Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЈАНЕВСКА

vesna-janevska

Бојкот во училиштето „Лазо Ангеловски“, министерката вика: „случајот со детето со насилно поведение добил преголема, непотребна јавност и обем“

Министерката за образование Весна Јаневска смета дека „случајот со детето со насилно поведение добил преголема, непотребна и до некаде неправедна јавност и обем“. Таа смета дека „ако поради детето се отпишувале други деца од училиштето, тогаш вината не треба да се бара во учениците ниту кај родителите“, туку треба да ученикот да му се овозможи да учи и да му се помогне.-Секое дете во земјата има право на образование. Образованието е задолжително. Фокус на образовниот систем е детето, кое и да е и што да му се случува во животот во системот на државата треба да си најде место. Државата е должна заедно со училиштата да му овозможат на детето да поминува низ образовен процес. Сметам дека е пренагласена реакцијата на сите родители но и дека училиштата треба посериозно да ја сфатат работата околу децата со потешкотии во учењето или имаат потешкотии во однесувањето и социјализацијата. Овој случај трае премногу. Преземени се одредени мерки па дури и МОН формира комисија која се вмеша во решавањето на проблемот. Препорачано е детето да ја промени средината. Ако стручни лица тоа го препорачуваат значи така треба да биде. Училиштето од кое потекнува детето има педагог, психолог, социјални работници и цел систем кои треба да го реши проблемот. Било кое училиште во кое оди детето ги има истите служби и цел систем на располагање. Детето не смее да остане на улица, рече Јаневска.Да се бојкотира наставата и ниту еден ученик да не оди во училиште од утре до решавање на проблемот со насилниот ученик од трето одделение, одлучи Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ во скопската општина Аеродром на вечерашната вонредна седница.„Согласно донесената одлука апелираме како совет утре сите ученици да останат дома и да им дадеме можност на надлежните да изнајдат решение за проблемот со кој се соочуваме а од кое ќе бидеме сите задоволни и ќе ги пуштиме нашите деца на настава без притоа да се грижиме дека истите безбедно ќе се вратат дома. Одлуката за бојкот се однесува за 5.12.2024 година – четврток и важи за сите одделенија од 1-во до 9-то. Во текот на утрешниот ден, допопнително преку преставниците, ќе биде споделена информација до сите вас за преземените чекори кои ќе се однесуваат на периодот кој следи“, се наведува во заклучокот на Советот.

Македонија | пред 1 година

janevska

Јаневска: УЧК за оваа држава не значат ништо, а комитите треба да ги чествуваме

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека просветните инспектори се на терен да го испитааt случајот со организирање училишна приредба во Челопек со ученици вo воени униформи, со амблеми на УЧК и со пушки во рацете и вели дека добиле пријави.Инспектори се испратени и во Чаир, во две училишта во Тетово и едно во Струга.Таа беше децидна, политиката надвор од образованието.Министерката рече дека УЧК и амблемите на УЧК за оваа држава не значат ништо.„Во оваа држава, војната, конфликтот, кој како сака да го нарече, предизвика жртви на сите инволвирани страни. Сите мајки исто плачат, сите мајки исто жалат. Наместо да се потрудиме да го заборавиме тој конфликт и да ги образуваме децата на она што јас го кажувам, ние малите деца ги учиме на воинственост, на држење на оружје, на некакви позиции за стрелање, на нешто што не е поврзано со нашата историја”, изјави министерката.На новинарско прашање за реакцијата на ДУИ, дека и во скопската општина Аеродром била организирана приредба со комити, Јаневска посочи:„Комитите се дел од историјата на државата Македонија. Комитите ги учат во наставните програми. Комити биле и Македонци и Албанци и Турци и други етникуми. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи се бореле во Втората светска војна против заеднички непријател. Ние тие луѓе треба да ги чествуваме. Тие луѓе се бореле за слобода и за сопствена држава и за просперитет на сопствената држава”, рече Јаневска.„Ова е наша заедничка земја на сите граѓани кои живеат на оваа територија која се вика Македонија. Во оваа наша заедничка земја ние треба заеднички да ја градиме“, рече Јаневска.,,Сите треба заеднички да чуваме одговорност кон неа и љубов и да имаме идеи за нејзин просперитет за да го подобриме животот на граѓаните. Младите се иднината на секоја земја. Кога ги образуваме децата, ние треба да ги образуваме на базичните човекови вредности, на недискриминација, на соживот, на разбирање, на емпатија. Најмалку што треба да има во училиштата е политика. Децата деца треба да растат во духот, на патритоизмот, на традицијата, во почитувањето на вредностите“, рече министерката Весна Јаневска.

Македонија | пред 1 година

1-2

Јаневска: Го зголемивме бројот на ромски образовни медијатори, ги поттикнуваме младите Роми повеќе да учат за да имаат подобра иднина

Го зголемивме бројот на ромски образовни медијатори. Досега се ангажираа 40 годишно во основно образование, оваа година ангажираме 50. Со измени на Законот за средно образование, дополнително ќе бидат ангажирани 35 медијатори, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на потпишувањето договори со избраните медијатори по првиот јавен повик. Вчера беше објавен и повторен повик за шест ромски образовни медијатори.„Образовните медијатори имаат благородна работа да им објаснат на родителите и да ги убедат учениците колку е важно да учат и да одат на училиште. Истовремено, треба да имаат добра соработка со училиштата, за да го зголемиме бројот на запишани ученици Роми и да спречиме тие да го напуштат образованието предвреме. Медијаторите им помагаат да ги надминат потешкотиите со кои се соочуваат и ги мотивираат да достигнат што повисоко образовно ниво“, објасни министерката Јаневска.Посочи дека зголемувањето на инклузијата на децата Роми во основното и во средното образование е програмска определба на Владата и затоа, освен поддршката преку образовните медијатори, се зајакнува и помошта преку стипендии.Оваа учебна година вкупно 1.200 средношколци Роми ќе добијат стипендија. Тоа значи дека Министерството за образование и наука одобри дополнителни 280 стипендии , споредено со лани.Исто така, за студиската 2024/2025, доделени се вкупно 150 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во земјава.За да се зголеми бројот на ученици од ромската етничка заедница во средно образование, тие можат да се запишат и ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно огласот.Министерката Јаневска нагласи дека во образованието нема да се толерира дискриминација и сегрегација.„Ние оваа определба цврсто ја поткрепивме со измените што ги правиме во регулативата за основно и за средно образование, за да обезбедиме еднаков пристап до образование на учениците Роми. Вклучивме и конкретни мерки за спречување и борба против сегрегацијата и дискриминацијата на Ромите“, рече министерката.Посакувајќи им успешна работа на образовните медијатори, им укажа дека со нивниот ангажман можат да поттикнат што повеќе млади Роми да стекнат што повисоко образование и да добијат што повеќе знаења и вештини, со што ќе ја променат иднината на многу сегашни деца, на подобро.

Македонија | пред 1 година

IMG_4866

Децата учат јазици од серии, поентата е да зборуваат, а не да учат граматика, вели министерката Јаневска најавувајќи дека ќе нема учебници за странски јазици во септември

„Поентата децата да разбираат, а не да учат граматика на страниот јазик за нив“. Вака министерката за образование Весна Јанчева го правдаше тоа што во септември нема да има учебници за децата кои изучуваат странски јазици. Според неа, тоа нема да биде проблем бидејќи децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.„Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик, именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, кажа Јаневска.При посетата на Булачани, Јаневска кажа дека другите учебници ќе бидат навремено доставени до учениците.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања