Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИДРИЗОВО

idrizovo-ambulanta

Затвореник од Идризово ја доби Македонија пред Стразбур: судот утврдил дека бил тепан од чувар пред кантина, а истрагата била неефикасна

Затвореникот Фатим Муслиу е првиот кој ја доби Македонија пред Европскиот суд за човекови права за нечовечко постапување во Идризово. Ова доаѓа откако во Македонија биле поминати сите судски истнаци, без да се лоцира вина.Станува збор за настан од 3 август 2020 година, кога осудено лице било физички нападнато и тепано од припадник на затворската полиција пред кантината во КПД Идризово, при што се здобило со телесни повреди. Тој се жалеше дека бил изложен на нечовечко постапување и дека домашните власти не спровеле ефективна истрага.По неуспешен обид за спогодбено решавање, Владата доставила унилатерална декларација до Судот, во која признала повреда на правата гарантирани со член 3 од Конвенцијата и понудила обештетување од 11.295 евра за нематеријална штета, плус евентуален данок.Иако апликантот не бил задоволен од декларацијата, укажувајќи дека не се конкретизирани мерки за надминување на структурните проблеми, Судот оцени дека повеќе не е оправдано да продолжи со испитување на предметот и го избриша од листата согласноКонвенцијата.Во одлуката се нагласува дека таа не ја ослободува државата од обврската да спроведе истрага во согласност со барањата на Конвенцијата, имајќи го предвид признанието за повреда на член 3.Предметот го застапувал адвокатот Диме Ѓорчевски од Скопје, во рамки на проекти на Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права.Одлуката претставува прва ваква пресуда против Македонија во затворски предмет по основ на член 3 од ЕКЧП и дополнително ги отвора прашањата за системските слабости во затворскиот систем и неефикасноста на механизмите за истрага на наводи за тортура и нечовечко постапување.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-14-at-20.54.34

Инцидент во Затвор Скопје: При претрес на вработен одземен мобилен телефон

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 9 февруари 2026 година, во 09:20 часот, во СВР Скопје било пријавено од Казнено-поправната установа Затвор Скопје дека во затвореното одделение на установата, при извршен претрес кај вработено лице, бил пронајден и одземен мобилен телефон.Според информациите од пријавата, мобилниот телефон не бил сопственост на вработеното лице, по што веднаш бил одземен.Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynch44fps57ctehAv2mA

Министерството за правда му подари скенер на затворот „Идризово“

Министерството за правда соопшти дека на Казнено-поправната установа Идризово ѝ е отстапен контролен скенер за детекција на опасни материи. Со новата опрема, како што информираат оттаму, ќе се унапреди безбедноста и контролата во установата.„Министерството за правда отстапи контролен скенер за детекција на опасни материјали на КПУ Идризово.Со оваа современа опрема значително се унапредува безбедноста во установата, се подобрува контролата и се зајакнува заштитата на вработените и лицата лишени од слобода.Континуираните вложувања во безбедносната инфраструктура претставуваат важен чекор кон посигурен и поефикасен пенитенцијарен систем“, велат од Министерството за правда.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk72j35omtjvl4L1wvyr

(Видео+фото) Параглајдер со седиште бил подготвен од затвореник за да „одлета“ од Идризово - требало само слаб ветер!

Параглајдер со седиште, подготвен за склопување и бегство, е пронајден во затворот Идризово, потврди директорот Зоран Јовановски во поткастот „Претрес“. Според него, планот за бегство бил откриен откако лицата кои го подготвувале биле издадени од нивен цимер-затвореник.Јовановски изјави дека параглајдерот бил сместен во торба и бил пронајден при реновирање на кровот. По отворањето на торбата, биле откриени деловите од леталото, а дополнително биле најдени седиште и гумени рачки за управување.Тој појасни дека параглајдерот можел релативно лесно да се внесе во установата бидејќи на безбедносните скенери не регистрира метал, туку се третира како гардероба или неметален материјал.Целта, според директорот, била јасна – бегство од затворот. Јовановски наведе дека постојат првични индиции за лицето за кое бил наменет параглајдерот, додавајќи дека станува збор за физички подготвен затвореник.„Со поголем, а слаб ветер, овој параглајдер може да полета“, изјави Јовановски, потенцирајќи дека случајот сериозно се анализира и дека ќе следуваат дополнителни безбедносни проверки.Повеќе детали за случајот и безбедносните пропусти во затворскиот систем се објавени во поткастот „Претрес“, каде темата беше детално обработена:

Студио | пред 1 месец

media-libraryva0e1shba2au1KM5w7q

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Јовановски: како им пресудија на 27 април, проституцијата и силувањата во затвор, УЧК во 2001, кризите

Човекот што бил поротник-судија во предметите за 27 април, рамо до рамо со Кацарска, a денес е директор на најголемиот затвор во државата – Идризово. Вечерва, Зоран Јовановски зборува јавно за судењето, за (не)правдата), одговара на прашања од осудените...Во „Идризово“ зборуваме за „силувањата“ и проституцијата, Диво Насеље и вклучувањето во живо на косовски телевизии... но и за првпат, за најдениот параглајдер на кровот од затвореното одделение, ексклузивно!Јовановски – човек што минал низ најжешките години на безбедносниот систем. Ќе прашуваме за посебната единица“ и немирите, преку 2001 и кризите, до граничната полиција, „Сејф сити“ пред 15 години, криминалните групи, судските процеси и тоа што се случува „внатре“ кога институциите молчат.Ќе отвори теми за кои ретко кој зборува јавно: операции на терен, одлуки во секунди, пропусти што чинеле животи, притисоци, молк, и како изгледа државата кога се води „од сенка“.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Студио | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.30

Спречен обид за внесување 220 таблети во КПУ Идризово

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено од Казнено-поправната установа Затвор – Идризово дека при претрес на пакет наменет за осудено лице биле пронајдени и одземени 220 таблети.Според информациите, претресот бил извршен околу 12:30 часот, а пакетот бил наменет за осуденото лице А.Н. (39) од Скопје. По откривањето на таблетите, тие биле одземени, а за настанот биле известени надлежните служби.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на потеклото и намената на пронајдените таблети, по што ќе следуваат соодветни постапки согласно закон.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2024-10-27-at-11.43.36

Во два затвори имало претреси, фатени и осуденици како консумираат кокаин

Министерството за внатрешни работи соопшти за два одделни инциденти пријавени во казнено-поправните установи во Скопје.Според пријавата, на 6 декември 2025 година, во 14:20 часот, од КПУ „Идризово“ било пријавено дека при извршен преглед кај осудениците Д.Т., И.Д. и Н.В. била пронајдена и одземена поголема количина таблети. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на потеклото на недозволената супстанца.Истиот ден, околу 22:53 часот, од КПУ „Затвор Скопје“ во СВР Скопје било пријавено дека затворски службеник, за време на редовна обиколка во 22:00 часот, ги затекнал осудениците Д.В. и Г.А. како консумираат кокаин. И во овој случај, МВР презема мерки за расветлување на сите околности и утврдување како наркотичната droga влегла во установата.Двата инциденти се предмет на понатамошна истрага.

Македонија | пред 3 месеци

zatvor-10-1

Напад во затворот „Идризово“ – осуденик претепан од тројца

Во затворот „Идризово“ тројца затвореници нападнале 61-годишен осуденик со тврд предмет.На 25.11.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:30 часот во установата тројца осуденици физички го нападнале осуденикот И.И.(61) од с.Челопек, тетовско, а при тоа употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarytfg839p8gjjtfMiWi8O

(Видео) Автомобил гори во Идризово, Кадински пат: се запалил во движење

Автомобил во движење се запали во Идризово. Според првичните информации нема повредени лица.Пожарот се случил за момент, а возилото се запалило во движење. Патниците навреме излегле.Беше повикана противпожарна бригада која го изгасна огнот, но автомобилот е веќе пеплосан.

Скопје | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-22-9750PM

Запалено возило во Идризово, пироманите избегале со мотор

Денеска (28.08.2025) во 03:40 часот, во СВР Скопје, 58-годишниот Љ.В. од село Идризово пријавил дека непознати лица опожариле патничко возило „Шкода Фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син. Според пријавата, двајца напаѓачи фрлиле запалива течност врз автомобилот, а потоа со мотоцикл побегнале од местото на настанот.Пожарот бил изгаснат од самиот пријавител, а во инцидентот нема повредени лица. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2024-10-27-at-11.43.36

Затвореник од Идризово почина во Клиниките „Мајка Тереза”

Денеска (02.08.2025) во 01:20 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив за укажување помош од КПД Затвор Идризово бил донесен затвореникот С.Д., но поради тешката здравствена состојба, тој починал во 03:07 часот.За случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено за обдукција.

Македонија | пред 7 месеци

502583738_1007413188232654_3736537858854856345_n

(Фото) Недозволено царство во Идризово: 50 грама марихуана и 37 мобилни зад решетки

Управата за извршување санкции објави дека правеле претрес во КПД Идризово и тоа отвореното одделение.„Во КПД Идризово беше извршен претрес во отвореното одделение и беа пронајдени и одземени поголема количина на недозволени предмети. При оваа акција беа запленети 50 грама марихуана, 48 полначи, 37 мобилни телефони, 3 УСБ стикови, 5 блутут слушалки, 3 батерии за мобилен телефон и апчиња метадон. Продолжуваме со борбата и сузбивањето на криминалот во затворите“, сти во објавата со фотографии.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2023-09-14-at-20.53.32

Затвореник од Идризово учествувал во тепачка каде бил изваден и пиштол на Бит Пазар

На 09.08.2024 година во 17.30 часот во Скопје, било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар настанала вербална расправија помеѓу Х.В.(56) и Н.В.(51) двајцата од Скопје. При распавијата Н.В. со огнено оружје упатил сериозни закани кон Х.В. и неговото семејство, а во еден момент извршил и оштетување на патничко возило „Голф“ сопственост на Х.В.Бидејќи Н.В. е лице кое издржува затворска казна во Казнено поправна установа „Идзризово“, со наредба од Основен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом. По насоки на ОЈО, лицето е однесено во Казнено поправна установа „Идризово“.По целосно документирање на случајот против Н.В. ќе биде поднесена пријава за сторени кривични дела по член 144 став 2 и член 133 од Кривичниот законик, „Загрозување на сигурноста“ и „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-11.21.23

(Видео) Ужасната состојба на Идризово: затвореници изедени од инсекти, нервоза, незадоволство...

Верувале или не, во една просторија од 15 квадрати, преживуваат 14 лица, во услови под човечко достоинство, во друштво со тафтабити , смрад, прљавштина. Ова со децении е сликата од машкиот дел во затворот „Идризово”. Во вториот дел од ,,Досие Идризово” влеговле во машкиот оддел, каде што состојбата е алармантна.Ексклузивно во вториот дел од „Досие: Идризово“, ќе ја чуете и втората страна за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот од еден од осудените, Андреј Костовски.Во одредени делови на затворот, не се живее, туку се преживува...

Македонија | пред 1 година

Idrizovo-surovo.00_40_15_54.Still002

(Видео) Како изгледа „Идризово“ внатре: стара градба направена за политички затовреници, а не криминални групи

Екипата на поткастот „Претрес со Ландов“ беше во најголемиот затвор во Македонија, „Идризово“. Емитуван е првиот дел, од женското крило на затворот. Директорот Зоран Јовановски раскажа дека градбата е стара, командирите за состојбата, а зборуваа и затворениците.Затворот „Идризово“ е граден за политички затвореници, а не за криминални групи - градбата е стара„Затворскиот систем не ги прател развивањата на криминалните групи, подемот на умрежувањето, однесувањето на криминалните групи, членството.. Така што градбата на овој затвор е стара, изграден е во период кога сме имале политички затвореници“, вели директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски во репортажата во „Претрес со Ландов“.„Ова за мене е одмор“, раскажува осудена за убиство на сопругот, која била 12 години малтретиранаОсуденичката Анита Стојова, во подкастот „Претрес со Ландов“, раскажа како по 12 години малтретирање од сопругот, решила правдата да ја земе во свои раце. Немала помош од никого, ниту од држава ниту од институции - го убила.„Ова за мене е одмор, нема малтретирање, немам било каква казна. Ова за мене е одмор, не знам како ќе ме разберете и сфатите. Тоа надвор не се издржуваше ова е одмор“, раскажа Анета во „Претрес со Ландов“.Јанева: Кога би кажала сѐ, морам да бидам надвор и психолошки да се спремам, да се потсетам на работи кои сум сакала да ги заборавамЕксспецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева во првото појавување откако е во затвор, во поткастот „Претрес со Ландов“ објасни како ги поминува деновите во затвор, што највеќе ја боли, но и кога ќе прозбори за сето она што се шпекулира во јавноста.„Црната кампања е најтешка. Сликите кои ги објавуваат ме разочаруваат бидеќи сега сум 40 кила послаба, и се разочарувам од себе. Се вадат од контекст некои работи..“, рече Јанева.Прашана дали ќе дојде ден кога Катица ќе каже сѐ, таа во „Претрес со Ландов“ објасни: „СЈО има договор за доверливост, рокот не е поминат. Јас сум човек од збор, што ги почитува се уште институциите и затоа многу луѓе ми пристапуваат и бараат да кажат нешто или наметнуваат некои работи. Јас се оградувам се што е кажано досега. И кога би кажала се, морам да бидам надвор, морам психолошки да се спремам. Тука психолошкиот момент е друг, морам да се спремам, да се потсетам на работи кои сум сакала да ги заборавам. И тогаш ќе одлучам што понатаму“Јас се извинувам многу, како што ќе ме казнат, треба да ми дадат и шанса за да се оправда довербата, вели Јанева за казната од Управата за санкцииТаа рече: „Јас се извинувам многу за недоразбирањето. Мислам дека ова ќе го надминеме на нормален начин“.„Никој не дојде, никој не нѐ побарал. За шест месеци, никој. Не знаеме дали има правилник и можност да се напушти канцеларијата. Дали имаме право да излеземе, јас пример сум пушач, колку метри смеам да се движам.. Дали внатре смеам да пушам..“, рече Јанева.Таа објасни и случај кога и се слошило на портите од затворот. Другиот ден не знаела дали смее да остане во ќелијата, а немала ни каде да праша.„Јас не се чувствував добро. Нема број за да ти ги кажат правилата. Ако не излезеш, зошто не си излегла.. И така се случи, јас отидов, кажав на син ми дека не можам да седам. Не е едноставно, мора да се изрегулираат сите правила. Животот се среди. Навиките, вештините. Не се работи само за криминалци.. Можат да работат.. Малку треба да има рамка, бар за мене. Јас тоа го очекував да им го кажеме кога ќе дојдат во просториите каде бевме. Никој не дојде“, додаде Јанева.Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум, можам да бидам вклучена во пробацискиот систем„Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум... Од 2022 година одам на викенди, на седум часа..“, објасни Јанева.Посочи дека само три месеци била целосно затворена, а потоа ги користи сите привилегии.„Променети се условите, јас би можела да бидам вклучена и во пробацискиот систем. Времето за моја ресоцијализација помина“, додаде Јанева и посочи: „Користам седум часа, доволно да се излезе испазари..“.Јанева: И честитам на Владата, се надевам ќе бидат носители на промените, се надеваме на колективна амнестија„Мислам дека сите колешки, моментални затворенички ќе ме благословуваат. И честитаме на новата Влада, 600 илјади гласа се цела Македонија. Се надеваме ќе бидат носител на промените. Ние се надеваме дека ќе биде тоа колективна амнестија, за да ни се скратат некои маки“, рече Јанева.Прашана дали има правда во Македониај, посочи дека има..„Добри се измените на Кривичниот законик. Задоцнетата правда, не е правда. Нека биде поука на идните судии и обвинители“, кажа Јанева.Имало ли нарачки кај Катица Јанева?Ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осудена во случајот „Рекет“ во потакстот „Претрес со Ландов“ одговори на прашањето дали некој имал нарачки кај нејзе. Таа искоментира дека обвинителите не носат правда, туку обвинуваат, притоа ги поздрави измените на Кривичниот законик.„Добри се измените на Кривичниот законик. Задоцнетата правда, не е правда. Нека биде поука на идните судии и обвинители“, кажа Јанева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-24-at-21.10.29

(Видео) Затворот „Идризово“ е граден за политички затвореници, а не за криминални групи - градбата е стара

Директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски, во подкастот „Претрес со Ландов“, раскажа за функционирањето на затворот. Тој кажа дека затворот е граден за политички затвореници, а не за криминалци.„Затворскиот систем не ги прател развивањата на криминалните групи, подемот на умрежувањето, однесувањето на криминалните групи, членството.. Така што градбата на овој затвор е стара, изграден е во период кога сме имале политички затвореници“, вели директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски во репортажата во „Претрес со Ландов“.Следува интервју со Катица Јанева:

Македонија | пред 1 година

katica-janeva

(Видео-најава) Досие „Идризово“: Ексклузивно со Катица Јанева и осудениот за убиството на Денис Тот, исповед на жена која го убила мажот, репортажа...

Во среда, во подктастот „Претрес со Ландов“, ќе се емитува ексклузивен разговор со Катица Јанева, ексшефица на СЈО. Освен неа, во подкастот ќе има и сведошства на осуденици, како и разговор со Андреј Костовски, еден од осудените за убиството на Денис Тот.Својата сторија ја раскажала и Анета, која го убила мажот, откако 12 години била жртва на семејно насилство.Среда, 21 часот, следете „Претрес со Ландов“ на јутуб-каналот prvatvmk и на веб: pretres.mk. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.30

Затвореник од Идризово прескокнувал ограда, му се слошило и паднал - заврши во болница

На 16.07.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.П.(35) од с.Мојанци, скопско, при пад од ограда се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Имено, според пријавеното, во 19.00 часот, откако му завршила смената во јавно претпријатие лоцирано веднаш до установата, за да излезе, се обидел да ја прескокне оградата затоа што главната капија била заклучена, а откако се качил на оградата, му се слошило и паднал.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

idrizovo-ambulanta

(Видео) Нов хаос во затворот „Идризово“: Групна тепачка, „летаат“ железа, полицаец повреден

НОВ ХАОС ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Групна тепачка во т.н. дел „амбуланта“, повреден е полицаец!„Скопје1“ дојде до снимки од голема тепачка во затворот „Идризово“. Од неа се гледа пресметка помеѓу две групи, со фрлање на тврди предмети. Во еден момент, полицаец паѓа на земја, а друг му помага да го тргне од местото каде се случува насилството.„Не фрлај бе, не фрлај“, се слуша како друг полициски службеник реагира.Засега не е познато кои се групите и причината за ваквата пресметка. Ова е вторпат во краток период да има групна тепачка во најголемиот затвор во државава.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-26-at-16.10.27

(Видео) Голема тепачка во затворот „Идризово“: чад, боксови, кршење

Голема тепачка во затворот „Идризово“ изби попладнево. Според првичните информации на „Скопје1“, сѐ се случило во делот на затворот наречен „амбуланта“.Почнало со турканици, продолжило со боксови, кршење, па се приклучиле и други затвореници за да се допресметаат.Од видеото се слуша кршење, викање, а се гледа и чад.Повеќе информации подоцна.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-26-at-08.07.08

(Видео) „Шутка е хотел за Идризово“ - затвореници искасани од инспекти, спијат по ходници, тешко доаѓаат и до душеци

„Затворот во Шутка е хотел за стариот дел на Идризово“, со оваа реченица, затвореник сместен во т.н. „Амбуланта“ во најголемиот затвор во Македонија ја опишува состојбата во која издржува казна. Тој во подкастот „Претрес со Ландов“ во живо комуницираше со јавноста на која и укажа дека ако во затворот „Скопје“ има супстандардни услови, во Идризово е далеку полошо. Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски во подкастот кажа дека затвореници спијат по земја, некои не добиваат ниту навремено душеци, сместени се по ходници.„Нашите претставници од Националниот превентивен механизам беа сведоци на една ужасна глетка, а тоа е лица кои биле искасани од тафтабити по цело тело, тоа се инсекти, и кои што во моментот кога им требало помош немало медицинско лице за да им укаже помош. Сметам дека ова е загрижувачки. Односнот кон притворениците и затворениците е понижувачки и деградирачки. Тоа нема меѓународен и домашен извештај што не го констатира“, вели заменик-народниот правобранител Јован Андоновски во подкастот „Претрес со Ландов“.Тој сподели и други фрапирачки детали во однос на нечовечките услови во кои затврениците во македонските затвори поминуваат долги години.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=5467

Македонија | пред 1 година

2

Пожар во женското одделение во затворот „Идризово“

Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите, соопшти МВР.Пожарот бил изгаснат, а повредени нема.

Македонија | пред 1 година

sdfghjkjgrfd

(Видео) Сите 17 полицајци од „Идризово“ добија мерки: шест што чувале празен кревет одат во притвор, 11 добија забрани

Шест полицајци од затворот „Идризово“ добија притвори, а 11 други нивни колеги добија мерки на претпазливост, откако обвинителката Ивана Трајчева покрена предистрагата и истрага затоа што пуштиле затвореник да избега, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка смета дека се оправдани сомневањата дека шестте полицајци можат да избегаат се оправдани, а другите 11 не смеат да го извршуваат истото работно место за да не го повторат делото или да влијаат врз доказната постапка. Шефицата на полициското одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, посочува дека има цврсти докази против полицајците од „Идризово“ кои дозволиле осуден за убиство да избега од болницата во која се лекувал. Таа посочува дека снимките од видео надзорот кажуваат сѐ и покажуваат како се одвивало бегството. Посочува дека очекува мерките на претпазливост да и бидат уважени. Осуденото лице е најдено. „Би ја почекала официјално одлуката, но со оглед на тоа што беше презентирано како докази и кажано пред судот, очекувам во целост да ни бидат уважени предлозите односно шест предлози за притвор и 11 предлози за определување на мерки на претпазливост“, рече обвинителката Трајчева.Истражната постапка почнува од денеска.„За лицата за кои се побарани определување на мерки на претпазливост (лица кои го пуштале да излегува и да се враќа во болница) предметот е во фаза на предистрага. Не би сакала да навлегувам во деталите на доказите, со цел да не ја осуетам истрагата и предистрагата, но да кажам дека во овој поглед сме сигурни дека имаме доволно докази за постоење на основано сомневање за делата за кои им ги ставаме на товар. Воедно, обезбедени се и снимки од болницата каде престојувало осуденото лице“, додаде Трајчева.Пет полицајци помогнати од колега овозможиле бегство на лице кое е осудено за убиство. Ова го покажала истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Осудениот бил на лекување во приватна болница, па од болничката соба отишол во пушална. Полицајците заминале од просторијата, а осуденикот со автомобил избегал. За шест полицајци се бара притвор оти можат да избегаат, да кријат траги или влијаат врз сведоци.„Според дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка, на 26.10.2023 година во приватна здравствена установа во Скопје, петмината осомничени – затворски полицајци при КПУ – КПД Идризово Скопје, како група, со умисла помогнати од шестиот осомничен затворски полицаец – приправник, овозможиле бегство на лице осудено за кривично дело „Убиство“ по чл.123 ст.1 од КЗ. Додека осуденото лице било на медицински третман, согласно прописите било обезбедувано од затворската полиција на КПУ-КПД Идризово. Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со ПМВ да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници од ЕИП при МВР-СВР Скопје.“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.Предистрагата се води за други 11 лица, дека го ослободувале осуденикот од болницата, а тој шетал и се враќал.„Воедно, јавниот обвинител против 11 лица води предистражна постапка заради постоење на основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода по чл.373 в.в. со чл.22 од КЗ. Осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад.“, се додава во соопштението.За овие 11 лица, се бара забрана за напуштање на живеалиште, привремено јавување на суд и одземање на патна исправа.

Македонија | пред 1 година

ivana-trajceva

(Видео) Снимки од болницата од каде бил пуштен осудениот за убиство, покажуваат која улога ја имале полицајците

Шефицата на полициското одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, посочува дека има цврсти докази против полицајците од „Идризово“ кои дозволиле осуден за убиство да избега од болницата во која се лекувал. Таа посочува дека снимките од видео надзорот кажуваат сѐ и покажуваат како се одвивало бегството. Посочува дека очекува мерките на претпазливост да и бидат уважени. Осуденото лице е најдено. „Би ја почекала официјално одлуката, но со оглед на тоа што беше презентирано како докази и кажано пред судот, очекувам во целост да ни бидат уважени предлозите односно шест предлози за притвор и 11 предлози за определување на мерки на претпазливост“, рече обвинителката Трајчева.Истражната постапка почнува од денеска.„За лицата за кои се побарани определување на мерки на претпазливост (лица кои го пуштале да излегува и да се враќа во болница) предметот е во фаза на предистрага. Не би сакала да навлегувам во деталите на доказите, со цел да не ја осуетам истрагата и предистрагата, но да кажам дека во овој поглед сме сигурни дека имаме доволно докази за постоење на основано сомневање за делата за кои им ги ставаме на товар. Воедно, обезбедени се и снимки од болницата каде престојувало осуденото лице“, додаде Трајчева.Обвинителката кажа дека осуденикот е најден и однесен на издржување на затворската казна во еден од затворите во Македонија.

Македонија | пред 1 година

12345678

Детали: Полицајци од „Идризово“ ослободиле осуден за убиство - наместо во болница, тој се шетал низ Скопје

Пет полицајци помогнати од колега овозможиле бегство на лице кое е осудено за убиство. Ова го покажала истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Осудениот бил на лекување во приватна болница, па од болничката соба отишол во пушална. Полицајците заминале од просторијата, а осуденикот со автомобил избегал. За шест полицајци се бара притвор оти можат да избегаат, да кријат траги или влијаат врз сведоци.„Според дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка, на 26.10.2023 година во приватна здравствена установа во Скопје, петмината осомничени – затворски полицајци при КПУ – КПД Идризово Скопје, како група, со умисла помогнати од шестиот осомничен затворски полицаец – приправник, овозможиле бегство на лице осудено за кривично дело „Убиство“ по чл.123 ст.1 од КЗ. Додека осуденото лице било на медицински третман, согласно прописите било обезбедувано од затворската полиција на КПУ-КПД Идризово. Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со ПМВ да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници од ЕИП при МВР-СВР Скопје.“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.Предистрагата се води за други 11 лица, дека го ослободувале осуденикот од болницата, а тој шетал и се враќал.„Воедно, јавниот обвинител против 11 лица води предистражна постапка заради постоење на основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода по чл.373 в.в. со чл.22 од КЗ. Осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад.“, се додава во соопштението.За овие 11 лица, се бара забрана за напуштање на живеалиште, привремено јавување на суд и одземање на патна исправа.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања