Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЈАЈЦА

jajca

Колку јајца дневно се „безбедни“: Лекарите предупредуваат дека претерувањето за празници често завршува во Итна помош

Празничната трпеза знае да биде вистинско искушение, но лекарите предупредуваат дека претераното јадење и пиење, особено кога после подолг пост се враќаме на потешка храна, може да заврши со сериозни здравствени тегоби и посета на Итна помош. Најчест „клизав терен“ за време на Велигден се варените и обоени јајца, кои многумина ги јадат без мерка.Ризикот е повисок кај лица кои веќе имаат дигестивни проблеми, заболувања на жолчното ќесе, полипи, како и кај оние што постеле седум недели и нагло преминуваат на „полн“ режим на исхрана. За нив се советува постепен премин – најчесто едно до две јајца дневно, со полесни оброци и внимателен избор на месо и млечни производи.Во вакви денови нутриционистите потсетуваат и на практични правила: да се јадат помали порции, по потреба почесто, да се внесува повеќе течности и да се избегнува алкохол, бидејќи дополнително го оптоварува панкреасот. Кога се претера со храна, луѓето често опишуваат чувство како „стегнат каиш“ во горниот дел од стомакот, со можни мачнина, повраќање и забрзана работа на срцето.Лекарите предупредуваат дека зад ваквите симптоми може да стои и акутен панкреатит – нагло воспаление на панкреасот, состојба што бара брза лекарска проценка. Како алармантни се наведуваат силна болка во средишниот дел на стомакот над папокот, често со ширење под ребрата и кон грбот, поради што се советува итно јавување кај лекар.Освен количината, важна е и безбедноста на храната. Се нагласува дека јајцата треба да бидат од проверен извор и добро термички обработени – варени најмалку девет минути – како и да се чуваат на ладно место за да се намали ризикот од салмонела. За лица со покачен холестерол, дијабетес или срцеви проблеми се препорачува дополнителна умереност и консултација со лекар.

Магазин | пред 1 седмица

veligdenski-jajca

Не ги оставајте на најлошото место: каде најбрзо се расипуваат велигденските јајца

Велики петок традиционално е денот кога во многу домови се варат и бојадисуваат велигденските јајца, а потоа најубавите завршуваат во кошничка или чинија – како украс на трпезата. Но токму по бојадисувањето најчесто се прави грешка во чувањето, која може да ја скрати свежината и да го зголеми ризикот од расипување.Иако изгледаат „цврсти“, лушпите на јајцата се порозни, со ситни отвори низ кои можат да навлезат кислород и микроорганизми. По варењето се намалува природната заштита што сировото јајце ја има подолго време, па сварените јајца стануваат почувствителни на мириси од кујната и на неправилни температури.Најлошото место за чување, иако многумина интуитивно го користат, е – вратата од фрижидерот. Причината е едноставна: тоа е најтоплиот дел од фрижидерот затоа што најчесто се отвора и затвора, па температурата постојано осцилира. Тие промени ја забрзуваат кондензацијата и го олеснуваат развојот на опасни бактерии.Најбезбедно е сварените велигденски јајца да се чуваат во внатрешноста на фрижидерот, на полица каде температурата е најстабилна. Ако сакате да стојат на маса како декорација, извадете само онолку колку што ќе се изедат веднаш, а остатокот вратете го во ладно.Како практично правило за безбедност на храната, сварените јајца не треба да стојат на собна температура подолго од два часа (а во топла кујна тој период може да се скрати). Ако лушпата се напукнала при варење или при „чукање“, таквото јајце најдобро е да се изеде веднаш или да се фрли – пукнатината е најбрзиот пат за контаминација.Постои и стар домашен трик: лесно пребришување на лушпата со малку масло за да се добие сјај и делумно да се намали сушењето. Но, трикот не ја заменува најважната мерка – стабилно ладење. Сварените, правилно оладени јајца вообичаено се безбедни за јадење до седум дена.

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryiopn75ll2h7127tYOwl

(Видео) Бесплатни јајца предизвикаа турканици во Велес, интервенираше полицијата

Околу две илјади табли со јајца беа поделени за помалку од еден час во Велес, откако хуманитарна акција предизвика огромен интерес кај граѓаните и резултираше со метеж и турканици.Според информации објавени во медиумите, поради безредието и гужвата меѓу присутните кои чекале во редици, морала да интервенира и полицијата за да воспостави ред и да спречи евентуални повреди.Хуманитарниот настан бил организиран како донација од велешани од дијаспората во Соединетите Американски Држави, преку транспортната компанија „Шилер“, која веќе трета година по ред организира бесплатно делење јајца во пресрет на велигденските празници.Големиот интерес брзо ја нарушил организацијата на настанот. Според сведоци, дел од граѓаните земале и по две или три табли јајца, објаснувајќи дека ги носат за роднини или соседи кои не можеле да дојдат.Во услови на поскапување, една табла јајца достигнува цена од околу 300 денари, што дополнително ја зголеми побарувачката. Заедно со јајцата, волонтерите делеа и ќесички со црвена боја за вапцување.Организаторите посочија дека дел од донацијата претходно била дистрибуирана до социјално загрозени семејства.„Целта ни е граѓаните да ги почувствуваат радостите на Велигден. Дел од јајцата веќе беа поделени на оние на кои им се најпотребни“, информираа од компанијата.Покрај делењето на јајца, за најмладите посетители била организирана и забавна програма со кловн и активности поврзани со велигденските празници.

Настани | пред 2 седмици

media-librarydu3tep4ls5ju1YPlng0

Лушпата паѓа „во еден потег“: Една лажичка во водата и варените јајца се чистат за секунда

Лупењето варени јајца знае да биде најнервозниот дел од појадокот или подготовката на салата: лушпата се лепи, а со неа се кине и дел од белката. Еден едноставен трик, сепак, ветува дека јајцата ќе се лупат речиси без напор – доволно е во водата за варење да додадете сода бикарбона.Според советот, проблемот најчесто е изразен кај свежи јајца, бидејќи тенката опна под лушпата „се залепува“ за белката. Додавањето сода бикарбона ја менува pH-вредноста на водата и помага таа опна полесно да се одвои, па по варењето лушпата се симнува многу почисто и побрзо.Најчесто препорачаниот начин е едноставен: јајцата се редат во тенџере, се налева вода и се додава една полна лажичка сода бикарбона. По варењето, наместо да останат во топлата вода, се прелеваат со ледена вода за „шок“ – чекор што дополнително помага одвојувањето од лушпата. Потоа, јајцето само лесно се потчукува за да напукне од повеќе страни и лушпата се лупи во поголеми парчиња, наместо „трошка по трошка“.Во исто време, ако ви се случува јајцата да пукаат додека зоврива водата, причината често е наглата температурна разлика – кога ладни јајца директно од фрижидер се ставаат на силен оган. Практичен совет е да се остават околу 10 минути на собна температура пред варење. Ако некое јајце е веќе напукнато, може да се додаде и малку сол, за побрзо да се стегне белката ако почне да истекува.За оние што сакаат цврсто варено јајце без преголемо варење, вообичаената препорака е по зовривање да се варат околу 10–12 минути, за жолчката да остане убава и жолта, без сивкав прстен и силен мирис.

Магазин | пред 2 седмици

jajca

АХВ спречи нелегален увоз: уништени над 40 тони нелегални јајца од Србија

Над 40 тони необележени јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла, откако инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Царинската управа, спречија обид за нивен нелегален увоз во земјава.Акцијата била спроведена на граничниот премин Табановце, каде по детална контрола биле откриени вкупно 572.400 свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. Во едната пратка биле пронајдени 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца.„Врз основа на оперативни сознанија и повеќемесечно професионално следење на активностите на домашни увозници и извозници со јајца, на граничниот премин  Табановце беше спроведена акција во која при детална контрола откриени се над 572 илјади необележани свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока.Во едната пратка пронајдени се 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца. Според сознанијата на АХВ, овие производи требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски, со што директно се загрозува и угледот и конкурентноста на домашното производство.Благодарение на брзата, стручна и одлучна реакција на АХВ, спречена е сериозна измама и потенцијален ризик за потрошувачите. Вкупната количина од 40 тони и 410 килограми јајца е прогласена за небезбедна и е нештетно уништена на депонијата Дрисла.АХВ уште еднаш ја потврдува својата клучна улога во заштитата на безбедноста на храната и интересите на граѓаните и домашните производители и останува посветена на бескомпромисна борба против измамите со храна, продолжувајќи со засилени контроли и активности на терен. За вклучените субјекти во овој случај ќе бидат изречени соодветни мерки, а ќе следуваат и дополнителни проверки на нивното досегашно работење“, велат од АХВ.

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Јајца за Велигден ќе има

ЖГрупацијата за живинарство при Стопанската комора на Северна Македонија ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца за Велигденските празници.„Најголемите производители и извозници на јајца, најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови.Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација. Ги потсетуваме потрошувачите да внимаваат при купувањето, да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители“, соопшти Стопанската комора.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања