Ѓоковиќ оптимист: Ќе бидам подготвен за Ролан Гарос
Новак Ѓоковиќ испрати охрабрувачки сигнали за својата здравствена состојба, изразувајќи уверување дека ќе биде подготвен за настап на Ролан Гарос, и покрај актуелната повреда.Српскиот тенисер откри дека поради повреда ќе го пропушти мастерс-турнирот во Мадрид, но не ја исклучува можноста да настапи во Рим доколку закрепнувањето се одвива според планот. Тој посочи дека во моментов тренира со цел да биде подготвен, но дека сè ќе зависи од текот на опоравувањето.„Тренирам за да бидам подготвен за Рим. Не можам ништо да предвидам, сè зависи од тоа како ќе се развива состојбата со повредата, но за Ролан Гарос ќе бидам подготвен“, изјави Ѓоковиќ.Тој се осврна и на еден од најемотивните моменти во кариерата – освојувањето на олимпиското злато во Париз, кое го оцени како врв на својата спортска патека. Посебно ја истакна победата во финалето против Карлос Алкарас, нагласувајќи дека тоа искуство засекогаш ќе го памети.И покрај возраста и напорниот натпреварувачки распоред, Ѓоковиќ истакна дека останува мотивиран и дека една од неговите главни цели е настап на следните Летни олимписки игри 2028, што би бил негов шести настап на Олимпијада.Тој нагласи дека учеството на Олимписките игри има посебно значење, бидејќи претставува уникатно искуство на претставување на својата земја и споделување на тој момент со илјадници врвни спортисти.
Спорт | пред 14 часа