Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЛИНДЕН

media-library6geic3vapo0p39JSchW

Општина Илинден започна поставување на прв асфалтен слој на улица „11“ во н.м Кадино

Градежните активности за унапредување на локалната патна инфраструктура во Општина Илинден продолжуваат со засилено темпо, при што во населеното место Кадино се започна со поставување на прв асфалтен слој на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино.Станува збор за делница во должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, каде покрај целосната реконструкција на коловозот, се предвидува и изградба на нов тротоар со широчина од 1,5 метри, со чија изведба значително ќе се подобрат условите за сите учесници во сообраќајот.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на градежните активности и истакна дека реконструкцијата на главната улица „11“ во Кадино се одвива со засилено темпо, при што заедно со претходно санираниот дел, обновената делница достигнува околу 720 метри, нагласувајќи дека целиот проект се реализира со средства од буџетот на Општина Илинден, како јасен показател за силната и континуирана посветеност на општината кон модернизација и унапредување на локалната инфраструктура.Со започнатото асфалтирање и интензивните теренски активности, Општина Илинден продолжува со реализација на проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот, рамномерен развој и современо уредување на сите населени места.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryb9didoljao633mkM6cm

Општина Илинден продолжува со чистење на речните корита

Општина Илинден продолжува со засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита на својата територија, со цел зголемување на проточноста и намалување на ризикот од поплави.„Во изминатиот период беше реализирано чистење на коритото на Сува Река, на потегот од вливот на „Бучинско езеро“ до излезот од населеното место Бучинци, во должина од 850 метри. Дополнително, извршено е чистење на сисавецот на главниот канал „Млака“, на потегот од пречистителната станица во населеното место Илинден до вливот во главниот канал, во должина од 800 метри.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид на каналот „Шамак“, во н.м Кадино каде во моментов се спроведува чистење во вкупна должина од 1.200 метри. Како што истакна градоначалникот Георгиевски, по обилните врнежи овој канал беше утврден како критична точка, а неговото расчистување е од особено значење за безбедноста на жителите од овој дел на општината.Имајќи предвид дека каналската мрежа на Општина Илинден е под нивото на реката Вардар, одводнувањето се реализира со пумпни уреди преку кои се испумпуваат до 2.800 литри вода во секунда, што дополнително ја потенцира потребата од редовно и навремено одржување на системот. Благодарение на континуираното чистење и одржување на каналите и речните корита, изминатиот период со обилни врнежи беше надминат без потешкотии и несакани последици.Согласно Годишната програма на Општината, Годишната програма на Водостопанство и Акциониот план за чистење на каналската мрежа, во текот на 2026 година предвидено е чистење на вкупно 24.250 метри канали и речни корита на територијата на сите населени места во Општина Илинден.Општина Илинден и годинава ја презема обврската за покривање на водниот надомест за редовно одржување, чистење и нивелирање на отворените канали, со што јасно ја демонстрира својата континуирана заложба за подобрување на инфраструктурата и обезбедување побезбедна, почиста и поквалитетна животна средина за сите граѓани“, велат од Општина Илинден.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryde7nt7q98su10k7lNCZ

(Видео) Украдени летниковци во Илинден, еден пронајден на трактор среде нива

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во видео-објава на Фејсбук сподели дека летниковците кои што биле поставени на трим патеката од Ајватовци до Бичинци била украдена.„Мораме да ги чуваме јавните добра. Општината сите инвестиции ги реализира со пари од граѓаните и мора да го чуваме заедничкото. За жал, дел од урбаната упрема која ја поставуваме а се работи за летниковците поставени на трим патеката од Ајватовци до Бучинци, е украдена за што е пријавено во полиција“, напиша тој во објавата на Фејсбук.Воедно апелираше до граѓаните да ги чуваат јавните добра, да се пријавуваат до општината сите оштетувања и оштетувачи, бидејќи, како што вели, само така може да има модерна општина која е убаво и пријатно место за живеење на сите.Според видеото подолу може да се забележи дека еден летниковец е пронајден качен на трактор во сред нива.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryr8lvdurha4uj2oZF2Rh

Општина Илинден воведува финансиска поддршка за првачиња

Општина Илинден, како една од општините со постојан демографски пораст и зголемување на наталитетот, продолжува со креирање конкретни мерки насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, за првпат се воведува финансиска поддршка за сите првачиња. Општина Илинден од 2022 година, континуирано обезбедува ранчиња со училишен прибор за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територија на општината. Почнувајќи од следната учебна година, покрај досегашната поддршка со ранчиња и училишен прибор, Општината како новина воведува доделување на субвенција во износ од 3.000 денари за секое прваче.Целта на оваа финансиска поддршка е на родителите да им се олесни покривањето на дел од трошоците поврзани со започнувањето на образовниот процес, како и да се овозможи посигурен и порамномерен старт за сите ученици.Средствата за спроведување на субвенцијата во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, што уште еднаш ја нагласува посветеноста на локалната самоуправа кон вложување во децата, семејствата и иднината на заедницата. Во рамки на поддршката на млади семејства, општината неодамна ги зголеми и финансиските надоместоци за новороденчиња, со што јасно потврдува дека граѓаните се нејзин клучен приоритет и основа за долгорочен и одржлив развој.

Скопје | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

МВР истражува пад на младо лице од куќа во Илинден: со тешки повреди лицето е во болница

Деветнаесетгодишно лице од Скопје се здобило со тешки телесни повреди по пад од трет кат од куќа на подрачјето на општина Илинден, информира Министерството за внатрешни работи.Според соопштението, на 3 јануари 2026 година во 20:02 часот во СВР Скопје било пријавено дека младото лице, кое било на гости во куќата заедно со својата мајка, паднало од висина. Од МВР наведуваат дека лицето имало здравствени проблеми.Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои дошло до несреќата.

Македонија | пред 2 месеци

pozar-ilidenn-54325

(Видео) Во Илинден гори пластика, поплаки дека се слушаат звуци налик на екскплозии - први официјални информации

Пожарот во Илинден избувнал во „Ф Групација“, складиште за отпад, меѓу кое има и пластика. Ова го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Истовремено, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али посочува дека горат пластични работи. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Преку бројот за итни повици Е-112 добиена е пријава за голем пожар во Општина Гази Баба, поточно во с. Трубарево, каде што гори фабрика за пластични работи БППЗ на Град Скопје. Пожарникарите се на лице место каде што интервенираат во гаснењето на пожарот, состојбата се следи“, додава Али. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Граѓани посочуваат дека се слушаат звуци налик на експлозии.Како избувнал пожарот засега не е познато.

Скопје | пред 6 месеци

526941598_122248523630197509_7212545005421830999_n

Тошковски од Трново: Илинден е инспирација, не само сеќавање

Министерот за внатрешни работи Панчо Тошковски утрово учествуваше на традиционалната Семакедонска средба во Трново, по повод Илинден – празникот кој, како што нагласи, претставува симбол на стремежот на македонскиот народ да биде свој на своето.„Не сме тука само да се потсетиме на минатото како нешто изгубено, туку да се инспирираме од него. Жртвата на нашите предци треба да ни биде сила што нè води напред“, рече Тошковски, испраќајќи порака на единство и самодоверба.„Денес од Трново испраќаме јасна порака – дека сме обединети, способни и решени. Не за да бидеме против некого, туку за да бидеме за себе – за Македонија“, изјави министерот, завршувајќи со честитка: „Да ни е честит празникот. Да е вечна Македонија.“

Македонија | пред 7 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Нашата мирновременска борба не е завршена, порача Филипче за Илинден

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Крушево упати честитка по повод Илинден, подвлекувајќи ја историјата и обврската што произлегува од двата Илиндени – 1903 и 1944 година.„Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, борбата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме двата Илиндени – и Крушевскиот и АСНОМ-скиот“, рече Филипче.Тој се поклони пред жртвите вградени во темелите на македонската држава и потенцираше дека нивната жртва не смее да биде заборавена. „Од една сиромашна, полуфеудална и неразвиена земја, денес живееме во модерна држава. Но, нашата мирновременска борба не е завршена“, предупреди Филипче.Според него, клучната задача сега е Македонија конечно да стане полноправна членка на Европската Унија: „Припаѓаме таму – цивилизациски, културно и географски.“Филипче повика на надминување на поделбите и вештачките етикети на „патриоти“ и „предавници“:„Вистински патриотизам денес е да се унапредува државата. Само заедно можеме да го продолжиме патот што нашите претци го започнаа со Илинден.“

Македонија | пред 7 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Илинден е жив идентитет и обврска за иднината

„Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност, жива вистина за Македонија која живее“, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 Август – Илинден. Тој подвлече дека овој ден не е само историски спомен, туку постојан потсетник на стремежот за слобода, правда и државна самостојност.„На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за достоинство. Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека Илинден е и обврска – особено за институциите, кои мора да работат чесно и одговорно.Тој посочи дека Владата е свесна за довербата што граѓаните ѝ ја дале и за обврската таа да се оправда со резултати.„Ќе ја направиме Македонија држава на можности – праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции на страната на граѓаните“, рече Мицкоски, додавајќи дека оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро – и ќе покаже.Во пораката премиерот подвлече дека Илинден обединува и повикува на надминување на поделбите: „Да извлечеме сила од историјата и да ја претвориме во иднина. Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност.“

Македонија | пред 7 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-01-at-19.24.17_afb95d8e

Илинденската коњаница пристигна во Крушево

Традиционално, вечерта пред големиот Илинден, во Крушево пристигнаа групите коњаници.Тие учествуваа во илинденскиот поход кон Крушево и Мечкин камен во чест на Илинденското востание и Илинденците.Утре, на 2 Август на Илинден, ќе бидат дел од чествувањето на Мечкин Камен.

Македонија | пред 7 месеци

taravari-1

Таравари со критика кон Азир Алиу за непочитување на уставното име на државата и албанскиот јазик

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари упати остра критика кон Министерството за здравство, обвинувајќи го за кршење на Преспанскиот договор и за непочитување на уставните норми, само еден ден по средбата меѓу Таравари и американската конгресменка со грчко потекло, Никол Малиотакис.Повод за реакцијата беше неодамнешното отворање на здравствениот дом во општина Илинден. Според соопштението, Министерството направило два крупни пропусти – на поставените табли не бил употребен албанскиот јазик, а наместо уставното име „Република Северна Македонија“ било напишано само „Република Македонија“.„Овие постапки се спротивни на законските одредби за употреба на јазиците и претставуваат директно непочитување на Преспанскиот договор“, стои во соопштението. Оттаму бараат јавно извинување од Министерството за здравство, а од министерот Фатмир Меџити – политичка одговорност, поради, како што посочуваат, „оштетување на меѓународниот углед на државата“.Реакцијата повлекува и прашање за можно усогласено дејствување помеѓу одредени политички кругови во Грција и Албанците во Македонија, со цел да се отвораат прашања за кои се смета дека се затворени со Преспанскиот договор. Контекстот дополнително го заострува фактот што Малиотакис е позната по своите ставови против уставното име на земјата.Настанот предизвика и поширока политичка дебата околу стратегијата на опозицијата, но и повторно го актуелизираше прашањето за јазичната и идентитетската чувствителност во земјата.Министерството за здравство сè уште нема излезено со официјална реакција на обвинувањата.

Македонија | пред 8 месеци

ohrid-carsija-policija

(Видео) Шок одговори од млади на анкета со прашања: Што се слави на 2-ри август, кој бил претседател на Крушевската Република?

Јутуберот Лазаров направи анкета во која прашува млади лица низ Охрид: Што се слави на 2-ри август, кој бил претседател на Крушевската Република?.Најголем дел од лицата не беа запознаени со сите факти.

Коментари | пред 1 година

ahmeti-grubi

ДУИ и Ахмети не слават Илинден, зафатени се со извинување кон Косово и црвенеење

Наместо честитка за Илинден, ДУИ, Али Ахмети и челниците на партијата решија да го заборават најголемиот македонски празник – Денот на Републиката и да и го посветат целото внимание на косовската претседателка Вјоса Османи и Косово. Ниту една објава на социјалните мрежи нема од довчерашната власт, која по 16 години замина во опозиција. Наместо тоа, се сожалуваат со Османи и бараат прошка од Косово. Пратениците на ДУИ не беа ниту дел од делегациите пред Собрание, на Мечкин Камен или Прохор Пчински.Од три објави на официјалната фејсбук страница на ДУИ, два се посветени на косовската претседателка, а еден на амбасадорот на Албанија со кого днеле заклучок: „Албанците се презираат, потребна е платформа за легитимитет“.На истото прашање коментирал и Ахмети. Се жали како поцрвенува од срам поради претседателката Османи и скандалот, но не и за непочитта кон Илинден и Македонија, чиј пратеник е.На иста бранова должина е и однесувањето на ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи. Ги прогласи ВЛЕН за неспособни, ама „заборави“ дека е Илинден и дека е ред да честита.Крешник Бектеши, поранешен министер за економија, посветил внимание за да ја критикува Владата, за да се извинува на Косово, а знаел и дека се слави Илинден. Посветил објава на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, но за да ја искритикува, а не за да честита.<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMinisterKreshnikBekteshi%2Fvideos%2F472217848919122%2F&show_text=false&width=380&t=0" width="380" height="476" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>Артан Груби, во негов стил, реши националистички да раскажува како Албанците сега се понижени, а во нивно време биле лица кои одлучувале во Македонија. Илинден, не слави.„Косово, прости ни!  Од газда во станар, од одлучувач до слуга, од горд до рако-бакнувач, од достоинствен до безрбетен, од бел браз до црнило, од учен до неук, од храбар до кукавица, од владеење во служење, од победник во губитник, од Европа и Америка во Русија и Србија, од Али Ахмети во Иван Стоилковиќ!“, напиша Груби.Собраниска делегација, беше предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во состав: Емил Спасовски, Љупчо Николовски и Драган Недељковиќ, а положи свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Марија Петрушевска, Оливер Спасовски и Бобан Карапејовски, положија свежо цвеќе во Скопје: на Споменикот на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“; Споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“; Споменикот на Никола Карев, пред Собранието.

Македонија | пред 1 година

DSC_0052

(Фото) Се бара Клара од скопски Илинден: Излегла вчеравечер, не се вратила

Младо девојче од скопски Илинден се бара со апел преку социјалните мрежи.„Излезена вчера во 18:00часот во н.Илинден Со себе носи црни кратки панталони,црна блуза со натписи и црно сиви патики. Висина: 165 cm Тежина :56 kg Очи: Кафено-Зелени, Ако некој ја забележи да пријави во најблиската станица“, стоив о апелот објавен од Ивана Тасева.„Скопје1“ побара детали за случајот од објавувачот на апелот, но досега, не добивме повратен одговор.Од МВР чекаме потврда дали ова девојче е пријавено за исчезнато кај нив.[caption id="attachment_298449" align="alignnone" width="1380"] Screenshot[/caption]

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

Мицкоски: Борбата не е завршена! Илинден е историска вистина, Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес

„Честит Илинден! Македонија денес го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Забележете ги внимателно зборовите од Крушевскиот манифест кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, неговата најголема порака е повикот за единство. Врз тоа единство се градеше Крушевската република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. Вистинското прашање и дилема денес е дали тоа единство постои во состојба кога борбата мора да трае, за да имаме победа.Борбата трае - потсетувајќи нѐ дека борбата за слобода, правда и за подобра иднина бара истрајност, храброст и единство. Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена! Борбата продолжува! Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Нека е честит и вековит Илинден.

Македонија | пред 1 година

ilinden

Љутков од Крушево: Со култура и традиција го чуваме аманетот за слободна и демократска држава

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, во херојскиот град кој е израз на македонскиот непокор и ризница на македонската култура и традиција.Пред големиот аудиториум, во духот на идејата за слобода на својата држава на хероите од Илинденското востание и од Народноослободителната борба, министерот Љутков рече: „ Денеска, во пресрет на Илинден, повторно му кажуваме на светот дека Македонија не беше и не ќе биде јалова грутка, за да ја поткршува кој најде и кој ќе стигне. Денеска, на страниците на светското паметење, со гордост запишуваме дека пред сто дваесет и една и пред точно осумдесет години, ние ги избравме и ги испративме најдобрите синови први да ги огрее сонцето на слободата“.Тој говореше за храброста и за визионерството на војводите и на партизаните додавајќи дека тие, кои биле благословени од Свети Илија, „силно удрија по темнината за да се разбистри погледот пред вечноста и да се види до каде е Македонија“.„Хероите од Мечкин Камен и од Слива, ни покажаа како се чува слободата, тој најскап идеал на човекот, а ние сме онаа генерација на која ѝ е оставен аманетот – со убавината на сопствената култура и традиција, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност, како скапоцен влог во мозаикот на светската цивилизација“, рече Љутков, споменувајќи ги сите културни институции што градот Крушево ги има како одек на минатото и потврда за непроценливото богатство на нашата држава.Честитајќи го Денот на Републиката, министерот Љутков порача: „Силно верувам дека предвидената програма на манифестацијата ’Десет дена Крушевска Република‘ ќе биде нов културен светилник на Балканот, за кој долго ќе се зборува и по кој светот ќе нè препознава, како град и земја што задолжително и со восхит треба да бидат посетени“.Свеченото отворање на манифестацијата започна традиционално со формирање поворка и доаѓање на коњицата пред столбот на Крушевската Република. Свежо цвеќе беше положено пред бистата на Веле Марков, како и на вечните почивалишта на Питу Гули и на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта и пред Криптата на илинденските востаници.По церемонијата на читање на Крушевскиот манифест и подигнување на бајракот на Крушевската Република, по свечените обраќања на министерот Љутков, градоначалникот Томе Христоски и пукањето со црешово топче, вечерта продолжи со настапите на „Танец“ и на „Некст тајм“.Централните настани за празнување на 2 Август се денеска на Мечкин Камен, а манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ ќе трае до 10 август со програма која опфаќа содржини за сите возрасти – претстави и концерти за најмладите, изложби, поетско читање, драмска и филмска програма, концерти од сите жанрови, како и научна конференција со учесници од Институтот за национална историја.

Македонија | пред 1 година

IMG_0658

(Видео) Илинденската коњаница пристигна во Крушево

Во Крушево, традиционално простигна илинденската коњаница.Коњицата, поздравена од присутните, стигна во Крушево а за втори август ќе биде дел од манифестацијата „Десет дена крушевска република“.За оваа година беше пријавен рекорден број на коњаници.

Македонија | пред 1 година

20230227071314

Откриена причината за големата трагедија во Илинден

Снимање на Тик-Ток видео била причината зошто 14-годишното девојче се качило на железничкиот вагон до кој стоела цистерна во синоќешната трагична несреќа во Општина Илинден.Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за Телма потврди дека се работи за смрт од струен удар, а дека на местото биле присутни три другарки, тинејџерки, кои дошле околу 21 часот. Девојчето починало на самото место. Интервенцијата на пожарникарите траела до 21 часот и 45 минути, а потоа симнатото тело било дадено на обдукција.-Сите мора да внимаваме на нашите деца, особено на малолетниците каде се движат и што прават затоа што за жал ова не е прв случај и за да ги заштитиме нашите деца мора да преземеме соодветни мерки за да се укаже дека не смее да се движат во тие делови и особено да се качуваат на вагоните затоа што се многу опасни и може да настане последица од струен удар, изјави Ангеловски.Слична трагедија со Тик-Ток видео се случи пред неколку месеци во скопско Маџари, кога 17-годишна девојка на идентичен начин доби тешки изгореници по телото.

Скопје | пред 3 години

pozar-pristina

МВР со детали за вчерашната трагедија во скопски Илинден

На 25.02.2023 во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Илинден на железничка станица-складиште има почината малолетничка.По извршениот увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител утврдено е дека малолетничка која таму била уште со двајца малолетници, се качила на кровот на цистерната која се наоѓала на железничката пруга, при што настанал струен удар.На местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата малолетничка било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Скопје | пред 3 години

Foto-5

Пендаровски: Историската вистина не може да се промени со договор, ниту со протокол бидејќи фактите го разобличуваат секој наметнат конструкт

По повод државниот празник 2 Август, Илинден - Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски се обрати на свечената церемонија што се одржа во Кабинетот на претседателот и во чии рамки беа доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.На Свети Илија го славиме нашиот најголем државен празник, затоа што на денешен ден, македонскиот народ и неговите сонародници ги воспоставија своите две републики – Крушевската во 1903-та и асномската во 1944 година. Барајќи излез од авторитарните монархии и автократските режими кои систематски го обесправувале, асимилирале и експлоатирале, македонскиот народ спасот го нашол во републиката како најправеден и најпрогресивен државен поредок. Поредок кој требало да му овозможи да има слободна, функционална политичка заедница обединета околу општото добро и јавниот интерес.Крушевскиот манифест ни ги дава контурите на Републиката за која се бореле илинденците - Република положена врз идеалите на правда, слобода и достоинствен живот во која ќе има место за секој маж и жена, независно од народност, јазик и вера.Визијата за Републиката е надградена за време на Народноослободителната и антифашистичка војна во која партизаните ги обединија сите прогресивни сили во широк национален фронт. На слободните територии беа воспоставени народноослободителни одбори како никулци на идната асномска република, која по самата своја суштина беше национална и антифашистичка.Борејќи се за една таква прогресивна антифашистичка република многумина ги дадоа своите животи, меѓу нив и нашата прва партизанка, Невена Николова Георгиева-Дуња. Невена својот краток живот го посвети на борбата за социјална правда и национална слобода. Веруваше дека преку антифашистичката борба и жените ќе се изборат за својата рамноправност со мажите. Невена учествувала во формирањето на дури три партизански одреди – Скопскиот, Струмичкиот и Велешкиот. Пеш ја има крстосувано татковината и како Дуња, Стојка и Рајна го мотивирала народот да се вклучи во борбата. Гонета од фашистичкиот окупатор и неговите контрачети, Невена херојски загина за да им овозможи на своите соборци безбедно да се повлечат и да ја продолжат борбата за слобода.Споменот за неа е толку силно врежан во нашата колективна меморија, што ако денеска ги прашаме луѓето, огромното мнозинство од нив, без задршка ќе речат дека Дуња е народен херој од НОБ. За жал, фактите зборуваат дека е направен пропуст и дека таа никогаш не била прогласена за народен херој. Затоа, во знак на благодарност, ние денешните генерации, постхумно ја одликуваме со Орден за воени заслуги.За да видиме за каква република се избориле учесниците во НОБ, треба да погледнеме во животната активност на великаните на таа славна антифашистичка генерација, по војната. Еден од нив е и Крсте Црвенковски, првоборец и народен херој кој активно учествувал во народното востание од самиот почеток на 11 октомври 1941. Тој лично сведочи дека „во одлуките на АСНОМ стремежите за сувереност и државност на македонскиот народ и Републиката се кристално јасно формулирани. На таа основа беше заснована новата македонска република“.Како долгогодишен член на највисокото политичко и државно раководство на републичко и на сојузно ниво, Крсте Црвенковски имал можност да ја преточи во дело неговата визија за Републиката како општо добро. Третирајќи ги сојузните републики како национални држави на конститутивните народи на Југославија, Црвенковски се залагал за децентрализација на федерацијата и почитување на легитимните интереси на републиките. Неговата улога во основањето на Македонската академија на науките и уметностите, развојот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и возобновувањето на Македонската православна црква, сведочи за неговата визија за македонска република со развиено образование и наука и со автономија на културниот и духовниот живот. Бил против ригидното разбирање на партискиот монопол, за либерализација на политиката и демократизација на државата. Доживувајќи го македонскиот мултиетнички амбиент како предност, а не како недостаток, активно се залагал за целосна еманципација и афирмација на немнозинските заедници.Пред 33 години, како млад човек кој прв пат навлегува во водите на политиката, имав чест да го запознам, заедно со неговите истомисленици Славко Милосавлевски и Ќамуран Тахир и лично да посведочам дека иако биле дел од монопартискиот систем, знаеја да го насочат погледот и надвор од идеолошките параметри на времето.Имајќи ги предвид сите негови заслуги, постхумно го одликуваме Крсте Црвенковски со Орден на Република Северна Македонија.Славната антифашистичка генерација полека ја напушта историската сцена. Се помалку меѓу нас ги има живите учесници во тие настани. За жал, низ годините на независноста сведочевме и на обиди да се релативизира значењето на НОБ, а со тоа и на делото на нашите партизани. Во пресрет на Илинден имав чест да посетам неколкумина од преживеаните борци и да ги прашам за што се бореа и против кого се бореа. Сеќавајќи се на борбата за слободна македонска република, Илија Дуновски од Охрид ми рече, „битката не се добива само со пушка, но и со срце, со храброст.“ Затоа, денес, на сите живи партизани, им се заблагодаруваме со Медали за храброст.Со овие одликувања ние денес на симболичен начин правиме обид за исправање на неколку историски неправди. Првата, направена со пропустот Невена Георгиева-Дуња да биде прогласена за народен херој. Втората со отстранувањето на Крсте Црвенковски од јавниот и политичкиот живот поради неговите либерални ставови и прогресивни политики. Третата со обидите да се релативизира значењето на НОБ и АСНОМ како папочна врска меѓу нашиот прв и нашиот трет Илинден.Овој чин го правиме во период кога нашата држава по кој знае кој пат се соочува со обидите да биде негирана националната самобитност на македонскиот народ и да бидат оспорени неговите уникатни национални белези.Револтот на граѓаните е оправдан, затоа што сите успеси како независна држава ги добиваме по потешкиот пат, но, не се откажуваме од стратешката цел да станеме дел од заедницата која со сите свои недостатоци, сепак, создала простор во кој луѓето се слободни и свои.Во рамките на нашите заложби за целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, имаме цврста намера да ги исполниме сите услови од европските преговарачки поглавја, но, немаме намера со кого било, наместо за европски вредности да разговараме за возобновување на империјалистички концепти и идеи од минатите векови.Концептот на обединета Европа ни ја дава најдобрата шанса да го заокружиме развојот на Северна Македонија како современа европска република. Овие напори се жртвата на нашата генерација за нашите млади и за нивната иднина. Но, за сето ова да не биде залудно, огромна незавршена работа нè чека дома каде што треба да продолжиме да ја градиме државата како праведна и прогресивна во која македонските граѓани ќе имаат пристоен живот, добро образование, квалитетно здравство и ефикасен правен систем што ќе ги сузбива криминалот и корупцијата.Свесен сум дека кај дел од граѓаните постои стравување дека на тој пат кон Европа ќе биде цензурирано нашето историско паметење. Дека наводно веќе нема да можеме да спомнуваме против кого се бореле нашите херои. Или дека ќе треба да ги затвориме очите пред фактите за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка и масакрот на младинците во Ваташа. Дека ќе ги затвораме ушите за да не ги чуеме сведоштвата на нашите последни живи борци, на генерацијата која на своја кожа ја искуси окупацијата во периодот 1941-1944, спроведувана од профашистичката влада во Софија.Но, кога би престанале да ја зборуваме историската вистина ние би станале соучесници во креирањето на една нова историска неправда. Токму овие одликувања се нашиот одговор на секој обид да се замолкне вистината. Историската вистина не може да се промени со договор, ниту со протокол бидејќи фактите го разобличуваат секој наметнат конструкт.Со историската вистина нема компромис, говорењето на историските факти, никогаш не било, ниту може да биде говор на омраза. Проектот на обединета Европа недвосмислено потврдува дека патот до автентично и трајно помирување меѓу народите води преку правдата втемелена врз вистината. Затоа, ќе продолжиме да ја зборуваме вистината и само вистината.Драги сограѓани,Не треба да чувствуваме никаков страв. Ако македонскиот народ не подлегнал на обидите за асимилација, денационализација и историски ревизионизам во периодите кога бил обесправен и немал своја држава, денес, при своја држава, шансите за такво нешто се непостоечки. А наша должност е да се грижиме нашата република, сите нејзини граѓани подеднакво да ја чувствуваат како своја татковина.Нека е за многу години Илинден!

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Хаос на Мечкин Камен: Едни ја исвиркуваат Владата, други и аплаудираат

Едни извикуваат „У-а“ и ги исвиркуваат, другите аплаудираат на Мечкин Камен. Ова е атмосферата за време на одбележување на Илинден. Заштитна ограда за граѓаните и засилено полициско присуство. Има развиени македонски знамиња, како и знамиња на ЕУ. Соседниот табор вее знамиња од Вергина и ги исврикува владините претставници.Веќе имаше најави дека СДСМ организирала автобуси кои ќе носат партиско членство и симпатизери на Мечкин Камин. За ова се коментираше дека се организира за да има повеќе аплаузи.

Македонија | пред 3 години

andrej-kovacev1

Прва провокација од Бугарија за „Илинден“, европратеникот Ковачев го прогласи за бугарски празник

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од ГЕРБ, го прогласи Илинден за бугарски Велигден. Ваквите антимакедонски ставови на Ковачев не се реткост, а провокациите се постојани. Тој сподели фотографија на која на бугарски е испишан натпис.„Илинден, мајко, Илинден - за Бугарите Велигден. Да се ​​потсетиме заедно!“, напиша Ковачев.Веќе општопознато е дека Бугарија и бугарските политичари имаат проблем кога е во прашање македонската историја. Овие прашања се решаваат преку историскаста комисија, а јавноста има впечаток дека Бугарите сакаат да присвојат се што е македонско од историјата.

Актуелно | пред 3 години

295874309_606406704186678_5156492497348477349_n

Иванов порача: Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска

„Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска“. Со ваква порака, поранешниот шеф на државата, Ѓорѓе Иванов, го честиташе Илинден.Тој напиша:Обврска да се чува наследство за кое нашите предци се избориле со пркос и непокор. Да се чува континуитетот на нашата определба, бидејќи како Македонци ние не можеме да бидеме нешто поразлично од нашите предци. Да не им го одземаме на нашите деца, внуци и правнуци она што ни го оставиле нашите татковци, дедовци, прадедовци.Многупати се обидувале и сега повторно се обидуваат да ни накалемат некаков туѓ идентитет. Ниту успаале, ниту сега ќе успеат бидејќи нашето постоење не зависи од нив туку од самите нас. Овој светол ден не потсетува дека не смееме да ја губиме вербата во себе. Да го чуваме и негуваме нашиот многувековен идеал на непокорот. За многу години Илинден! Да живее Република Македонија!

Коментари | пред 3 години

vo-borba

(ВИДЕО) Владата слави Илинден во Крушево, а го бришат Гоце Делчев од песната „Во борба, во борба“

Скандал на вечерашното отворање на прославата за Иинден од страна на Владата на премиерот Димитар Ковачевски. Во текот на изведбата на добро подготвената програма, песната “Во борба, во борба“ беше едноставно искасапена, а од неа беше исфрлена втората строфа после првиот рефрен во која се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“, што претставува спој на борбата на Илинденците од 1903 година и на партизаните од НОБ кои се борат додека над главите знамето на Гоце се вее.Впрочем еве ја целата строфа која беше исфрлена при изведбата:“Излеговме ние смели партизани,над нас на Гоце знамето се вее,во гори, полја и на сите страни,фашистичка крв насекаде се лее.“Инаку целата песна, во збирката на Кочо Рацин која посмртно е објавена (Збирката е пронајдена во неговата чанта), а која ја напишал Владо Малески, гласи вака:Како што можете да видите, односно чуете, исфрлена е и последната строфа за нов живот на Македонците со браќата Власи, Турци, и Албанци!За да се уверите, послушајте го видеото со токму овој дел од вечерашната прослава.

Македонија | пред 3 години

ilinden

Сто и деветнаесет години од Крушевската република 🇲🇰

Сто и деветнаесет години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на 2 Август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. Годинава, 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, се одбележува под слоганот „Илинден – нашата сила за иднината“.По тој повод, претседателот на државата и делегации на Собранието и на Владата, ќе го чествуваат празникот преку голем број свечености. Институциите ја објавија агендата за денешното чествување, според која оваа година, шефот на државата Стево Пендаровски ќе ја предводи државнo-црковната делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на свеченоста во Крушево, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на настаните организирани во Пелинце.Одбележувањето на Денот на Републиката и Илинден на 2 Август ќе започне со настани во Скопје, во 8:00 часот, кога делегацијата предводена од шефот на државата Пендаровски ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“.Потоа, делегации ќе положат свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад.Одбележувањето на празникот ќе продолжи со обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски на платото во вилата на Водно во 9:00 часот, по што ќе бидат доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.Со Орден на Република Северна Македонија, постхумно ќе биде одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето и во развојот на македонската држава и на македонското општество.Со Орден за воени заслуги, постхумно ќе биде одликувана Невена Николова Георгиева – Дуња, за извонредната храброст, пожртвуваноста, непоколебливоста и за лидерската улога во антифашистичката борба во работничките и во синдикалните движења, коишто се застапувале за социјална правда, со што ја задолжи нашата држава со своето херојско дело и со својот пример за посветеност на заедничката цел и на заедничката борба за подобар и поправеден свет.Со Медал за храброст ќе бидат одликувани: Никола Стојановски, Јован Величковски, Трајанка Аврамовска (постхумно), Илија Дуновски, Никола Николоски, Цветко Цветкоски, Кадрија Џафери и Дaфинка Богоева.– Осумтемина се одликуваат за пожртвуваноста, за истрајната борбеност и за животната посветеност на високите цели на заедницата, како и за целокупниот влог во Народноослободителната борба, што се согледува низ нивните карактеристики, а и низ карактеристиките на голем број генерации борци, кои не ги штедеа своите животи за слободата, втемелувајќи ги основните насоки за градење на државата, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.Владината делегација на манифестациите во Скопје ќе ја предводи вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а о нејзин состав ќе бидат и министрите за одбрана и за информатичко општество и администрација, Славјанка Петровска и Адмирим Алити, заменик-министрите за животна средина и просторно планирање и за одбрана, Христина Оџаклиеска и Башким Хасани и националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски.По свеченостите во Скопје, државнo-црковна делегација, предводена од претседателот Пендаровски, по осумнаесет години, по повод 2 Август – Илинден, во 12:30 ќе го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на 2 август 1944 година. Во состав на делегацијата ќе бидат министерката за одбрана Славјанка Петровска, пратениците во Собранието, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, митрополитот кумановско-осоговски Григориј, епископот Стобиски Јаков, како и претставници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и на Сојузот на борците на НОБ.Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ и епископот врањски Пахомије, како претставник на Српската православна црква.По повод посетата на манастирот, претседателот Пендаровски во саботата оствари телефонски разговори со неговиот српски колега Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј.Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области, а посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении, е позитивен импулс за отворање на нови поглавја во меѓусебните релации.Во разговорот со патријархот Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на одлуката да биде овозможена посетата на манастирот, што следува со прифаќањето на канонското единство и автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ.Покрај одбележувањето на Илинден, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, заедничка литургија по повод верскиот празник Св. Илија ќе сослужуваат владици на МПЦ-ОА и СПЦ.Заедничката литургија во црквата во манастирот „Св. Прохор Пчински“ ќе ја сослужуваат митрополитот струмички Наум, митрополит кумановско-осоговски Григориј и епископот стобиски Јаков од МПЦ – Охридска Архиепископија и епископот врањски Пахомије од СПЦ.Пред Меморијалниот центар во Пелинце, пак, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, пред споменикот на АСНОМ, претседателот на Собранието, Талат Џафери во 10:00 часот ќе положени цвеќе. Пред споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце цвеќе ќе положи и владината делегација во состав од министрите за труд и социјална политика и за здравство Јована Тренчевска и Беким Сали и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.По полагањето цвеќе ќе следува обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери и ќе биде организирана културно-уметничка програма.Премиерот Димитар Ковачевски, предводејќи висока владина делегација, со државни почести и чествувања ќе го одбележи големиот национален празник Илинден во Крушево. Во состав на владината делегација ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министрите за култура и за внатрешни работи, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Оливер Спасовски.Владината делегација, во 8:30 часот, ќе се поклони и ќе оддаде почит положувајќи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република. На спомениците цвеќе ќе положи и собраниска.Во 10:30 часот, со присуство на владината делегација на панихидата за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“ и со положување цвеќе на споменикот на Мечкин камен, продолжува церемонијата во чест на националниот празник. Свечениот дел на манифестацијата ќе започне во 11:30 часот на Мечкин камен, со обраќање на премиерот Ковачевски.Во рамки на централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август во Крушево ќе биде одржана и празнична културно-уметничка програма.Свечената програма за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар, каде се чествува со положување цвеќе и фолклорна манифестација.Од 9:00 часот, владината делегација, предводена од министерот за образование и наука Јетон Шаќири, во придружба на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски ќе оддадат почит на могилата на Даме Груев, споменикот на смилевските Илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред, по што ќе следува посета на Меморијалниот музеј со положување на цвеќе на споменикот на Даме Груев, а во 10:00 часот во спомен паркот „Даме Груев“ ќе започне традиционалната прослава.По повод Илинден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, ќе го посети струшкото село Ташмаруништа, каде во 10 часот предвидено е да одржи и говор пред присутните.Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од потпретседателот Александар Николоски, во чиј состав ќе бидат и членот на ИК Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска, во 12 часот ќе положи свежо цвеќе на Мечкин Камен во Крушево, додека друга партиска делегација предводена од потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, а во состав од пратеникот Бране Петрушевски и претседателот на УМС Сергеј Попов, во 10 часот ќе положи свежо цвеќе на Меморијалниот центар во Пелинце.На денешен ден се одбележуваат два важи датуми во македонската историја. Во 1903 година, на полноќ спроти Илинден, камбаните во Крушево го објавиле почетокот на Илинденското востание, за време на кое околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, 115 делегати го одржале Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на Демократска Федеративна Југославија. Заседанието го отворил најстариот делегат и сведок на двата Илиндена, Панко Брашнаров. На заседанието бил избран Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто, а биле усвоени и неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на Демократска Македонија.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања