Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГРАНИЦА

tabanovce-i-bogorodica

Границата со Грција е „окупирана“

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути, а на ГП Богородица за влез и излез се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-11.29.45

(ФОТО) Три километри колона на македонско-српската граница: Надвор е 40 степени, асфалтот гори, а ние заглавени

Колона долга три километри има на македонско-српската граница. Србите чекаат со часови за да влезат, но и да излезат од македонска територија. Најголем дел од нив, одат за Грција, во екот на туристичката сезона. Сликата на границите со Македонија-Грција, за излез од нашата држава, е уште полоша. И таму се чека долго.„Често има и технички проблеми. Надвор е 40 степени, асфалтот гори, а ние заглавени на граница. Не стотина, туку илјадници автомобили стојат во место. Со деца, со се“, пишуваат Србите кои се жалат за долгите колони.Скоро секој петок, од јуни па до септември, гужвите на границите се редовна состојба.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-24-103412

(ФОТО) Гужва на Богородица

Гужва на граничниот премин Богородица. Колони возила чекаат за излез од државата. Од АМСМ информираат дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица каде време на чекање е околу 15 минути.„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, велат од АМСМ.

Македонија | пред 3 години

granica-carina

Апсење на Ќафасан: Цариници, полицајци и граѓани сакале да шверцуваат стока од Македонија

На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.„Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа“, информира албанската полиција.Според истиот извор, истрагата покажала дека полициски службеници на споменатиот премин, во соработка со царинските службеници, во замена за поголема сума пари, фаворизирале три лица да ја преминат шверцуваната стока без спроведување на постапката за царинење.Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока.Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

Македонија | пред 3 години

blace-potkup

(ВИДЕО) Раководител на смена на Блаце за 120 евра пропушти шест албански државјани

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководителот на смена на граничниот премин Блаце, Шкрета Елхам, зема 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. Елхам е познат како голем поддржувач на СДСМ и на политиките на Зоран Заев.Новинарот на ТВ Клан, во улога на патник, плати 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки.Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до телевизија Клан потончно шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.„Јас сум албански бизнисмен кој превезува луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската погранична полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по возило. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра“, открива бизнисменот за ТВ Клан.Екипа на емисијата „Стоп“ на граничниот премин Блаце ја сними целата постапка како Елхам, како раководител на смена, си бара и си ги зема парите – од шест патници, по 20 евра од човек.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања