Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФРОСИНА

Screenshot-2025-02-03-at-09.10.08

(Видео) „Прошка нема!“ - гнев и тага на собирот за Фросина

„Секој еден може да е следен“, „Убијци“, „Системски промени“, „Правда за Фросина“, „Бараме правда“. Ова се само дел од сканираните пароли на протестот во Скопје преку кој се бара одговорност од возачот Васил Јованов кој на пешачки ја усмрти Фросина Кулакова. „Прошка нема, правда мора да има, време е“, „Доживотен затвор“, „Корумпирани родители - деца убијци“, „Доживотен затвор“ – беа пораките од транспарентите.По собирот кај Универзална сала, граѓаните во тишина се упатија кон Собранието, каде што таткото на Фросина обрати и порака до јавноста.[caption id="attachment_321034" align="alignnone" width="2560"] Screenshot[/caption]„Ова што ни се случува најблизу може да се објасни како непомирлив судир меѓу два различни вредности, цивилизациски концепти. Се работи за систем и антисистем. Од една страна системот ни создава универзални вредности, правила, базирани врз цивилизациски коректни начела, каде што децата се учат во домовите, во школите, во црквите. И затоа некои од нив заради таквиот хуманистички пристап стануваат херои на нашето време. Дозволете ми, Фросина да ја сместам во тие херои на нашето време. Девојче за пример, врвен интелектуалец за своите години, врвен дизајнер. Светските врати и беа отворени, изминатите четири години, еднаш годишно одеше во Париз, сега ја усмртува баш кога си уплаќа за четвртиот пат да оди во Париз на модна ревија. Другите, оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, претварајќи се во наркодилери, насилници, убијци, заедно со тешко потплатени судии, обвинители и други, кои што судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повеќе мито, тој добива, а по правило без исклучок, криминалците и нивните адвокати добиваат“, рече Кулаков.[caption id="attachment_321037" align="alignnone" width="2560"] Screenshot[/caption]Во знак на почит кон Фросина, насобраните неколку минути молчеа, додека небото беше осветлено од блицевите на нивните телефони – симбол на надеж, но и на аларм кој треба да го разбуди општеството.

Македонија | пред 1 година

frosila-rosica

Сестрата на Фросина: Бараме да се затвори таткото на убиецот и судијата Даниела Алексовска-Стојаноска

Росица Кулакова, сестра на Фросина, која беше усмртена од возачот Васил Јованов на пешачки премин, побара да се затворат таткото Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска-Стојаноска која во постапката за дрогата му одредила воспитна мерка, наместо затвор. Таа смета дека тие не можат да извршуваат државни функции.„Општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се начистиот одраз на своите родители. Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето на држвните фунцкии не смее да се сведе само на формални образовни критериуми, јавните функции мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кој својот карактер го покажале и во својот живот како граѓани, родители. Оној што не успеал да го воспита сопствениот наследник, да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Ваквите лица не смеат да добијат јавна функција туку да одговараат за сопственото делување, но и за криминалните постапки на своите помлади полнолетници. Општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели“, рече Росица Кулакова и додаде:„Ние за Фросина бараме правда не само од убиецот, бараме правда и од таткото, бараме да одговара таткото, да се затвори таткото, Зоран Јованов и судијката, Даниела Алексовска-Стојаноска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство кон семејството, туку се кријат и бришат профили“.На крајот, посака никој да не го поминува ова што го минува таа и нејзиното семејство.

Македонија | пред 1 година

vasil-jovanov

(Фото) Возачот кој ја усмрти Фросина со телефон во затвор: префрлен е во самица, а се води и истрага

Само два дена откако влезе во притвор, возачот Васил Јованов кој на „Партизанска“ ја усмрти Фросина Кулакова, набавил телефон во притворското одделение во затворот во Шутка. За ова се дозна откако затвореници го снимиле додека бил во дворот каде има право на шетање од 1 до 2 часа.Откако фотографиите завршија на интернет, Јованов заврши од ќелија со други осуденици во самица. Директорот на затворот, Бобан Утковски, рече дека ќе се проверува како Јованов го набавил телефонот и од кого, за што посочи дека веќе се прават проверки.На социјалните мрежи, одговорност бараат и од семејството на Фросина.„Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот - монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корупцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно?“, напиша Росица Кулавкова.Јованов доби притвор поради опасност од бегство, повторување на делото, влијание во постапката. Тој преку неговиот адвокат се противеше и бараше да се брани од слобода или судот да му досуди алтернативни мерки како домашен притвор или одземање на пасош. Ова беше одбиено.Обвинителството извести дека тој бил под дејство на алкохол и без возачка кога ја прегази Фросина на пешачки премин. Истрагата за случајот е во тек.БОНУС ВИДЕО: Како изгледаат притворските ќелии во затворот во Шутка

Македонија | пред 1 година

frosina-p

„Кој е следен?“ - Објавено времето за новиот протест по трагедијата со Фросина, ќе се адресираат три проблеми

Утре (недела 02.02.2025), во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала под називот „Кој е следен?“. Организаторите најавуваат:„Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт. Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици.[caption id="attachment_320984" align="alignnone" width="1330"] Screenshot[/caption]Протестот има за цел да адресира три главни проблеми:1. Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот2. Недоволна безбедност во градовите3. Глорификација на девијантно однесувањеАлките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат. Институциите не настапуваат координирано за идентификување на децата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност. Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот.За крај, од исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување.Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot_20250130_223144_Instagram-1

Полициското досие на Васил Јованов: Дрога, насилство, сообраќајни прекршоци

Возачот Васил Јованов, на 20-години, има полициско досие со повеќе дела. Од дрога до насилство, но и сообраќајни прекршоци. Сето ова е заведено од полицајците кои постапувале по предмети во кој Јованов се јавува какопрекршител на законот. Од МВР за „Скопје1“ велат дека во изминатите неколку години, возачот кој ја усмрти младата Фросина Кулавкова се јавува како учесник во неколку кривично-правни настани.„Кривично-правните настани се поврзани со недозволена трговија со дрога, нарушување на јавниот ред и мир-насилство и како сторител на повеќе сообраќајни прекршоци. Од страна на Министерството за внатрешни работи соодветно е постапувано и за истото се поднесени соодветни поднесоци и платни налози“, велат од МВР за „Скопје1“.Кривичен суд пак, посочува дека Јованов имал чисто досие.„Обвинетиот В.Ј. е млада личност, роден на ... година во С., со адреса на живеење на ...... бр..... С., со завршено средно образование, студент на А.К., Македонец, државјанин на РСМ, неосудуван, не се водат постапки за други кривични дела.... Обвинетиот не евидира во казнената евиденција, што значи првпат доаѓа во судир со законот, а против истиот ниту како дете не биле изрекувани воспитни мерки или казна затвор за деца, ниту пак се водат постапки за други кривични дела“, стои во пресудата каде тој е осуден за дрогата.Ова не му е прва сообраќајка на Васил, според сознанијата на „Лидер“. Тој имал несреќа и кога имал 16 години, во која повредил девојка. Но таа се откажала од гонење, па тој поминал само со прекршочна казна.На суд стигнал само поради поседувањето на дрога, која ја имал пакувано во помали пакувања. Полицијата и Обвинителството утврдиле и го гонеле, дека му била за продажба. Судот му изрекол воспитна мерка, но не и затвор.Сега, Јованов е во притвор. Веќе објавивме дека тој и неговиот адвокат се противеле на оваа мерка за обезбедување на присуство, но не го убедиле судот. Ова не е првпат тој да престојува во ќелија во Шутка. Тој минатата година таму поминал три месеци, а бил пуштен по изрекувањето на пресудата од Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-01-at-11.02.29

(Видео) Таткото на Фросина низ солзи: Ни уби бисер од дете, врвен дизајнер

Во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, беше оддржан граѓански собир во чест во знак на сочувство со родителите. На протестот присуствуваше и таткото на Фросина, Тодор Кулаков, кој испрати порака вакво нешто да не се случи повторно и побара од организаторите, доколку планираат да продолжат со протестите, да не дозволат тие да добијат политичка заднина.„Ова наше правосудство е коренот на сите наши проблеми, протежира неказнивост кое потоа се одразува на сите сфери во животот. Имаме ли неказнивост, имаме тотален распад во системот, во државата. Не само во сообраќајот, туку и во другите сфери. Последиците ги трпат децата. Тој губитник по сите мерила на животот кој го направи ова, влезен во некој лош филм, ни уби бисер од дете, врвен дизајнер. Сѐ поради таа неказнивост“, кажа низ солзи таткото Тодор Кулаков и додаде:„Не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не бидат од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш навистина ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех“.

пред 1 година

protest-frosina-krivicen

(Видео) Среден прст и крвави раце - судот доби пораки од револтираните граѓани по смртта на Фросина

Среден прст, натпис „пи*ки, убијци“, скандирање „убијци“, отисоци од црвени раце кои симболизираат крв – вака демонстрантите го изразија својот револт кон Кривичниот суд за случајот со загинатата Фросина Кулавкова. Таму и заврши протестот кој започна од „Партизанска“ каде се случи сообраќајката која ја усмрти 22-годишната девојка.Најголем револт кај демонстрантите предизвика фактот што Кривичниот суд веќе му судел на возачот Васил Јованов за поседување и продажба на дрога, но му досудиле воспитна мерка, наместо затвор. Судот во пресудата констатирал дека дека Јованов нема прекршочни санкции, но МВР веќе објасни дека возачот има повеќе казни за управување на возило без возачка дозвола. Па така, тој од август минатата година е на слобода, за вчера да ја усмрти Кулавкова. Теоријата која беше пласирана во јавноста е дека судијката Даниела Алексовска-Стојановска изрекла погрешна санкција која не ги исполнила целите на казнувањето - а тоа е превенцијата.

Македонија | пред 1 година

jovanova-jovanov-1412

Цела пресуда: Поради годините, судијката Стојановска му досудила воспитна мерка наместо затвор на Јованов

Кривичен суд ја објави пресудата на судијата Даниела Алексовска-Стојановска, која на 31 јули минатата година, му одредила воспитна мерка на возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази 22-годишната Фросина Кулавкова. Со ваква казна, судот го ослободил Јованов од притворот во Шутка, каде поминал 3 месеци. Во пресудата се наведени олеснителните и отежителните околности при одредување на санкцијата. Младоста била клучна околност за судијката Алексовска-Стојановска, бидејќи Јованов го сторил делото со неовластено заради продажба, држел наркотична дрога марихуана и кокаин.„Судот при одмерување на видот на кривичната санкција - воспитната мерка - заводска мерка, упатување во воспитно поправен дом, ги имаше во предвид одредбите од чл.39 од КЗ, кои се од влијание за индивидуализација на истата. Како отежнувачки околности, судот ги ценеше природата и карактерот на овој вид кривични дела, кои претставуваат деликт на апстрактно загрозување на здравјето на луѓето како примарен објект на заштита на овој вид кривични дела, особено помладата популација, посебно здравјето и развојот не само на младината, туку и воопшто на целокупната популација, за која била наменета предметната дрога, општествената опасност од аспект на позачестеното извршување на овие дела, преземањето на дејствија на обвинетиот за кои знаел дека се противправни и казниви, побудите за сторување на ова кривино дело, поточно можноста за брза заработка која ја овозможува продажбата на наркотичната дрога, оттука и лукративната цел заради која што била вршена продажбата на предметната дрога марихуана која потекнува од растението канабис (лат.Cannabis plant), која се добива со сушење, дробење или ситнење на врвни делови-вршунки и лисја од растението Cannabis, но исто така и опојна дрога кокаин (лат.Cocaine), кои спаѓаат во првата категорија на опојни дроги кои се забранети, согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции-редакциски пречистен текст и Листите за класификација на супстанции и растенија во листите од меѓународните конвенции за опојни дроги и психотропни суптанции во категорија на опојни дроги и психотропни супстанции, донесени од Министерството 2 (Сл. Весник на РСМ, бр.104 од 10.05.2021 година), а кои обвинетиот неовлстено ги држел во стан на ул.„...“ кој го користел, а заедно и со обвинетата Л. во станот на ул.„...“, во кој таа привремено престојувала“, стои во образложението на пресудата и се додава:„Сите овие околности, судот ги ценеше во корелација со личните, семејните и материјалните прилики на обвинетиот, кој е многу млада личност, роден ... година, на возраст од неполни 20 години, а делата за кои се товари ги сторил во период кога имал 19 години, односно на прагот на полнолетсвото, кое нешто укажува на тоа дека во време на сторување на делата немал некое животно искуство како полнолетен. На оваа околност судот особено обрна внимание, со оглед на младоста на обвинетиот, кој немал доволно животно искуство како полнолетен, со оглед да со настапувањето на полнолетството секој млад човек се судира со проблемите и предизвиците за кои често се несвесни и истите не ги прифаќаат доволно сериозно. На оваа возраст помладите полнолетни лица често можат да западнат во сериозни проблеми, не размислувајќи за последиците, како и тоа дека постапките како полнолетни поинаку се третирани одошто истите би биле третирани во нивниот малолетничкиот период. Судот како олеснителна околност ја ценеше и семејната и материјалната положба на обвинетиот, кој е со завршено средно образование, моментално студент, невработен, неимотен, околноста дека обвинетиот не евидира во казнената евиденција, што значи првпат доаѓа во судир со законот, а против истиот ниту како дете не биле изрекувани воспитни мерки или казна затвор за деца, ниту пак се водат постапки за други кривични дела.  Во контекст на сето погоре наведено, судот цени дека постојат законски претпоставки за примена на одредбата од чл.71 од Законот за правда на децата, како lex specialis и на обвинетиот му изрече кривична санкција како во изреката на оваа одлука. Судот го респектира и го застапува ставот дека целите на кривичните санкции не треба да претставуваат казнување и одмазда на сторителите, туку пред се нивна ресоцијализација за да во иднина не се јавуваат како извршители на други кривични дела“. ЦЕЛА ПРЕСУДА:[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/01/пресуда-васил-јованов.pdf" title="пресуда васил јованов"]

Македонија | пред 1 година

footooo

(Видео) Многу револт и јасни пораки од протестот за Фросина: „Врските не враќаат човечки животи“

Многу револт кон системот, но и многу јасни пораки се испратија од протестот кој го предизвика случајот во кој загина 22-годишната Фросина Кулавкова.„Судии крвави ви се рацете“, „Не е несреќа туку убиство“, „Без казна вашите раце се крвави“, „Смртта на Фросина е пропуст на системот“, „Не е кобно местово, туку луѓето и системот“, Обвинителство = соучесници убијци“, „Врските не враќаат човечки животи“ - ова беа дел од транспарентите со пораки.Протестот беше за Фросина и сите жртви во сообраќајни несреќи. За систем во кој нема да се казнува според тоа колку врски имаш, туку колку вина имаш. За да не лие крв по улиците.Протестот не заврши на Партизанска каде загина Фросина Кулавкова. Револтот ќе биде искажан пред Собрание, па пред Обвинителство и суд. Пораката е јасна: се бара правда.

Скопје | пред 1 година

IMG_1403

(Видео) Стотици граѓани ја блокираа Партизанска за да и оддадат почит на Фросина

Стотици граѓани излегоа да и оддадат почит на Фросина, која на 22-години загина на Партизанска, прегазена од возачот Васил Јованов. Запалија свеќи под венецот и нејзината слика, а поставени на пешачкиот остров кај Универзална сала. Граѓаните бараат безбедни улици, доследно спроведување на законите, правосуден систем кој ќе казнува и спречува вакви настани.Васил Ј. кој има 20-години и ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизанска“ кај Силбо, поминал на црвено светло, имал алкохол во крвта и бил без возачка дозвола. Ова се последните детали од Обвинителството. Со автомобилот „пежо 207“ сопственост на неговиот татко, не застанал на пешачкиот премин и удрил во сега починатата Фросина.„Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 1 година

frosina-vasil

На Кривичен суд не му е јасно зошто јавноста ги поврзува случајот во кој Васил е пуштен од притвор, со смртоносното прегазување на Фросина

Не може да има притвор, при досудена заводска мерка, па затоа Васил Јованов бил пуштен од затворот во Шутка, денот кога бил осуден за неовластено пуштање во промент на наркотични дроги. Ова е ставот на Кривичниот суд, по низата реакции за тоа како судијката Даниела Алексовска Стојановска решила да го укине притворот на ова лице, кое вчера, управувајќи возило без дозвола, а со алкохол во крвта, ја усмрти Фросила Кулавкова.„Што се однесува до претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот, ја информираме јавноста, дека истиот на 31.07.20204 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска, и тоа за две кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а ва согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка:Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се заметува и времено поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година. Согласно Законските одредби од ЗКП по досудена Заводска мерка, Мерката притвор не може да опстојува, заради што Јавниот обвинител вложил жалба во однос само на кривичната санкција. Предметот на 07.11.2024 година е доставен на надлежно постапување на Апелациониот суд Скопје, од каде сеуште не е вратен на евентуално извршување“, велат од Кривичен суд.Тие посочуваат дека лицето не било осудувано, немало други пријави, ниту пак имал сторено прекршоци.„Согласно евиденцијата на судот истиот не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела. Исто така до овој момент до судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на Сообраќајот, а лицето е евидентиран, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир“, велат од Кривичен суд.На Кривичниот суд не му е јасно како јавноста ги поврзува првиот случај каде Јованов е осуден за дрога, со случајот кој сега се води за усмртување на Фросина.„Како суд, изразуваме жалење за загубата на млад човечки живот. Но, имајќи го предвид сето погоре наведено, нејасна е конекцијата кој се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со Заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело кое е сторено 7 месеци потоа. Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од донесената пресуда со која истиот треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор. Законите во нашата земја како и Меѓународните конвенции за човекови права тоа не го дозволуваат. Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, каде не ретко се случуваат сообраќајни несреќи, вината е на судството, ако се има предвид било кој граѓанин кој претходно не бил во судир со Законите, може да предизвика сообраќајна несреќа со жртва заради недозволена брзина, управување под дејство на алкохол и не поседување возачка дозвола. Станува збор за општествен проблем“, додаваат тие.

Македонија | пред 1 година

mickoski-protest

Мицкоски го поддржа протестот: Прерано згасна еден млад живот поради еден двијак, кој се однесувал дивјачки низ главниот град

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е оправдан протестот пред Универзална сала на „Партизанска“, а откако младата Фросина Кулавкова беше смртоносно прегазена. Тој рече: „Прерано згасна еден млад живот поради еден двијак, кој се однесувал дивјачки низ главниот град“.„Оправдан е револтот на граѓаните и тука нема дилема. Еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем кој треба да детектира вакво дивеење по булеварите и улиците насекаде низ државата. И знам дека МВР го спроведува тоа и наскоро ќе имаме таков систем кој ќе санкционира. Тоа мора да се случи без разлика на политичките куршуми“, рече Мицкоски.За судството рече дека се надева оти судско-обвинителскиот систем ќе се ослободи од канџите на политичарите и дека ќе судат според закон, а ќе спречат вакви појави.

Македонија | пред 1 година

frosina-jovanov

Возачот Јованов се противел на притворот, се бранел дека не може да го повтори делото оти бил психички паднат

Возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, преку неговиот адвокат барал Кривичен суд да не му одреди притвор, дознава „Скопје1“. Тој вчера го убедувал судот дека нема да бега, ни да влијае на сведоци, ниту да го повтори делото.Јованов, преку адвокатот Сашко Дуковски, посочил дека не може да влијае на постапката бидејќи сите докази потребни на истрагата веќе се собрани. За можноста да избега, посочил дека е невозможно бидејќи пасошот му бил во судот. Тврдел и дека не може да го повтори делото, бидејќи, бил психички паднат, како и дека го погодил настанот, дознава „Скопје1“.Овие аргументи не го убедија Кривичен суд, каде судија на претходна постапка одлучи да му одреди 30-дена притвор на Јованов. Тој е спроведен на издржување на притворот во затворот во Шутка.Ова не му е првпат на Јованов да оди во затворска ќелија. Тој минатиот април завршил во притвор, кој му бил изречен додека траела истрагата за дрогата пронајдена во неговиот дом. По три и пол месеци, односно крајот на јули, тој излегува во притвор со одлука на судијката Даниела Алекосвска-Стојановска.

Македонија | пред 1 година

frosina111

„Прости ни, и летај Фросина“, „Вие ја убивте“, „Таа е жртва на системот“ - низа реакции за смртоносното прегазува на младата дизајнерка

„Тоа што и се случи на Фросина не е инцидент, ова е повторување на дело без никакви последици за оној кој убива. Тој "оној" е слика на врсничкито насилство, дилер на амфитамини кој бил пуштен од системот,напуштен одамна од грижата на родителите, бесрамник и збеснат. Замислете на пешачки премин уредно врви Фросина која имала голем сон,да биде уметник,моден дизајнер,да остави трага во својот живот. Наспроти ова чудовиште кое летало по Партизанска и јас сум сигурна дека не му било сефте.Фросина е наша грешка,ние кои треба да се бориме жестоко и да бараме одговорност.Јас изодев трнлив и мачен пат,уште го одам, но кога зборувам гласно за насилство мислам на ваквите како Васил(има име и презиме и слики најверојатно). Насилникот се создава,пред него се правеле наудрени,замижувале.... Тој ќе отслужи казна и пак ќе биде полусвет и бандит. Фросина нема да биде дел од светот кој го сонувала.Таа нема да се насмее повеќе, ниту да се бори против неправдите.Фросина е нашиот завет! Слава ти и почивај во мир“, напиша Весна Петрушевска, актерка.„ВИЕ ЈА УБИВТЕ ФРОСИНА! Не знам кој датум беше во 2020 година, ама петок беше кога мене АНБ ми поднесе кривична пријава за оддавање на службена тајна. Следната среда, значи по три раборни дена веќе обвинителството имаше поднесено обвинение за мене. Полицијата го фатила Васил Јованов во март 2024, со 80 паковки амфетамин дома. Со целосни материјални докази. Веднаш била поднесена кривична пријава. Цели 11 месеци не е поднесено обвиниение! За чист и документиран случај!!! Цели 11 месеци од кои 10 тој е слободен!!! И сега од ОЈО се правдаат дека судот е крив, пошто го пратиле тогаш во зарвор во поправен дом за малолетници иако имал 20 години. Во 2023 одбиле кривична пријава од МВР иако бил виновен и предизвикал сообраќајка без возачка дозвола. Не дека судот не е крив, ама заедно со нив и ВИЕ ЈА УБИВТЕ ФРОСИНА!!!“, напиша Љупчо Златев, новинар.„22 годишната девојка која настрада во Скопје е жртва на системот, на институциите, на изместените вредности. Возачот кој управувал без дозвола возило кое му го купиле и пред да ја добие (и да ја изгуби поради прекршоци меѓу кои и потешки), бил апсен за дрога (амфетамини), вечерта бил пијан и повторно бил на улица овој пат со трагичен крај за Фросина и нејзиното семејство. Еден млад и надежен живот згаснат во момент, пресечен во она што треба да се најдобри години, години во кој светот е пред тебе. Згаснат поради бес, поради неказнивост, поради негрижа на општеството, поради вредностите кои фаворизираат и ги оставаат вакви ликови на слобода. Симболика на сѐ она што ни се случува, млада и перспективна дизајнерка која создава убавина убиена од дното на нашето општество - неуспешен дилер. Сочувство до семејството за загубата“, напиша Божидар Божиновски.„Денес, кога прочитав дека повторно на истата улица, кај Универзална, згаснал млад живот, а девојката се вика Фросина, ја почувствував истата болка која ја чувствував дента кога јас ја изгубив мојата Фросина, почувствував како повторно да изгубив некој толку близок, а болката која ја доживеав тој 3ти Април 2015та, денес е исто толку голема. Еднаш поодамна напишав : ,,Да не дозволиме да згасне уште еден младешки здив на таа проклета Партизанска, да не дозволиме да има следна Фросина". Дозволивме. Прости ни Фросина, не успеавме, не успеавме како луѓе да те спасиме и да не дозволиме повторно да се случи истото - еден млад живот да згасне на еден таков суров начин. Ние како луѓе, молчејќи пред законот дозволивме повторно да се случи ваква трагедија, повторно да изгубиме еден млад живот, повторно дозволивме некој да и ги земе соништатата на една млада девојка, а нејзиното семејство да го остави да тагуваат целиот свој живот. До кога ваквите случаеви ќе се третираат како сообраќајна несреќа, а не убиство? До кога сторителите ќе поминуваат неказнето? Уште колку Фросини ќе го изгубат животот, за да некој разбере дека закон во државава МОРА ДА ИМА! Прости ни, и летај Фросина, а летајќи кон небото обиди се да ни простиш, луѓе сме... не знаеме што правиме“, напиша Исадора Јакимовска.„Одговорите за тоа како 20-годишниот Васил Јованов е на слобода треба да се бараат во судот - минатата година Јованов е обвинет за две кривични дела, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Во текот на постапката, тој е во притвор, по предлог на обвинителството. Основниот кривичен суд Скопје пресудува дека тој треба да добие заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник. При изрекување на пресудата СУДОТ е тој што ја укинува притворската мерка. Обвинителството се жали на ова и предметот сѐ уште е во жалбена постапка. Додека трае жалбената постапка, Јованов на црвено, пијан и на пешачки премин ја усмртува Фросина. Дали ова можело да се спречи? И тоа како можело! Ако судот го гледал она што го гледало обвинителството - дека иако е „помлад полнолетник“, Јованов не треба да е на слобода!“, напиша Мери Јордановска, новинарка.„Две семејства. Во едното расте момче кое што на 20 години зад себе веќе има криминално досие, а во другото расте девојче кое што на 22 години е полно со младешки елан, визија за иднина, трудољубие, успеси и љубов кон животот. Две семејства се закопани со еден удар. Едното од тага по изгубеното чедо, другото затоа што создале убиец. Парите имаат моќ да поткупат, но не и да ја вратат продадената душа на ѓаволот. И секое наше дете може да биде Фросина, сѐ додека имаме закон продаден за пари. Ни се случува Кецмановиќ на улица“, напиша Татјана Алексиќ, професорка.„Како немав моќ сега да завртам два телефони да ги најдам сите потпишани на ослободителни пресуди и намалување казни па сабајле рано да излезам на прес и да ви соопштам дека заради убиството на Фросина уапсени се 10 луѓе. Не само убиецот. Фросина нема да се врати, ама Фросина е секој од нас. Мора да има начин. Притисок од јавност е еден од нив. Не ја заборавајте! Свети силно девојче, можеби ќе спасиш некој“, напиша Миа Костова, инфлуенсерка.„Паметиме многу трагедии, не паметиме правда за сите тие трагедии. Празни демагогии за што е тоа човечност нема да донесат општество кое нема да лие крв по улиците. Беше Фросина кај „Силбо“, па Викторија пред „Сити мол“, и сега повторно Фросина (верувам дека многу и испуштам). И не е нормално на 20-години да бидеш деликвент со досие. Не е нормално Раде Штекли да ти биде идол. Не е нормално да возиш 130км/час на Партизанска, а уште помалку да се тркаш на булевар. Правосудството ја заборави својата клучна улога - да ги спречи овие дејанија. Дел од правораздавачите си дадоа задача да се пресметуваат по нарачка со граѓаните од чии раце леб јадат. Затоа доверба од 2%. Познавам чесни кадри, пречесни. Со снимање на „Претрес“ слушнав како момче добило 16 години затвор за бакнување девојка. Слушнав како неколку Роми лежат по 6 години затвор за кражба на бакар. Видов драконски казни за финансиски криминал. А се сеќавам и на три години затвор за прегазувањето на Викторија кај Сити мол. Но, не видов правда. Јустиција кај нас ѕирка под превезот. Жалам што не сум таму. И жалам што не сакам да се вратам, а ќе се вратам таму. А да бев, утре ќе се видевме во 13 часот, пред Универзална сала. Само вака се покажува дека сме тука, но и дека сакаме живи и здрави да си ги дочекаме најблиските дома. 13 часот за сите жртви“, напиша Кристијан Ландов, новинар.

Коментари | пред 1 година

frosina-5134

Во 13 часот на Партизанска кај „Силбо“ – протест за трагичната смрт на Фросина

Граѓани најавија дека утре излегуваат на протест по трагичната несреќа во која загина младата Фросина Кулакова, млад дизајнер од Неготино. Тие бараат надлежните да отворат очи. Истовремено, лути се на судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога.„Утре, освен што ќе ги "бојкотирате" маркетите, појдете на "Партизанска", пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!! А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!!“, стои во најавата.Возачот Јованов кој ја усмрти Фросина и претходно имал судир со законот – поседувал дрога. Кривичниот суд пресудил дека тој треба да оди во воспитно-поправен дом во Тетово, а обвинител барал притвор. Сепак, при изрекување на пресудата за Јованов, оваа мерка била укината. Обвинителот не се откажал од мерката и поднел жалба, за која до овој момент не е одлучено.Граѓаните се револтирани и сметаат дека на Јованов му се прогледувало низ прсти за прекршоците кои досега ги правел и така се загрозувале туѓи животи, меѓу кои и на загинатата Фросина.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања