Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИНВЕРТЕР КЛИМИ

Inverter-klima-ured-696x522-1

Над 50% од ваучерите за инвертер клими веќе подигнати, велат од Министерство за енергетика

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на терен.Од вкупно 4.070 доделени ваучери, во периодот од 18 март до 25 март веќе се подигнати 2.084, што претставува повеќе од половина од вкупниот број. Согласно податоците добиени од меѓуопштинските центри за социјална работа, заклучно со 25 март 2026 година до 18:00 часот, вкупно се подигнати 2.084 ваучери, при што дневната динамика покажува континуиран интерес и зголемена активност кај граѓаните во сите општини низ државата. Овие податоци потврдуваат дека процесот се реализира ефикасно, без застои и во согласност со предвидената динамика.Министерството потсетува дека списокот на граѓани кои остварија право на оваа поддршка, како и списокот на компании од кои може да се набават уредите, се објавени на официјалната веб-страница на Министерството:https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/rezultati-i-spisociГраѓаните кои се наоѓаат на списокот можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, до 17 април 2026 година, при што на веб-страницата се достапни сите информации за потребната документација и постапката.По подигнувањето, ваучерите може да се искористат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори, за набавка и вградување на инвертер клима уред.Станува збор за финална фаза од постапката по Јавниот оглас за 2025 година, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, во која право на поддршка имаа домаќинства кои ги исполнија предвидените услови.Со ваучерот, граѓаните добиваат можност за набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, во вредност до 28.000 денари, без дополнителна доплата. Ваучерите може да се искористат најдоцна до 15 октомври 2026 година.Министерството продолжува со интензивна реализација на мерките за поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

Македонија | пред 4 дена

Inverter-klima-ured-696x522-1

Инвертер клими за ранливи домаќинства — објавен јавен повик до сите компании да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави Јавниот оглас за пријавување на интерес од страна на правни субјекти кои вршат трговија со високоефикасни инвертер клима уреди, со што започнува практичната реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.Основната цел на јавниот повик е обезбедување директна поддршка за домаќинствата кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, преку доделување потврда- ваучери за набавка и вградување високоефикасни инвертер клима уреди.Со програмата е предвидено секое домаќинство кое ќе добие ваучер да може да набави и инсталира високоефикасен инвертер клима уред во вредност до 28.000 денари со вклучен ДДВ, кај компании кои ќе склучат договор со Министерството по спроведување на јавниот оглас.Право на учество имаат сите правни субјекти регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија кои вршат трговија со високоефикасни инвертер клима уреди, а избраните компании ќе имаат обврска да обезбедат уреди со најмалку енергетска класа А+, нивна монтажа на адресата на корисникот, како и гаранција од најмалку две години, без дополнителни трошоци за граѓаните.Министерството ги повикува сите заинтересирани компании активно да се вклучат во реализацијата на програмата и да придонесат кон нејзино успешно спроведување.Оваа мерка претставува конкретен чекор во намалување на енергетската сиромаштија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата, обезбедувајќи поекономично и поодржливо греење за граѓаните кои имаат најголема потреба од поддршка.Јавниот оглас, условите за пријавување и потребната документација се достапни на веб- страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини:https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-oglas-za-prijavuvanje-subjekti-koi-vrsat-trgovija-na-visokoefikasni-inverter-klima-urediПо завршувањето на постапката по јавниот оглас и по објавувањето на листата на компании со кои Министерството ќе склучи договор, истовремено ќе бидат објавени и списоците на лицата кои се стекнале со право на користење на оваа субвенција. Со тоа ќе се создадат услови веднаш да започне процесот на доделување ваучери и набавка и инсталација на високоефикасните инвертер клима уреди, без дополнителни административни одложувања, со цел навремена и ефикасна реализација на мерката во интерес на граѓаните“, велат од министертството.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања