Иран до фудбалерките: „Ве чекаме со раширени раце, вратете се дома“
По повиците да се обезбеди заштита и евентуален азил за иранските спортистки во странство, од Иран пристигна остра реакција во која таквите предлози се оценуваат како лицемерни.Во соопштението се наведува дека „повеќе од 165 невини ирански ученици загинале во двојниот напад со проектили во градот Минaб“, со порака дека „апсурдно и лицемерно е да се зборува за ‘спасување’ на иранските спортистки по такви настани“.Пораката беше упатена и до женската фудбалска репрезентација на Иран.„Не грижете се – Иран ве чека со раширени раце. Вратете се дома“, се наведува во пораката на Есмаил Багеи, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран.Светската јавност стравува за безбедноста на иранските фудбалерки, откако на државната телевизија беа прогласени за предавнички, поради тоа што на натпреварот од Азискиот куп протестирале со тоа што не ја пееја химната. Во услови на војна во нивната земја, такви постапки може да повлечат смртна казна.Затоа, веќе неколку дена јавноста апелира до властите во Австралија да им обезбедат азил, а според најавите, тоа било сторено за пет фудбалерки кои го побарале, додека другите се плашат за безбедноста на своите семејства доколку тоа го сторат.Дури и американскиот претседател Доналд Трамп јавно се огласи, повикувајќи на реакција од Австралија.
Свет | пред 2 седмици