Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФИНАНСИИ

480604994_1178362884296679_3547417140927990935_n

Министерката за финансии: Ако постои 'картелско' здружување на маркетите, цените ќе беа тука некаде, не е така!

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави дека Владата водела долга дискусија за цените на производите и заклучила дека се потребни долгорочни решенија, а не краткорочни мерки како замрзнување на цените.„Ако постои 'картелско' здружување на маркетите, цените ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така. Секој има можност и опција да пазари каде сака“, рече денеска министерката Димитриеска-Кочоска.Таа нагласи дека одлуките се носат врз основа на податоците од Државниот завод за статистика и повика на поширок пристап при анализите. Според неа, базичната инфлација е ниска, а најголем придонес за растот на цените имаат угостителските услуги.Претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, истакна дека ограничувањата во цените можат да имаат негативни последици и дека е потребно да се поттикне домашното производство и конкуренцијата за да се стабилизира пазарот.

Македонија | пред 1 година

26121

Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за процена на проектите над 2 милиона евра

Сите јавни инвестиции над 120 милиони денари или 2 милиони евра ќе поминуваат филтер во Министерството за финансии и ќе бидат одобрувани од Владата со цел да се надмине состојбата на појавување проблеми во подоцнежната реализација. Ова е предвидено со измени во Законот за буџети, а со цел да се креираат проекти кои ќе можат да се реализираат.Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Тв 21 во кое истакна дека има многу наследени проекти од претходната Влада кои сега се прекинуваат поради објективни проблеми.„За жал многу од проектите што ги наследивме и за кои очекувамве дека ќе има реализација ги прекинуваме во овој период поради објективни проблеми. Како на пример се раскинув договор заради откриена фалсификувана банкарска гаранција“, рече министерката и додаде дека кај одредени проекти има и забрзана динамика.Очекува годината да се заврши со реализација на околу 550 милиони евра капитални инвестиции. Тоа е околу 70% од планираното. Но важно е дека станува збор за реализација на реални капитални инвестиции.„Во 2021 година капитални расходи се реализирани во износ од 400 милиони евра, во 2022 во износ од 450 милиони евра, во 2023 година 700 милиони евра. Но во овие средства се и трансферите кон ЕСМ од кои потоа беа исплаќани плати, како и авансни плаќања за одредени проекти. Оваа година ќе завршиме со капитални расходи околу 550 милиони евра но тоа се реални капитални расходи“, истакна министерката.Во однос на реализацијата на Буџетот рече дека се одвива согласно планираното. „Приходите од ДДВ ќе бидат над планот, од Данокот на личен доход согласно планот, кај Данокот на добивка ќе има реализација 98-99%. Придонесите ќе имаат 100% реализација.Буџетскиот дефицит ќе биде понизок“, потеницира Димитриеска-кочоска.Информираше дека нема да има проемни во даночната политика и дека единствената промена е усогласувањето со минималниот корпоративен данок.Според министерката треба да се работи на подобрување на целокупниот животен стандар на граѓаните, кое што не опфаќа само раст на плати и пензии, туку вклучува и подобри услови во образованието, здравствениот сектор, инфрастурктура и слично.„Платите во јавниот сектор ќе се усогласат согласно законските прописи и за тоа се предвидени средства. А во контекст на склучувањата колективни договори, рече дека се одобрени онаму каде што буџетските корисници предвиделе средства за раст на платите во рамки на одобрените лимити “, појасни министерката.Во гостувањето се осврна и на користењето на средствата од заемот од Унгарија кој е наменет за општините и приватниот сектор. При тоа посочи дека Владата на крајот на новиеми има донесено одлука за условите за користење на средствата во приватниот сектор и дека во моментов се чека Развојната банка да го финализира производот согласно кој ќе се пласираат средстват од деловните банки кон крајните корисници.За средствата наменети за општините, рече дека процесот се одвива како што беше планиран и дека веќе се вршат исплати по одредени проекти кај кои има реализација.

Македонија | пред 1 година

ministerstvo-za-finansii

Обвинители влегле во Министерството за финансии

Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, кажа дека обвинтиели влегле во Министерството за финансии да проверува каде е дупката од милиони евра.„Кажа премиерот дека има дупка од 10 милиони евра. Јас како државен јавен обвинител во координација, ангажиравме двајца обвинители и истражители и отидоа во Министерството за финансии. Тој допрен глас, каде е дупката, јавното обвинителство не знае. Како треба да постапки, да ги земе сите компјутери, да ги земе сите материјали. И тогаш државата не може да функционира“, рече Коцевски.

Македонија | пред 1 година

28111

Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци

Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на ОЕЦД во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.Таа рече дека во спроведувањето на процесот на имплементација на стандардите за автоматска размена имаме поддршка од ОЕЦД, која дава огромни можности на земјите кои се подготвени да ги споделат информациите што се насочени кон борбата со даночното затајување. Притоа, потенцира дека е најважна имплементацијата на законите што се носат.„Земјата веќе добива техничка поддршка од ОЕЦД и верувам дека во наредниот период ќе изградиме даночна администрација која ќе продуцира добри, квалитетни и коректни податоци, имајќи предвид дека во моментот има осум посебни системи од кои се добиваат информациите“, рече министерката, која потенцира дека забрзано ќе се работи и на дигитализација на процесите, што е приоритет на Владата, а тоа е поткрепено и со формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација.Министерката истакна дека едно од прашањата во имплементацијата на овој процес е затворено, а тоа се однесува на банкарскиот сектор, кој е стабилен и силен, и дека со затворањето и на второто прашање, во однос на даночната администрација, може да се очекува во 2027 година веќе да бидеме на листата на земји кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци.Стандардите за автоматска размена на информации (AEOI) се клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи. Глобалниот форум има значајна улога во развојот на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите од страна на сите земји членки на Глобалниот форум, кои се над 170.

Македонија | пред 1 година

27111

Димитриеска-Кочоска: Даночното затајување е предизвик на сите земји, клучно во борбата е соработката и размената на податоци

Даночното затајување е предизвик присутен во сите земји, како во неразвиените, така и во развиените, затоа соработката помеѓу земјите и размената на инфорамции е клучна во борбата со овој феномен, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.„Даночното затајување е насекаде присутно, дури и во развиените земји, затоа поддршката е потребна на сите, не само на земјите како мојата. Кога се зборува за даночно затајување не е важно само законодавството што ќе се усвои, туку многу поважна е волјата на Владата да успее во борбата со него„, рече министерката.Наведуваќи дека Македонија е членка на ОЕЦД од 2011 година и дека тоа што се уште има висок процент на економска даночна евазија, корупција, сива економија, криминал, значи дека се прави нешто погрешно.„Овие пет месеци по преземаање на функцијата ги искористив да ги анализирам работите и забележав дека се започнува со политичката волја и даночната администрација. Како пример во 2022 година до нашата даночна администрација имало 24 барања за размена на податоци, а од наша страна само 5. Тоа го покажува интересот на нашата администрација за ова прашање. Затоа приоритет на новата Влада е да се бори со корупцијата и криминалот што претставуа еднинствениот начин како да ги зголемиме приходите во нашиот буџет. Имаме рамни и многу ниски даночни стапки и огромна сива економија и врз основа на тоа одлучивме дека е време да се работи на намалување на сивата економија. Во таа насока, а со цел ефикасно собирање на приходите потребно е да разменуваме инфромации и користење на сите капацитети што ни се на располагање“, истакна министерката и додаде дека даночната и царинската администрација се фокусирани на собирање на приходите и борбата со даночното затајување.Министерката посочи дека размената на информации е многу важна и дека таа треба да се одвива автоматски, а не по барање, особено имајќи го предвид воведувањето на глобалниот минимален данок.Министерката учествуваше на панел-дискусија посветена на напредокот на имплементација на стандардите за автоматска размена на информации.

Македонија | пред 1 година

dimitrieska-kocoska

Димитриеска-Кочоска на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели при ОЕЦД

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествува на Пленарен состанок на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува од денеска до 29 ноември во Парагвај, а кој е посветен на глобалната имплементација на меѓународните стандарди за даночна транспарентност и напредок на земјите, како и на предизвиците со кои се соочуваат земјите при имплементација на стандардите. Министерката учествува на Форумот во придружба на државниот секретар во МФ Андриана Матлиоска.Министерката Димитриеска-Кочоска на панел-дискусија ќе се осврне на приоритетите, искуството и предизвиците во имплементација на Стандардот за автоматска размена на информации (AEOI) којшто е клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи.На состанокот, Секретаријатот на Глобалниот форум ќе ја претстави поддршката што е дадена на членовите во процесот на имплементација на стандардите. Глобалниот форум го сочинуват над 170 јурисдикции, кои ги вклучуваат земјите од групата Г-20, финансиските центри, а повеќето од членките се земји во развој. Сите членки работат заедно, на исто рамниште, во борбата против офшор даночна евазија.Најважна задача на Глобалниот форум е развој на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите за транспарентност и размена на информации од страна на сите членки, особено земјите во развој.Имено, РС Македонија е во процес на имплементација на стандардите за автоматска размена на информации. Стандардот AEOI се однесува на годишна размена на информации за финансиските сметки на нерезиденти во однапред дефиниран формат, а тие разменети информациивклучуваат детали за финансиската сметка (на пример, финансиската институција што ја одржува, бројот на сметката и состојбата на сметката) и детали за сопственикот на сметката (на пр., неговото име, адресата, датумот на раѓање и идентификацискиот број на даночниот обврзник).Спроведувањето на Стандардот AEOI бара јурисдикциите да ги прибираат информациите од нивните финансиски институции секоја година и автоматски да ги разменуваат со јурисдикциите каде што имателот на сметката е даночен резидент. За успешна размена на информациите потребна е и законодавно-правна и административна инфраструктура.Во фаза на подготовка е Предлог-закон за административна соработка, со кој, меѓу другото, ќе се пропишат одредби за автоматска размена на информации за финансиски сметки и за автоматска размена на информации за извештаи по земја. Со Законот ќе се утврди конкретна правна рамка којашто ќе придонесе кон зајакнување на соработката меѓу даночните администрации, a оттаму и борба против прекуграничната даночна евазија и даночното затајување, зголемување на наплатата на даноците, како и зајакната борба против корупцијата и перењето пари.РС Македонија е членка на Глобалниот форум за транспареност и размена на информации за даночни цели при ОЕЦД од јануари 2011 година.

Македонија | пред 1 година

12111

Димитриеска-Кочоска: Во буџетот имаме суфицит и помало задолжуање на домашниот пазар од планираното, крајот на годината може да го завршиме со понизок дефицит

Средствата од унарскиот заем во моментот се се уште на сметката и не се користат. На буџетската сметка имаме суфицит, а тоа резултира да имаме помало задолжување на домашниот пазар од планираното. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во гостување во 360 Степени.„Средствата од унгарскиот заем се се уште на сметката и во овој момент нема потреба од нивно користење. Имаме буџетски суфицит на сметката, а тоа остава и простор за помало задолжувањето на домашниот пазар од планираното. Очекувам дека ќе почне реализацијата на проектите и дека до крајот на декември ќе се користат и средствата од заемот, а она што нема да се искористи ќе значи дека буџетскиот дефицит ќе се реализира во помал износ и ќе се пренесе поголемо салдо на буџетската сметка за наредната година. Имено со ребалансот е предвидено да се пренесе салдо од 502 милиони евра“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.Таа потврди дека во недела ќе се одржи нов состанок со деловните банки преку Македонската банкарска асоцијација на којшто се очекува конечно дефинирање на условите под коишто ќе бидат понудени средствата на компаниите како крајни корисници.„Средбите се одржуваат во континуитет преку Македонската банкарска асоцијација. Нова средба ќе имаме во недела, којашто веќе е договорена и на неа ќе присуствува и премиерот и очекуваме конечно да ги дефинираме условите. Зборуваме за каматна стапка од 3,25%, односно тука нема да има промена. Тоа е таа каматна стапка по која е земен кредитот од унгарската Експорт-импорт банка. Имавме дискусија во однос на прашањето и за што не се согласија банките, а тоа е да учествуваат на некој начин во субвенционирањето на каматите и да покажат општествена одговорност и да се сподели таа општесвена одговорност. Имено ние на правиме нешто поразлично од претходно, бидејќи од 2011 година наваму се повлечени 650 милиони евра од различни кредитни линии средства за кои државата ја субвенционирала каматата“, рече министерката за финансии.Таа додаде дека една од банките изразила интерес дека може да учествува во субвенционирањето на каматата, како и во однос на условите за рокот на отплата и во таа насока е состанокот во недела да се дојде до конечните услови.„Нашата цел е сите банки да учествуваат, иако во пракса може да се пласираат средствата и преку една банка. Но, целта е да работиме со сите банки, а на таков начин и потапката за клиентите да биде поедноставна, односно да го земат кредитот од банката со која работат“, рече министерката.Укажа на моментот дека се работи на процесот за пласирање на средствата и дека се чекало да заврши постапката на префрлање на средствата на буџетската сметка, а оттука и начинот на кој ќе се префрлат до Развојната банка, од каде понатаму треба да бидат трансферирани до деловните банки и крајните корисници.Во итервјуто се осврна и на средствата од унгарскиот заем наменети за општинските проекти. При тоа посочи дека се обезбедени 250 милиони евра за општинските проекти и дека очекува нивна реализација со оглед на тоа што целта била да се поддржат проекти коишто се готови и кај кои реализацијата на терен брзо може да се одвива.За следната година посочи на очекувањата за реализација на предвидените капитални проекти како патните правци од Коридорите 8 и 10д, за кои се одвоени 12 милијарди денари, потоа реализацијата на општинските проекти, како и проекти кои се финансираат од меѓународни финансиски институции а кај кои имало застој. Посочи дека нема да има трансфери кон ЕСМ и дека нема да има проблеми со снабдувањето со електрична енергија и дека со Прдлог-буџетот за 2025 година се обезбедени средства за раст на платите во обрзованието, здравството, како и во администрацијата согласно потпишани колективни договори.

Македонија | пред 1 година

EPP1

Димитриеска Кочоска на средба со Волерс: Македонија закрепнува и се работи на подобрување на финансиската состојба и економска трансформација

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска оствари средба со секретарот за меѓународна соработка на ЕПП, Патрик Волерс.ЕПП е движечка сила во ЕУ и од нашето семејство доаѓаат голем број на партии кои се власт во ЕУ и Европа во целост.На средбата е разговарано за приоритетите на новата влада наметнати од моменталната финансиска и економска состојба на државата.Од страна на потпретседателката е акцентирано дека државата закрепнува и се работи за економска трансформација.Воедно договорено е дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со интензивна комуникација со ЕПП во насока на градење на капацитети и општ развој.

Македонија | пред 1 година

dimitrieska-kocoska

Mинистерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 8 ноември ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“, на која ќе стане збор за состојбите во Европската Унија и за политиките за надминување на актуелните и идните предизвици.Проширувањето на ЕУ е тема на панел-дискусијата во која министерката Димитриеска-Кочоска ќе се осврне на реформите што ѝ претстојат на земјата на патот за полноправно членство во ЕУ, а кои се содржани во неодамна усвоената Реформска агенда, при што ќе ја нагласи цврстата определба на Владата за нејзино спроведување.Конференцијата е дел од активностите на организацијата „Пријатели на Европа“, преку кои се поттикнува дебата помеѓу засегнатите страни – креаторите на политики, бизнис-заедницата, граѓанското општество, а со цел креирање политики и процеси кои ќе создадат поинклузивна, одржлива и напредна Европа.Во Брисел, министерката за финансии ќе оствари средби и со високи претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а ќе се состане и со претставници од Европската народна парија (ЕПП).

Македонија | пред 1 година

IMG_5070

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2025 развоен, фокусот е на инвестициите, капитални расходи на ниво над 44 милијарди денари

Буџетот за 2025 година ќе биде развоен, но нема да биде занемарена и социјалната компоненета. Капиталните расходи ќе бидат проектирани на ниво над 44 милијарди денари, а проекциите за буџетски дефицит и раст на БДП се поставени со Фискалната стратегија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ.„Станува збор за развоен буџет, затоа што иднината на држвата е во таа насока, односно со поголем развој ќе има подобар живот за сите. Социјалата не може да се исклучи комплетно. Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намлите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади“, рече министерката.Таа додаде дека дел од проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа прзентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4% буџетски дефицит и 3,7% проценти раст на БДП.„Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари , што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка“, истакна минитерката и додаде дека се очекува поголема активност кај проектите од Коридорите 8 и 10д, коишто ќе се реализираат во подолг период од првично планираното за 4 години, што, како што рече, било поздравено и од страна на ММФ.Посочи дека раст на платите ќе има во образованието и здравството, а во однос на минималната плата наведе дека таа треба да биде врзана со продуктивноста.Во однос на јавниот долг посочи дека тој на крајот на годината ќе биде најверојатно на ниво од 64%, но дека тоа ќе зависи од реализацијата на крајот на годината, односно обврските кои ќе бидат доставени за исплата.

Македонија | пред 1 година

IMG_8392-MMF

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

Подобрување и одржување на макроекономската стабилност, поддршка на економската активност и забрзување на економскиот раст се главни цели на фискалната политика која ќе ја води новата Влада. Процесот на стабилизирање веќе е започнат со усвоениот Ребаланс на Буџетот за 2024 година и ќе продолжи со дисциплинирано буџетско трошење, постепена фискална консолидација, намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со истовремено згоелмена ефикасност во наплатата на приходите. Ова беше констатирано на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со Жероен Клик, којшто ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај, којштo треба да ја преземе функцијата алтернативен извршен директор.„По преземање на власта во текот на јули подготвивме ребаланс на Буџетот за 2024 година со цел да обзбедиме стабилизирање на јавните финансии и отплата на обврските кои беа пропишани со закони и доспеаните обврски. Фискалната консолидација е процес кој е веќе се практикува и во Ребалансот преку кратење на непродуктивните трошења. Тој процес со дисциплинирано буџетско трошење ќе продолжи и во наредниот период што ќе се одрази на намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг. Од друга страна ќе се подобрува приходната страна на буџетот со зголемување на ефикасноста во наплатата особено во делот на неформалната економија“, рече министерката за финансии.Таа посочи дека на ваков начин постепено ќе се постигнат фискалните правила за нивото на буџетскиот дефицит до 3% од БДП и јавен долг до 60% од БДП. „Усвоена е Фискалната стратегија и исцртана е траекторијата по која ќе се движи буџетскиот дефицит, како и Стратегијата за управување со јавен долг со кој, исто така, се обезбедува остварување на напорите на Министерството за финансии за прудентно управување со јавниот долг и достигнување ниво под 60% до 2029 година. Во тие рамки веќе во завршна фаза е буџетот за 2025 година со кој се очекува намалување на буџетскиот дефицит во споредба со ребалансот од оваа година и ќе биде на ниво не повеќе од 4% од БДП“, истакна Димитриеска-Кочоска.Таа напомена дека покрај фискалната консолидација силен фокус е ставен од страна на Владата и на заживување на економијата и дека во таа насока ќе се имплементира сосема нов концепт кој се заснова на инвестиции. Тоа ќе биде поддржано преку инвестиции во инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии што ќе значи одржување високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспарентноста и отчетноста. Дополнително, како што рече, економската активност ќе се поддржи и преку реализација на еден нов инвестициски циклус од над 500 милиони евра од страна на приватниот сектор.Исто така, посочи важна улога ќе има и даночната реформа којашто се заснова на зајакнување на наплатата на приходите пред се преку намалување на неформалната економија, што покрај поголема ефикасност во прибирање на приходите, ќе создаде и рамноправни услови за работа на компаниите и нивна поголема конкурентност.На средбата беше истакнато дека во рализација на планираните реформи значајна улога ќе одигра примената на новиот Закон за буџети, подзаконските акти на кои се работи во моменот, а кои се со цел имплементација на најдобри практики во планирањето и извршувањето на буџетот. Исто така, се очекува позитивно влијание и од дигитализација на процесите.Реформите коишто се планирани ќе добијат поддршка и од најавениот План за раст на Западен Балкан на ЕУ за што до крајот на годината се очекува првата транша во износ од 7% од вкупната сума која е околу 750 милиони евра. Во изминатиот период исто така беа преземени одредени реформски активности кои беа имплементирани во согласно со Линијата за ликвидност и петпазливост на ММФ - ПЛЛ, а кои беа во насока на одржување здрави макроекономски политики.Во Вашингтон министерката Димитриеска-Кочоска, заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска ќе оствари средби и со високи претставници на Светска банка. Инаку министерката и гувернерката во Вашингтон учествуваат на редовните Годишни средби на ММФ и СБ кои се одржуваат од 21 до 26 октомври 2024 година.

Македонија | пред 1 година

24104

Димитриеска-Кочоска на средба со новиот заменик-помошник секретар за ЗБ во Стејт Департментот, Касанов – Приоритет е справувањето со корупцијата и криминалот, се зајакнуваат капацитетите на институции...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на работната посета на САД во Вашингтон, оствари средба со Александар Касанов, нов заменик-помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот. Тој доаѓа на местото на Габриел Ескобар.На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба во земјата. Притоа министерката се осврна на механизмите за справување со корупцијата и за зајакнување на капацитетите на институциите. Исто така, таа ги истакна и напорите што се прават во однос на зголемување на економскиот раст, којшто ќе донесе подобар животен стандард за граѓаните.На состанокот беше потенцирана поддршката и партнерството помеѓу САД и РС Македонија во обезбедување развој на земјата и продолжување на реформите од евроинтеграцискиот процес. Беше поздравено и одобрувањето на реформските агенди на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашата земја, од страна на Европската Унија, со кои се поддржува забрзување на процесот на пристапување на земјите од регионот во ЕУ.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Македонија | пред 1 година

dimitrieska-kocoska-2

Средба на Димитриеска-Кочоска во Трезорот на САД: Техничката поддршка на експертско ниво корисна за унапредување на процесите во управувањето со јавните финансии

Техничката помош на Трезорот на САД е добредојдена и корисна во унапрдувањето на управувањето со јавните финансии. Со експерти од Трезорот на САД се работи во повеќе сектори во Министерството за финансии, Царинската управа и Управата за јавни приходи, а се темели врз основа на потпишан Договор помеѓу МФ и Канцеларијата за техничка помош на МФ на САД. Ова беше констатирано на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-помошник секретарот во Трезорот на САД Лијен Трен, Ребека Горин од Канцеларијата за Европа и помошници директори коишто се инволиврани во активностите во земјава.„Постоечкиот систем на планирање на буџетот и процесите е развиен со техничка помош од МФ на САД во перидоот 2004-2008 година, а сега се работи на подобрување на тие процеси. Со експертите од Трезорот на САД се работи во повеќе области и сектори во МФ. Се работи на подготовка на нацрт-верзии на клучните документи за планирање и извршување на буџетот, коишто произлегуваат од новиот Закон за буџети. Зајакнување на надзорот на небанкарскиот финансиски сектор, преку зајакнување на капацитетите на секторот во МФ, како и со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите и финансиската писменост. Исто така, експертите работат и во делот на управувањето со јавниот долг и слично. Сето тоа е особено важно за нас за унапредување на процесите преку коишто ќе се зголеми ефикасноста во прибирање на приходите во буџетот и управување со прибраните средства“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.Таа додаде дека со Договорот се опфатени и се спроведуваат активности и во Управата за јавни приходи и Царинската управа, каде се работи на зајакнување на капацитетите, дигитализација на процесите, како и сајбер безбедност и борба со криминалот.На средбата министерката изрази благодарност за поддршката што ја дава САД на земјата, при што беше изразен интерес соработката на експертско ниво и техничка поддршка да продолжи и во наредниот период со цел натамошно зајакнување на целокупниот систем на јавните финансии.Министерката за финансии средбата ја одржа за време на работната посета на САД, каде учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка, а ќе оствари средби и со високи претставници на овие меѓунродни финансиски институции.

Македонија | пред 1 година

kocoska

Димитриеска-Кочоска на Годишните состаноци на ММФ и СБ, можност за средби со високи претставници на меѓународните финансиски институции

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 октомври ќе престојува во Вашингтон, САД, каде ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, а ќе реализира средби и со високи претставници на овие две меѓународни финансиски институции, со претставници на Трезорот на САД, како и билатерални средби со свои колеги.Во рамки на Годишните состаноци, министерката Димитриеска-Кочоска ќе се сретне со директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, извршниот директор на ММФ Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор Лук Дресе, како и со Жероен Клик, кој треба да ја преземе фунцкцијата извршен директор и Марникс ван Рај, кој ќе биде алтернативен извршен директор во ММФ. На средбите ќе присустувва и Анет Кјоб, шеф на Мисијата на ММФ за РС Македонија. На состаноците ќе се истакнат преземените чекори во насока на стабилизирање на јавните финансии, како и плановите за фискална консолидација и обезбедување економски раст.Со високи претставници на Групацијата на Светска банка ќе стане збор за продолжување на конитуираната соработка и поддршката што ја добива земјата во изминатите години. Средби се планирани со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат, како и директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју.За време на престојот предвидени се средби на министерката и со Алфонсо Гарсија Мора, регионален заменик-претседател во Меѓунардоната финансиска корпорација – ИФЦ, со претставници на Трезорот на САД ,на која ќе се потврди поддршката што ја добива Министерството за финансии во реализација на своите програмски определби, како и со претставници на финансиски институции со кои земјава има соработка во процесот на издавање еврообврзници.Министерката Димитриеска-Кочоска за време на работниот престој во Вашингтон ќе реализира средба со македонската дијаспора во САД, на која ќе има можност да поразговара за начинот на кој тие живеат и делуваат во американското општество, како и политиките кои ги спроведува новата Влада коишто се во насока на зајакнување на врските со иселениците.На годинашните редовни средби, на кои министерката за финансии учествува заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, ќе се дискутира за светската економска перспектива, глобалната финансиска стабилност, стимулирање на економскиот раст, влијанието на климатските промени, како и со економските предизвици.Годишните средби на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година во октомври и отвораат можност за дијалог за актуелни теми во глобални рамки помеѓу министри за финансии, гувернери, претставници на бизнис-заедница, граѓански сектор, академици и слично.

Македонија | пред 1 година

dimitrieska-kocoska

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите носат економски раст и повисок животен стандард, не може да се потпреме само на пораст на платите

„Поддршка на реализација на реални инвестиции е основата на која се заснова концептот на новата Влада за повисок економски раст и повисок животен стандард, кој е пресликан и во буџетот за 2025 година, a којшто е во фаза на подготовка“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денска на првата трибина од Платформата 100 % за тебе.„Квалитетен и подобар животен стандард не подразбира само пораст на платите, туку подобрување во сите сегменти, односно тоа значи и подобра економија, подобро здравство, инфраструктура“, рече министерката.Таа додаде дека во изминатите години видовме концепт којшто се темелеше на потрошувачка, за кој се потрошија стотици милини евра, а немаше ефект. Според министерката, се зависи од концептот и дека е најважно работите да се гледаат суштински и реално.„Без реални инвестиции нема раст. Кога го менуваме концептот размислуваме што може да даде побрзи резултати и врз основа на анализите одлучивме да дадеме поддршка на општините, затоа што тие имаа готови проекти коишто ќе дадат побрзо ефекти. Тоа се реални инвестиции и тие ќе дадат резултат и врз растот на БДП, на што исто така влијание ќе имаат и инвестициите во приватниот сектор за што се предвидени 250 милиони евра од унгарскиот заем“, рече министерката и додаде дека ваквиот модел значи повисок животен стандард.На трибината се осврна и на состојбата на буџетот при што посочи дека јавните финансии се стабилни, но дека сè уште го оптеретуваат буџетот извршни решенија и камати.На трибината покрај министерската за финансии, учествуваа министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, в.д. директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули и раководителката на секторот за реформи во јавната администрација при Министерството за јавна администрација Есма Адиловиќ Фазлиќ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5070

Димитриеска-Кочоска: Процедурата е завршена, средствата од унгарскиот заем веќе треба да легнат на сметката во Народната банка, започната постапката за втората транша

Процедурата за префрлање на средствата од заемот од унгарската Експорт-импорт банка е завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферираат во Буџетот. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ Алфа.„Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и очекувам средствата да бидат префрлени на сметката во Народната банка, а потоа ќе бидат насочени кон општините и компаниите. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. Износот што го побараа општините за реализација на нивните проекти беше поголем, при што важно беше тие да бидат во завршна фаза за да може да придонесат и кон економскиот развој“, рече министерката.Во однос на оној дел од заемот којшто е планиран за приватните компании, соопшти дека во петок ќе има средба со Македонската банкарска асоцијација на која ќе се разговара за распределба на средствата кон компаниите, кои ќе бидат распределени по завршување на постапката за нивно префрлање во Развојната банка.Министерката најави дека веќе е започната процедурата за повлекување и на втората транша од заемот од Унгарија, а тие средства ќе се искористат за отплата на еврообврзницата која доспева во јанаури 2025 година.Во интервјуто таа се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година, истакнувајќи дека фокусот ќе биде ставен на фискалната консолидација, поточно зголемување на приходите и намалување на расходите. Следната година, како што посочи, буџетскиот дефицит е планиран на 4%, а потоа да се намали на 3,5% и во 2027 година да достигне 3%.Посочи дека она што беше главна определба или ветување на Владата е предвидено со Буџетот за 2025 година, а тоа е пораст на пензиите за 2.500 денари, средства за образовниот сектор, потоа 250 милиони евра за проекти во општините, средства за инфраструктурни проекти, за коридорите 8 и 10д и сл.Се осврна и на резултатите од работењето на Управата за јавни приходи и на Царинската управа и притоа напомена дека повратот на ДДВ кон компаниите се врши континуирано, па така во септември е извршен поврат во износ од 2,250 милијарди денари, во август 2,116 милијарди денари и во јули 1,740 милијарди денари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-09-101252

Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел од 500 милиони евра

„Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт - импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината“.Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во својата изјава во Будмпешта, при што најави дека средствата согласно потпишаниот Договор ќе бидат на располагање следната недела.„По потпишувањето на Договорот треба да испратиме документи за официјална исплата на средствата и веќе почнавме разговори за дополнителни 500 милиони евра коишто очекуваме да ни ги одобрат до крајот на годината, а потоа да бидат исплатени на почетокот на следната година. Со овие средства би се рефинансирала еврообврзницата којашто ќе доспее во јануари 2025 година“, рече министерката за финансии.Оцени дека станува збор за одлична поддршка од Владата на Унгарија. „Станува збор за средства обезбедени во првите 100 дена, и тоа по многу поволни услови, односно 3,25% каматна стапка, којашто е многу ниска во услови на многу повисоки каматни стапки на меѓународните пазари“, рече Димитриеска-Кочоска.Повтори дека средствата ќе бидат наменети за приватните компании преку Развојната банка и комерцијалните банки, како и за инфраструктурни проекти вклучително и општините.„На тој начин, како што рече, очекуваме навистина многу поголема поддршка за економијата, поголем развој и реализација на веќе започнатото и на сето она што ќе почне да се реализира, а го ветувавме во рамки на програмата во текот на изборите“, изјави таа.Министерката за финансии вчера во Будимпешта во име на Владата го потпиша Договорот за заем со унгарската Експорт - импорт банка, којшто е во согласност со Законот за задолжување на РС Македонија со заем кај унгарската Експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели.

Македонија | пред 1 година

08101

Димитриеска-Кочоска: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка

Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.„Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните“, рече министерката за финансии по потпишување на Договорот.Заемот, како што истакна, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25%.„Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање“, рече Димитриеска-Кочоска, која додаде дека ваквите услови се резултат и на политиките што ги води Владата, а за што, како што посочи, минатата недела добивме потврда и од кредитната агенција „Фич“, којашто според неа има значајна улога за каматните стапки коишто ги добива земјата при задолжување на финансиските пазари.Она што е за потенцирање, според министерката, е дека делот од заемот кој ќе оди кон компаниите ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст.Средствата, како што рече, до крајот на неделата треба да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.

Македонија | пред 1 година

kochoska

Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Унгарија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише Договорот за заем од Унгарската Експорт-импорт банка.„Станува збор за потпишување договор за најавениот заем од 500 милиони евра со поволни услови, 15 години рок на отплата, со вклучени три години грејс период и каматна стапка од 3,25%. Средствата од заемот ќе се користат за поддршка за проекти за локален регионален развој, што ќе се реализираат преку општините, како и за поддршка на економијата, односно заеми за компаниите“, соопшти Министерството.Потпишувњето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.Средствата од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделата, се додава во соопштението на Министерството.

Македонија | пред 1 година

ministerstvo-za-finansii

МФ: Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управуање со јавен долг

Министерството за финансии ги подготви, а Владата на последната седница ги усвои Фискалната стратегија за период 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг за 2025-2027 со изгледи до 2029 година. Тоа претставуваат стратешки документи кои ја исцртуваат на среден рок патеката по која ќе движи фискалната политика.„Ваквото среднорочно планирање овозможува поголема предвидливост и транспрентност во креирањето на политиките. Целта на фискалната политика согласно усвоената Стратегија во наведениот период е подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. Тоа ќе се осtвари преку постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување на високо ниво на капитални расходи. Истовремено ќе се продолжи и со поддршка на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти, редизијанирање на структурата на јавните финансии во која ќе доминира високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспареноста и отчетноста“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и додаде дека особен фокус ќе биде ставен на намалување на неформалната економија и поголема наплата на приходите во буџетот.На среден рок, со фискалната политика се предвидува етапна фискална консолидација, притоа, буџетскиот дефицит е намален како процентуално учество во БДП. Исто така, ќе се преземат мерки за фискална консолидација, со цел постигнување умерено ниво на задолженост.Имено со усвоената Стратегија за управување со јавниот долг на среден рок се утврдува рамката за дејствување на Владата во насока на прудентно управување со јавниот долг на државата, а притоа да се остварат целите на политиката за управување со јавниот долг за финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, идентификација за следење и управување со ризиците и развој и одржување ефикасен домашен финансиски пазар.Главна цел на управувањето со јавниот долг е да овозможи потребите и финансиските обврски на државното финансирање да можат да се извршат со најниски трошоци на среден и долг рок, со прифатливо ниво на ризик. Со цел да се задржи нивото на јавниот долг во одржливи рамки, без да се наруши фискалната одржливост, со Стратегијата се утврдуват лимити на вкупниот јавен долг на среден и долг рок. Така согласно проекции во 2024 година на крајот тој ќе достигне ниво од 66,4 % и во наредните години постепено ќе се намалува како резултат на постепената фискална консолидација и во 2029 година ќе биде под утврдениот лимит од 60% од БДП. Исто така, со цел намалување на ризикот од висината на издадените гаранции се дефинира лимит на издадени гаранции и акцент се става на проекти коишто се самоодржливи и генерираат приходи, поддржуваат економски раст и овозможуваат поголема конкурентност на домашанта економија на среден рок.Главна цел на управувањето со јавниот долг согласно Стратегијата е да овозможи потребите и финансиските обврски на државното финансирање да се извршат со најниски трошоци. При тоа една од основните цели во управувањето со јавниот долг е да се овозможи развој на домашниот пазар на државни хартии од вредност со што ќе се создадат услови за намалување на ризикот од рефинансирање на долгот, резистентност на екстерни шокови и обезбедување долгорочна одржливост на долгот.

Македонија | пред 1 година

sudstvo-2

Финансии: Судство и обвинителство има пари за плати и додатоци од 35%, но не и за нови вработувања

Судството и обвинителството во клинч со Министерството за финансии за парите во ребалансот на буџетот. Правосудството тври дека им се кратат пари, од финансии им одговараат:на Обвинителството и судството не им се скратени средства. Кратење има само во делот на новите вработувања затоа што вработувањата не биле реализирани онака како што биле буџетирани.Од Министерството појаснуваат наместо за нови вработувања судството и обвинителството парите си ги трошеле за плати.„И обвинителство и судство имаат право од 35 проценти додатоци заради ризичност. Тоа не значи дека на нив им следува и дека треба да го земат, имаат право на тоа во одредени такви ситуации. Тие предвидуваат во ставката плати постојано како да ќе вработуваат нови кадри. Никого не вработуваат, тук таму по некој и потоа си ги пренаменуваат средствата, а нови вработувања нема никаде, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.Финансии појаснува дека нивото на буџетирање во овие две области го задоволува процентот што го имаат другите земји, но дека процентот на ефикасност е низок и дека довербата во судството е ниски два проценти.„Прво да одговорат зошто се зголемуваат пресудите од Европскиот суд за човекови права каде почнавме да плаќаме огромни суми затоа што не постапувале на време“, побара министерката.Претставниците на Судскиот буџетски совет и на државното Јавно обвинителство Силвија Јаневска и Љубомир Коцевски на првиот ден од расправата за ребалансот на Буџетот излегоа со забелешки дека не смее да има кратење на средствата наменети за судската власт и за обвинителството, бидејќи тоа ќе влијае на нивната автономија и на квалитетот и ефикасноста на правдата.

Македонија | пред 1 година

244471229_207193698150323_2650290680669307320_n

Повреќе пари за пензионерите и општините, се крати од здравство и студентите

Ребалансот на буџетот влезе во Собрание. Со ребалансот на буџетот се предвидува јавниот долг на државата годинава да достигне рекордни 9,2 милијарди евра, односно 68,2 проценти од бруто домашниот производ.Ребалансот предвидува буџетската дупка годинава да се зголеми за нови 180 милиони евра.Намалени се очекувањата за раст на економијата од 3,4 на 2,1 отсто.Според текстот на ревалансот, се крати од здравството, финансиите и одбраната, се додава кај платите за администрацијата, пензионерите, земјоделците, локалната самоуправа.Најголемиот дел од дежавната каса, 4,95 милијарди евра се за социјални трансфери, плати и пензии.Ако се спореди со основниот буџет, средствата за оваа намена се зголемени за 4,9 проценти.За пензии се предвидуваат 1,47 милијарди евра. Овде растот е шест проценти а разликата меѓу ребалансираната и првичната сума изнесува 83 милиони евра.Трошењата пак се намалени:капиталните расходи се пониски за близу 2,6 милиони евра а надоместоците за невработени се помали за 1,6 милиони евра.Кратења на средствата со ребалансот има за пет министерства. Најмногу – за 149 милиони евра – во Министерството за траспорт, 33,5 помалку добива одбрана, 13,3 милиони евра на економија и труд, за 10,3 милиони евра финансии и за 7,5 милиони евра се намалени парите за Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања