Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЃАВОЛОТ

media-libraryv27a6hhd80o64Ze2F5s

Парите на Ѓаволот му пресудија на Стафа: призна вина за митото, доби 15 месеци затвор

Ексдржавниот правобранител, сега адвокат, Фехми Стафа, признал вина дека примил поткуп и се спогодил со Обвинителството да одлежи казна затвор од една година и три месеци, дознава „Скопје1“.Според пресудата, тој не го оспорил обвинението дека во периодот од октомври до декември минатата година примил вкупно 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје. Целта била судијата да преземе службено дејствие што не смеело да се изврши, односно да се измени или укине мерка во предмет против бизнисменот Љупчо Пецов – Ѓаволот.Во јавноста веќе беше објавено дека Стафа преку судијата Ѓоко Ристов требало да обезбеди укинување на притворот за Пецов. Ристов, пак, е судија кој е осомничен во друг случај, откако во домот на неговите родители беа пронајдени околу 350.000 евра сокриени во ѕид. Неофицијално, Стафа соработува со Обвинителството во откривање на други случаи на висока корупција во правосудството.Обвинителството утврдило дека Стафа првично побарал 100.000 евра, а потоа во неколку наврати примал делови од сумата, при што вкупно му биле исплатени 50.000 евра. Дел од парите биле предадени по претходен договор со МВР, по што Стафа бил фатен на лице место и приведен.Стафа беше уапсен на 13 декември минатата година. По изрекувањето на пресудата, се очекува да биде префрлен на издржување на казната во затворот „Скопје“ во Шутка, додека досега се наоѓа во затворот во Куманово.Лицето за кое Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор е осомничениот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот. Стафа, кој воедно е негов адвокат во овој предмет, претходно поднел барање за замена на притворот со куќен притвор во отсуство на Пецов, при што била понудена и гаранција.

Македонија | пред 6 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-29-7940PM

Кривичен суд: За Љупчо Пецов-Ѓаволот определен куќен притвор со 24-часовен надзор

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка бил спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, за кого од претходно била определена мерка притвор од моментот на негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, во предметот за јавноста познат како „Синџир“.Како што информира Судот, имајќи предвид дека обвинетиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и фактот дека неговата одбрана доставила медицинска документација според која истиот има влошена здравствена состојба, надлежниот јавен обвинител, покрај здравствените околности, ценел и дека со негово спроведување во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на обвинетиот.Поради тоа, на записник пред Судот, јавниот обвинител наместо мерка притвор предложил на обвинетиот да му биде определена мерка куќен притвор, заедно со дополнителна мерка – 24-часовен надзор од Министерството за внатрешни работи, со цел да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот тек на постапката.Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на Јавното обвинителство и на обвинетиот му определил мерка куќен притвор со задолжителен 24-часовен надзор. Воедно, на Љ.П. му се одземени и двете патни исправи што ги поседувал.Против решението на судијата, како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, дозволено е право на жалба до Кривичниот совет.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarysscgrpcfl8pvbcWs5VO

Ѓаволот од бегство, во куќен притвор: Донел документи дека не е добар со здравјето, обвинител предложил судот да го остави да се лекува дома

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предложи промена на мерката притвор за осомничениот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов – Ѓаволот, со куќен притвор под 24-часовен надзор, повикувајќи се на повеќе околности, меѓу кои нарушена здравствена состојба и ризици по неговата лична безбедност. Тој до денеска беше во бегство.Како што соопшти Обвинителството, одбраната доставила предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за изменување на определената мерка притвор во поблага мерка, укажувајќи дека осомничениот веќе бил хоспитализиран поради здравствени проблеми и дека му било препорачано понатамошно лекување.Јавниот обвинител, ценејќи ги здравствените околности, но и сериозните индиции за можни влијанија врз постапката и врз самиот осомничен, фактот дека тој доброволно се пријавил и ги предал двете патни исправи што ги поседува, како и проценките дека со негово сместување во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност, на рочиштето го изменил првичниот предлог. Наместо притвор, предложена е мерка куќен притвор со постојан надзор, со цел да се обезбеди неговото присуство во натамошната постапка.Љупчо Пецов – Ѓаволот е еден од главноосомничените во предметот „Синџир“, голема истрага за финансиски криминал и даночно затајување, отворена кон крајот на октомври 2023 година. Во предметот се опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 компании, за кои постои сомнение дека преку мрежа на фиктивни фактури со ДДВ за наводни, но непостоечки услуги, го оштетиле државниот буџет за околу осум милиони евра.Според Обвинителството, Пецов и Стојан Чифлигароски, кој исто така е во бегство, се осомничени како организатори на криминалната група. Во фокусот е и фирмата „Алма-комерц Ангел Пецов“ ДООЕЛ, за која се тврди дека издавала фиктивни фактури со цел намалување на обврските за ДДВ.Случајот дополнително доби тежина по апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е и адвокат на Пецов. Обвинителството соопшти дека Стафа во периодот од октомври до 13 декември примил вкупно 50.000 евра, дел од побарани 100.000 евра, за да посредува и да влијае кај судија во Апелациониот суд Скопје за укинување на мерката притвор за лице во бегство. На 6 октомври биле примени 30.000 евра од сестрата на Пецов, а на 13 декември уште 20.000 евра, по што Стафа бил лишен од слобода.Обвинителството за Фехми Стафа бара определување мерка притвор,која беше одобрена. Тој се наоѓа во затворот во Куманово.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања