Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГОРДАНА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА

media-libraryaeec4oug58ejdU82Khd

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје.Младите лидери најпрво се заблагодарија на приемот и искажаа благодарност за можноста да разменат ставови за демократијата, безбедноста и европската иднина на Западен Балкан, како тема на панелот.Сиљановска-Давкова укажа на кризата на демократијата во светот и Европа, како и на демократскиот дефицит на ЕУ, на сериозните безбедносни закани, како и на неодржливоста на исклученоста на државите од т.н. Западен Балкан од членството на ЕУ.Според неа, барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на Европската унија.Таа потсети на десeттината „да“од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.Осврнувајќи се на компаративните историски искуства на проширувањето на Европската Унија, претседателката укажа на примерите на вклучување во членство на кандидатки коишто не исполнувале некои од критериумите за членство во ЕУ, како доказ за двојни стандарди и нарушен кредибилитет.За неа, Западниот Балкан не е товар за апсорпциониот капацитет на ЕУ и неговиот прием ќе означи крај на вештачката поделба на Запад и Исток, ќе стави крај на балканизацијата и ќе обезбеди поголема безбедност на ЕУ, но и на Европа.Исто така, според претседателката, иако во моментов е тешко да се зборува за реформи на ЕУ, тие се неопходни.Претседателката очекува ЕУ итно да го преиспита својот однос и политика кон Западниот Балкан, со оглед на растечките безбедносни закани и дилеми во воен и несигурен меѓународен амбиент, нарушена, драматичната промена на меѓународниот поредок, минимизиран мултилатерализам и сериозната криза на лидерство.За неа, војните се плодна почва за авторитаризам, републикански монархизам, од типот на бонапартизам, но и опасност од нови мигрантски бранови.Сепак, Сиљановска-Давкова, сè уште верува во шансите за преговори за враќање на мирот, безбедноста и демократијата.Во панел-дискусијата, европските демократски студенти се вклучија со низа прашања и коментари, меѓу кои и следниве: „Како прва жена претседателка, како би нè советувала, нас, критички настроените млади да влијаеме врз зголемувањето на бројот и учеството на жените во креирањето на политики на сите нивоа? Кои се македонските приоритети во безбедносната политика и како ќе ги остварите? Колку е тешко да се промовира и одржи граѓанското единство во мултиетничко општество, како македонското?“.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryau88q70v30a96JugMqo

Сиљановска-Давкова: „Без мајчиниот јазик не сме луѓе“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во организација на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, истакнувајќи дека македонскиот јазик е темел на националниот идентитет, култура и колективна меморија.Таа нагласи дека прогласувањето на 21 февруари од страна на УНЕСКО има за цел подигнување на свеста за значењето на мајчиниот јазик како „матична клетка“ на идентитетот и традицијата. Според претседателката, мајчиниот јазик не е само средство за комуникација, туку духовен дом во кој се чуваат вредностите, спомените и достоинството на еден народ.Сиљановска-Давкова предупреди дека во светот постојат околу 7.000 јазици, од кои многу се соочуваат со притисоци, нерамноправност и закана од исчезнување. „Кога исчезнува некој јазик, згаснува нечиј живот“, порача таа, нагласувајќи дека грижата за јазикот значи грижа за опстанокот на нацијата.Претседателката повика на правилна и доследна употреба на македонскиот јазик во сите државни институции, во образованието и во медиумите, како и на избегнување непотребни странски заемки. Таа се заложи за проширување на мрежата на лекторати, поддршка на научни и образовни проекти, континуирана едукација и вложување во дигиталната присутност на јазикот.Во говорот, таа потсети и на делото на Светите Кирил и Методиј, на Охридската книжевна школа, на Свети Климент и Свети Наум, како и на современата кодификација на македонскиот стандарден јазик. Јазикот, истакна, е и мост кон иднината, во кој се вградени искуствата на минатите генерации и стремежите на идните.Сиљановска-Давкова посочи дека почитувањето на јазичната разновидност во државата ја зајакнува културата на дијалог и толеранција, создавајќи општество во кое различноста се доживува како сила што обединува.„Додека живее јазикот, постои и народот“, порача претседателката, честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања