Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЕВРОВИЗИЈА

Screenshot-2022-05-08-at-21.42.36

Андреа одново се се извини: Намерата не ми беше лоша

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, одново се извини на јавноста.„Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови. Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство. Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја претставувам нашата земја.Се извинувам уште еднаш од сѐ срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега, така и наредните денови“, напиша Коевска.

Македонија | пред 3 години

fgadfga

„Тоа е сувенир и не е баш знаме“, професор по право за потегот на Андреа

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, доктор Гордан Калајџиев, за настанот кој ја вознемири македонската јавност, а се однесува на синоќешниот инцидент кога евровизиската претставничка Андреа Коевска го фрли националното знаме на подот излезе со свој коментар.Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето. Тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме” и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината. Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку ,,многу на број, малку за бој!”, напиша професор Калајџиев на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-23.48.39

(ВИДЕО) На Андреа и се бесмислени реакциите, но се извини за фрлањето на македонското знаме

Андреа Коевка се извини за фрлањето на македонското знаме, но и е бесмислено зошто сите реагираат. Таа објасни зошто се решила на тој чекор. Нејзиното обраќање преку видео доаѓа откако МТВ кажа дека се разгледува можноста таа да биде вратена дома.„Ги видов написите во медиумите и не ми се верува дека се случува тоа. Во последните неколку дена, сѐ што правев е тоа што гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме. Но, во моментот кога ме фотографираа, побараа од мене да го немам македонското знаме. Делегацијата беше навистина подалеку од мене и јас одлучив да го фрлам знамето. Не беше од омраза затоа што јас сум горда што доаѓам од тука. Затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова. Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива. Немав намера да навредам некого, ако го направив тоа – се извинувам!“, рече Aндреа.

Магазин | пред 3 години

FSQgCRbXsAAKCex

„Држава ли е? Буниште ли е?“, „Девојчево со врски ли е пратено?“, ужасни реакции откако Андреа го фрли македонското знаме

Андреа Коевска, македонската претставничка на Евросонг го фрли македонското знаме по земја додека се фотографираше во Торино. Нејзиниот потег предизвика лавина реакции.https://twitter.com/cresha99/status/1523366861370368000https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1523367031214645250https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1523374047211315200https://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1523382137017159680https://twitter.com/igorhadzievski/status/1523385586081357825https://twitter.com/Mk55519/status/1523387625754660864https://twitter.com/dukoska_ana/status/1523352398995288065https://twitter.com/BiguzDikuz/status/1523363216088174592https://twitter.com/radevska_rita/status/1523377804536033280https://twitter.com/IwasStrange_/status/1523351405993414660https://twitter.com/visocina/status/1523363882814689280https://twitter.com/IskrenoDete/status/1523390323548102656 https://twitter.com/bejbiboy2/status/1523389676412805120https://twitter.com/ana_k34/status/1523386789276254208https://twitter.com/AuuuDzoniii/status/1523386032455966720https://twitter.com/rsena_a/status/1523385514773999616https://twitter.com/nadrobena/status/1523383465302843392https://twitter.com/BlackTaurus7/status/1523383006278602753https://twitter.com/BrlaBrla/status/1523381338828869632https://twitter.com/Viktor_Stevich/status/1523374859044016130  

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-21.42.36

По фрлањето на знамето: Јавниот сервис ја разгледува можноста за повлекување на Андреа од Евровизија

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.-Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал, стои во реакцијата на МРТ.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-21.17.55

(ВИДЕО) Евровизиската претставничка го фрли македонското знаме, се цени дека го прекрши и Законот

Андреа Коевска, македонската претставничка на Евросонг го фрли македонското знаме по земја додека се фотографираше во Торино. Нејзиниот потег предизвика лавина реакции. Се цени дека ова е непочит кон сопствената земја, а со оглед дека на платото не беше сама и можеше да го подаде на некој од придружниците.Дел од правниците ценат и дека ваквото постапување со македонското знаме претставува прекршување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата.Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-04-10-133654

(ВИДЕО) Констракта со нова кореографија на сцената во Тел Авив

Во преполната сала во Тел Авив одличен настап имаше претставничката на Србија, Констракта која на сцена беше сама без придружните вокали.По тој повод Констракта го промени костимот и настапи во црвен фустан кој воодушеви многумина, а во нејзината рака беа неизбежните бели пешкири.Сѐ уште не се знае дали ќе има ваков костим и сценски реквизити на големата сцена на Евровизија во Италија.

Магазин | пред 3 години

neverojatna-izvedba-vo-zhivo-prisutnite-so-pozitivni-kritiki-za-mokjnata-izvedba-na-andrea-vo-izrael-02

(ВИДЕО) Андреа со одлична изведба на „Circles“ на евровизискиот концерт во Израел

Македонската пејачка Андреа Коевска беше една од 24-те евровизиски претставници кои вчеравечер пееја на пред евровизискиот концерт Israel Calling во Тел Авив, Израел.Таа во преполната арена Менора Мистичим ја изведе песната Circles и доби само пофалби од фановите.Годинава Евровизија ќе се одржи од 10 до 14 мај во Торино. Андреа ќе настапи 11. по ред во втората полуфинална вечер, што ќе се одржи на 12 мај.

Магазин | пред 3 години

1646919842414

Андреа ќе пее во второто полуфинале на Евросонг

Андреа Коевска ќе пее 11 во второто полуфинале на Евросонг во Торино на 12 мај, соопшти ЕБУ. Европската дифузна унија денеска го објави редоследот на настапите во двете полуфинални вечери, што ќе се одржат на 10 и 12 мај, а кога 35 земји ќе се натпреваруваат за влез во финалето.Во второто полуфинале со Андреа ќе настапат и претставниците на уште седумнаесет земји и тоа: Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.Редоследот по кој финалистите ќе пеат на 14 мај ќе го одредат продуцентите откако ќе се знаат сите земји што ќе победат во двете полуфиналиња.

Магазин | пред 4 години

277160468_10224659255501999_8370975908272089558_n

(ВИДЕО) Андреа ги откри придружните вокали за Евросонг

Рената Кралевска и Ана Петан ќе ги пеат придружните вокали на Андреа Коевска на Евросонг во Торино. Андреа објави видео на кое трите девојки ја пеат песната Еуфорија од Лорин и се пофали дека го има тимот од соништата.„Со гордост ви ги претставувам моите прекрасни придружни вокали Ана и Рената. Почувствувајте ја нашата енергија и хемија, зашто токму тоа ќе го донесеме во Торино. Едвај чекаме да дојде Евровизија. Уживајте во овој мал дел од ‘Еуфорија’“, напиша Андреа.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања