Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФУДБАЛ

media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе на чекор до вечниот рекорд на Франција: уште еден гол го дели од Жиру

Килијан Мбапе се доближи на само еден погодок до врвот на вечната листа на стрелци на француската репрезентација и најавува дека прашање на време е кога ќе го надмине Оливие Жиру.Напаѓачот на Реал Мадрид моментално има 56 голови во 94 настапи за „триколорите“, додека Жиру е прв со 57 погодоци во 137 натпревари. Со тоа, Мбапе не само што е блиску до рекордот по вкупен број голови, туку веќе се издвојува и по ефикасност – со просек од 0,59 гола по меч, најдобар меѓу најистакнатите француски репрезентативни голгетери.Новиот погодок за националниот тим го постигна во пријателскиот дуел со Бразил (2:1) во Масачусетс, каде со прецизен лоб-удар ја затресе мрежата на „селесао“. Мбапе дебитираше за Франција во 2017 година, а неговиот континуитет и учинок во клучни натпревари го поставуваат во позиција да ја преземе титулата „најдобар стрелец на сите времиња“ на репрезентацијата.На врвот на историјата на францускиот национален тим, зад првите двајца, се редат имиња со силна тежина во европскиот фудбал:Оливие Жиру – 57 гола / 137 натпревариКилијан Мбапе – 56 / 94Тјери Анри – 51 / 123Антоан Гризман – 44 / 137Мишел Платини – 41 / 72Карим Бензема – 37 / 97Давид Трезеге – 34 / 71Зинедин Зидан – 31 / 106Со оглед на темпото со кое погодува, се очекува Мбапе наскоро да го помести рекордот и да ја отвори новата страница во голгетерската историја на Франција.

Спорт | пред 2 дена

ademi

Адеми од ДУИ: Се толерирал говор на омраза на натпреварот Вардар-Башкими, а специјалци се користеле да се спротистават на клубот

Арбер Адеми од ДУИ реагираше по два, како што ги оцени, сериозни инциденти во македонскиот фудбал, наведувајќи дека тие не се случајни, туку директна последица на неказнивоста и, како што рече, тивкото охрабрување на оние што ги кршат правилата и поттикнуваат омраза.„Кога на натпревар меѓу Вардар и Башкими се толерира отворен говор на омраза и дури се користат специјални единици против претставници на клубот Башкими, додека играта продолжува како ништо да не се случило, пораката е јасна – стандардите не важат еднакво за сите“, изјави Адеми.Тој посочи и на друг натпревар, меѓу Шкендија од Харачина и Преспа, каде, според него, било побарано отстранување на албанското знаме со образложение дека „има наредба од горе“, иако, како што нагласи, законот го регулира користењето на симболите.„Проблемот не е спортски, туку политички“, рече Адеми, додавајќи дека ваквите појави се повторуваат затоа што никој не сноси одговорност.Според него, лицата што постапуваат на ваков начин не само што не се санкционираат, туку, како што тврди, често се унапредуваат, сè додека се во линија со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Адеми оцени дека станува збор за прашање на достоинство и еднаквост, а не само за спортско ривалство, повикувајќи ги фудбалските институции да се дистанцираат од, како што рече, политички притисоци и да воспостават еднакви стандарди за сите.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv39caod9apsdbhZoT0L

(Видео) Вардар – Башкими заврши со скандал: Плукање кон судијата и упад на исклучено лице

Тензичен финиш и физичка пресметка го одбележаа натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Башкими во рамки на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига, одигран на Тренинг-центарот на ФФМ. Инцидентот се случи во 87. минута, кога страстите целосно излегоа од контрола.Сè започна по старт на Матиќ, кој првично беше санкциониран со жолт картон. Набрзо, по бурна реакција и гестикулации, директен црвен картон доби играчот на Башкими со број 3, Реџеп Мурати. Стоперот на кумановскиот тим реагираше во неверување по исклучувањето, а тензијата дополнително ескалираше кога капитенот Алими се упати кон клупата, по што дојде до судир меѓу двете клупи.Во еден момент гостинските фудбалери го напуштија теренот, но подоцна се вратија и натпреварот беше довршен. Вардар на крајот славеше со 1-0.Од Фудбалската федерација на Македонија со официјално соопштение информираа дека директниот црвен картон бил доделен поради плукање кон главниот судија. Според ФФМ, арбитерот се наоѓал на околу еден метар од настанот, јасно го забележал чинот и без двоумење го исклучил играчот. Инцидентот бил потврден и од ВАР-судиите врз основа на јасен видео-доказ.Дополнително, Федерацијата информира дека претходно исклучено службено лице од клупата на Башкими недозволено влегло на теренот и започнало конфронтација со фудбалерот на Вардар, Бобан Николов. Според ФФМ, станува збор за крајно неспортско и недозволиво однесување, особено имајќи предвид дека лицето било исклучено уште во првото полувреме и немало право да се врати на теренот.Федерацијата наведува дека причината за конфронтацијата произлегува исклучиво од плукањето кон судијата и од недозволеното влегување на исклученото лице. Николов, по инцидентот, бил дисциплински санкциониран со жолт картон.Од ФФМ соопштија и дека претставник на Башкими може во секое време да го посети ВАР-центарот, да го прегледа видео-материјалот и да ја преслуша комуникацијата меѓу судиите и исклучениот играч.Натпреварот бил продолжен за дополнителни 10 минути поради изгубеното време, а главниот судија го означил крајот по истекот на надополнетото време. Прикажаното надополнување од +18 минути на телевизиските екрани, според Федерацијата, претставувало техничка грешка на продукцијата.

Спорт | пред 1 месец

fudbalska-reprezentacija-na-makedonija

Македонија - Данска во баражот за пласман на Светското првенство

Македонската фудбалска репрезентација го дозна ривалот во полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот – жрепката во Нион ни ја донесе селекцијата на Данска.Нашиот национален тим заврши во четвртиот шешир поради поразот од Велс во последното коло, што значеше дека во баражот можевме да добиеме противници од најсилната група: Данска, Украина, Италија или Турција. Среќата – или несреќата – ја одреди Данска како наш следен предизвик.Натпреварот ќе се игра на гостински терен, со оглед на претходно утврдените правила за баражот. Ако Македонија ја победи данска, следен е победникот од дуелот Чешка – Северна Ирска.Полуфиналниот бараж е закажан за 26 март, додека финалниот натпревар ќе се игра на 31 март. Доколку Македонија се избори за финале, домакинството ќе биде одредено со дополнителна ждрепка.

Спорт | пред 4 месеци

media-libraryobc24ntegtp35uJIcbr

Фијаско на „Милениум“: Велс ја распарчи Македонија со седум гола

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во Кардиф од Велс со 7:1, во последното коло од Ј групата на квалификациите за Светското првенство. Со овој резултат, Велс го обезбеди второто место и место во плејофот, додека Македонија ќе мора да бара шанса за Мундијалот преку Лигата на нации.По речиси две години без пораз во официјални натпревари, вечерва заврши една успешна низа на избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој доживеа тежок удар на „Милениум“ стадионот. Македонскиот состав одигра слаб меч, со катастрофални грешки во одбраната и без идеја во нападот. Единствено голманот Столе Димитриевски беше на ниво, спречувајќи уште потежок резултат.Почетокот на натпреварот влеваше надеж откако Бојан Миовски во 23-тата минута постигна погодок и намали на 2:1, а до крајот на првото полувреме Македонија имаше и неколку шанси преку Барди од слободен удар и серија на корнери. Сепак, вториот дел беше целосна доминација на домаќините.Во редовите на Велс блескаше Хари Вилсон со хет-трик, а по еден гол постигнаа Брукс, Џонсон, Даниел Џејмс и Бродхед.Овој пораз ќе остане запаметен како еден од најтешките за Македонија во последните години, а јавноста веќе бара одговори за тактичките промашувања и слабата подготовка на тимот.

Спорт | пред 4 месеци

media-libraryg1fh67dop6rfbiLOumk

Билал Касами се гордее со синот: Младиот фудбалер ќе игра за албанската репрезентација против Ирска

Актуелниот градоначалник на Тетово и кандидат за нов мандат од коалицијата Вреди, Билал Касами, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук сподели радосна вест поврзана со неговото семејство.„На врвот на кампањата, најубавата вест која неизмерно ме воодушеви дојде од Тирана. Мојот син, Љавдрим, доби покана од албанската фудбалска репрезентација У19 за два пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам!“, напиша Касами.Со ова, тој изрази гордост за успехот на својот син, кој добил шанса да го облече дресот на младинската репрезентација на Албанија.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-13.55.57

Побаран е притвор за насилството на младинскиот фудбалски натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против едно лице за насилство на стадионот „Бело Брдо“ за време на натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“, при што биле нападнати и повредени две деца.-Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Беласица“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, имајќи го предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на делото.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Кривична пријава за местење на натпревар меѓу „Кожуф“ и „Башкими“, едно лице уапсено

МВР поднесе кривична пријава против седум лица поради местење на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај 2025 во Гевгелија. Едно од пријавените лица е лишено од слобода и спроведено во ОЈО Гевгелија.Според истрагата, првопријавениот Б.Х., претседател на ФК „Башкими“, со цел клубот да избори пласман во Првата македонска лига или бараж, го намамил спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ. да ги запостави интересите на својот клуб и на ФФМ. Преку посредник – фудбалерот А.Ј. – била договорена средба на која Б.Х. на П.Ѓ. му дал 10.000 евра како „подарок“ за да влијае врз исходот на натпреварот.По примањето на парите, П.Ѓ. преку тренерот С.Г. влијаел врз тројца фудбалери на „Кожуф“ – Б.К., Ј.П. и К.С. – кои прифатиле да не се залагаат максимално за време на мечот. Натпреварот завршил со резултат 1:2 во корист на „Башкими“, што им донело три бода и пласман на третото место во Втората лига, обезбедувајќи им место во баражот за Прва лига.Сите осомничени се товарат за кривични дела „измама“, „неовластено давање или примање подароци“ и „соизвршителство“ по Кривичниот законик.

Свет | пред 7 месеци

527666873_1319549786201207_4222669433503759988_n

Хелсиншки: Повиците за „Голема Албанија“ и „Илирида“ поттикнуваат омраза и раздор

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира поради националистичките пораки што одекнуваа од трибините на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах, одигран на 5 август на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Комитетот ја осуди содржината на навивачките повици, оценувајќи дека тие не одразуваат спортски дух и дека поттикнуваат меѓуетнички тензии.„И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки кои се далеку од манифестирање на спортски дух и придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија, а имаат потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Дополнително загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група „Балисти“, туку биле извикувани од дел од публиката и тоа во присуство на високи државни функционери“, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.Во соопштението се посочува дека на трибините присуствувале високи функционери, меѓу кои претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити, министерот за економија Валон Дурмиши, како и лидерите Али Ахмети и Арбен Таравари. Комитетот забележува дека никој од нив не реагирал на спорните скандирања.„Посебно дискутабилна е изјавата на претседателот на Собранието, кој од една страна вели дека не ги слушнал повиците додека бил присутен на натпреварот, а од друга страна јавно им честитал на навивачите нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“. Овие контрадикторни ставови испраќаат опасна порака за толеранција на говорот на омраза и политичко навивање на спортски терени. Осудата на говорот на омраза од страна на политичарите е еден од клучните фактори против ширењето на оваа појава бидејќи говорот на омраза произведува уште повеќе говор на омраза, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза“, стои во реакцијата.Хелсиншкиот комитет упати апел до Министерството за внатрешни работи и до надлежните институции итно да постапат по најавените мерки за санкционирање на овие инциденти.„Селективната примена на законите, во зависност од етничката или политичката припадност на сторителите е неприфатлива и дополнително ја нарушува довербата на граѓаните во институциите. Спортските натпревари мора да бидат место на взаемно почитување, фер игра и градење на соживот. За говорот на омраза и националистичките пораки нема место ниту на трибините, ниту во јавниот дискурс“, се наведува во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Македонија | пред 7 месеци

Fudbal-Mozz

Фудбалот е повеќе од игра – Караванот на Mozzart пристигнува во Свети Николе!

После Охрид и Велес, радоста и спортскиот дух продолжуваат да го освојуваат и Свети Николе. Караванот „Фудбалот е повеќе од игра“ утре ќе го донесе третиот мини пич терен, ново место каде младите соништа ќе се будат, топките ќе тропаат со надеж, а срцата ќе чукаат во ритамот на спортот.Оваа акција, започната во Србија, годинава со љубов и посветеност се реализира и во Македонија. Секој терен е доказ дека фудбалот поврзува генерации, зајакнува заедници и инспирира идни шампиони.Теренот во Свети Николе со гордост ќе го носи името на легендарниот македонски фудбалер Бобан Бабунски, додавајќи му посебен дух и чест на овој простор. Претходно, фудбалската магија веќе оживеа во Охрид со теренот на Гоце Толески и во Велес со теренот посветен на Панче Ќумбев.Свеченото отворање ќе се одржи утре, на 05.08.2025, со почеток во 18:30 часот, на ул. 29 Ноември.Mozzart ве поканува да бидете дел од овој незаборавен момент – да го прославиме спортот, заедништвото и соништата.„Ве покануваме сите љубители на фудбалот – дојдете, поддржете, инспирирајте! Заедно да го заокружиме патувањето на караванот оваа година со радост, емоција и верба дека фудбалот навистина е повеќе од игра,“ порачуваат од компанијата Mozzart.*пр објава

Македонија | пред 7 месеци

SLIKA-4-VELES

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart го отвори вториот мини пич терен во Велес

Во живописниот Велес, град со душа што пулсира со историја, култура и љубов кон спортот, светна нова надеж: мини пич терен кој не само што ги зближува луѓето, туку ја отвора вратата кон соништата на многу млади фудбалери.Теренот е донација од компанијата Mozzart, чија мисија е да покаже дека фудбалот не е само трка за топка – туку празник на заедништво, поддршка и човечност.Акцијата Фудбалот е повеќе од игра започна во Србија, а од оваа година истата се реализира и на македонско тло.Овој терен го носи името на велешката легенда Панче Ќумбев – симбол на посветеност, храброст и инспирација.„За мене ова значи голема чест и почитување,и секако обврска да продолжам со мојот ангажман во фудбалот и воопшто во спортот.Тоа што теренот го носи моето име за мене е голема работа,доказ дека сум оставил белег со својата кариера.Велес и Македонија секогаш давале големи имиња во спортот и мило ми е што Mozzart како општествено одговорна компанија со вложувањето во спортски терени тоа го препознава и поддржува. Вложувањето во спортски терени е вложување во здравјето на младите. Преку спортот можеме да градиме здрава иднина и здрави поколениjа, а основа за тоа се условите и терените. Mozzart очигледно ја знае вистинската формула за тоа и вложува во спортска инфраструктура. Продолжете со оваа благородна мисија и едно големо благодарам за се што правите”, изјави Панче Ќумбев.На отворањето присуствуваа бројни љубители на фудбалот – родители, деца и млади таленти. Сите обединети во една емоција: благодарност.Првите кои имаа чест да го тестираат теренот беа младите фудбалери од Велес. Тие одиграа хуманитарен натпревар со цел да помогнат на лицата со церебрална парализа од својот град — гест кој потврдува дека фудбалот има моќ да обединува и инспирира.„Задоволството е огромно кога гледаме колку значи еден ваков проект за младите. Можеби токму тука ќе се роди новата фудбалска ѕвезда на Македонија. Нашата улога е да поддржиме, а младите да сонуваат, тренираат и го чуваат овој терен како свое светилиште,“ рече Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ своето патување низ Македонија го започна од бисерот Охрид, продолжи во Велес, и наскоро ќе го заокружи во Свети Николе. Секој град добива нешто повеќе од терен – добива приказна, заедница и потсетник дека спортот има моќ да менува животи.*пр објава

Македонија | пред 8 месеци

NAJAVA-VELES

Mozzart ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Велес добива нов мини пич терен!

По одличниот успех во Охрид, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ триумфално пристигнува во срцето на Велес.Градот добива современ фудбалски терен, кој гордо ќе го носи името на легендарниот Панче Ќумбев – велешанец кој го симболизира спортскиот жар, неуморна посветеност и љубовта кон играта.Свеченото отворање ќе се одржи на вторник, 22 јули 2025 година, во 18:00 часот. Локација: Улица Петре Прличко бб„Ги покануваме сите љубители на спортот, младите, семејствата и заедницата да ни се придружат во овој радосен момент и заедно да славиме нов почеток” порачуваат од компанијата Mozzart, која повторно го докажува своето силно залагање за развојот на спортот, поддршка на младите таленти и збогатување на локалната заедница.Фудбалот има моќ да нè зближи, да нè мотивира, и да нè научи дека заедно можеме да постигнеме нешта поголеми од било каков резултат – и на теренот, и надвор од него.Ајде да аплаудираме за иднината, за тимскиот дух и за секој гол што инспирира нова генерација. Фудбалот навистина е повеќе од игра – тоа е животна лекција во движење!Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ започна минатата година во Србија, каде што досега беа отворени пет мини-пич терени посветени на легендарни фудбалери.Почетниот удар го изведе селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, а потоа свои терени добија и славниот ас на Црвена звезда Александар Катаи, репрезентативците Александар Митровиќ и Страхиња Павловиќ, како и капитенот на Нови Пазар, Адем Љајиќ.Проектот потоа се прошири и во Македонија, а првиот терен во Охрид го доби името на локалниот херој Гоце Толески.

Македонија | пред 8 месеци

Diogo-Jota

Пукнала гума на „ламборгинито“ на Жота, спидстерот целосно изгорел: Детали за трагедијата што го потресе светот!

Фудбалскиот свет беше шокиран од веста за смртта на Диого Жота (28), португалски напаѓач и еден од најважните играчи на Ливерпул, кој синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија. Неговиот помлад брат Андре Филипе (26), професионален фудбалер за португалскиот клуб Пенафиел, исто така бил во возилото.Несреќата се случила околу полноќ на 65-от километар од автопатот А-52, во близина на градот Чернадиља, во покраината Замора. Според првичните информации, Ламборгинито со кое патувале излетало од патот, најверојатно поради дупната гума, и се запалило по силниот удар. Пожарот целосно го зафатил возилото и се проширил на околната вегетација, што го отежнало спасувањето.Очевидци веднаш повикале служби за итни случаи, но и покрај брзата реакција на пожарникарите, полицијата и брзата помош, патниците не можеле да бидат спасени. Телата биле пронајдени во изгорен автомобил, а поради сериозноста на штетата, не било лесно брзо да се утврди нивниот идентитет.Диого Жота се ожени со својата долгогодишна партнерка Рута Кардосо пред само десет дена. На свадбата, тој позираше со неа во друштво на нивните три деца: синовите Денис (роден 2021), Дуарте (2023) и ќерката родена во 2024 година.Жота ја започна својата кариера во Португалија и се истакна со настапите во Вулверхемптон и Атлетико Мадрид пред да се приклучи на Ливерпул во 2020 година, каде што брзо стана еден од клучните играчи на Јирген Клоп. Тој се сметаше за важен дел од тимот за претстојната сезона и требаше да патува на подготовки во наредните денови.Оваа ненадејна и голема трагедија длабоко го погоди спортскиот свет, а бројни пораки со сочувство веќе пристигнуваат од Англија, Португалија и цела Европа. Ливерпул сè уште не даде официјална изјава за оваа трагедија.

Свет | пред 8 месеци

308677728_5857589610941165_4715062866437565417_n

Фудбал без публика во Македонија до крајот на 2024

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва МФЛ и фудбалската јавност за одлуката донесена по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со натпреварите од 17. коло и 18. коло во Прва МФЛ.Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања со сквернавењето на знамиња и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.

Спорт | пред 1 година

vardar-komiti

Струга го „здроби“ Вардар на Арената

Вардар одново доживеа дебакл откако загуби од шампионот Струга со убедливи 1:4 на Националната арена во Скопје, со што за Вардар ова е голем удар откако пред шест дена загуби во Тетово од Шкендија со 4:0.Влајковиќ погоди за водство на Вардар од 0:1, а Вардар преку Босанчиќ израмни на 1:1. Пред крајот на првиот дел Кампаоре донесе водство за Струга од 1:2. Во вториот дел Кампаоре со втор гол и Кехинде ги поставија конечни 1:4.

Спорт | пред 1 година

fudbal

Саутгејт поднесе оставка

Герет Саутгејт поднесе оставка на селекторската функција на Англија!Саутгејт се пензионираше откако Англија вторпат по ред беше поразена во финалето на Европското првенство.„Горди Албион“ во неделата во Берлин беше поразен од Шпанија со 2:1, а пред три години тоа беше Италија на пенали на Вембли во Лондон.Во текот на целото ЕУРО во Германија, Саутгејт беше на удар на критики поради слабата игра на Англичаните, пред се поради индивидуалниот квалитет на тимот.Тој ја водеше Англија осум години на 102 натпревари во кои „Албион“ оствари 61 победа и 17 порази (59,8%)."Како горд Англичанец, мојата животна лекција беше да играм и да ја водам Англија. Ми значеше се и дадов се. Но, време е за промена и ново поглавје", изјави Саутгејт.Поранешниот стопер на Кристал Палас, Астон Вила и Мидлсброу одигра повеќе од 500 натпревари во Премиер лигата.Пред да стане селектор на Англија, три години ја водеше репрезентацијата до 21 година, а тренерската кариера ја започна во Мидлсброу веднаш штом заврши со играњето во истиот клуб.

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Меси плачеше како мало дете: Го претепаа и исфрлија, а Аргентина најде неочекуван херој за трофејот на Копа Америка

Лионел Меси не можеше да ги задржи солзите. Повеќе од сè, тој беше повреден поради тоа што мораше предвреме да го напушти финалето на Копа Америка помеѓу Аргентина и Колумбија.Во 66. минута мораше да го напушти теренот поради повреда.Доби неколку остри удари во ногата, а по еден особено непријатен, долго време лежеше на тревата.Тој мораше да ја напушти играта бидејќи го истегна зглобот.Меси ја напушти играта, седна на клупата и повеќе не можеше да ги задржи солзите. Многумина се прашуваа дали ова е и негов последен настап во дресот на Аргентина.Кога соиграчите видоа колку му значи се на Меси, дадоа се од себе да го утешат и успеаја.Тие го освоија трофејот во продолженијата кога погоди Лаутаро Мартинез во 112. минута. Голот беше благодарение на тројца џокери од клупата, па Паредес ја преполови топката, Ло Селсо го пронајде Мартинез, а тој извонредно погоди за водство и триумф.Колумбијците до крајот не успеаја да постигнат гол и дури да стигнат до пенал рулетот.

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

(Фото) Роналдо е во солзи по промашениот пенал, а на трибините сите зборуваат за реакцијата на неговата мајка

Кристијано Роналдо имаше голема среќа во понеделникот вечерта да не стане трагична фигура за Португалија, откако промаши пенал во судиското продолжение за да поведе против СловенијаЈан Облак го одбрани неговиот удар и го расплака еден од најдобрите играчи во историјата, додека камерата ја фати и неговата мајка Долорес Авеиро, која беше вознемирена.Роналдо буквално се скрши по првото продолжение, солзите неконтролирано течеа додека соиграчите го тешеа. Во меѓувреме, додека камерите се свртеа кон трибините, и неговата мајка изгледаше солзи. Неговиот поранешен соиграч Хозе Фонте, човекот кој беше европски шампион со Роналдо во 2016 година, изјави за Би-Би-Си:,,Тој е емотивен тип, сака да постигнува гол повеќе од се. Ќе го боли.", изјави Фонте во програмата во живо.На крајот Роналдо беше стрелец во пенал-рулетот во кој Словенците ги промашија сите три први удари и беа елиминирани.

Спорт | пред 1 година

Screenshot-2024-06-30-at-11.40.40

(Видео) Драма на ЕП: Полицијата уапси маскиран маж на покривот на стадионот

Германската полиција уапси маж кој за време на натпреварот меѓу Данска и Германија се качувал на покривот на стадионот.На покривот на стадионот во Дортмунд било пронајдено маскирано лице кое предизвикало голема паника на полувремето.https://twitter.com/SportSync_UE/status/1807187275060506909?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1807187275060506909%7Ctwgr%5Eed100b37a5ec3993b3198a2dbb5ab9b7053a26a3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsport%2Ffudbal%2Fdrama-na-evropskom-prvenstvu-policija-uhapsila-maskiranog-coveka-video%2FПоради оваа акција доцнеше почетокот на второто полувреме, додека полицијата успеа да го совлада овој човек по завршувањето на натпреварот.На видеото се гледа како маскирано лице се качува на покривот, а потоа полицијата го апси.Не се знае какви биле намерите на уапсениот.https://twitter.com/MailSport/status/1807173775114273111?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1807173775114273111%7Ctwgr%5Eed100b37a5ec3993b3198a2dbb5ab9b7053a26a3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsport%2Ffudbal%2Fdrama-na-evropskom-prvenstvu-policija-uhapsila-maskiranog-coveka-video%2F

Свет | пред 1 година

fudbal-1

(Видео) Модриќ за малку ќе заплачеше, она што го доживеа на конференцијата ќе го памети засекогаш

Лука Модриќ, 38-годишниот капитен на хрватската репрезентација, беше длабоко погоден по ремито со Италија (1:1) на Европското првенство, кое речиси сигурно ја елиминираше Хрватска од понатамошното натпреварување.Иако постигна гол и беше прогласен за играч на натпреварот, Модриќ тешко го поднесе сознанието дека му пропадна последната шанса да освои голем трофеј со репрезентацијата.По натпреварот, Модриќ беше видно емотивен и во солзи додека ја примаше наградата за играч на натпреварот. Сепак, на прес-конференцијата, еден италијански новинар успеа да го развесели со топли зборови на благодарност за сето она што му го пружи во текот на кариерата.Би-би-си објави видео од тој трогателен момент. „Лука, добра вечер од италијански новинар. Сакам да ви се заблагодарам за се што покажа не само вечерва, туку и во текот на вашата кариера. Уште еднаш го напуштивте теренот како врвен играч. Промаши пенал, но постигна гол веднаш потоа, сакам никогаш да не се пензионираш бидејќи си еден од најдобрите играчи за кои сум коментирал“.Овие зборови предизвикаа аплауз кај присутните новинари, а Модриќ трогнат одговори:„Ви благодарам од се срце за таквите прекрасни зборови. И јас би сакал да играм фудбал засекогаш, но ќе дојде време кога ќе морам да ги закачам моите копачки. Не знам уште колку ќе играм, но ви благодарам за убавите зборови“.Овој момент покажа колку е почитуван и сакан Модриќ не само во Хрватска, туку и ширум светот, како и колку е тешко да се прифати крајот на исклучителната кариера.

Спорт | пред 1 година

FK-vardar

Вардар добива странски спонзор, со силен буџет

ФК Вардар од Скопје добива нов спонзор. Според инфорациите со клубот ќе менаџира познат спортски работник од земјава. Станува збор за странска компанија која дала согласност за комплетно превземање на фудбалскиот клуб.Се најавува повеќемилионски буџет во клубот. Иако приоритет за почеток на новиот сопственик на „црвено-црните“ ќе биде јакнење на три столба без кои не може да се направи силен и стабилен клуб за во иднина. Станува збор за база, администрација и буџет.ФК Вардар со новиот сопственик и со новиот управител на клубот поучен од грешките во минатото треба да креира фудбалски клуб кој би бил фудбалски бренд во регионов. Она што е јано е тоа дека за брзо време ќе се знаат основните информации околу тоа кога и каде почнуваат подготовките.

Магазин | пред 1 година

fudbal

(Видео) Мбапе не смее да ја носи маската со која тренираше

Килијан Мбапе на тренингот на Франција се појави со маската која требаше да ја носи на продолжението на Европското првенство.Сепак, тоа нема да биде случај.Тој во четвртокот се појави на тренинг со маска во боите на француското знаме, но според член 42 од правилникот на УЕФА медицинската опрема што играчот ја носи на теренот мора да биде една боја.На натпреварот против Австрија, Мбапе го скрши носот во воздушен дуел со противнички играч и поради тоа мораше да ја напушти играта.По натпреварот беше одлучено да не оди на операцијата што ја пролонгираше по ЕП.Беше најавено дека најверојатно ќе го пропушти групното дерби со Холандија во петок, но со оглед на тоа што тренираше, постои шанса да биде на теренот.Во меѓувреме, тој побара помош од фановите при изборот на маска што ќе ја носи на остатокот од натпреварувањето.На крајот избра маска во боите на Франција, но според правилата не може да ја носи доколку не добие посебно ослободување, што тешко дека ќе се случи.

Спорт | пред 1 година

fudbal1

Се огласи Ембапе по скршеницата на носот: Французинот имаше важно прашање до навивачите

Капитенот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе заработи тешка повреда на првиот натпревар на триколорите на Европското првенство. Франција ја победи Австрија со 1:0, но натпреварот го наруши неговата повреда.Во 85. минута Ембапесе се повреди откако во скок удри со глава во рамото на противникот. Тренерот Дидие Дешамп потврди дека капитенот во таа прилика си го скршил носот.Поради оваа повреда јасно е дека Ембапе ќе мора да носи заштитна маска на лицето до крајот на Европското првенство.По натпреварот, Мбапе им се обрати на своите фанови на социјалните мрежи, барајќи идеи за маската што ќе ја носи. -- Идеи за маски? - напиша Ембапе, а повеќето фанови во коментарите предложија маска инспирирана од Нинџа желките, анимирани херои со кои често се споредуваат Ембапе.Следниот натпревар Франција го игра против Холандија во петок од 21 часот.

Спорт | пред 1 година

Screenshot-2024-06-15-at-09.27.49

Трагедија: почина голманот на Црна Гора на 26 години, ненадејно му се слоши

Голманот на црногорската репрезентација Матија Шаркиќ почина утрово во Будва, објави „Вијести“.Според овој медиум, му се слошило во станот во кој престојувал, по што починал.Шокантната вест растажи многумина во Црна Гора, дотолку повеќе што Матија неодамна блескаше на натпреварот на репрезентацијата против Белгија во Брисел.Шаркиќ имал 26 години, а пораснал играјќи фудбал во помладите категории Андерлехт и Астон Вила.Тој бранеше за Милвол во Англија, каде што е роден во јули 1997 година во Гримсби. Играше и за Виган, Стратфорд, Бирмингем, Стоук, Шрусбери, Ливингстон и други клубови.Тој одбра репрезентативно да ги брани боите на Црна Гора и во претходните пет години одигра девет натпревари за „децата“. Тој го имаше своето деби против Белорусија во 2019 година.

Спорт | пред 1 година

1714628825-SANTI-OLMO-modified-750x660-1

Страшна трагедија: Поранешен фудбалер го прегази камион

Голема трагедија го потресе шпанскиот фудбал. Поранешниот фудбалер Сантос Олмо (44), кој работел како скаут и помошник спортски директор на Сарагоса, загинал трагично откако бил прегазен од камион.Санти Олмо во текот на својата кариера настапуваше за Елче, Гранада, Кадиз, Херкулес и други тимови, а во исто време, освен помошник директор, работеше и како тимски скаут и важеше за еден од клучните оперативци на клубот.Веста за неговата смрт прв ја објави „АС“ и наведе дека несреќата се случила во вторникот вечерта.Тага во Реал Сарагоса за смртта на Сантос „Санти“ ОлмоSanti desarrollaba en el club un неуморен y certero trabajo en el scouting de jugadores, centrado espacial en los dos primeros equipos del Real Сарагоса.„Со болка во срцето ја објавуваме смртта на Сантос Санти Олмо, член на техничкиот тим на Реал Сарагоса кој не напушти во вторникот на 44-годишна возраст. Санти работеше неуморно за да ги извидува играчите, особено фокусирајќи се на првиот и вториот тим на Сарагоса. Никогаш нема да ја заборавиме неговата волја, добрина и насмевка. Во овие тешки моменти сакаме да изразиме искрено сочувство до семејството“, соопштија од клубот.Од него се простија и некои од клубовите за кои настапуваше во текот на кариерата.

Спорт | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања