Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГРЦИЈА

Santorini

Силен земјотрес го стресе тлото на популарен грчки остров

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини.Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил во морско подрачје 13 километри југозападна од селото Аркесини на островот Аморгос.Епицентарот бил на длабочина од 11,1 километри. Засега нема пријави за материјална штета.фото: Unsplash

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-15.36.40

(Фото) Голем пожар на Ситонија: Туристите од Вурвуру се евакуираат кон Никити

Голем шумски пожар избувна денеска во близина на туристичкото место Вурвуру на вториот крак на Халкидики – Ситонија, во реонот Ливари. Грчките власти издадоа итна наредба за евакуација на туристите и локалното население кон местото Никити, додека пожарот се шири со голема брзина поради ветерот и топлото време.На терен се распоредени 65 пожарникари со 20 возила и два пешадиски тима, а гаснењето се поддржува и од воздух со осум авиони и еден хеликоптер, што сведочи за сериозноста на ситуацијата.Преку системот 112 граѓаните добија порака за итно повлекување од погодената област. Поради опасноста, патот од Ормос Панагиас кон Вурвуру е затворен.Грчките служби апелираат сите кои се во близина да останат смирени, но и будни, и строго да ги следат инструкциите за евакуација. Нема информации за повредени, но пожарот сè уште не е ставен под контрола.

Свет | пред 8 месеци

lokumades

Мафија со популарните локумадес во Грција: Криминална банда во Ситонија се заканувала по живот и ги уценувала другите продавачи

Судот во Грција го прогласи за виновен 42-годишен маж, кој бил главен во мафијата со крофни, за уцените и заканите во текот на летото 2021 година и тој доби затворска казна од 16 години. Како што јавуваат грчките медиуми, криминалната група вршела изнуди за контрола на продажните места на крофни, кои туристите ги знаат како локумадес. Тоа се случувало на плажите во Ситонија, на вториот крак од Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.Во текот на летото 2021, грчката полиција разбила криминална група во која освен водачот, учествувале уште 11 други лица, а сега, дел од нив биле ослободени, дел прогласени за виновни со парична казна.Криминалната група за да биде единствена која продава на преполните плажи, користела методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите, а дополнително принудувале странски државјани да продаваат крофни со минимална заработка.Мафијата со лукумадес, како што наведуваат грчките медиуми, принудувала странските државјани да продаваат 500-600 крофни дневно по цена од две евра, набавниот износ бил половина евро, исто толку добивал и продавачот, а криминалните групи имале дневен профит од 500-600 евра.фото: Unsplash

Актуелно | пред 8 месеци

IMG_5168

Затвор за водачот на ,, Локумадес” мафијата

Познатите грчки локумадес – крофни, кој се главна посластица на грчите плажи се вносен бизнис, па за превласт се борат и со уцени,42-годишник доби 16 години затвор од Апелациониот кривичен суд во Солун, под обвинение дека е водач на криминална група, која вршела изнуда и уцена за контрола на продажбата на крофни на прометните плажи на Ситонија, на вториот крак на Халкидики.Судот го прогласи за виновен за бандитско рекетирање.Тој беше ослободен од обвинението за обид за убиство против ситен трговец и трговија со луѓе, поврзани со условите за работа на странските ситни трговци.Во истрагата било утврдено дека криминалната група, која броела 12 члена, спроведувала вистинска кампања на заплашување и насилство за да воспостави монопол врз продажбата на крофни на плажите.Полициската истрага за активностите на таканаречената „Локумадес мафија“ започна по откривањето на обид за убиство на продавач на крофни во Никити, но за ова обвинетиот беше ослободен.Тој пред судот ги негираше сите дела.Грчката полиција во 2021 година разби криминална група во која освен водачот, учествувале уште 11 други лица. Дел од нив се ослободени, а дел добиле парична казна.

Свет | пред 8 месеци

slika-nesreka-grcija

(Видео) Страшна трагедија во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Две лица – татко и неговиот 13-годишен син – го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне на стариот магистрален пат Солун – Верија, во близина на делницата меѓу Халкидони и Лудија. Според информациите на грчките медиуми, патнички автомобил со четиричлено семејство под сè уште неразјаснети околности се судрил со камион со македонски регистарски таблички.Несреќата се случила околу 16 часот. 44-годишниот возач на автомобилот починал на самото место, додека неговиот 13-годишен син им подлегнал на повредите кратко по судирот. Во возилото се наоѓале и 43-годишната мајка и нивниот 9-годишен син, кои со тешки повреди биле пренесени во болницата „Гениматас“ во Солун.Возачот на камионот, 34-годишен државјанин на Македонија, не е повреден во несреќата, но е уапсен веднаш по настанот. Против него е поведена истрага, а надлежните органи утврдуваат под кои околности дошло до фаталниот судир.Според роднини на настраданото семејство, тие се враќале од Солун кон своето село Пела кога се случила трагедијата. Веста ја потресе целата локална заедница, а семејството и пријателите се во шок од загубата.

Свет | пред 9 месеци

tragedija-vo-grcija-19-godishen-makedonec-go-zagubi-zhivotot-na-plazha-vo-hanioti01

Млад Македонец се удави во Грција по срцев удар, спасувачот од Ханиоти сведочи за трагедијата

Македонец на возраст од 19 години почина по давење во морето на плажата Ханиоти, на првиот крак на Халкидики. Момчето било извлечено во бессознание од вода и итно пренесено во здравствената установа во Касандра, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.Според информациите од грчката Крајбрежна служба, до нивната канцеларија во Неа Мудања било пријавено дека млада машка личност е извлечена без свест од морето во попладневните часови.Спасувачка присутна на плажата веднаш започнала со реанимација, користејќи автоматски дефибрилатор, а во спасувањето помогнале и неколку капачи. За кратко време пристигнал и волонтер-спасувач, кој продолжил со оживување заедно со тимот од Итната медицинска помош.Во емотивна објава на социјалните мрежи, спасувачот напиша дека се бореле да го вратат младиот човек во живот, но борбата завршила безуспешно. Момчето било пренесено со амбулантно возило до здравствениот центар, каде што неговата смрт била официјално потврдена.Тој на Фејсбук сподели потресна објава:„19-годишно дете…19-годишен ангел…19-годишен несреќен млад човек од Македонија кој имаше срцев застој по давење на централната плажа во Ханиоти…Имаше брза реакција на спасувачот од областа, или кој и да го извлече младиот човек со помош на неколку капачи, и ја започна постапката за реанимација.Повикот беше примен во 16:45 и за 2 минути пристигнав на местото и почнав да му помагам на спасувачот да го вратиме детето во живот.Имаше брз одговор од екипите од брза помош кои ја продолжија борбата, но за жал, без посакуваниот резултат…Го транспортиравме детето до здравствениот центар, а јас бев во амбулантното возило со болничар и правев реанимација до болницата, додека возачот возеше брзо и внимателно колку што можеше. За жал, лекарите ја констатираа смртта на детето.Луѓе, сè што можам да му посакам на светот и на вас е да бидете во добро здравје бидејќи, за жал, животот е краток.“Телото на момчето ќе биде пренесено во Судска медицина во Солун, каде ќе се изврши обдукција, а грчките власти спроведуваат истрага за причините за трагичната смрт.

Свет | пред 9 месеци

grcija-dok

(Видео) Драма на грчка плажа, медицинско лице од Србија спаси петгодишно дете од Македонија

Вистинска драма се одвивала на плажа во Грција во петокот. Четиригодишно девојче од Македонија имало срцев проблем.За среќа на плажата во Неа Врасна бил и медицинскиот техничар од Србија, Саша Костиќ кој со брза интервенција го спасил детето.За „Утро на Прва”, раскажува што се случило.Во моментите кога можела да се случи трагедијата бил на плажата со синот и видел како родителите го изнесуваат девојчето без свест. Му помогнала и колешка, докторка.„Видовме дека детето е во критична ситуација, дека моменти се во прашање.Веднаш почнавме со реанимација”, вели Костиќ.Кога стигнала брза помош, девојчето веќе било во свесна состојба.Тој вели не се размислувава тогаш, го оставил и своето тригодишно дете за да помогне.Родителите на малата Ирина се бескрајно благодарни за помошта која го спасила животот на нивното дете кое сега е во стабилна состојба и за неколку дена ќе излезе од болница.

Свет | пред 9 месеци

policija-grcija

Го врзал, му ја затворил устата и го убил – судот одобри екстрадиција на Македонецот во Германија

Грчкиот Апелационен суд во Солун донесе одлука за екстрадиција на 34-годишен државјанин на Македонија во Германија, каде што се товари за грабеж и убиство на 81-годишен маж во градот Библис. Информацијата ја објави весникот „Катимерини“.Според германските медиуми, убиството се случило на 9 февруари. Два дена подоцна, телото на жртвата било пронајдено во неговиот стан на улицата Линденштрасе, откако роднините се загрижиле што не се јавува. Обдукцијата потврдила насилна смрт, а истрагата ја презеле обвинителството во Дармштат и криминалистичкиот оддел во Хепенхајм.Германските власти соопштија дека околностите упатуваат на свирепо убиство. За случајот е формирана специјална истражна единица под кодно име „1002“, составена од над 20 полицајци. Активирана е и телефонска линија за потенцијални сведоци.Осомничениот 34-годишен Македонец бил уапсен во мај на граничниот премин Евзони, за време на рутинска полициска проверка, при што било утврдено дека е предмет на европска потерница. Според германското обвинителство, тој престојувал во Германија на службено патување со група сограѓани, а сместувањето било организирано токму кај жртвата. Токму таму, осомничениот и неговите соизвршители го врзале мажот, му ја затвориле устата и го ограбиле, што, според обвинението, довело до негова смрт поради задушување.Пред судот во Солун, осомничениот побарал да не биде екстрадиран, со образложение дека доколку остане во Грција, неговото семејство од Велес полесно ќе може да го посетува. Сепак, судот го одбил барањето и ја одобрил екстрадицијата во Германија, каде што ќе се соочи со тешки обвиненија.

Македонија | пред 9 месеци

5-2

(Видео) Големи гужви и колони кон Грција, поради продолжениот празничен викенд

Грчките плажи и овој продолжен викенд ќе бидат полни со македонски туристи. Празнично, најмногу гужва има на граничниот премин „Богородица“.Се чека и по повеќе од час, а колоните се километарски. Најбројни се возилата со македонски регистарски ознаки, како и српски возила.Истата слика ќе биде во текот на целиот летен период. Секоја година, граѓаните се жалат бидејќи граничните контроли течат споро, граѓаните и со часови седат во возилата, дури и кога температурите се надпросечно високи.Гужви се очекуваат и во недела, кога граѓаните ќе се враќаат назад.

Македонија | пред 9 месеци

policija-4141

Кој е уапсениот во Грција: 27 години бегалец, 15 години казна

Ацо Боцевски, во подземјето познат како „Циганот“ e Македонецот кој е уапсен по речиси три децении бегство. Него денеска го лоцирала и лишила од слобода грчката полиција во градот Катерини, потврди македонското Министерство за внатрешни работи.Боцевски беше во бегство од 1998 година, кога наместо да отслужи 15 години затвор за ладнокрвното убиство на Сеат Ибраими, исчезна под сомнителни околности додека беше во домашен притвор. За него беше распишана една од најстарите и најозлогласени меѓународни потерници.Крвавиот настан што го внесе Боцевски во криминалната историја се случи во ноември 1997 година, среде бел ден, во центарот на Скопје. По кратка автомобилска потера, Боцевски излегол од „корветата“, го стигнал Ибраими, кој со „мерцедесот“ излетал од патот и испразнил цел шаржер врз него. Убиство со потпис – ладнокрвно, брутално и пред очите на градот.Со денешното апсење, правдата конечно му се доближува. Од МВР најавуваат дека ќе следи процедура за негова екстрадиција во Македонија, каде го чека неиздржаната затворска казна.

Македонија | пред 10 месеци

alkaloid-grcija

Грчките медиуми за грчката драма во Скопје

Одлуката на ракометниот клуб АЕК да не се појави на реванш натпреварот против Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп во Скопје предизвика лавина реакции во грчката јавност и медиуми. Потегот на АЕК, кој го правда со третманот на нивните навивачи, се слави како „одбрана на честа“, но во Македонија се доживува како класичен бојкот со политичка и навивачка позадина.„Браво претседателе!“, „Честитки Папастаматис!“, „Вака се брани честа“ – со вакви пораки грчката јавност го поздрави потегот на АЕК, кој одби да се појави на реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот куп против Алкалоид во Скопје.АЕК тврди дека нивните навивачи биле условени: или ќе влезат сите што тргнале со автобуси од Атина, или никој. Тие инсистираат на спортското правило според кое 10% од капацитетот на салата треба да биде резервирано за гостинска публика – што за „Борис Трајковски“ значи околу 650 луѓе.Македонската полиција, по безбедносна проценка, одлучи дека е невозможно да се обезбеди влез за толку голем број навивачи.Навивачката група „Оригинал 21“ од Атина излезе со соопштение: „Ова беше голем момент за клубот. Играчите се откажаа од европски трофеј за да нè поддржат. За нас, тие веќе се победници. Нашето правило ‘сите или никој’ не е каприц – тоа е животен став.“Грчките медиуми пренесуваат дека на АЕК му биле доделени само 190 билети, наспроти очекуваните 1.000. Дел од автобусите со навивачи биле вратени на Евзони, по што клубот ја информирал ЕХФ дека нема да излезе на терен.Алкалоид одговори со соопштение: „Натпреварот не се одигра бидејќи противникот одлучи да не игра“.Натпреварот останува „во воздух“, а исходот зависи од одлуките на ЕХФ.

Спорт | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-10.40.34

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер го погоди грчки Крит, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени се случи во четврток наутро во близина на градот Елунда на островот Крит во Грција, пишува новинската агенција Ројтерс.Германските геонаучници соопштија дека се случил на длабочина од 77 километри.Досега нема извештаи за смртни случаи, повредени или голема материјална штета.Грчките пожарникари се во состојба на готовност.Областа околу грчкиот остров Крит е една од сеизмолошки најактивните во Европа.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-30-at-22.15.21

(Видео) Гужви за влез во Грција, колони возила на граница

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција. Во четири ленти, стотици возачи се обидуваат побрзо да минат граница. Иако петок е работен ден, голем дел од граѓаните го земале за слободен, па си споиле од четврток до недела да поминат на море.Како што известуваат од АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Гужви се очекуваат и утре.

Македонија | пред 10 месеци

grcija

(Видео) Скара во Грција: илјадници граѓани со часови чекаат на граница

Гужвите за влез во Грција, на граничниот премин „Богородица“ ги имаше и во текот на ноќта, како и утринава. Чекаат автобуси и автомобили, во седум километарски колони. Според АМСМ чекањето на границата е 30 минути, но во пракса се чека и до два часа, јавуваат патници.„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето е на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, стои во известувањето од АМСМ.На границата голем дел од возилата се со српски регистарски ознаки, бидејќи кај нив, нереботни денови се 1 и 2 мај, за разлика од Македонија каде неработен е само 1 мај. Гужвите започнаа од вчера.

Македонија | пред 10 месеци

dogovor-1

За грчкото МНР, изјавата на Мицкоски е провокација: Прашањето е решено, конечно и неповратно

Официјална Атина одговори на изјавите на Христијан Мицкоски, кој рече дека Скопје не го смета спорот за името со Грција решен.Мицкоски, велат од грчкото МНР, се обидува да го врати во преден план прашањата кое веќе е решено, како што знаеме конечно и неповратно“.Тоа е одговор на коментарите на Мицкоски на собирот на, како што пишуваат грчките медиуми „Северномакедонците“ во Њу Џерси.„Треба да почнеме да победуваме во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим ако сакаме, конечно, македонското прашање да дојде до својата завршница. Нашето прашање не е решено. Тоа тлее со векови и сè уште постои“, рече премиерот.„Овој настан е провокација за Грција”, велат од Миинистерството за надворешни работи на Грција.„Грција потсетува дека натамошниот напредок на билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот курс на соседната земја бараат целосно почитување на договорот од Преспа и, се разбира, воздржување од иредентистички прокламации и претензии кон соседните земји“, посочуваат од грчкото МНР.

Македонија | пред 1 година

Manolis-Kefalogiannis-1068x711-1

Грчки европратеник: Македонскиот јазик е 90 отсто бугарски

Грчкиот европратеник од редовите на партијата Нова демократија, Емануил Кефалојанис, на седница на Европскиот парламент рече дека македонскиот јазик е 90 проценти бугарски. Според него, нема потреба претставниците на Македонија да ставаат слушалки за превод кога некој зборува на бугарски.„Гледам дека кога зборуваат моите бугарски колеги, вие не ставате слушалки. Ајде да направиме експеримент. Зборувајте на вашиот јазик, за нас европратениците, да видиме дали нашите бугарски колеги ќе стават слушалки за да го слушнат преводот на тоа што имате да го кажете. Затоа што дури и многу официјални претставници на вашата земја и министри прифатија дека вашиот јазик е 90% сличен на бугарскиот. Новата влада што се појави по неодамнешните избори во вашата земја продолжува да го користи терминот „Македонија“ и „македонски“, прекршувајќи го најважниот услов во Договорот со Грција: ерга омнес“, рече Кефалојанис.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-03-at-14.17.55

(Видео) Страшна бура во Грција: Тројца загинати, автомобили фрлени еден во друг

На два грчки острови е прогласена вонредна состојба бурата Бора, како последица на која загинаа три лица, а причинета е огромна материјална штета. На островот Родос, кој беше прв зафатен од невремето кое во саботата стигна до Грција, наврнаа над 300 мм дожд на метар квадратен.Двајца мажи загинаа во поплавено село на Лемнос во Егејското Море. Спасувачките тимови на островите, потпомогнати од војската и локалните власти, спасија многу постари жители во областите погодени од поплави, откако ветровите со брзина од 129 километри на час и силниот дожд се превртеа и фрлија автомобили, предизвикаа прекини на електричната енергија и оштетија патишта во текот на викендот.https://twitter.com/franceinfo/status/1863582343878815788?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=eabcb6d7-036f-415e-a97a-8ddc674a30c0Меѓу тешко погодените области беше и популарното одморалиште Фалираки на Родос, каде поплавите предизвикани од бурните дождови уништија мост, отворија клисури и оштетија куќи и продавници на брегот.Во северниот регион на Халкидики, маж загина кога автомобилот му паднал во канал додека се обидувал да избегне лизгање на земјиштето, соопшти синоќа државната телевизија ЕРТ. Како што соопштија, тој починал од хипотермија. Тој регион претрпе значителна штета, јави грчката новинска агенција Екатимерини, додавајќи дека штетите се најголеми во Ситонија, од другата страна на полуостровот.https://twitter.com/ElTiempoes/status/1863592960807342398?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=eabcb6d7-036f-415e-a97a-8ddc674a30c0

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-08.31.33

(Видео) Вонредна состојба во Грција: Поплавите ги опустошија Родос и Лимнос, невремето носи се пред себе, дождот не стивнува

Дождовите во Родос, особено во областа Јалисос, продолжуваат да паѓаат, што дополнително ја зголемува загриженоста на жителите. Родос и Лимнос се прогласени за области во вонредна состојба, откако бурата „Бора“ остави зад сцената од библиски размери. Во Родос, кој претрпе најголеми штети, во понеделникот вечерта беше испратено ново предупредување до жителите преку системот 112, со кое се повикуваат да избегнуваат непотребно излегување надвор бидејќи врнежите продолжуваат. Противпожарната служба, локалните власти на Јужен Егеј и градската управа на Родос остануваат на готовност за решавање на проблемите предизвикани од невремето „Бора“. Како што е најавено, наскоро ќе започне процесот на евидентирање на штетите за настраданите жители да добијат соодветна отштета.Видеото на АНТ1, кое известува од островот, покажува дека реката во Јалисос сè уште беснее, предизвикувајќи дополнително страдање на жителите кои ги загубија своите домови и имот.ВИДЕОТО ВИДЕТЕ ГО ТУКАВонредна состојба за Родос и Лимнос прогласи генералниот секретар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, на барање на градоначалникот. Во Родос ваквата одлука е донесена по барање на градоначалникот Александрос Кољадис, додека во Лимнос е воведена вонредна состојба во клучните општински зони. На Родос, саботата ги донесе најлошите поплави во историјата на островот.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-18.27.42

(Видео) Разорна бура уништува се пред себе на Халкидики: Бројот на загинати расте

Маж е пронајден мртов денеска на полуостровот Халкидики откако неговото возило се превртело поради лизгање на земјиштето и слетало во канал, објави весникот „Катимерини“.Уште две лица го загубија животот за време на викендот во невремето што го погоди северниот егејски остров Лемнос.https://twitter.com/LoveWorld_Peopl/status/1863562620290093195?ref_src=twsrc%5EtfwПоројниот дожд и невремето предизвикаа значителни штети на Халкидики, особено на Ситонија, каде се поплавени куќи, подруми и продавници, а патиштата беа непроодни поради одрони.Невремето предизвика штети и на Родос, каде што беше урнат мост во одморалиштето Фалираки, а оштетени се куќи и продавници на брегот, пренесе Ројтерс.https://twitter.com/ReutersScience/status/1863614138175332738?ref_src=twsrc%5Etfw

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-08.31.33

(Видео) Невреме го уништи Халкидики, катастрофа на Родос: Вака сега изгледаат одморалиштата кои Македонците ги обожаваат

Бурата Бора создаде хаос низ Грција, а најмногу настрадаа островите Родос и Лемнос, додека големи материјални штети претрпе и Халкидики.На Родос и Лимнос на граѓаните не им се препорачува движење, бидејќи се очекува нов наплив на невреме, а се предвидуваат и обилни врнежи со грмежи низ целата земја, кои ќе траат до вторник. Силното невреме не го заобиколи и Халкидики, кој исто така денеска ќе биде погоден од невреме, а обилни врнежи се очекуваат на Пелопонез и на островите Киклади.Драматично беше синоќа во Ситонија. Граѓаните на Торони и Порто Куфос си го штедеа имотот бидејќи поројот навлезе во куќи и кафеани, уништуваше патишта и однесе возила. Бројни патишта во Ситонија се непроодни поради одрони и паднати дрвја, а пожарникарите и спасувачите имаа полни раце работа во текот на целата ноќ.

Свет | пред 1 година

1732269525-1734077.regional-750x1023-1

Силен земјотрес во Грција: Се стресе островот Кос

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.Засега нема информации за причинета материјална штета.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-11-20-125431

Амбасадите на Италија и Грција во Киев привремено ја прекинуваат работата

И италијанската и грчката амбасада во Киев привремено ја прекинуваат работата поради разузнавачки информации кои укажуваат на голем руски напад.„Американската амбасада на својата веб-страница објави информации за можен воздушен напад со висок интензитет денеска, 20 ноември. Како мерка на претпазливост, Амбасадата во Киев денеска ќе биде затворена за посетители“, соопштија од италијанската амбасада.Грчката амбасада во своето соопштение ја повика јавноста да избегнува непотребни патувања и да остане на безбедни локации.„Од безбедносни причини, грчката амбасада денеска ќе остане затворена за посетители“, соопшти дипломатската мисија.Претходно, САД ги советуваа своите граѓани во Украина да бидат крајно претпазливи поради опасноста од потенцијален руски воздушен напад.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-11-05-115731

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди регионот на Пелопонез во Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 32 километри југоисточно од градот Патра на Пелопонез на длабочина од 73 километри.Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.По тој земјотрес, Грција рано утринава беше погодена од неколку помали земјотреси, вклучително и земјотрес со јачина од три степени на околу 20 километри западно од островот Кефалонија.

Свет | пред 1 година

IMG_6230

Почина детето кое беше застрелано во главата: полицијата пронашла 20 чаури, откриени детали за хоророт во Грција

Тригодишното дете кое утрово беше застрелано во Грција, починало и покрај напорите на лекарите. Детето е прогласено за мртво набргу по пристигнувањето во болница.Престрелката во која учествувале повеќе лица се случила утрово во градот Маркопулос.Според неофицијални информации, во престрелката учествувале патници од два автомобили. Наводно, еден од автомобилите застанал до друго возило, во кое имало и дете, и од засега непозната причина почнале да пукаат. Најмалку еден куршум завршил во детето.Полициски извор изјави дека на местото на злосторството биле пронајдени повеќе од 20 чаури.Детето се здобило со прострелна рана во главата, а неговите роднини брзо го однеле тешко рането во најблискиот здравствен дом. Оттаму детето со возило на Брза помош било префрлено во детската болница.По приемот детето не давало знаци на живот. И покрај напорите на лекарите, кај малото момче набрзо била констатирана смрт.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-11-01-114804

Тригодишно дете застрелано во глава, се бори за живот: Драма во Грција

Тригодишно дете се бори за живот откако било застрелано во главата. Злосторството се случило во Маркопулос, град во јужна Атика, Грција. Првите сознанија од истрагата укажуваат дека детето било случајно застрелано.Пукањето се случило утрово, а детето со повреда на главата било примено во Здравствениот дом во Маркопулу.Детето потоа итно било пренесено во болницата Аглаја Киријаку.Како што пренесуваат грчките медиуми, детето е во тешка состојба.Според реконструкцијата, дошло до пукање меѓу патници од два автомобила, при што куршум испукан од огнено оружје го погодил детето во главата.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања