Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА 2

media-libraryaf2autaaekdidRV3RJt

(Видео) Сидни Свини отстранета од „Ѓаволот носи Прада 2“: „креативна одлука“ што ја смени финалната верзија

Камео-улогата на Сидни Свини е исфрлена од долгоочекуваното продолжение „Ѓаволот носи Прада 2“, откако продукцијата донела „креативна одлука“ сцената да не биде дел од финалната монтажа.Во филмот, кој доаѓа две децении по оригиналот од 2006 година, повторно се враќаат Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи. Приказната и понатаму го носи препознатливиот моден пулс на франшизата, што ја прави секоја промена во кастингот и монтажата особено забележлива за публиката.Според наводите, Свини снимала кратка, околу триминутна сцена предвидена за самиот почеток на филмот. Во неа таа требало да игра позната клиентка со која работи Емили Чарлтон (ликот на Емили Блант), а моментот бил замислен и како вовед што дополнително ќе го постави тонот и позицијата на Емили во продолжението. Сепак, извор близок до продукцијата посочил дека сцената „структурно не се вклопувала“ во остатокот од приказната.Сценаристката Алин Брош Мекена не сакала директно да потврди дека сцената била исечена, но на прашање дали Свини првично била во филмот одговорила со кратка, речиси иронична констатација дека гледачите веќе го имаат одговорот, бидејќи ја нема во готовиот материјал.Во меѓувреме, вниманието кон Свини не се намалува, особено поради реакциите околу нејзината улога во третата сезона на „Еуфорија“, која изминативе недели предизвика бројни полемики. И покрај контроверзиите, актерката продолжува со интензивен работен распоред и се подготвува за нови филмски проекти.„Ѓаволот носи Прада 2“ е најавен да пристигне во кината на 1 мај.

Свет | пред 18 часа

media-libraryail7ejttqa2eciGeUFj

(Видео) Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“

Новото продолжение на „Ѓаволот носи Прада“ започнува со препознатливите тактови на песната „Vogue“ на Мадона, јасно најавувајќи дека модата повторно е во центарот на вниманието. Трејлерот пристигнува неколку месеци по краткиот тизер-клип објавен во ноември, кој ја остави публиката без конкретни детали за приказната, но потврди повторно обединување на главните ѕвезди — Ен Хатавеј и Мерил Стрип.Новиот материјал сега открива дека Енди овој пат е на значително повисока позиција — уредник на рубрика. Студиото претходно објави и пократок промотивен снимок кој прикажува вербален дуел меѓу Енди и нејзината долгогодишна деловна ривалка. Ликот кој го толкува Емили Блант зајаснува дека Енди е значително посамоуверена отколку порано, но барем еден детал останал ист — нејзините веѓи.Првичниот филм е објавен во 2006 година, а продолжението ќе се прикажува во кино од 1 мај. Во своите улоги се враќаат Стенли Тучи, Трејси Томс и Тибор Фелдман, додека во актерската екипа се приклучуваат и Кенет Брана, Сајмон Ешли, Луси Лиу, Џастин Теру, Б. Џ. Новак, Полин Шаламе, Рејчел Блум, Патрик Брамал и Лејди Гага.За режија повторно е задолжен Дејвид Френкел, додека сценариото го потпишува Алајн Брош Мекена. Продукцијата ја предводат Венди Фирнман и Карен Розенфелт, а според најавите, приказната овојпат ќе се фокусира на Миранда Присли и нејзината борба со промените и падот на значењето на печатените модни медиуми.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања