу 21 денар.Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, на прес-конференција информираше дека ЕВН Хоме на почетокот на месецот доставиле барање цената на струјата за домаќинствата да се зголеми за 4,4 проценти. Ова, рече е коригирано со цел да се заштити стандардот на граѓаните и да не се предизвика голем ценовен шок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Кран предизвикал испад на далекувод во Бутел, имало искри, па оддекнал звук: ЕВН санирале и пуштиле струја

Во Бутел настана прекин во снабдувањето со електрична енергија поради испад на далекувод 110кВ предизвикан од страна на кран, кој не е во сопственост на Електродистрибуција, ниту пак во моментот извршувал работни активности за компанијата.Според очевидци кои се обратија до „Скопје1“, трафостаницата се наоѓала на расрсница. Имало искри, па оддекнал звук налик на експлозија. Од ЕВН велат дека веднаш се било санирано.„Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го санираа дефектот во најбрзо време. Сите корисници во овој реон веќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија“, велат од ЕВН за „Скопје1“.

Скопје | пред 1 година

EVNzgrada

Од Нова година, струјата поскапа најмногу за 1 процент

Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски ги презентираше нивните пресметки, според кои цената на електричната енергија ќе се зголеми за најмногу 1% од почетокот на 2025 година.„Не очекувам просечната цена на домаќинствата да биде поголема од 1 процент. Во однос на оној дел што е најважен за домаќинствата и за малите потрошувачи, кај мрежарината, вклучувајќи ја цената на преносот и на дистрибуцијата има намалување за 7 проценти. Успеавме да ја намалиме мрежарината затоа што одредени компании имаат поголем профит од она што беше одредено. Позната е и цената по која ЕСМ ќе продава струја на ЕВН хоум”, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Македонија | пред 1 година

Bitola-3

Снегот ги остави делови од Битола без струја

ЕВН известува дека на подрачјето на општина Битола има прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации. Сите достапни екипи се на терен и веќе работат на санирање на дефектите. Издадени се налози за брзо решавање на проблемите, кои настанаа поради тежината на наврнатиот снег што натежнува врз електричните кабли и жици.Дополнително, од МВР СВР Битола информираат дека, во соработка со Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – подружница Битола, се работи на отстранување на паднато дрво на улицата „Студентска“. Работите се интензивирани со цел нормализирање на сообраќајот во најкраток можен рок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Зафати ќе остават без струја населени места

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа утре, без напојување со електрична енергија ќе остане дел од корисниците во Општина Сопиште, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН.Како што се наведува во соопштението, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од викендици во Говрлево, место викано Зунски Ораси и околината.

Македонија | пред 1 година

burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Надминат е дефектот: сите места во Ѓорче Петров добија струја

ЕВН го отклони дефектот кој остави дел од Ѓорче Петров без струја. Сите населени места сега имаат напон, а мрежата е повторно во функција.До проблемот дошло кај повеќе трафостаници. Дефектот беше посериозен, но е надминат.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-29-4030PM

Познати хотели и кафеани краделе струја, една пекарница украла колку што троши цело село, тврди „Код“

Околу 600 корисници, од кои повеќето се познати хотели, угостителски објекти лоцирани во центарот на Скопје, Дебар Маало и на улица „Македонија“, но и на Широк Сокак во Битола и ширум земјата, краделе струја преку манипулација на броило кое ја замрзнува потрошувачката, објави „Код“.Со овој вид на манипулација на броилата, тие не само што не евидентираат потрошувачка, туку и ја враќаат струјата назад. Кражбите ги евидентирал системот на ЕВН, кој веднаш реагира на отстапки во потрошувачката, по што екипите на компанијата прават контроли на терен. Во една пекарница утврдено е дека се украло струја во количество на просечна потрошувачка на едно село.Екипите на ЕВН во еден ден на само една локација извадиле десет броила кои покажале големи грешки и фреквенции многу повисоки од вообичаеното. Поради заканите што ги добиваат на терен, компанијата често праќа екипи од еден град во друг. На овие броила покрај другите мерки им биле издадени фактури по претпоставена вредност колку би потрошиле. За сите сторители на кражби на струја ЕВН поднел кривични пријави до Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека пријавите се примени и по нив се постапува. Кражбата на струја е кривично дело за кое е предвидена казна затвор од пет години, а доколку се работи за фирма, парична казна од 1500 до 15.000 евра. Годишно се евидентираат околу 350 случаи на кражби на струја, објави „Код“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања