Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЃОРЧЕ

IMG_5583

(ФОТО) Верниците нервозни се вратија од гробиштата во Ѓорче, затекоа фрапирачка состојба: За срамота!

Верниците со низа реакции за несреденоста на гробиштата во Ѓорче Петров. Високи треви, расфрлан отпад и полни контејнери беше она што можеше да се забележи насекаде. Задолжени за одржување се АД Бутел, кои очигледно, не си ја завршиле својата обврска пред верскиот празник Задушница.„За срамота“, „Невидена катастрофа“, „За ова ли земаат пари“, беа само дел од коментарите од разочараните верници. Дел од граѓаните реагирале и во АД Бутел, но велат дека е залудно.„Исто ви се фаќа и да вртите на сите телефони, ќе ви кажат дека само двајца работници имаат и не можат да постигнат, јас веќе се жалев пред месец дена и тоа ми одговорија, немаат луѓе“, вели еден од верниците.„Секоја година е исто, никој не презема ништо, а за контејнерите да не правиме муабет не ги чистат, чекаат да скапе или ветар да дувне да однесе по гробовите па да си исчистиме самите“, вели друг верник.„Како ние ќе одиме до гробовите змии ќе не изедат, срамота за Бутел“, коментираат други.Ова не е првпат да има вакви остри реакции за чистотата на гробиштата. И покрај тоа што верниците плаќаат за одржување, очигледно дека надлежната служба на АД Бутел знае да потфрли во својата работа.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2021-10-28-at-08.38.50

Градоначалникот на Ѓорче Петров за сообраќајката: Ова е за сериозна загриженост!

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, посочи дека сообраќајната несреќа во близина на општинската зграда остава простор за огромна загриженост. Тој изрази сочувство до семејството на загинатиот пешак. Посочи дека улиците мора да бидат безбедни за сите, од деца до највозрасни.„Сите имаме своја улога во сообраќајот, внимателноста е најважна. Како возачи, огромно внимание треба да обрнеме на другите учесници во сообраќајот, на брзината со која возиме, сообраќајните правила. Како пешаци мораме без исклучок колку ни се брза, да поминуваме улица на обележан пешачки премин. Ова е единствениот начин, сите да бидеме безбедни. Ме вознемири ова што вечерва се случи. Исто како што ве вознемири она што се случи пред „Сити мол“ пред пет месеци. Се надевам дека ваквите несреќи ќе бидат во најмал можен број односно дека ќе ги немаме. Не заборавајте, никаде не се брзаме. Најважно е безбедно да стигнеме дома, бидејќи, таму, некој не чека!“, напиша Стојкоски.„Скопје1“ објави дека загинатиот пешак е од Сарај. Полиција има на терен и се утврдува како дошло до прегазувањето.

Скопје | пред 3 години

pesak

ФОТО: Загинатиот пешак во Ѓорче Петров е од Сарај

Пешакот кој загина во сообраќајката во Ѓорче Петров бил од Сарај, дознава „Скопје1“. Животот го изгубил веднаш откако „Аудито“ го прегазило. Очевидци велат дека пешакот летнал над возилото, а автомобилот е неколку метри пред мртвото тело.Првичните и неофицијални информации велат дека имало обиди да се спаси пешакот и од страна на случајни минувачи, но неуспешно.Засега официјални информации од полицијата нема. На терен е излезена екипа, се прави увид и се чека насоки од јавен обвинител.Не е познато ниту дали пешакот поминувал на пешачки премин или претрчувал низ четирите ленти на улицата.

Скопје | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Тешка сообраќајка во Ѓорче Петров, неофицијално е прегазен пешак

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Ѓорче Петров во близина на зградата на Општината.Според првичните информации патничко моторно возило удрило во пешак.Нема повеќе информации.

Скопје | пред 3 години

IMG_4875

(ФОТО) Сообраќајка во Ѓорче, две лица во болница - едно возило излетано од патот

Автомобили со тетовски и скопски регистарски таблици се судрија во Ѓорче Петров. Несреќата се случи попладнево, на раскрсницата меѓу улиците Кузман Шапкарев и Борис Сарафов. Едно од возилата, од силината на ударот е излетано и надвор од улицата.Очевидци велат дека интервенирала и Брза помош, која двете лица од автомобилот со скопски регистрации ги пренела во болница. Тие биле повредени, а за здравствената состојба засега нема информации.Увид направи и полицијата, која ќе треба да ги утврди причините за несреќата. Локалното население вели дека на оваа раскрсница скоро никогаш не се почитуваат сообраќајните правила.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.31

Пензионерка од Ѓорче ја бара сестра си, која исчезнала

На 21.05.2022 во 22.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров С.А.(72) од Скопје пријавил дека се оддалечила од нејзиниот дом неговата сестра Г.О.(81) која имала здравствени проблеми.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 3 години

danela-arsova-aleksandar-stojkoski-bojan-stojanoski-misjalovski

(ФОТО) Град Скопје му се запна на Ѓорче Петров

Пролетната работна акција на Град Скопје со екипите на јавните претпријатија и во координација со Ѓорче Петров, успешно се спроведе на целата територија на оваа општина.Од почетокот на работната акцијата за генерално чистење на општината Ѓорче Петров во специјалните садови на ЈП Комунална хигиена, досега се одложени околу 80 кубни метри кабаст отпад што се подигнати и транспортирани од претпријатието. Екипите на ЈП Комунална хигиена секојдневно рачно и машински миеја и метеа улиците и булеварите, сите автобуски постојки во општината, а извршија и дезинфекција на сите контејнери.ЈП Улици и патишта во големата пролетна акција во оваа општина ги санираа оштетувањата на улиците Ѓорче Петров, Волковска, Лепенец, Воин Драшковиќ, Кичевска, Алексо Демниевски, Шарпланинска и Пекљане, како и на крстосниците на улица Ѓорче Петров со улица Вера Циривири и улица Ѓорче Петров со улица Никола Вукмировиќ, со вкупна површина од 150 квадратни метри. На улиците Лука Геров и улица Пекљане санирани се оштетените пешачки патеки, односно бекатон плочите со вкупна површина од 35 квадратни метри.Екипите што ја одржуваат сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници ги заменија оштетените сенила на семафорите на крстосниците на улицата Ѓорче Петров со улицата Исаја Мажовски и со улицата Македонски војски, на улицата Сремски фронт и на крстосницата со улица Атанас Иљовски, како и на крстосниците на улица Ѓорче Петров со улицата Сарај и на крстосницата на улицата Лука Геров со улицата Николај Островски.Во текот на ноќното бележење низ градот се обележани четири такси станици и осум автобуски постојки на булеварот Партизански одреди, улицата Радушка и на улицата Ѓорче Петров кај пазарчето и кај СП Планет.Екипите на ЈП Паркови и зеленило денеска извршија косење на тревните површини, собирање на откосот и кроење на вегетацијата на улица Лука Геров, во населбата Даме Груев. Теренските екипи извршија и расчистување на зеленилото од отпадоци и смет, како и собирање шут и гранки од зеленилото по должината на улицата.Екипите од Секторот дрвореди постапија по издадени Решенија од Град Скопје и искастрија 5 дрвја на улиците Шидска, Наум Чакаров и на улицата 4.Јули.Во рамките на акцијата екипи на ЈП Паркови и зеленило вршеа активности согласно со надлежностите и искосија околу 90. 000 квадратни метри јавни зелени површини на локации на булеварите Ѓорче Петров и Македонска војска и на улицата Лука Геров, а екипите од Сектор дрвореди интервенираа и на другите локации и реализираа кастрење на вкупно 131 дрво по издадени Решенија од Град Скопје.Екипите на јавното претпријатие Водовод и канализација во општината Ѓорче Петров за време на акцијата на улицата Лука Геров извршија контрола на 45 шахти, рачно исчистија 17 шахти, 105 сливници, како и миење на канализациона линија од 230 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 390 метри со цистерна под притисок. На улицата Борис Сарафов извршија контрола на 35 шахти, рачно исчистија 15 шахти и 117 сливници, како и миење на канализациона линија од 330 метри со цистерна со вакуум прочистување на 360 метри со цистерна под притисок. На улицата Македонска војска извршија контрола на 36 шахти, рачно с исчистија 15 шахти и 82 сливника, како и миење на канализациона линија од 190 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 235 метри со цистерна под притисок. На улицата Ѓорче Петров извршија контрола на 92 шахти, рачно исчистија 37 шахти и 298 сливници, како и миење на канализациона линија од 860 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 610 метри со цистерна под притисок.Заловувачките тимови на ЈП Лајка постапуваа на четири клучни локации во општина Ѓорче Петров, односно на улицата Лука Геров, околу општинската зграда, на територијата на населеното место Волково и на гробиштата каде што заловија 10 кучиња.Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција го примаше, складираше и депонираше комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што ќе се собира на територијата на општина Ѓорче Петров.Пролетната акција на Град Скопје со јавните претпријатија во Ѓорче Петров се спроведуваше на целата територија на општината, а од понеделник ќе продолжи во Сарај.

Скопје | пред 3 години

collage-3

„Лажевте дека од Ѓорче ќе направите Париз и оставивте задолжена општина каде единствено донесовте забрана за простирање гаќи“, остра реакција до СДСМ

Општина Ѓорче Петров остро реагираше на изјава за медиуми, Кристијан Јовановски, претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров. Тие велат: Како што лажеа дека од Ѓорче Петров ќе направат Париз, така сега СДСМ Ѓорче Петров лажат дека парите на ѓорчепетровци се трошат на патувања, хотели, партиски вработувања. Ред е, ако се сигурни во тоа, да достават докази пред граѓаните, бидејќи на збор одамна никој не им верува токму поради тоа што општината ја оставија во кал, отпад до гуша и со нефункционален систем. Дотолку што, единствено наследство добиено од СДСМ во Ѓорче Петров се долговите и проблемите кои во изминативе месеци интензивно се решаваат. И секако, забраната за простирање на гаќи од која целата јавност тераше мајтап и се исмеваше со СДСМ“.Во реакцијата и демантот по наводите на Јовановски, Општина Ѓорче Петров, додава:„Општина Ѓорче Петров нема потрошено ниту еден денар на ноќевања како дел од службени патувања, затоа што такви не се реализирани во мандатот на градоначалникот Александар Стојкоски. Гоштевањата на општинска сметка со ракии, пива, скапи вина и јадења заминаа заедно со СДСМ од Ѓорче Петров. Граѓаните и самите можат да се убедат дека повеќе не се набавува алкохол за правење фешти низ општината преку сајтот за јавни набавки, а се троши само на најнеопходни продукти за скромен пречек на гости. Во овој дел, потенцираме дека фактури за гоштевање преку општинскиот буџет на претходното раководство доаѓаа и по нивното заминување, а дека немаме намера да плаќаме туѓи ѓезвиња покажува и фактот што истата е вратена и неплатена.Желбата повеќепати повторена лага од СДСМ да стане вистина, ќе остане само желба. А дека не се знае ниту што се лаже, говори фактот што СДСМ пласираа пред јавноста три различни суми, а со тоа и дезинформации, каде истите средства на секој нареден прес растат, и тоа на 19.03.2022 СДСМ пласираа дека се потрошени 25.000 евра, на 23.03.2022 година дека се потрошени 133.000 евра, за да на денешниот прес износот го зголемија до потрошени 230.000 евра. И секако, тоа го кажуваат на прес-конференции без новинари, каде се снимаат самите, зошто им е страв дека некој ќе им побара доказ за секое од овие тврдења – а тие немаат бидејќи сите обвинувања се лага.Ги повикуваме СДСМ за градинката во Ѓорче Петров да одговорат дали преку министерствата со кои раководат на централно ниво тенденциозно го кочат процесот на отворање на градинките со необезбедување на согласности за отпочнување со работа, а со тоа и правење на институционална пречка за згрижување на дечиња од општината?Ѓорче без кал е проект кој веднаш почнавме да го реализираме. Во првите шест месеци од мандатот, обезбедивме средства за асфалтирање на 25 улици на територијата на Ѓорче Петров. Туку, ќе одговори ли СДСМ зошто го остави Ѓорче со кал? Никој не може да го најде ниту ветениот базен од СДСМ, ниту гасификацијата, атмосферската канализација, капиталните проекти. Но затоа, дупките, калта, задолжена општина и сметките за кафеани се тука.Зелената агенда во Ѓорче отпочна со средувањето на наследената депонија од СДСМ во Ново село, место каде освен што е исчистена, во тек е и проектирањето на мега паркот, распространет на површина од 10.000 метри квадратни.За фекалната канализација и водовод, освен тековните средства во буџетот за оваа намена, на првиот ребаланс на буџетот издвоивме дополнителни средства за средување на овие проблеми во руралниот предел.Општина Ѓорче Петров стана отворена општина, каде се слушаат критиките, администрацијата има цел најбрзо да ги решава проблемите, а раководството, и покрај долгот, што побрзо да ги реализира големите капитални проекти. Го менуваме Ѓорче во убава, модерна, еколошка и општина за сите граѓани“

Скопје | пред 3 години

pozarna

„Мерцедес“ се запали во Кучково

На 16.05.2022 во 19.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кучково, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со српска национална ознака, сопственост на А.С.М.Р.(54) од Иран.Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

aleksandar16052022

Стојкоски: Реализацијата на капитални проекти продолжува, извршена е ревитализација на коловозот на улицата „Манчу Матак“ во Хром

„Се работи за финална реализација на еден капитален проект за општината Ѓорче Петров, поконкретно за месната заедница Хром, а тоа е целосна ревитализација на коловозот на улицата „Манчу Матак“ во Хром, при што е изведена и целосно нова линија на атмосферска канализација“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.Тој додава:„Самиот асфалтен слој е во приближна должина од некои 650 метри, додека пак атмосферската канализација со краците се со должина до 850 метри. Делот на атмосферската канализација кој што е под ова улица понатаму се приклучува на главниот колектор под улицата „Кичевска“ и оди се до реката Вардар.Многу битен проект за овој дел на населбата затоа што на овој начин ќе се регулира истекувањето на атмосферските води со што ќе се олесни да кажам и во дел канализациониот систем за отпадни води на самата улица.Дополнително произведба на работите на оваа улица се изврши и делумна промена на инсталациите за електрична енергија со што се остави простор да има можност да се приклучат повеќе објекти, да се подобри напонот во делот. Изведени се нови тротоари со приближна големина од некои 1700 метри квадратни.Целиот овој проект е финансиран преку заем од МСИП 2 програмата на Светска Банка преку Министерството за финансии и конкретно овој проект чини отприлика околу 20 милиони денари“.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-14-at-10.34.34

(ФОТО) Несреќа во скопско Ново село

Сообраќајна несреќа доцна синоќа се случи во скопско Ново Село, во општината Ѓорче Петров. Според привчните информации, се судриле автомобил и мотор. Несреќата се случила на остра кривина, а причините за неа се непознати.Засега, нема информации за повредени лица, а увид има извршено и полицијата.

Скопје | пред 3 години

280216999_5133395000039417_4063494435671673497_n

(ФОТО) Поплаки дека во Геге не се дише, го кренаа градоначалникот Стојкоски од кревет

Густ чад и лоша миризба беа причина што градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски околу десет часот вчеравечер да излезе на терен. Граѓаните на населбата Даме Груев односно Геге имаа поплаки дека таму не се диши. Според нив, имало запалено голем оган, што се потврди како точна информација.Освен опшинските служби, во реакциите на ѓорчепетровци, на терен излегол и Стојкоски. Видно од фотографиите, тој по маица и тренерки, заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојкоски биле лично да се уверат што се случува. Пожарот, бил локализиран по што бил и целосно изгаснат.Инаку, Стојкоски има пракса да излегува во секое време на терен, кога тоа е потребно. Слично беше и во текот на зимата, кога сам, без службите, беше со комуналните работници кога се врлаше сол за да не заледува асфалтот во општината.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-24-at-00.58.29

(ВИДЕО) Во полн сјај блесна црквата св. Петар и Павле во Ѓорче Петров, илјадници верници го дочекаа Велигден

Биењето на камбаните во храмовите на Македонската православна црква, точно на полноќ, ја најавија радосната вест за воскресението Христово. Илјадници верници ги посетија црквите и манастирите во Скопје. Во полн сјај блесна и црквата св. Петар и Павле во Ѓорче Петров.Велигден е најголемиот христијански празник, Празник на победатата над смртта. Ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Веста за христовото воскресение вечерва на полноќ ја објавија свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири.Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивека, а почнува на Велики Четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта Христова и спасението.

Скопје | пред 3 години

policija-policaec-35

Украден автомобил во Ѓорче Петров, уапсен разбојникот

На 20.04.2022 во 13.30 часот од страна на полициски службеници од ЕВР ОКР Ѓорче Петров од слобода бил лишен Н.А.(31) од Скопје, а на 21.04.2022 против него е поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторени три кривични дела за „одземање на моторно возило“ по чл. 242 и едно кривично дело „кражба“ по чл. 235 од Кривичниот законик.Имено, на 02.11.2020 во 18.10 часот, во скопски Сарај, Н.А. од Скопје, искористил погоден момент и бесправно одзел патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.З.(52) од Скопје. Подоцна, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Сарај, одземеното возило било пронајдено на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано дека од него се одземени уште неколку предмети.Исто така, на 15.12.2021 во 16.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. искористил невнимание на Б.Т.(57) од Гостивар и одзел патничко возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а во сопственост на јавно претпријатие. Одземеното возило малку подоцна било пронајдено од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на локалниот пат с.Шишево - с.Грчец. Притоа било констатирано дека од возилото Н.А. одзел повеќе лични предмети.На 25.01.2022 во 18.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. на ист начин одзел патничко возило на „фолксваген пасат“, сопственост на М.Т.(45) од Скопје, од кое исто така одзел повеќе лични предмети. Возилото било пронајдено од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во место викано „Ниви“, атар во с.Грчец.Н.А. бил приведен во просториите на Полициска станица Ѓорче Петров, со него е извршен службен разговор, по што е изведен пред Судија на претходна постапка, од кого му е изречена мерка притвор.

Скопје | пред 3 години

279004893_121813157134064_1060628132847779704_n

(ФОТО) Ѓорче се двои од другите општини, целта да биде најчисто населено место е се пореална

Општината Ѓорче Петров е една од ретките, а можеби и единствена каде Комуналниот пункт секојдневно известува за спроведените акции, се објавуваат известувања, се делува транспаретно. Целта е општината да биде исчистена од смет, проблем на кој граѓаните и во минатото постојано реагираа. Граѓаните велат дека за пофалба е што тие секогаш можат да контактираат со надлежните, како преку социјалната мрежа „Фејсбук“ така и преку број оставен на страницата.„Промените се случуваат“, велат од Комуналниот пункт, со објаснување: „Го искосивме насипот на Вардар до очната болница, и во Хром потегот покрај Вардар, етапно се средува цело Ѓорче“.Вчера пак, акција имаше околу црквата св. Петар и Павле.„Започнавме со разубавување на просторот околу црквата Свети Петар и Павле во пресрет на големиот христијански празник Велигден“, известија од Комуналниот пункт.Организирана беше и нова акција за собирање на кабаст отпад.„Успешно спроведена акција на Еко Флор во Ново Село, Волково, Кисела Јабука, Стопански Двор, Орман и Никиштани на собирање кабаст отпад и отпад од растително потекло. Покрај пунктовите , се собираше и од дома во Никиштани и Орман. Во акција се собрани 12 тони шут ,кој се депонирани во Дрисла“, информираа од Комуналниот пункт.Надлежните во овој пункт при Општина Ѓорче Петров, внимаваат дотолку, што ги санираат и шахтите, по пријави од граѓаните.Решенија за проблемите на граѓаните секогаш има, велат од Комуналниот пункт, па додаваат дека секогаш се обидуваат да реагираат брзо и ефикасно. Како што додаваат, проблеми многу, време малку, па потенцираат дека сите проблеми се нотирани и се реагира тековно.

Скопје | пред 3 години

242868870_2920957678172687_7998358709203888416_n

Стојкоски го стартува „Ѓорче без кал“, пет населени места добиваат нови улици!

Ѓорче Петров стартува со пролетната градежна експанзија. Градоначалникот Александар Стојкоски вели дека проектот „Ѓорче без кал“ станува реалност. На барање на жителите, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска поднесе иницијатива, а Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со општина Ѓорче Петров за асфалтирање на над 24 улици во општината со должина од над 5.000 метри во неколку населени места.„Со оваа одлука е предвидено Град Скопје и Општина Ѓорче Петров да воспостават соработка со цел асфалтирање на поголем број на улици во пет населени места, односно во Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор. Со оваа одлука е предвидено асфалтирање на следните сообраќајници: Во село Волково ќе се асфалтираат 12 улици, односно ул. 83, ул. 100 десен крак, ул. 73, ул. 74 и ул. 78, ул. 80 Пржина, ул. 81 крак 1; 2 и 3 лево и ул. 81 крак 4 десно; Во населбата Кисела Јабука ќе се асфалтираат 7 улици, односно ул. 4, ул. 6, краци на улиците 46 и 46а и ул. 68, ул. 10 и ул. 34; Во населба Даме Груев ќе се асфалтира ул. „Антон Кецкаров“ кон касарна лево; Во Ново Село ќе се асфалтираат 3 улици, односно улицата пред ООУ „Тихомир Милошевски“ крак десно и лево, како и краци на улиците 2 и 4; Во населба Стопански Двор ќе се асфалтира улица 52 краци десно. Проценетата вредност на овој проект изнесува околу 26 милиони денари и тоа Град Скопје ќе издвои средства во износ од 25 милиони денари, додека Општина Ѓорче Петров ќе учествува со милион денари и со изработка на техничка документација.Успехот е резултат на правилен избор на повеќе одлуки, континуирана работа и слух кон секој еден од Вас. На прво место е интересот на граѓаните. Изборот е Ѓорче Петров над просечноста, дадениот збор и чесните одлуки кои ги носиме заедно“, вели градоначалникот Стојкоски.Тој вели дека целта е да нема неасфалтирани улици и незадоволни граѓани.„Ја враќаме вербата кон вистинскиот пат за работата во Ѓорче Петров“, објави Стојкоски..

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-18-180656

Советот на Ѓорче Петров изгласа ребаланс на буџетот, имало кочење, но обезбедени се пари за важни проекти

На денешната седница на советот на Ѓорче Петров се донесе ребалансот на буџетот.„Суштината на ребалансот е покривање на најголем дел на трошоците за електрична енергија кои произлегуваат од енергетската криза во земјата, за која што немаат општините никакво олеснување од владата.Се работи за обезбедување дополнителни средства за следните намени:13,8 милиони денари дополнителни средства за електрична енергија1,5 милиони денари дополнителни средства за решавање на проблемот со водоснабдување во Кучково2 милиони денари средства наменети за кофинансирање на проектот за реконструкција и адаптација на старото училиште во Кучково во центар за рехабилитација на деца лекувани од канцер проект од национално и регионално значење6 милиони денари за градежно занаетчиски работи за новата општинска зграда сп која услугите на општината во интерес на граѓаните би биле конечно достапни на едно место900 илјади денари за изградба на канализациона мрежа на ул. Радушка1 милион денари за изградба на водоводна мрежа на рурално подрачје1,5 милиони денари за изградба на канализација во рурално подрачјеИ покрај тешката ситуација, и кочењето на донесување на ребалансот од страна на советничките групи на СДСМ и Левица, иако се работи за проекти од интерес на граѓаните благодарение на домаќинското работење на градоначалникот, а со поддршка од мнозинството на советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изнајдовме начин за издвојување на дополнителни средства за реализација на овие значајни проекти.Овој ребаланс покажува дека единствената наша заложба е исполнување на нашата програма и реализација на сите проекти за модерно и урбано Ѓорче Петро“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров.

Скопје | пред 3 години

278361077_330568612397688_7040554924829246962_n

„Тоа е порака од Владата до наставниците , професорите“, смета Мицкоски за графитите „СОНК убијци“ во Ѓорче

За вчерашното вандализирање на градинката во Ѓорче Петров, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека е порака упатена до образовниот кадар која е испратена од СДСМ. Тој бара реакција од меѓународните мониторинг мисии, а кажа дека ако нема, тогаш, ќе биде разочаран.„Тоа е пораката што преку активистите СДСМ и Владата ја упатуваат до наставниците, професорите, воспитувачките, СОНК. Тоа е пораката. Еве со каква држава, режимска ние живееме и со какви закани јавни, активистите од власта им се закануваат на вработените во градинките и образованието. Тоа е скандалозно. Ја повикувам меѓународната заедница, го повикувам ОБСЕ, ги повикувам сите кои ги следат процесите во Македонија да реагираат. Во спротивно ќе бидам разочарам и од нивното однесување“

Скопје | пред 3 години

278337730_330568689064347_1826648491853386979_n

(ФОТО) „Убијци на деца“, вандализам во градинка во Ѓорче

„Убијци“, „фашисти“, „СОНК убијци на деца“ се само дел од натписите кои биле испишани во текот на ноќта на ѕидовите од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров. На ова реагираше градоначалникот на општината Александар Стојкоски кој вели дека случајот е пријавен до надлежните институции.„Досега невиден акт на вандализамВандализиран е објектот на детската градинка Росица, клон Детелинка, во УЗ Мирче Ацев. Пријавено е до надлежните институции и го повикувам Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира“, стои во објавата.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-09-at-19.45.39

(ФОТО) Стојкоски од Ѓорче: Кој лаже, тој краде и на таван спие. Кој е тоа? Читај СДСМ!

По споделените фотографии од СДСМ дека игралиштето „Бранители“ во Волково не било дофарбано и дека објавата за акцијата е евтин ПР, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на ироничен начин ги демантираше. Тој објави фотографии, кои пред неколку денови беа доставени и до медиумите, а на кои се гледа дека игралиштето добило нов лик. Од нив, може да се потврди дека е целосно завршено фарбањето.„Кој лаже, тој краде и на таван спие. Кој е тоа? *Читај СДСМ“, напиша Стојкоски.

Скопје | пред 3 години

collage-4

Пропадна обид за политички поени во Ѓорче: СДСМ со обвинување, кое се демантира со фотографии

Игралиштето во скопско Волково кое четири години беше заборавено, доби функционален лик. Истовремено, истото послужи и за одбид за собирање на политички поени. СДСМ објави фотографии со тврдење дека е евтин ПР на градоначалникот Александар Стојкоски. Тие тврдеа дека фарбањето не е завршено. Но на терен, состојбата е поинаква.„И по десет денови истото игралиште е оставено недовршено, најверојатно додека не се појави нова тура фотографии од градоначалникот Стојкоски како наводно работи“, обвинија СДСМ пред еден час.Ова би било неточно, дотолку повеќе што уште пред неколку денови, општинската служба за односи со јавност на Ѓорче Петров, испрати фотографии од кои се гледа дека просторот кој треба да е обоен е завршен.Акцијата беше реализирана со Александар Стојкоски, градоначалник на општината, но и ученици од училиштата „Страшо Пинџур“, „Ѓорче Петров“ и „Јоаким Крчоски“.„Активно се вклучив во акцијата на садење садници, естетско уредување на игралиштето и боење, по што ќе следи расчистување на спортското игралиште. Ова е одличен настан да ги насочиме учениците од најмала возраст да се грижат за објектите кои ги користат и да ја покренеме свеста дека чистата животна средина е здравје за сите. Преку вакви случувања децата заеднички делуваат во акција, се дружат, но се учат и на одговорност. Станува збор за проектот насловен „Младинска акција“ кој општина Ѓорче Петров го спроведува во соработка со МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC . Планираме во иднина ваквите проекти кои вклучуваат ученици да станат пракса“, објавија општиниските служби и градоначалникот.

Скопје | пред 3 години

277505638_325029872951562_2708888280467903814_n

Скопје добива излетничко место кое ќе биде светско, Стојкоски почна со реализација на важен проект

„Стартуваме со реализација на големиот проект „Партерно уредување на локалитетот “Крст“ во с.Кучково! Оваа атрактивна туристичко-рекреативна локација конечно ќе добие современ изглед“, објави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.Тој додава:„Партерно ќе се уредува површина од 5.456 m2.Планирана е изградба на амфитеатар со вкупно радијално развиени 3 трибини кој ќе ги прими сите категории посетители од социолошки аспект и ќе обезбеди пријатен престој.Во план е изградба и на две платформи чие димензионирање е според активностите и потребите на посетителите и монтажни тоалети.При проектирањето на овој проект сериозно ќе се води сметка за постојната положба на високото зеленило за да се избегне негово уништување, а дополнително да се подобри просторот со ново зеленило.Во оваа насока, хортикултурно ќе се уредува површина од 1.750м2.Ќе биде поставена и урбана опрема, односно корпи за отпадоци, паркинзи за велосипеди, дрвени клупи, брисолеи, како и пешачки и пристапни патеки кои водат до амфитеатарот и се дизајнирани со пристапни рампи за лицата со попреченост.Локацијата ќе биде и осветлена со поставување улични светилки-канделабри и подни ЛЕД светилки.Вкупните средства претставуваат неповратни ГРАНТ средства за успешност од МСИП2-проектот на Светска Банка, кој е доделен како резултат на успешно реализиран заем од истата програма.Продолжуваме со реализација на ветените проекти! Граѓаните заслужуваат модерна и урбана општина“.

Скопје | пред 3 години

collage

Наумоски по изгубените избори доби нова функција од Владата, ќе ги замени Ване Цветанов и Дунавка

Ексградоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски си доби нова функција од Влада. Тој ќе раководи со телото каде претседател претходно беше Ване Цветанов, а прв помошник Дунавка Трифуновска. Станува збор за Советот за унапредување и надзор на ревизијата. За тоа дека повеќе не седи дома, пет месеци по изборите, тој самиот објави на социјалните мрежи. Тој напишал дека е претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, иако, неговата функција е само вршител на должноста претседател, се додека не се избере нов. Но, со оглед дека во Македонија е пракса да се бираат вршителите на должност и за претседатели, веројатно и во овој случај ќе биде исто.Под објавата од Наумоски има само два коментари, најверојатно, од лажен профил со оглед дека истиот нема фотографија, а е со само четири пријатели на социјалната мрежа. Во првиот коментар се прашува: „Колку пари украде од општината, се збогати преку ноќ“, а вториот е гиф фотографија.Интересно е што во текот на изборната кампања, Наумоски го користеше името Македонија на трибините, а сега, во опис го ставил новото уставно име „... на Северна Македонија“.Наумоски е познат по тоа што молзеше крава среде кампања. Додека беше градоначалник купи БМВ и си ја зголеми платата, а пред да му заврши мандатот почна со асфалтирање на улици низ општината. Исто така, тој во текот на мандатот ја изгради, но не и заврши, градинката во Волково. Започна со реновирање и на училишта. Ветуваше базен и катна гаража, но не ги направи. Во трката за втор мандат, не доби доверба од неговите сожители.Ако се погледне кариерата на Наумоски, од 2002 година до 2008 година постојано земал плата од државниот буџет. Откако четири години бил приправник во адвокатска канцеларија, почнал да работи во Воено воздухопловство при АРМ, па Централен регистар, во Министерството за правда, бил член на Комитетот за подобрување на постапките за заштита на човековите права при Советот на Европа. Од 2011 година до 2017 работел во осигурителна компанија, па во синдикална организација која сега веќе не постои. Потоа продолжил во приватна фирма чиј сопственик порано бил самиот тој, па работел како менаџер. По доаѓањето на СДСМ на власт, стана директор на затворот „Скопје“ во Шутка, а на локалните избори во 2017 година беше избран за градоначалник.

Скопје | пред 3 години

Sequence-05.00_09_33_18.Still003

Дигитализација на Ѓорче Петров, што добиваат граѓаните со оваа алатка

Наскоро Општина Ѓорче Петров ќе презентира нова дигитална алатка, со која, како што вели градоначалникот Александар Стојкоски, општината уште повеќе ќе се доближи до жителите, низ транспарентен процес ќе ја зајакне довербата во општинските служби и ќе ја зголеми ефикасноста во работата на локалната власт.„Следејќи ги глобалните трендови и динамиката на современото живеење, потребата од дигитализирање на сите услуги кои ни се потребни во секојдневието е сè поголема и неопходна.Интерактивната дигитална платформа ќе им овозможи на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и со еден клик да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина.Наскоро, со користење на вашиот мобилен телефон, таблет или компјутер, ќе можете да ги добиете потребните документи, да поставите прашање и пријавите проблем, да добиете детални податоци од нашите служби или пак да аплицирате за субвенции. На овој начин, се поедноставуваат сите административни процедури, со што се намалува потрошувачката на хартија, како и долгите редици низ институциите“, пишува Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања