Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГАЛИЧНИК

media-library0i5o08rbic8v8k4bQtT

Александар Пендароски и Мартина Михајлова се зет и невеста на Галичка свадба годинава

По разгледување на сите пристигнати апликации и по навистина тешка одлука, Советот на Месната заедница Галичник информира дека за зет и невеста на Галичката свадба 2026 се избрани Александар Пендароски и Мартина Михајлова.„Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката особено предизвикувачка.Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – како место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност.Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар.За нив, ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените.Веруваме дека Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник.Им честитаме и им посакуваме многу среќа, љубов и достоинствено претставување на оваа вековна традиција“, велат организаторите.

Македонија | пред 3 дена

media-library4sfmdnb9n2f62vaSO01

Снегот го блокираше патот кон Галичник – се чека целосно расчистување

Поради врнежите од снег во текот на ноќта, патот кон Галичник во моментов не се препорачува за користење.„Надлежните служби се на терен и се работи на расчистување. Ве замолуваме да не се упатувате кон Галичник сè додека патот целосно не се расчисти и обезбеди за безбедно движење.За сите понатамошни информации, ќе следува навремено известување“, велат од МЗ Галичник.

Македонија | пред 3 дена

Screenshot-2025-05-02-at-09.51.13

Избрани зетот и невеста за Галичката свадба: „Да се ќердосает, од небо да им врне од земја да им никне!“

Овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба се Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска!„Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – со срце полно љубов и почит кон традицијата“, велат од МЗ Галичник и додаваат:„Во срцето на Галичник, под сенката на Бистра, секое лето љубовта добива посебна форма. Зетот и невестата не се само млад пар – тие се симболот на вековната традиција, на непрекинатото предание што низ генерации се пренесува со чест и гордост. Тие чекорат низ Галичник не само како двајца вљубени, туку како чувари на обичајот. Секое движење, секој поглед, секоја песна – сè е длабоко вкоренето во духот на Галичник.Манукот ја носи гордоста на предците, додека мануката со раскошната носија ја раскажува приказната за момичките од овие планински височини – достоинствени, вредни, горди и полни со љубов. Заедно, тие не се само пар – тие се огледало на Галичник. Во нивниот поглед се препознаваат љубовта и ветувањето дека традицијата ќе продолжи. И токму затоа, секој што ќе ги види, не гледа само свадба – туку гледа историја што живее. Да се ќердосает, од небо да им врне од земја да им никне!“.

Магазин | пред 10 месеци

IMG_4951

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се младенци на годинашната „Галичка свадба“

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зетот на годинашната Галичка свадба која ќе се одржи претстојниов викенд. Младенците ќе се венчаат во недела, 14 јули, во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди.Галичко потекло има невестата Стефана, која на прес-конференција денеска рече дека е преплавена од емоции, чувствува среќа и возбуда и е почестена што со Даријан годинава ќе бидат младенци на Галичката свадба.,,Верувам дека правилно ќе ја почувствуваме и ќе ја пренесеме галичката традиција која ни е оставена во наследство од нашите предци. Не треба да дозволиме нејзино искоренување. Ова беше моја желба, но многу е важно кој ми ја исполни таа желба - му благодарам многу на Даријан што уште еднаш ми покажа што значи вистинска љубов и разбирање.”, истакна Стефана Димитрова.Нејзиниот сопруг Даријан Кочоски рече дека со задоволство прифатил да биде зет на годинашната манифестација која секоја година ја посетуваат многу домашни гости, но и странски туристи. Се заблагодари на организаторот, Месната заедница Галичник, што ги избрала токму нив да бидат младенци на „Галичката свадба 2024“.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2022-11-12-102428

(ВИДЕО) Падна првиот снег на Галичник

На социјалните мрежи утрово е објавено видео од патот Маврово - Галичник на кој има снежна покривка.„На дел од патниот правец Маврово - Галичник од утрово се создава снежна покривка. Прогнозата е дека снежните врнежи до пладне треба да престанат, но следната ноќ повторно ќе се создадат услови за провејувања од снег.Препорака за сите оние кои викендов патуваат за и од Галичник да поседуваат зимска опрема“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-17-at-10.34.20

(ВО ЖИВО) Галичка свадба во Галичник

Од 15 до 17 јули во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра, ќе се одржи 48. издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. За галички зет и невеста оваа година се избрани Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле“ во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да“ во Галичник на 28 август.Следете во живо:

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања