Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГОСТИВАР

471212345_905553731751081_2673444420709427096_n

Лимани: Буџетот на Општина Гостивар за 2025 година е околу 27 милиони евра, најголемиот досега

Општина Гостивар денес одржа јавна дебата за креирање на буџетот за 2025 година. Предлог-Буџетот на Општина Гостивар е планирано да биде 27 милиони евра, што претставува најголем буџет во историјата на општината.„Денес организиравме јавна дебата во врска со буџетот на Општина Гостивар за 2025 година, дебата на која сите граѓани, невладини организации и заинтересирани страни можеа да дојдат и да ги споделат своите предлози и идеи за планирањето на буџетот на Општина Гостивар“, изјави Лимани.Градоначалникот на Гостивар нагласи дека буџетот за следната година е околу 27 милиони евра, што е најголемиот досега.„Оваа година буџетот на општината е околу 27 милиони евра, најголемиот буџет досега, и се надеваме дека ќе биде буџет кој ќе го обезбеди развојот на нашиот град, ќе обезбеди средства за животната средина, за развојот на спортот и за сите други области со единствена цел - да го направиме животот на граѓаните на Гостивар подобар“, изјави Лимани.

Македонија | пред 1 година

danela-arsovska

„И честитаме на градоначалничката Арсовска, освен за врева, за ништо друго не ја бива“, велат од општина Гостивар

„И честитаме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која што, освен креирање на врева, за ништо друго не ја бива. Таа за скоро четири години власт во Скопје, освен за коалицијата со Блерим Беџети, за друго нешто не е позната во јавноста. Наместо реализација на конкретни проекти и унапредување на животот на граѓаните на Скопје, нејзиното мандатско наследство останува празно и беззначајно“, велат од општина Гостивар.„Скопје, како главен град, заслужува модерни решенија, но за жал, во рацете на Арсовска, секој проект се претвора во мистерија. Зошто не се реализира проектот „Скопје – БУС РАПИД“, за кој секој ден доцнење носи финансиски загуби за скопјани? Дали граѓаните на Скопје ќе добијат конечен одговор за пречистителната станица, која беше најавувана како стратешки приоритет, а остана само на хартија?Претпоставуваме дека нервозата на Арсовска се должи на нејзината неспособност да аплицира за средства дестинирани за општините. Тоа не е ништо ново – додека другите општини успешно ги завршуваа своите проекти, Арсовска е заглавена во административни пропусти. Затоа, како тим од општина Гостивар, нудиме помош во изработка на проекти, и тоа на волонтерска база – за доброто на граѓаните на Скопје. Не е срамота да се побара помош кога не можете сами да го направите тоа што сте ветиле.Воедно, нудиме и помош во математиката, бидејќи градоначалничката очигледно има проблем со разбирање на бројките. Според неа, долгот на општина Гостивар изнесува астрономски 108 милиони евра, но вистинската бројка е далеку поскромна – 9.1 милион евра. Ваквите неосновани обвинувања само ја отсликуваат нејзината несериозност и неспособност да се справи со фактите.Арсовска мора да престане да ги мами граѓаните и конечно да преземе одговорност за својот неуспех. Скопје заслужува подобро, а ние сме тука да ѝ помогнеме, дури и ако тоа значи да ѝ го покажеме патот во земјата на чудата каде што очигледно се наоѓа“, соопшти општина Гостивар.

Скопје | пред 1 година

nema-voda

Во Гостивар водата од водоводот не е за пиење, а во Тетово количеството вода во водоводот е намалено

ЈКП „Шар“ од Тетово информира до ЦУК дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на Лешница засега е целосно затворен, градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а дека екипите на ЈКП „Шар“ се на теренот за брзо решавање на проблемот.Истовремено, известуваат дека ќе има ограничување на водата во градскиот водовод од 13.00 до 15.00 часот и во период од 01.00 до 04.00 часот.Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.До натамошно известување, од ЈП „Комуналец“ од Гостивар велат да не се пие водата од чешма, од водоводот, соопшти ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен лихвар од Гостивар

На 08.08.2024 во 23.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(69) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.Претходно, во 17.30 часот тој бил пријавен од 34-годишник од гостиварско дека М.Д., заедно со Ф.М., на таткото на пријавителот во 2010 година на заем му дале поголема сума на пари, а потоа го принудиле да плати двојно поголем износ.Откако пријавителот го расчистил и платил долгот на неговиот татко, М.Д. и Ф.М. побарале уште пари за камата и му се заканувале.М.Д. е задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

1.00_03_22_05.Still002

Граѓаните на Берово, Гостивар и Тетово да не излегуваат од дома, апелира ИЈЗ

Институтот за јавно здравје денешниот воздух во Берово, Гостивар и Тетово го прогласи за „екстремно лош“ поради зголемени концентрации на PM2.5 честички и ги повика жителите на овие градови да не излегуваат од дома непотребно.Како “многу лош” се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево заради заради зголемените концентрации на PM10 честички, додека во Ѓорче Петров заради зголемени концентрации на PM2.5 честички. Од ИЈЗ предупредуваат дека некои поединци може да доживеат здравствени ефекти, а оние од чувствителните групи, посериозни здравствени ефекти.Како најчувствителни и под најголем ризик се деца помлади од 5 години, постари граѓани (над 65 годишна возраст особено), бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени катеории граѓани и пушачи чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик.Штип, град кој во Македонија важи за таков со најчист воздух, вчера беше најзагаден. Мерните станици покажале трипати поголемо загадување, односно измерени се 171 микрограми ПМ честички, додека утринава изнесуваат 108 микрограми ПМ честички. Штип досега имаше најчист воздух во земјава, но веќе една недела го нема ветерот и намалена е и видливоста заради густата магла, која не е карактеристична за овој град.Мерните станици во Скопје од пред некое време повторно се отчитуваат на сајтот на Минисрството и граѓаните можат да видат клку е загадено во нивниот реон. На сајтот уште нема податоци од Кочани, Гевгелија и од Куманово, кое важи за град со многу загаден зимски воздух.

Македонија | пред 3 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-4

И Гостивар со екстремно загаден воздух, активирани мерките и препораките за заштита

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информира дека поради зголемено загадување на воздухот и во Гостивар стапуват на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ 10 честички.-Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека тој е надминат на мерното место во Гостивар, се вели во денешното соопштение од МЖСПП.Оттаму посочуваат дека пради проблеми со мрежните системи на Министерството и инсталација на нова серверска опрема не им се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија.Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.–Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Гостивар за епизодата на алармантно загадување на воздухот. Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информираат од Министерството.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левица со барање за инспекциски надзор за споменикот на балистот Џемо Хаса

Левица поднесе нова иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, против Општина Гостивар, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот споменик во гостиварското село Симница, во чест на балистот Џемо Хаса.„Оваа иницијатива е во контекст на претходно поднесената Иницијатива против подигнувањето на меморијалниот споменик во чест на борците на УЧК/ОНА, со намера трајно зачувување на спомените на овие личности.Имено, сметаме дека државно-правниот континуитет на Републиката не може и не смее да се темели на лица кои историјата ги познава како докажани фашистички колаборационисти и главни егзекутори на припадници на партизанските одреди.Преку подигнувањето на контроверзниот споменик се врши директен упад во антифашистичкиот карактер на државата и АСНОМ-ските идеали, непосредно утврдени со Уставот на Република Македонија.Дополнително, сметаме дека контроверзниот споменик не ги исполнува клучните формално-правни и материјално-правни претпоставки, кои мора да бидат исполнети за еден споменик да се смета за меморијален и истиот како таков да може да биде подигнат.Власта за подигнувањето на овој споменик е запознаена уште во 2018 година, но и покрај тоа, од нивна страна не е преземено ништо за утврдување на легалноста на постапката за негово поставување. Со тоа, апсолутно се докажува поданичкиот однос кој СДСМ го има кон својот коалициски партнер, ДУИ.Бараме министерството по извршениот инспекциски надзор да ја утврди правилно фактичката состојба, да ги преземе сите правни средства кои му стојат на располагање и да ги санкционира противзаконското постапување, а со цел да се спречат во иднина вакви ситуации“, велат од Левица.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања