Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ФИЦО

media-library7k2l68qh265k6j6nMSU

Маѓар со тешки обвинувања: Орбан наводно му помагал на Фицо со мигранти

Изјавите на идниот унгарски премиер Петер Маѓар за нелегалната миграција предизвикаа силни реакции во Словачка, откако тој изнесе обвинувања на сметка на поранешниот премиер Виктор Орбан и словачкиот лидер Роберт Фицо.На прес-конференција по изборите, Маѓар изјави дека, за разлика од Орбан, новата унгарска влада нема да ослободува осудени криумчари на мигранти ниту да ги пренасочува мигрантите кон словачката граница за политички цели. Со ова, тој алудираше дека Орбан наводно му помогнал на Фицо за време на изборната кампања во 2023 година.Овие тврдења се надоврзуваат на настаните од тој период, кога Словачка бележеше ненадеен пораст на мигранти кои пристигнувале преку Унгарија, иако претходно не била дел од главните миграциски рути. По изборите, притисокот на границата нагло се намалил, што дополнително ги поттикна сомнежите кај дел од јавноста.Словачката опозиција остро реагираше, обвинувајќи го Фицо дека евентуално манипулирал со миграциската криза за политичка корист. Лидерот на партијата Демократи, Јарослав Наѓ, оцени дека доколку овие тврдења се покажат како точни, станува збор за сериозна злоупотреба на безбедносните прашања.Во меѓувреме, дел од опозициските партии побараа парламентарна истрага, додека други веќе поднеле кривични пријави. Поранешниот министер за внатрешни работи Роман Микулец изјави дека можно е кризата да била дел од политичка стратегија.Засега нема јавни докази што ги потврдуваат овие обвинувања, а Роберт Фицо не се огласи. Неговите сојузници ги отфрлија наводите како неосновани и апсурдни.

Свет | пред 5 дена

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Зеленски лаже, имаме докази дека „Дружба“ не е оштетена

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека располага со тајни сателитски снимки кои докажуваат дека нафтопроводот Дружба, по кој порано се пренесувала руска нафта, не е оштетен.Фицо директно го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека лаже за состојбата на нафтопроводот, пренесува Kyiv Independent.Освен еден мал резервоар за складирање, главната траса на нафтопроводот Дружба не е оштетена. Значи, претседателот Зеленски очигледно лаже“, изјави Фицо за словачкиот портал Aktuality. „Веројатно мислеше дека на тој начин може да ги уценува Словачка и Унгарија, иако не ми е јасно што сака да постигне.Словачкиот премиер не можеше да ги достави снимките до медиумите, тврдејќи дека фотографиите се класифицирани и не можат да се споделат. Нафтопроводот, кој минува низ Украина, престана со работа во јануари откако Киев соопшти дека е оштетен при руски напад на западот на земјата. Фицо и на крајот на февруари тврдел дека словачката разузнавачка служба „потврдува дека нафтопроводот не е оштетен и дека ништо не го спречува транзитот на нафта“.Во одговор на обвинувањата, советникот на Зеленски, Дмитро Литвин, изјави дека Украина го повикала Фицо за овие „сериозни прашања“ да разговараат лично, наместо да комуницираат преку социјални мрежи.Словачка најави прекин на итните испораки на електрична енергија кон Украина како одговор на запрените испораки на нафта, што предизвика критики од Киев. Унгарија и Словачка исто така го запреле извозот на дизел во Украина.Украина купува електрична енергија, не ја добива бесплатно. Владата на Фицо со тоа само ќе им ја скрати заработката на словачките компании, а Украина ќе ја набави струјата од други извори“, изјави за Kyiv Independent портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георхиј Тихи.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2024-10-07-122315

Ладен туш за Украина: словачкиот премиер нема да го поддржи нивниот влез во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека ќе го блокира влезот на Украина во НАТО се додека тој е на чело на владата.Потсетуваме дека НАТО сака да ја прими Украина по завршувањето на војната со Русија за да спречи понатамошна агресија од Москва.Сепак, Фицо нагласи дека неговиот став ќе претставува сериозна политичка пречка.– Се додека сум премиер на Словачка, ќе им наложувам на пратениците на мојата партија никогаш да не го поддржат влезот на Украина во НАТО – изјави Фицо во програмата „Пет минути до дванаесет“.Изјавата на словачкиот премиер е во спротивност со изјавата на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, кој рече дека „Украина е поблиску до НАТО од кога било и ќе продолжи на патот кон членство“.Според основачкиот договор на НАТО од 1949 година, одлуките за проширување се носат едногласно, што значи дека Фицо може да го блокира членството на Украина барем до крајот на неговиот мандат во 2027 година.И други земји блиски до Русија во НАТО би можеле да го забават процесот.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања