Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ГРАНИЦИ

granica-srbija

Новите проверки на границите на ЕУ ја зголемуваат гужвата: Електронската дозвола за Шенген ќе се плаќа и се најавува за крајот на 2026

Гужвите на европските аеродроми и на патните гранични премини, кои се засилија од 10 април, според најавите допрва ќе се чувствуваат уште поостро како што се приближува летната сезона. Причината е построгата и подетална контрола на влезот во Шенген-зоната и Европската унија за државјани на „трети земји“, меѓу кои спаѓаат и граѓаните на Србија.Во фокусот е примената на системот за евиденција на влез и излез (EES), кој подразбира подетална проверка и регистрирање на патниците при преминување на граница, што веќе создава забавувања во одредени периоди. Надлежните најавуваат дека со зголемениот број патувања во текот на летото, оптоварувањето на пасошките контроли може да стане уште поизразено, особено на најпрометните гранични точки.Покрај EES, за последниот квартал од 2026 година се најавува уште една новина: електронска патна дозвола на ЕУ, позната како ETIAS. Според најавите, ETIAS би требало да се поднесува онлајн пред патување и да важи за влез во земјите од Шенген-просторот, при што дозволата не претставува виза, туку дополнителен безбедносен филтер и проверка на патниците.Се посочува дека со важечка ETIAS дозвола ќе може да се патува во повеќе европски земји со престој до 90 дена во рамки на секој период од 180 дена, но дека самото одобрение не е апсолутна гаранција за влез. Конечната одлука и натаму ја носи граничниот службеник, кој може да побара дополнителни документи и појаснувања.Во делот за трошоците, се наведува дека онлајн пријавата за ETIAS ќе чини 20 евра, а од плаќањето ќе бидат ослободени лица под 18 години и постари од 70 години, како и одредени категории членови на семејства со права на слободно движење. Дозволата, според најавите, ќе важи три години или до истекот на патната исправа – што и да настапи порано.Дополнителна практична околност е и тоа што обработката на барањето може да биде одобрена за неколку минути, но во одредени случаи може да трае до 14 дена, а ако се побараат дополнителни проверки и интервју – и подолго. Затоа, на патниците им се препорачува да аплицираат значително пред планираното патување, за да избегнат непријатни изненадувања на граница.Со оглед на тоа што EES и ETIAS се два различни механизми, во јавноста се отвора и прашањето дали нивната паралелна примена ќе донесе нови „тесни грла“ во периоди на масовни патувања, како летните одмори или новогодишните празници кон крајот на 2026 година.

Свет | пред 4 дена

granica-srbija

Нов начин за контрола на границите - вака ќе течат проверките

Конечно треба да започне постепеното воведување на долгоочекуваниот нов граничен систем на ЕУ. Секој граничен премин во Шенген зоната се очекува да почне да го користи во рок од шест месеци од неговото воведување.По многубројните одложувања и падови, наскоро би можел да се користи новиот европски дигитален систем за следење на граничните премини на граѓани од земји надвор од ЕУ – Систем за влез/излез (ЕЕС).Во ноември, Европската комисија по четврти пат го одложи воведувањето, а на 4 декември предложи постепен почеток на работата на ЕЕС, пишува Еуроњуз. Кога предлогот ќе добие зелено светло, ЕК ќе одреди датум за него, а државите ќе имаат рок од шест месеци да го применат.Вчера, официјалната веб-страница на ЕУ за EES потврди дека системот ќе биде лансиран во 2025 година, иако не беше наведен точен датум. Тоа би значело дека од предлогот до имплементацијата биле потребни девет години.Што е EES?EES е автоматизиран систем за регистрирање на патници од земји надвор од ЕУ.Патниците ќе можат да ги скенираат своите пасоши или други патни исправи на киоск за самопослужување, а системот ќе ги регистрира нивното име, биометриските податоци и датумот и местото на влез и излез, со што дефинитивно ќе се откаже од печатот на пасошите.Тој автоматски ќе го пресмета времетраењето на овластениот престој на тие државјани на трети земји и ќе издава предупредувања до земјите-членки на ЕУ за истекот на периодот на овластен престој. Исто така, ќе важи и за луѓето на кои им треба краткорочна виза и за оние кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ ослободени од виза.EES ќе складира идентитет, патни исправи и биометриски податоци, а скенирањето на лицето и отпечатоците ќе се повторуваат на секои три години и ќе важат за повеќе патувања во тој период.Овие информации ќе се чуваат во дигитална датотека, со што ќе се овозможи точно да се знае кој влегува во Шенген зоната со странски пасош, а кој останува подолго од дозволените 90 дена, пренесува tportal.Значи, кога е воведен ETIAS?ЕЕС ќе се применува при влез во сите земји-членки на ЕУ, освен Кипар и Ирска, како и во четири земји кои не се членки на ЕУ во Шенген зоната: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.Шест месеци по воведувањето на EES, патниците ќе треба да аплицираат и за Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), електронски систем за овластување пред влез за посетители ослободени од виза на возраст од 16 до 70 години кои патуваат во Шенген зоната. ЕТИАС ќе чини седум евра и ќе важи три години.

Свет | пред 1 година

granici-guzva

Србите со најмногу поплаки за гужвите по границите: ваква е состојбата со времето на чекње

Србите имаат најголеми поплаки кога во прашање е патувањето во Грција. Секојдневно по групите кои ги креирале за информирање при патување, објавуваат дека чекаат од еден до четири саати по српско-македонската и македонско-српската граница.Утринава, тие посочија дека на граничниот преми „Прохор Пчински“ имало колони и по еден час чекање. На граничниот премин во Дојран за влез во Грција се чекало околу четири часа.На „Евзони“ за влез во Грција има колона возила од четири километри, јавуваат тие, па посочуваат дека се чека по повеќе од час. За влез во Македонија преку истиот премин се чека околу еден час. На македонската страна односно на граничниот премин „Богородица“ за влез се чека 15 минути.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања