Израелски војници осудени на 30 дена затвор поради уништување на статуа на Исус
Израелската армија казни двајца свои војници со по 30 дена затвор, откако еден од нив со малј уништил статуа на Исус во јужен Либан, а другиот го снимал инцидентот.Настанот се случил во христијанското село Дебел, а видеото било објавено на социјалните мрежи на 19 април. Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираа дека уништената статуа во меѓувреме е заменета со нова, во координација со локалната заедница.Воената истрага утврдила дека покрај двајцата казнети, уште шест војници биле присутни, но не реагирале ниту го пријавиле случајот. Тие ќе бидат дополнително повикани на разговори, по што ќе се одлучува за евентуални мерки.„Однесувањето на војниците целосно отстапува од наредбите и вредностите на ИДФ“, соопшти армијата, додавајќи дека станува збор за „неприфатливо однесување и морален пропуст“.Случајот бил разгледан и од највисокото воено раководство, кое најави зајакнување на процедурите за однос кон верските објекти и симболи, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.
Свет | пред 1 ден