Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФИЛМОВИ

media-librarydncfapubutfj8iXSya0

(Видео) Пристигнуваат најочекуваните филмови: Април носи хитови од сите жанрови

Април носи исклучително разновиден филмски репертоар, па публиката во кината ќе може да избира меѓу продолженија на култни хитови, драми, хорори и големи биографски приказни.Меѓу насловите кои веќе привлекоа големо внимание, а чии премиери се очекуваат токму во април, се издвојуваат неколку филмови.Ѓаволот носи Прада 2По речиси две децении, повторно се враќаме во светот на високата мода и немилосрдната медиумска индустрија. Продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“ ја следи Миранда Пристли, која се соочува со предизвиците на современото дигитално време и падот на традиционалните магазини, обидувајќи се да го задржи своето влијание и репутација.Во исто време, повторно се вкрстуваат патиштата на старите познаници, што отвора простор за нови конфликти и неочекувани сојузи.Улогите повторно ги толкуваат Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи, додека режијата е на Дејвид Франкел.ДрамаОвој филм носи необична комбинација на романса и црн хумор. Приказната се фокусира на млад пар пред венчавка, чиј однос почнува да се распаѓа кога на површина излегуваат тајни кои долго време биле криени. Како што вистината се открива, границата меѓу љубовта и манипулацијата станува сè потенка.Главните улоги ги толкуваат Зендаја и Роберт Патинсон, додека режијата е на Кристофер Боргли.МумијаНовата верзија на познатата приказна за мумијата овојпат носи значително помрачен и пострашен пристап. Наместо авантура, фокусот е ставен на чист хорор — семејство кое ја пронаоѓа исчезнатата ќерка наскоро сфаќа дека со неа се вратило древно зло што им се заканува на сите околу нив.Во филмот играат Џек Рејнор, Лаја Коста и Меј Каламав, а режисер е Ли Кронин, познат по модерните хорор остварувања.МајклЕден од најочекуваните филмови годинава ја носи приказната за животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон. Филмот го следи неговиот подем од детството во групата „Jackson 5“ до светската слава, но и предизвиците и контроверзите што го одбележаа неговиот живот.Главната улога ја толкува Џафар Џексон, додека режијата е на Антоан Фукуа. Филмот ветува поинтимен поглед кон уметникот чиј влијание врз музиката и поп-културата е немерливо.Тоскана, ти и јасЗа љубителите на романтиката пристигнува приказна сместена во прекрасните пејсажи на Италија. Филмот го следи животот на млада жена која заминува во Тоскана за да започне нов живот, но таму ја наоѓа љубовта што ѝ ги менува плановите и ја тера да ги преиспита своите одлуки.Во главните улоги се Хејли Стeинфилд и ѕвездата од „Бриџертон“, Реџе-Жан Пејџ, а филмот нуди спој на романтика, личен развој и медитеранска атмосфера.

Магазин | пред 4 дена

media-libraryua23oj6u4uqmetWbIOZ

Заборавениот хит на Дензел Вашингтон повторно освојува на Netflix

Дензел Вашингтон моментално слави новата соработка со Спајк Ли, со кого го сними криминалистичкиот трилер „Highest 2 Lowest“. Филмот веднаш по премиерата стана голем хит на Apple TV+, а обожавателите речиси две децении чекаа двојката повторно да се обедини.Сепак, додека соработката со Ли е ретка, Вашингтон низ годините разви силно партнерство со режисерот Тони Скот. Нивниот најпознат заеднички проект, акцискиот филм „Man on Fire“, неодамна пристигна на Netflix и веднаш го освои врвот на листите на гледаност ширум светот.Според податоците на FlixPatrol, филмот на 26 септември беше трет најгледан наслов на Netflix глобално, веднаш зад „She Said Maybe“ и „KPop Demon Hunters“. Така го престигна новиот романтичен филм „The Wrong Paris“ и фантастичниот наслов „Seventh Son“ со Џеф Бриџис.Интересно е што „Man on Fire“ при премиерата во 2004 година доби поделени критики. Особено се памети по визуелниот стил на покојниот режисер Скот, кој ја популаризираше употребата на сепија филтер во сцените сместени во Мексико. Критичарите му дадоа скромни 39% на Rotten Tomatoes, но публиката со текот на годините му додели импресивни 89%, и филмот постепено стекна статус на култен наслов.Многуми сметаат дека токму овој филм ја отвори патеката кон трилогијата („Equalizer“), една од најуспешните акциски франшизи во кариерата на Вашингтон. Во третото продолжение повторно глумеше со Дакота Фенинг, која како девојче имаше клучна улога во „Man on Fire“. Трите филма од трилогијата заедно заработија повеќе од 500 милиони долари, додека „Man on Fire“ на светските економија оствари околу 130 милиони долари.Вашингтон и Скот снимија заедно уште неколку успешни филмови, меѓу кои „The Taking of Pelham 123“ и „Unstoppable“, и двата со многу добри резултати . Нивната соработка започна уште во деведесеттите со филмот „Crimson Tide“, кој исто така беше голем успех.Филмот „Man on Fire“ сега е достапен на Netflix и, според реакциите на публиката, повторно освојува нова генерација гледачи.

Магазин | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-30-at-11.12.34

Дензел Вашингтон со изненадувачко признание: „Не гледам филмови“

Холивудската ѕвезда Дензел Вашингтон, еден од најценетите актери на својата генерација, неодамна ги изненади своите обожаватели со неочекувано признание. Иако има речиси половина век успешна кариера зад себе, тој откри дека воопшто не гледа филмови.Вашингтон ја започна својата филмска кариера во 1981 година со остварувањето „Црниот син“, а потоа следуваа бројни легендарни улоги во хитови како „Слава“, „Малколм Икс“, „Филаделфија“, „Гримизна плима“, „Собирачот на коски“, „Сеќавање на Титаните“, „Ден за обука“, „Американски гангстер“, „Праведникот“, па сè до „Гладијатор 2“.Сепак, и покрај богатата филмографија, тој за списанието GQ изјави: „Не гледам филмови, човече. Навистина не гледам. Не одам во кино. Не гледам филмови… доста ми е филмови. Да“.На прашањето колку филмови има снимено досега, Вашингтон се насмевнал и одговорил: „Превише. Мислам околу 50“.Со ова признание, оскаровецот уште еднаш покажа дека и покрај славата и огромниот успех, останува автентичен и искрен, дури и кога неговите зборови изненадуваат милиони фанови ширум светот.

Магазин | пред 7 месеци

netflix

(ВИДЕО) Листа на десетте најгледани филмови на Нетфликс

Филмовите со Рајан Рејнолдс, Сандра Булок и Леонардо ди Каприо имаат најголем успех на Нетфликс, со милиони корисници ширум светот.По неодамнешните пофалби што ги доби стриминг сервисот за поновите изданија, како „Hustle“ на чело со Адам Сендлер и наградуваниот филм „Моќта на кучето“, следи листата на десетте најгледани оригинални филмови на Нетфликс досега.Од „Bird Box“ на Сандра Булок до „The Kissing Booth 2“ на Џои Кинг, овие филмови публиката ги гледаше најмногу часови врз основа на првите 28 дена од прикажувањето.10. „Spenser Confidential“ - 197.320.000 часа9. „6 Underground“ – 205.470.000 часа8. „The Kissing Booth 2“ - 209.250.000 часа7. "The Irishman" – 214.570.000 часа6. "The Unforgivable" – 214.700.000 часа5. "5. Extraction" – 231.340.000 часа4. "The Adam Project" - 233.160.000 часа3. "Bird Box" - 282.020.000 часа2. "Don't Look Up" - 359.790.000 часа1. "Red Notice" – 364.020.000 часа

Магазин | пред 3 години

ddcsfvdgbzx

Дизни нема да ги дистрибуира филмовите во Русија

Дизни целосно ќе престане да ги дистрибуира своите филмови во руските кина од 7 април, пренесува РИА Новости.На почетокот на овој месец компанијата објави дека ја прекинува работата во Русија поради ситуацијата со Украина и дека одлуката ќе влијае на објавувањето и производството на нов материјал, лиценцирањето и работата на списанието „Национална географија“.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања