Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ФРАНЦИЈА

Нема фотографија

Русија: Веќе нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина.„Нема смисла повеќе да се негира“, рече таа за прорежимскиот весник „Известија“.Според руската државна новинска агенција Тас, полскиот шеф на дипломатијата Радослав Сикорски претходно на конференцијата по повод 25-годишнината од членството на Полска во НАТО изјави дека армијата на НАТО е веќе во Украина.Да потсетиме, францускиот претседател Макрон по конференцијата за Украина одржана во Париз на 26 февруари изјави дека не е исклучено испраќање копнени сили на членки на НАТО во Украина. По конференцијата, повеќето земји-учеснички изјавија дека не планираат да испратат војници во Украина за да се борат против Русија.Коментирајќи ги изјавите на Макрон, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија би бил „неизбежен“ доколку западните сили бидат испратени во Украина. Тој, исто така, рече дека земјите од НАТО „треба да ги проценат последиците од таквите дејства“, според Тас.

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Француски компании ќе произведуваат воена опрема во Украина

Франција планира некои нејзини производители на оружје да почнат да ја произведуваат многу потребната воена опрема директно на украинска територија за да и помогнат на земјата во војната против Русија, изјави министерот за одбрана Себастиен Лекорну.„Три француски компании ќе воспостават партнерство со украински компании, особено во областа на беспилотни летала и копнена опрема, со цел да се произведуваат резервни делови на украинска територија, а во иднина можеби и муниција“, рече министерот.Лекорну летово најави отворање на првите производствени единици.Што се однесува до француските компании кои би учествувале во производството на воена опрема на територијата на Украина, тој посочи дека, меѓу другото, се работи за производителот на тенкови KNDS, заеднички холдинг на германскиот производител на оклопни возила Краус-Мафеи-Вегман и францускиот државен концерн.

Свет | пред 2 години

makron

„Не можеме да ја исклучиме можноста за испраќање на војници од Европа во Украина, Русија мора да ја загуби војната, порача Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон по самитот на европските лидери во Париз изјави дека не е постигнат консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“.„Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.Тој додаде дека Франција ќе се приклучи на чешката иницијатива за купување муниција за Украина.„Поразот на Русија е неопходен за европската безбедност“, рече Макрон.Тој додаде дека европските земји ќе воведат дополнителни санкции за оние земји кои и помагаат на Русија да ги заобиколи рестриктивните мерки што и се наметнати. На самитот присуствуваа околу 20 европски лидери кои сакаа да испратат порака до рускиот претседател Владимир Путин за европската одлучност кога е во прашање поддршката на Украина, наведува Ројтерс.

Свет | пред 2 години

selfi

Три лица загинаа додека го фотографираа пејсажот во Етрета, Франција воведе нови мерки за безбедност

Француската населба во северната провинција Нормандија, Етретат, ќе воведе нови мерки за дополнителна заштита на туристите кои ги посетуваат океанските карпи на тоа место, откако минатата година на таа локација животот го загубија тројца туристи.Минатата година тројца туристи загинаа во одделни случаи во Етретат додека го фотографирале пејзажот или правеле селфи, пренесува Фигаро.Францускиот весник наведува дека лизгањето на земјиштето на карпите е вообичаено, но туристите не обрнуваат внимание на тоа и често се шетаат под нив, ризикувајќи да бидат на најлошото место кога почнуваат свлечиштата, додека други се премногу блиску до работ за да го гледаат океанот и со што се ризикува да падне во вода.- Редовно забележуваме невнимателно однесување на овој простор, па затоа во едукативни цели ќе поставиме опрема со известувања за безбедност по целата локација - најавија надлежните од општина Етрета.Фигаро наведува дека освен што ги ризикуваат своите животи со пешачење, невнимателните туристи го загрозуваат и природниот екосистем на карпите, па затоа градот одлучил да работи заедно со одделот за безбедност на областа Приморска Сена за да се осигура безбедноста на туристите, како и „ренатурализацијата“ на карпите.Меѓу предвидените мерки е и ограничување на бројот на посетители, како што е веќе случај во Националниот парк Каланки во Марсеј.

Магазин | пред 3 години

20190715204907

„Макрон згрешил“, Османи ја правдаше употребата на „северномакедонци“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел нагласувајќи дека Макрон го употребил изразот „Северномакедонци“. На ова имаше реакции од јавноста која е децидна дека таква нација не постои. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кажа дека искомуницирале со Амбасадата на Франција во Македонија.„Комунициравме со француската амбасада. И вчера бевме цел ден со неговата делегација. Нема никакви дилеми дека тоа е ненамерна погрешна формулација. Претседателот Макрон нема дилема по однос на идентитетот и прашањата кои овде се дефинирани но и во Обединетите нации и ЕУ.Претходно, Макрон рече: „Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, и додаде дека со „северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот.

Македонија | пред 3 години

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Франција ти благодарам, но не“, Милевски се спротистави на францускиот предлог

Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, а македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија, смета министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија, Горан Милевски.Тој е првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.„Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.ЕУ треба да знае да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманетни условувања.Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.Историската комисија да достави на увид што се договориле со оние од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус“, објави Милевски.

Македонија | пред 3 години

20190715204907

Макрон бара решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател изрази подготвеност да биде домаќин на претставници на властите на Бугарија и Македонија со цел да се склучи билатерален договор.Тој договор би овозможил отворање на преговорите за пристапување на Македонија во Европската унија.Сепак, како што рече, тоа ќе се случи „кога ќе дојде време“.Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти синоќа Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Димитар Ковачевски.За време на тие разговори, Макрон изразил „целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Македонија“, соопшти француското претседателство.Бугарија го блокираше пристапот на Македонија во ЕУ во ноември 2020 година поради јазични и историски спорови.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања